Времињата се сменети, тоа е факт. Никој не очекува денешниве деца да носат овци на пасење или да седат дома и да везат гоблени, ама се претерува. Незнам дали да почнам попрво да ги напаѓам за се што прават или да ги бранам затоа што нивните постапки се резултат на општественото однесување.
Сите се криви за таквото однесување. Родителите, самите деца, надлежните, воспитно-образовните институции.
Родителите, најчесто поради сопствената кариера или пак проблеми забораваат на децата, па истите ќе израснат на улица. Родителите многу често не ни знаат што се случува со нивните деца, неможат да ги контролираат, па мислат дека имаат прекрасни деца кои дома ги слушаат и прават се што ќе им биде кажано. Кога ќе излезат на улица, се сосема други луѓе. Пцујат, даваат на секој, пијат, пушат, се дрогираат. И повторно кога ќе се вратат дома се менуваат, а нивните родители мислат дека се невини до првата брачна ноќ, иако тие се имаат скинато уште на 13 години.
Децата, се деца. Тие можат да дозволат да бидат изманипулирани затоа што немаат никакво животно искуство, а светот во кој живеат е суров и нема милост кон нив. Тие сфаќаат, дури и на најрана возраст дека мама и тато работата ја ставаат пред нив, или пак мама оди навечер да заработи наоѓајќи се со други мажи, а тато е хроничен алкохоличар. Ова не се само појави, туку и трауми кои доколку се случат до 7-годишната возраст на детето, остануваат за цел живот. Родителите ќе речат, мали се, не сфаќаат. Сфаќаат, и тоа повеќе од што мислат останатите. Неможе потоа тоа дете да израсне нормално, затоа што не живее во нормална средина. Дури и имам пример на личност која има израснато во средина со родител кој го напушта и почнува да пројавува девијатно однесување. Затоа и децата посегнуваат по пороци, мислејќи дека се возрасни затоа што веќе ги имаат првите проблеми. Тие не ја добиле љубовта од своите родители кога им била најпотребна, па поради тоа веќе им е сеедно дали ќе умрат од предозираност или ќе си го продаваат животот за пари. Тука се појавува малолетничка деликвенција, проституција, зголемен степен на нарко зависници, во време кога алкохолот и цигарите станаа секојдневен дел од животот на еден тинејџер.
Надлежните немаат ни претстава што се случува, секако, затоа што не се способни да сфатат самите без некој да им нагласи, што е резултат на купената диплома или министерската фотелја добиена преку врски. Наместо тоа, донесуваат апсурдни закони кои само ги влошуваат работите.
Кога сме кај воспитно-образовните институции, ќе дадам само еден сликовит пример:
На што личи, професор да и се обрати на ученичка која одговара за оцена, и гледајќи ја во градниот кош да и рече "Мали ти се... (пауза)... знаењата!"
Или истиот тој професор да и се обрати на друга ученичка и да и рече: "те сонував ноќеска, беше облечена во бело, и ми правеше нешто, неможам да кажам што".
Стигнавме до оној степен каде што проблемот со однесувањето на малолетниците ги премина границите на нормалата, а на владата во меѓувреме и е побитно да пишува казни и да носи закони за рестрикции на дишење воздух и проблемот го става на маргините, што не се случило никаде во светот.
Американизацијата игра голем дел во оваа појава, затоа што медиумите им го прикажуваат американскиот начин на живот на нашиве деца, каде што е нормално да шмркаш, да даваш на секој втор и по повод 16от роденден да организираш голема розева забава. MTV им го испра мозокот на овие деца, и истите заборавија дека додека Америка била населена од најголемиот европски шлајм како новопронајдена територија, ние сме биле 5 века под турско ропство, па после повеќе од 50 години владеел комунизам на овие простори, и ние како транзициона држава сме далеку од она што американските разлигавени деца се.
И компјутерите играат голема улога. Јас одам повторно против одлуката на владата "компјутер за секое дете". Колку сака нека има декларации за права на човекот и детето, секое дете не треба да има компјутер. Децата денес го злоупотребуваат! Типичен пример е сајтот Гламстик.Мк каде што 14 годишно девојче кажува како имала сексуален однос со 45 годишен маж, а потоа и оргии со неговите 6 другари, одеднаш. Колку и да не е вистинито она што се пишува таму, треба да си доволно болен и да ти текне такво нешто. Во спротивно, доколку е вистина, полицијата треба да има увид затоа што има огромен број на тинејџерки кои кажуваат како се силувани од страна на родител/познајник/другар, па според IP адресата и налог до ISP што им овозможува интернет, ќе се дојде до оној кој бил на било каков начин злоупотребуван. Или, да искоментирам и на друга тема, заклучно со законот донесен минатото лето, деца под 13 години не би можеле да бидат дел од варез, и под 16 дел од форум за дискусии. Процентуално гледано, македонските варез форуми кои изобилуваат со порно материјали, се најпосетени од категоријата на деца на возраст 10-14 години, што е незаконски. Порно клипови може да се најдат насекаде, и децата може тоа да го гледаат, додека нивните родители не знаат ништо околу тоа, затоа што немаат основно познавање од областа на компјутерите, и неможат да пронајдат скриен фајл/веб хистори. Интернетот наместо да служи за едукација, е злоупотребуван од корисниците.
Секој родител мисли дека неговото дете нема ништо лошо направено во животот. Штета што не ја гледаат реалноста.