Одсекогаш омладината во глобално гледано била онаа бунтовната струја што ги правела промените и прогресите во општеството, особено студентите имаат може не огромно ама значително влијание во западните цивилизации, кај нас нормално не. Младите протестираа на Тијанамен 89-та, младите го срушија Берлинскиот ѕид, младите ја почнаа онаа социјална револуција во 60-тите. Мизар како млади му пркосеа на дикатрорскиот титовистички посран систем во СФРЈ преку уметност. Секој општествен систем се раководи по 2 типа на правила на дејствување: пишани т.е закони и не пишани т.е норми. Нормално во овие два типа постојат и непрогресивни точки кои младината дејствувала да се смент. Проблемот настанува кога оние штетни влијанија се веќе исчистени а младите си остануваат Млади бунтовници и таа енергија ја насочуваат кон основните, темелните неопходните односно преостанатите држечки правила и со тоа ги поткопуваат самите општествени принципи. Па секој се ебе кај и со кого ќе стигне, алкохол и дрога на тони, зголемено ниво на цинизам, омаловажувње, пцуење, преварантски однос, алиенација од социјалната средина, сексуални настраности, непослушност и девијантско-деликвентски односи во домовите школите, и улицата. Максимално се губи чистотата на личноста, достоинството, коректноста, домаќинлукот, традицијата, дигнитеот. На тие работи се гледа со презир, алтруистите се глупи, билдерите и транзиционите матни параџии се кул. Стварно нема потреба, знам дека се многу опаметени од Википедија и интернетот, знам дека со мобилниот телефон можат да баратаат и марсовците да ги контактираат, знам дека првиот кажан збор им бил на англиски, знам дека се ченчаат со некои саркастични фрази извадени од хипоталамусот само за да бидат фенси, знам дека ги изгледале сите Саут Парк епизоди и мислат дека се најкул на свет (не дека не се) ама сите ја промашуваат поентата на цртаниот како на времето со Кум кога сите сакаа ванаби мафијаши да бидат. Знам дека се млади и се нешто не им чини ама тоа не е причина да се бунтува против вредностите и да се биде кул преку постанување на морален деликвент. Наместо од западот да се земе квалитетното а другото да се отфрли а не обратно. Наместо цела таа енергија да се насочи кон нови техники и технологии, развој на медицинта, односно еден сеопшт прогрес и континуитет на таму каде што поради животниот век застанале Планк, Асимов, Ајнштајн, Кејнс, Јунг... И секоја генерација е се полоша и полоша, особено кај жените. Не дека машките се нешто поарно и не прераснуваат од телиња во волови (наместо во бикови) ама па ги жалам кога утре треба да бираат девојка/жена, помеѓу машкоданка што пцуе и нема трошка женско во неа, спонзоруша, ороспија, или разгалена принцеза за која што најкомплицирана работа е лакирањето на нокти и дилемата дали да ја купи жолтата или зелената најминисукња од Теранова. Усул да се немало.