Oвој викенд наградата: "Уби Каура", заслужено оди во рацете на младите алахови робови од клубот Милано, за масовно претепување на кафирските деца од Миравци!
(drumroll & applause please)
ХОРОР ЗА ГЕВГЕЛИСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ
Ужас во Куманово: пионерите на Миравци биле тепани со боксови и со клоци!
Пионерските екипи на Миравци преживеале вистински хорор на гостувањето во Куманово на мечот со Милано, каде што биле тепани со боксови и клоци од страна на нивните врсници, но и од родителите на кумановските играчи.
Соопштението на Миравци ви го пренесуваме во целост:
„Она што го доживееја двете пионерски екипи на ФК Миравци на стадионот на ФК Милано во Куманово, ќе го паметат до крајот на животот. Не само што извлекоа жива глава, туку сериозно размислуваат и тие и нивниот тренер да го напуштат натпреварувањето во македонската фудбалска пионерска лига. Да одиш да играш фудбал, да се обидеш на спортски начин да бидеш подобар од противникот, да се залагаш за фер плеј, а од друга страна да доживееш судиски неправди, тепање со боксови и клоци од страна и на младите играчи на ФК Милано, но и од страна на родителите на тие играчи, е тоа го има само во македонскиот фудбал. Се прашуваме кој ги воспитува младите фудбалери од Куманово, наместо фудбал да играат рагби, наместо да бидат подучувани на фер плеј во фудбалот, да бидат терани од постарите да бидат гладијатори и со тупаници да освојуваат бодови.
Резултатите на двата натпревари во категоријата млади пионери и пионери 0-0 и 3-2, сега засега ги оставаме на страна. Ги оставаме на страна, затоа што се најмалку важни во овој момент. Да ги оставиме на страна судиските неправди и обиди по секоја цена домашните да го добијат натпреварот, ги оставаме на страна недосудените два пенала за ФК Миравци, доделените жолти и црвени картони за младите фудбалери од Миравци. Тоа во овој момент е небитно. Најбитно е што се случи тежок инцидент во Куманово, што млади фудбалери се тепани и од службени лица и од родители а некои од нив дури имаат и потрес на мозокот.
Затоа, она што сега е најбитно е, што е можно побрзо службените лица од ФФМ под итно да го расчистат овој случај, да дадат изјави сите инволвирани во овој незапаметен инцидент за тоа што точно се случувало на теренот во Куманово. Најбитно е некој од ФФМ на младите пионери од екипата на ФК Милано да им каже дека целта во фудбалот е да постигнеш гол повеќе од противникот а не да скршиш некоја нога или не дај боже глава.
Доколку под итно не се направи ова, доколку виновниците не бидат ригорозно казнети, никој не може да гарантира дека фудбалот ќе остане само игра и дека на некој нареден натпревар нема да присуствуваме на вистинско линчување", пишува во соопштението на македонскиот второлигаш.