еве мое мислење на темава, иначе извадено од мојот блог
CALL FOR ACTION
Живееме во 21 век. Период во која се се менува, па дури и нашава земја сеуште е во транзиција. Транзиција која можеби не донесе големи промени на политички и економски план, но значајно и во голема мера го промени начинот на живот или пак на однесување кај младиот човек (барем така велат социолозите, психолозите и педагозите). А да не заборавиме дека младите се најголемиот двигател во оштеството, или пак иднината нели е во младите.
Во последно време тие максимално се напаѓани и атакувани од страна на научната јавност, од страна на медиумите, од страна на педагозите...буквално од секаде. Причината за овој атак се последните изливи на (сексуални) емоции, кои се соодветно документирани во мобилните телефони, а местото на случување се оние места кои треба да работат на подигнување на: културата и образованието и да го градат карактерот на индивидуата. Заслепени од она што го носи новото време, и желбата да се вкуси се-по секоја цена, овој пат моралот на еден дел од средношколците падна на испит, со што не голем дел од младината им го затемни образот, дозволувајќи преку медиумите, за македонската младина да се стекне еден впечаток на необразувана, некултурна, дрска....И покрај тоа што (реално) сликата не е нешто далеку од тоа. Но дали сме се запрашле кои се факторите кои го детерминараат начинот на кој се однесуваат младите?
Во една земја како Македонија, буквално срамота е сево ова што се прави-гледано од мој аспект. Но и засрамувачки е фактот што дали некогаш сме се запрашале кои се факторите кои го условуваат ваквиот начин на однесување и на буквално дивеење на години во кои тоа воопшто не доликува. И покрај факторите важно е кои се оние институции (настрана од обрaзованието и семејството) кои треба директно да се засегнати од однесувањето на младите со цел применување или обликување на овие фактори во практика.
Во прв ред медиумите-тие делумно си ја завршуваат својата работа т.е. им ги отвараат очите на родителите со скандалозни вести и насловни страни, но нивната улога во едукацијата на младиот човек е сведена на минимум. Многу малку од нив имаат едукативни емисии и текстови, за она што (реално) се проблемите на младите.
Второ, Агенцијата за млади и спорт-што како институција директно е виновна за однесувањето на младите. Верувајте, ништо не се постигнува со проекти кои вредат милиони, а целта не се гледа. Треба да се направат правилните чекори, да се организираат трибини, семинари, едукации т.е. непосредно да се настапи со цел директна едукација преку процесот на примарното образование т.е. преку училиштата.
Трет е НВО секторот. Имаме мал милион на младински НВО кои имаат големи буџети. Но во тие буџети очигледно треба да бидат и вклучени проекти кои директно ќе имаат за цел надминување и решавање на проблемите на младите како и промена на нивното однесување-но овој пат во практика и во реалност, а не само на лист. Сите тие организации можат многу лесно да ј постигнат целта, затоа што пред се станува збор за НВО во кои диркетно се вклучени младите. Тука мислам на сите средношколски и студентски сојузи, подмладоците на политичките партии како и останатите организации кои се занимаваат со младинската политика.
И кога повторно би се вратиле на факторите, редно е да се запрашаме од што е условено ваквото однесување на младиот поединец. Однесување кое не личи на на ништо. Однесување кое стигнува до групни сексови, оргиии, пијанчење...и што уште не. Како и да е мислам дека редно време е секој од нас да размисли и заедно со оние горе-споменати институции заедно малку да подразмислиме-што треба да направиме за да ги смениме вредностите на кои се потпира и почива нашето општество и дефинитивно тоа да го примениме во практика. Само со заедничка акција, можеме да смениме нешто да станеме двигатели во ова општество со цел македонската младина успешно со гордо крената да ја интегрираме во европското општеството. Затоа што вистински срам е информацијата дека Македонија е на листата на оние земји кои придонесуваат за развој на порнографијата-и тоа помеѓу младите, кои се можеби највулнерабилен дел од ова наше општество кое сеуште за жал се потпира на многу лоши вредности.
Значи, време е за акција.Затоа што ситуацијата веќе е алармантна. Затоа што уште малку ако почекаме реалност ќе ни биде се она што се случува сега во училиштата (за жал) да почне да се случува и на улица. Тогаш ќе биде доцна!!!
Се надевам дека со овој текст ќе ги убедам надлежните во АМС, конечно да поработат на донесувањето (или пак модифицирањето) на Националната стратегија за млади, која како драфт верзија е подготвена од многу оддамна, од некое претходно раководство на оваа Агенција.