Немам предрасуди кој од каде е, имам пријатели од сегде и ова не е фраза, не би сакал погрешно да ме разберат за она што ќе го кажам следно: Земајќи ја в предвид трагичната промашена судбина на Скопје, тоа што нему ликот најчесто му го кроеја недобронамерни луѓе дојдени од надвор, кои не го чуствуваа градот за свој, треба конечно после 50 г. за овие работи, поготово за такви кои задираат во неговата срж, во неговиот центар, да бидат прашани СКОПЈАНИТЕ и тоа не било кои.
Не велам мене да ме прашуваат, ја не сум битен, ниту иам идеја, туку луѓе кои се и родени и сродени со градов и тоа ДОЛГО време, кои значат нешто за Скопје и на кои тој им значи, нека е тоа еве Данило Коцевски ли, Томислав Османли ли, Дарко Марковиќ, Братислав Димитров ли, друг- трет штојазнам уствари. А за фаци oд останата провинција кои буквално вчера дошле у градов, кои не го ни мириснале, а веќе си даваат право да држат предавања за тоа како- тој- треба- да- изгледа, нека си мењаат урбанистички план во Виница, Демир Хисар, фати воз бре брале и иди си. Ја на Широк сокак во Битола или во стариот Охрид одам со почит, а овде кој дошол значи све да уништел, да згази, да сосече, да се упика и незнам што. Како што некој рече „Скопје има галичко лоби, влашко лоби, вакво лоби, такво лоби, само СКОПСКО лоби- нема“. Неможе бе ја да идам у Париз, Виена или Венеција да лупнам БААП што ми прднало усред центар на град, неможе бе некој сељак радња за патики да тури на плоштад Св. Петар у Рим, глаа ќе му скинат. Само у Скопје тоа моеше да пројде.
А чаре за сево ова? Е чаре немам, ниту пак воља. Градов е уште пред децении претворен у ругло, лупано е без смисла, без план, без душа и уште се лупаат згради кај се стигне, више ни кислород ќе нема,. тонеме у ѓубре и мизерија, па едино можам да го цитирам Влатко Стефановски, иако колку што знам е роден во Прилеп, сепак непобитен Скопјанец у права смисла, кој во една прилика рече „нема чаре, треба да се сруши све и повторно да се изгради“.