Надворешни односи на Македонија

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.371
Поени од реакции
17.515
Груевски: Турски тек и во Македонија кога ќе се договорат Брисел и Москва

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/gruevski-turski-tek-i-vo-makedonija-koga-kje-se-dogovorat-brisel-i-moskva

Премиерот смета дека проектот Турски тек може да се реализира и на македонска територија кога Брисел и Москва ќе постигнат договор. „Ние сме земја која е насочена кон евроатланската заедница, и при носење на одлуки од стратешко значење се водиме од оваа цел. Ние го немаме искористено ни половина од сегашниот капацитет на користење гас од она што сега го имаме, и сеуште нема да го искористиме откако ќе ја завршиме целата гасификација во земјата. Значи на краток рок од десетина години немаме некој сериозен проблем. Најголем проблем е високата цена на гасот, која ја наследивме од минатото, а која руската страна ја објаснува со ниските количини на користење на гас. Имено, во формирањето на цената на гасот, клучна улога игра количината. Ако набавувате помала количина, цената е повисока, и обратно. Сепак, за долгорочна енергетска сигурност или градење на гасни електрани, потребен е нов дотур на гас. Оттука, како што и неколкупати јавно изјавив, ориентирани сме кон три извори. Два од нив се преку градба на гасоводна цевка кон Грција каде би се приклучиле на нивниот гасовод, од каде би се поврзале со атинското пристаниште каде има дотур на течен гас, и на гасоводот ТАП, кој треба да почне да се гради од Азербејџан. За ова Грција лани објави дека дава согласност и работиме на креирање финансиска конструкција и други подготовки. Третиот извор е спојување со интерконективниот гасовод во Бугрија, кој е помеѓу Романија, Бугарија и Турција. За овој приклучок имаме начелна согласност од Бугарија, и се надеваме наскоро за ова да се потпише и меѓудржавен договор по што веднаш би тргнале во подготовки за инвестиција“.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Член од
19 февруари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
2
Грешка е да се поставјат сите религии под един знаменател.Ислјам'т е кр'вожадна религија којато не е толерантна, мирни са само когато са малцинство. К'дето мјусјулманите са мнозинство, нјама т'рпимост и налагат вјарата с нож. Това е заложено в Корана. Дори в'в вечно сочената за пример Турција христијаните са намалели от20% през двадесетте години на миналија век до под2% сега. И сега голјама част от света иска да се обедини на верски принцип /ИДИЛ/.Така че идејата не е отживелица, оште повече че човечеството се е доказало като малоумно. Редица д'ржави преживјават нај- голјам разцвет т'кмо след унифицирането на религијата / понјакога и насилствено/. Б'лгарија след цар Борис, Франција с католицизма, Англија с Елизабет и протестанството, Арабскија халифат след ислјамизацијата. Така че д'ржави или унии на верска основа може би е б'дештето и залог за мир и отпор на други војнствашти такива. В този аспект жалко за Б'лгарија, жалко за Македонија, жалко за С'рбија и др. които ште са вечно разделени и скарани което може би е и целта за да са лесна плјачка. В по-д'рз'к план зашто не и обединение на христијаните /католици, православни, баптисти и т.н./. Но вие прод'лжавајте да си мерите тука на кој му е по барокна фасадата и на кој му е по-голјамо метрото. Както се казва в един сериал "ЗИМАТА ИДВА"![DOUBLEPOST=1432671817][/DOUBLEPOST]
Се понашате буквално како "вахабисти", вие така резонувате, па одозгоре и поврзано со русофилство... Националните интереси на македонскиот народ тотално искривени... Тоа е вашето дно кое вие не го приметувате. Која вероисповест ја имаа оние на кои градите споменици и се чукате во гради со нив ?
Што е со Гоце Делчев неговите ставови, се клањате на него , а тој беше поборник за унијатството !!? А Самоил ? А Александар ? Колку сте вие изветоперени ?


Во Македонија како имаме Македонци католици, евангелисти и муслимани , вие автоматски нив ги исклучувате како неподобни Македонци затоа што имаат друга вероисповест .НАЦИЈАТА стои секогаш над вероисповеста. Вие тоа никогаш не сте го прифатиле, тоа е дното над днотата.

Повеќе вечер..
Нацијата никога не е била над вероизповеданието макар и да има много опити за това.Има нјакак'в успех в САшт но тој е временен / и там командват страната семејства с определени религии/. Нацијата винаги се е с'здавала около една доминирашта религија. Индија,Пакистан,Бангладеш- една нација, различна вјара=непримирими врагове! К'дето има повече от една доминирашта вјара нјама сплотена нација, Ирландија, Филипини,Судан,Македонија , шиити,сунити,хусити и т.н.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Види ги бе овие Дојчланциве...
Дојче веле: Македонија - пион во руската геополитичка игра?
Политичката криза во малата балканска земја Македонија го привлече вниманието на Москва. Можно е таа да се развива во нова арена на тековната пресметка меѓу Русија и Западот, пишува Дојче веле.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.694
Поени од реакции
32.746
Значи САД е победник што би рекле тие што се занимаваат со геополитика.
А замисли во исто време сеуште активно се гради гасоводот. Во моментот кога ќе се изградат деловите во Турција и Грција, ние веќе ќе бидеме споени на тој гасовод.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
А замисли во исто време сеуште активно се гради гасоводот. Во моментот кога ќе се изградат деловите во Турција и Грција, ние веќе ќе бидеме споени на тој гасовод.
Ама кога ќе се договорат Брисел и Москва.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.694
Поени од реакции
32.746
Ама кога ќе се договорат Брисел и Москва.
Поточно, кога ќе се договорат Атина и Москва...

Сеедно, од наша страна гасоводот ќе биде секако изграден и ќе биде во македонска сопственост иако се гради со „руски пари“ (стар клириншки долг на СССР, кој Македонија никако немаше да го добие назад ако не излезеше нешто вакво).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Поточно, кога ќе се договорат Атина и Москва...

Сеедно, од наша страна гасоводот ќе биде секако изграден и ќе биде во македонска сопственост иако се гради со „руски пари“ (стар клириншки долг на СССР, кој Македонија никако немаше да го добие назад ако не излезеше нешто вакво).
Што значи Грција како земја членка на НАТО и ЕУ тоа би значело сеоак кога ќекажи Брисел, во случај ако изградбата на гасоводот не им одговара на САД и ЕУ.

Толку од теориите на заговор дека ние сме најважната алка на тој гасовод, ако бевме досега ќе бевме или во НАТО или пак ќе трошевме руски грантови за "споменици".
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.694
Поени од реакции
32.746
@Windfucker ти што мислиш, можно ли е ланецот да ги поврзува почетокот и крајот, ако макар една од алките пукне?
Или пошто гасоводот е всушност долга цевка, ако на било кое место таа цевка се прекрати - ќе продолжи ли во нејзе да тече гас?

Откако ќе одговориш на овие прашања, повели објасни како тоа нашата алка (или нашиот дел од цевката) може да биде „неважна“ за постоењето на целиот тој гасовод?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.198
Поени од реакции
26.881
Што значи Грција како земја членка на НАТО и ЕУ тоа би значело сеоак кога ќекажи Брисел, во случај ако изградбата на гасоводот не им одговара на САД и ЕУ.

Толку од теориите на заговор дека ние сме најважната алка на тој гасовод, ако бевме досега ќе бевме или во НАТО или пак ќе трошевме руски грантови за "споменици".
Најслаба алка, за да се скине ланецот се удира на најслабата алка...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.694
Поени од реакции
32.746
Кој па авторитет е Шител? И која е потребата од такви глупи дигресии?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.528
Поени од реакции
5.073
Кој па авторитет е Шител? И која е потребата од такви глупи дигресии?
Демек и ти плукаш по сител... :rolleyes:
Можеби спомнувањето на Сител во темава е најонтопик, неслучајно е национална телевизија.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
@Windfucker ти што мислиш, можно ли е ланецот да ги поврзува почетокот и крајот, ако макар една од алките пукне?
Или пошто гасоводот е всушност долга цевка, ако на било кое место таа цевка се прекрати - ќе продолжи ли во нејзе да тече гас?

Откако ќе одговориш на овие прашања, повели објасни како тоа нашата алка (или нашиот дел од цевката) може да биде „неважна“ за постоењето на целиот тој гасовод?
Не знам чуму реторички прашања кога поставив многу логично прашање кое не може да го одговори содветно некој кој се залага дека оваа цела шарада всушност е голема теорија на заговор од страна на САД и токму Македонија е клучна за овој цел проект да успее или пак е многу важна како држава.

Еве мои сосема валидни логични прашања кои би требало да се адресираат за да може да зборуваме понатаму дека оваа теорија всушност и држи вода.

Под а)

Ако на САД нашава држава и беше круцијална барем и пола од тоа што се спомнува во оваа теорија на гасоводи, легитимно е да се запрашаме зошто досега никој од Пентагон не заложи Македонија да стане членка на НАТО под привремена референца (демек да не се лутат сојузниците Грци) и истите тие овде си донесат трупи на вежби и да му дадат на знаеење на Русите да фаќаат магла од тука.
Сите ќе се согласиме дека со две раце Грујо би потпишал членство во НАТО под такви услови каде што нема да има трајно решение за името и би останал патриота кој што се изборил за да не се менува името трајно.

Под б)

Ако на Русија и беше толку важно нашава држава за некои стратешки цели, зошто тогаш истите не натрупаа капитал овде како во Црна Гора и така да им ставеа до знаеење на САД дека нема лесно да ја продадат кожата тука и дека всушност овде е руска почва.

Пошто ниту едно од овие сценарија не и се случи на Македонија јас искрено не верувам во теориите за гасовод се валидни и држат вода.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.694
Поени од реакции
32.746
@Windfucker во повеќе наврати беше објаснето дека на САД можеби најмногу им одговара долготрајна нестабилност во Македонија. Ако тоа е така, тогаш зошто да се пазарат со Грците за нас да не внесат во НАТО?
Русија од друга страна, веќе го гради гасоводот на наша територија. Краткорочно тоа е нивниот интерес овде, и веќе се остварува... Колку логично е да не се замараат повеќе одошто мораат?

Или ќе се занесуваме пак со приказни за „словенските православни браќа кои сакаат да ни помагаат“?
Се е интерес во оваа грда реалност... Нашиот е гасоводот, а пошто тоа е така - со чив ли интерес се поклопува овојпат нашиот интерес, а? :coffee:
(хинт: не, не се САД)



Демек и ти плукаш по сител... :rolleyes:
Можеби спомнувањето на Сител во темава е најонтопик, неслучајно е национална телевизија.
Што имам јас, демек потреба, да се декларирам дека плукам, или не плукам, па и можеби дека фалам некоја таму усрана телевизија?

Ти велам евтино дигресираш, со офтопик глупости. Претпоставувам тоа и ти е целта. Пошто ако се дискутира онтпик шознаеш (скраја да е?) може и до некои непријатни заклучоци да дојдеме? М’хмм??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom