Насилства во Македонија

Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Orcite drzat pola drzava i sedat na ministarski fotelji...vie se zalite na vakvi raboti?
Pa taka i treba,se dodeka ocite si vadite pomegu sebe -grujo-branko taka i treba da vi e na site..
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Дарданија пред година дена, во приватна порака:


И ти стварно мислиш дека вреди да се дискутира со Дарданија за стратегија за соживот? Или да му се одговара на рефератон кој изгледа му го пишувал Сунгерот Боб? Ти има кажано некој дека звучиш глупо? Мислам дека ти кажаа еднаш...
Овој приватен разговор воопшто нема приватни детали ... секој кој малце ги прати случувањата , знае дека Скопје е главното ... најважниот град и за албанците и за македонците.
Ти самиот рече дека копјата ќе се кршат за Скопје и Кичево ... јас реков само за Скопје.


-Каде се градат најмногу споменици од албанската историја и култура ? Во Скопје (Скендербег , Хасан Приштина , двоглавиот орел , музејот на слободата, преименувања на школи...)
-Каде има најголеми албански манифестации? Во Скопје (28 ноември , денот на плисот(кечето), и други културни...)
-Каде одеднаш излегоа многу албански моќници во бизнисот? Во Скопје (од 10 најуспешни компании на албанците , 8 се од Скопје)


Истото го прават и македонците , целата моќ ја носат во Скопје.

И пошто многу моќ е концентрирано во Скопје , затоа има и повеќе насилства. (инциденти во другите градови ? тие се во нормални стапки)

Албанците го јадат најмногу , тепани-тепаат-казнети .... Македонците: тепани-тепаат-неказнети.

Имаше случај кога група ученици албанци од Арачиново беше нападната , 3 со потешки повреди ... НИЕДЕН насилник пронајден.

4 ученици албанци претепани крвнички ... НИЕДЕН пронајден.

2 уленици албанци претепани ... НИЕДЕН пронајден.

Имаше и двајца муслимани претепани сред плоштад ... Камерите не помагаат и овој пат ... НИЕДЕН пронајден.

Не ги памтам сите , но само оваа година имаше многу многу насилства од страна на македонците , убеден сум дека има повише настрадани албанци.

Како не им успеа еднаш да пронајдат некого , и да ги Казнат. (казна :) )

Во македонскиот случај има разлика помеѓу пронаоѓање и казнување.

Во познатото насилство од Припор (после кој Скопје стана ризично место) ... полицијата пронајде еден дел од сторителите ... но ниеден не беше казнет (поправете ве молам).



Како и во случајот на Јусуф Ислами , кој се здоби со тешки телесни повреди , полицијата се пофали дека ги пронашла сторителите ... но албанските медиуми кои го пратат случајот , велат дека случајот е заташкан , и нема ништо од тоа ... а според степенот на повреда , казната би била од 6 месеци до 5 години затвор.

Затоа велам дека во последните 22 години нема македонец казнет за насилство над албанец (поправете).
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.320
Поени од реакции
10.355
Затоа велам дека во последните 22 години нема македонец казнет за насилство над Ш И П Т А Р (поправете).


Поправено,со другото потполно се согласувам и тотално го оправдувам.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Овој приватен разговор воопшто нема приватни детали ... секој кој малце ги прати случувањата , знае дека Скопје е главното ... најважниот град и за албанците и за македонците.
Ти самиот рече дека копјата ќе се кршат за Скопје и Кичево ... јас реков само за Скопје.


-Каде се градат најмногу споменици од албанската историја и култура ? Во Скопје (Скендербег , Хасан Приштина , двоглавиот орел , музејот на слободата, преименувања на школи...)
-Каде има најголеми албански манифестации? Во Скопје (28 ноември , денот на плисот(кечето), и други културни...)
-Каде одеднаш излегоа многу албански моќници во бизнисот? Во Скопје (од 10 најуспешни компании на албанците , 8 се од Скопје)


Истото го прават и македонците , целата моќ ја носат во Скопје.

И пошто многу моќ е концентрирано во Скопје , затоа има и повеќе насилства. (инциденти во другите градови ? тие се во нормални стапки)

Албанците го јадат најмногу , тепани-тепаат-казнети .... Македонците: тепани-тепаат-неказнети.

Имаше случај кога група ученици албанци од Арачиново беше нападната , 3 со потешки повреди ... НИЕДЕН насилник пронајден.

4 ученици албанци претепани крвнички ... НИЕДЕН пронајден.

2 уленици албанци претепани ... НИЕДЕН пронајден.

Имаше и двајца муслимани претепани сред плоштад ... Камерите не помагаат и овој пат ... НИЕДЕН пронајден.

Не ги памтам сите , но само оваа година имаше многу многу насилства од страна на македонците , убеден сум дека има повише настрадани албанци.

Како не им успеа еднаш да пронајдат некого , и да ги Казнат. (казна :) )

Во македонскиот случај има разлика помеѓу пронаоѓање и казнување.

Во познатото насилство од Припор (после кој Скопје стана ризично место) ... полицијата пронајде еден дел од сторителите ... но ниеден не беше казнет (поправете ве молам).



Како и во случајот на Јусуф Ислами , кој се здоби со тешки телесни повреди , полицијата се пофали дека ги пронашла сторителите ... но албанските медиуми кои го пратат случајот , велат дека случајот е заташкан , и нема ништо од тоа ... а според степенот на повреда , казната би била од 6 месеци до 5 години затвор.

Затоа велам дека во последните 22 години нема македонец казнет за насилство над албанец (поправете).
Значи реков дека нема да коментирам на вакви теми со вас,затоа што со вас нема разбирачка вие увек или сте у подрум,или не сте виделе или брат ви е крив не сте вие,ама сеа ќе морам да се замешам.Знаше ли ти колу случаии каде што се тепани македонци не са решени?Па недај боже ако осудат некој од вашите,одма излагате на плоштатд ко некоја глутница.И пази не дека ве боли цев за него,туку тоа ви е само причина за провокации и проблеми.Ако сте излегле за него не гледам причина да викате Учк,курски пи*и и остало.Ама ко што реков тоа ви е параван за правење проблеми.Напаѓате у група бес никаква причина.Ама вие сте у државава заштитени ко бели мечки.И затоа ве молам немојте да го дрвите како вие увек сте жртви,тоа кажувајте го на некој друг.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.773
Писмо до мојот пријател албански радикал

Децата во автобусот „65“ беа тепани не поради објективна вина, туку поради субјективно својство, тепачите не ги познавале, тепаните не им скривиле ништо, но биле препознаени како различни, како некои што поради тоа се виновни за сѐ лошо што им се случува на младите „борци за слобода“



Своевремено, кога национализмот веќе почна да се наѕира во нашата средина и многумина еуфемистички го нарекуваа истакната национална врзаност, со еден мој колега Албанец, свесни и обајцата за кобните последици што можат да се изродат од него, седнавме и направивме договор. Имено, јас се заветив дека ќе го препознавам, ќе го осудувам, ќе се спротивставувам и ќе пишувам против секој национализам што доаѓа од македонската страна, тој пак ќе го прави истото тоа кога ќе се појави кај неговиот етникум. Се сеќавам и на заклучокот од таа средба, навистина преполн со патос и егзалтација, но заклучок во кој тогаш беше содржана сета наша подготвеност, верба и решителност. Рековме: ако научиме да живееме заедно, тогаш е можно сè, дури и жито да никне од каменот.

Низ годините потоа, иако честопати се соочував со неодобрувања, непријатности, па и груби напади од „моите“, сепак, опстојував на дадениот завет жестоко спротивставувајќи се на појавите на македонскиот национализам, пренебрегнувајќи го (морам да признаам неволно) албанскиот, зашто, нели, тој дел од задачата го имаше мојот пријател Албанец. Но, за жал, неговата борба траеше мошне кусо, можеби и затоа што влезе во политиката каде што логиката на нештата го упатија во спротивната насока - од борец против албанскиот национализам стана осведочен албански радикал. Контактите ни замреа, не се гледаме, не се слушаме, веќе не ми честита Велигден, не му честитам Бајрам, но денес, кога како на трње седам во автобус и се обѕрнувам околу себе да видам дали некој од патниците крие метална прачка, сакам да ги обновиме. Затоа овој текст, оваа епистола му ја упатувам нему.

Драг мој пријателе,
Честопати те гледам на телевизија и забележувам дека не си загубил ништо од својата ерудиција и елоквенција, од онаа сугестивност во изразот, зажарена аргументација, решителност и револуционерен занес кога зборуваш за албанската кауза и за сонот наречен Призренска лига. Ги ползуваш истите силни метафори како и некогаш – меч и камен – само што овој пат „екскалибур“ не го вадиш од каменот за да послужи за благородна цел, за заедништво, соживот, слога и разбирање, туку го креваш високо, заканувачки над главите на „лошите“ Македонци, кои те угнетуваат и ти ја одземаат слободата затоа што цврсто решиле да го зачуваат своето. Мислам дека знам од каде си ја позајмил мислата кога во една емисија велиш дека во Македонија (некогаш ја нарекуваш и ФИРОМ) расте подготвеноста за прифаќање на фашистичките методи во решавањето на недоразбирањата со Албанците. А тоа, филозофски заклучуваш, ја зајакнува подготвеноста на онеправданите Албанци, на „граѓаните од втор ред“ да тргнат по патот на насилството и агресијата. Навистина, не те слушнав да споменуваш автобус, не покажа со прстот на бројката „65“, не ги одреди тепаните и не го определи степенот на повреди, но сè нешто ми се чини дека оние десетина насилници-деца исто како и јас те слушале во низа емисии во кои точно им го лоцираш непријателот и виновникот за сите нивни животни проблеми, неволји и премрежиња.
Драг пријателе,

Можеби пропуштив, меѓутоа не те видов да го искажеш својот секогаш, нели, принципиелен став по повод, прости ми за пресилните зборови, масакрот во автобусот за Стајковци. Но и не мораш, знам дека декларативно го осудуваш инцидентот, сеедно што во него препознаваш педагошки ќотек со кој се испраќа порака и од кој треба да се извлече поука. Ликуваш ли, борецу за слобода, што твоите зборови не се потрошени залудно, што добија конкретен облик – железни прачки и безбол-палки, смели борци под албанскиот барјак, осум повредени деца-непријатели.

Те слушам оној пат, како филозофски загледан во просторот, зборуваш за разликите, за мултиетничноста, мултиконфесионалноста, за почитување на посебностите, за учењето едни од други... Не верувам дека и самиот си веруваш на зборовите, и небаре уплашен од нив, брзаш во истата реченица да ја доведеш во прашање сегашната поставеност на државата во која живееш, нејзиниот народ, име, јазик, култура, симболи, закони, власт... Гледам во умот ти е некоја поинаква држава, некоја поголема, рамковно неограничена, етнички исчистена, демократска, слободна, каде што ќе нема потреба да се каменуваат автобусите и да се тепаат патниците во нив, зашто, нели, во нив децата нема да коваат заговори против Албанците на неразбирливиот и непријателски македонски јазик.

Се сеќаваш ли, мој пријателе, на еден наш дамнешен разговор за романот „Псалм 44“ од Данило Киш, кога се согласивме со нашиот омилен писател, кој зборува за апстрактниот виновник и апстрактната вина. Се сеќаваш, нели, „нема ништо полесно од тоа да измислиш причина за омраза, значи и оправдување на насилството кон жртвата. На некои поинакви од тебе, етничка, верска или национална група, едноставно треба да им припишеш некои од општите човекови пороци и мани (дури не мора ни гревови) и априори да се оправда злосторството: жртвата е жигосана и дадени се одврзани раце непречено да ги пуштиш во погон твоите уривачки и садистички бестијални страсти над секој оној што го нема твојот национален или верски печат“. Децата во автобусот „65“ беа тепани не поради објективна вина, туку поради субјективно својство, тепачите не ги познавале, тепаните не им скривиле ништо, но биле препознаени како различни, како некои што поради тоа се виновни за сè лошо што им се случува на младите „борци за слобода“. И на тоа ги научи ти!

Тука го завршувам писмово до тебе со жалење дека не успеавме да видиме како расте жито од каменот.
П.С. Ќе продолжам да се борам против македонскиот национализам, но го прекршувам заветот – ќе се борам и против албанскиот, зашто ти ме предаде, мој поранешен пријателе.

(Авторот е новинар)

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112013847494&id=13&prilog=0&setIzdanie=23032

Автор: Милан Банов
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.878
Со инцидентот во Кисела Вода вика почнале сите инциденти хахахаха
Да не беше во мечкин сон од 99-та до сега???
Само од 2004 кога тргнав средно, па до сега, пред тој инцидент во кој имаше влетување во автобус, имало преку 100 такви инциденти и од едната и од другата страна.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
Во познатото насилство од Припор (после кој Скопје стана ризично место) ... полицијата пронајде еден дел од сторителите ... но ниеден не беше казнет (поправете ве молам).
Да те поправам,сторителите беа уапсени спектакуларно за 2 дена и неколку души лежеа неколку месеци во домашен притвор..И тепачките не почнаа со нив,почнаа после убиството на тие 2цата у гостивар..Којзнае и другиве глупости што ги пишуваш колку ти се точни
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Новинарските пичиња одма да објават националност исто како нивните колеги од албанските медиуми. Сепак, зарем некому му треба дополнителна информација, за да знае храбриве напаѓачи што се по вера и нација?


крвнички претепани татко и син

15 годишно момче и неговиот татко биле крвнички претепани и избодени од група насилници во Шуто Оризари.
Според досегашните информации, малолетникот бил нападнат на автобуската станица во Шуто Оризари, а откако дошол дома и му раскажал на својот татко што се случило, двајцата заминале во куќата на лицето за кое се сомневале дека е напаѓачот.
Кога стигнале до куќата, таму биле собрани седум до осум лица, „вооружени“ со палки и ножеви. Меѓу нив бил и напаѓачот од автобуската станица. Насилниците ги нападнале таткото и синот, задавајќи им телесни повреди.
Освен повредите, оштетено бил и автомобилот на таткото и синот.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Наз ФБ вчера имаше натпис за повторен обид за тепање деца во 65 за срека имало обезбедувачи во автобусот.
--- надополнето: 21 ноември 2013 во 14:07 ---
Наз ФБ вчера имаше натпис за повторен обид за тепање деца во 65 за срека имало обезбедувачи во автобусот.
Па силеџиите не успеале во целта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom