Надворешни односи на Македонија

Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Темава e наменета за дискусија на односите на Македонија со светот. Затоа е отворена во подфорум Свет. Како според Вас Македонија треба да се позиционира во односите со Западот и Истокот? Како треба да се поставиме со нашите соседи?

Постоењето на Македонија е во директен конфликт со тоа на Грција, можеби и Бугарија, а во секое време може да биде додадена Албанија. Тоа зависи колку секоја од овие земји во одреден момент може да посака да се отргне од споменатото влијание заради реализирање на свои национални цели или нивно зачувување.
Тоа е точно. Да ги погледнеме симптомите на една нестабилна држава:
  • големо малцинство
  • непријателски соседи
  • слаба економија
Македонија една од ретките земји што "боледува" од сите овие симптоми. До некој степен може да се рече дека опстанокот и целоста на Македонија е парадоксална. И сепак има нешто што не стабилизира. Како машина што оджува болен пациент во живот, нешто ја оджува целовитоста на Македонија. Што?

Крајната цел, според моето скромно мислење и мислењата на некои искусни аналитичари кои досега сум ги прочитал, од интерес на надворешните сили е воспоставување на - maintained animosity во земјите на интерес, за да секогаш имаат со што да ги уценуваат сите страни и да ги принудуваат кон послушност.
Ова е исто како да тврдиш дека си открил топла вода. Фактички, на посложен начин, дури се повика и на експерти, објави дека големите сили користат ПОДЕЛИ, ПА ВЛАДЕЈ. Нешто што е познато од антички Рим.

Преку пример, доколку Грција почне да флертува со Русија заради снабдување со енергенси, а во замена да им понуди воена база на некој остров, САД и Западот ќе ја активира лозинката “Македонија“ и ќе почне да создава опасност за Грција, преку македонското малцинство, преку признавање на името и сл. работи.
Доколку Македонија почне да флертува со Русија, која лозинка ќе ја активира Западот?
Имаат многу на избор.

Низ слични примери, со иста цел, ќе ги уценуваат и останатите меѓу себе. Со ова тие се осигуруваат во случај некој од “сојузниците“ да посака да смени страна.
Повторно - раздели, па владеј. Не знам што целиш со ова. Запад уценува, а Русија не уценува?

А од друга страна :) доколку толку наивно веруваш во западното сојузништво, наместо деструктивните сценарија, нели е многу полесно да се завршат проблемите за Македонија со нејзино признавање и интегрирање во ЕУ, НАТО?
Нашиот проблем е со Грција, не со Западот. Грција има вето во НАТО, таква е структурата на НАТО. Словенија ја блокираше Хрватска, се додека не се договорија за нивниот спор. Што треба САД да направи, да ја бомбандира Грција? Им вршеа притисок на самитот во Букурешт, вршеа притисок за признавање на Косово, Грците не попуштаат. И сега вестите дека Грција ќе го признае Косово, за мене значат дека Грција попрво би потклекнала на тоа прашање, но не и за Македонија. Според мене, планот на Грција е, ќе ги блокираме Македонците од НАТО и ЕУ, ќе се разочараат и ќе се свртат кон Исток и САД ќе ги сј*бе. На кратко.

Со нашето потполно прифаќање, би добиле само Македонците, а САД и НАТО не би добиле ништо повеќе од тоа што веќе го имаат. Во таква ситуција тие всушност би ја изгубиле стратешката предност за уцена врз нашите соседи, преку елиминирање на Македонија како џокер карта.
По таа логика НАТО не требаше да ги прими ни Албанија, ни Хрватска. Што добија САД од Албанија, од тоа што веќе го имаа? Имаа тотална контрола врз Албанија. Албанија има поголемо малцинство во Грција, Црна Гора и Македонија и би била поефективен џокер за уцена.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Надворешните односи на една држава се рефлексија на внатрешните . Само со добро средени внатрешни односи ќе можеме да градиме добри надворешни односи низ светот . Затоа моментално ние немаме надворешна политика. Иначе според мене најдобро би било да се свртиме кон БРИКС, тоа се најбрзо растечки економии во светот, сите членки на Г - 20. Петте држави на БРИКС ( Бразил, Русија, Индија, Кина, ЈАР) се пазар од 3 милијарди жители . Имаат комбиниран номинален БДП од 16 трилиони долари , и околу 4 трилиони долари во комбинирани девизни резерви .
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Ние секаде се вртиме ама никаде не не сакааат .Една мочана Грција има помалку жители од Истанбул ама надворешна политика им е врв .Партнери се со САД ,милениче на ЕУ и братки односи со Кина и Русија .И после на некој му е чудно зошто Македонија може да биде блkирана од една Грција кога позади нас соеа Американците на чело со Буш ..................
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
По таа логика НАТО не требаше да ги прими ни Албанија, ни Хрватска. Што добија САД од Албанија, од тоа што веќе го имаа? Имаа тотална контрола врз Албанија. Албанија има поголемо малцинство во Грција, Црна Гора и Македонија и би била поефективен џокер за уцена.
За ова конкретно ќе ти одговорам. Имаа шанса и ја примија. Сеуште можат да ја користат како џокер т.е албанците во регионов да ги користат како џокер врз другите држави, но исто така и тие можат да бидат уценувани. Можеби Албанија како држава не (мада и тоа не бил бил сигурен) меѓутоа ако почнат да им кршат клечки да речиме Али и компанија ќе видиш како одеднаш ќе излезат нови докази за 2001 и пријателчињава што се на власт ќе завршат по затвори и рамковниот укинат. И те како можат и нив да ги уценуваат иако тие им се веќе верни сојузници пошто ги купија со Косово, а и овде со 2001. Али за секој случај си имаат џокер и за нив не се секирај ти. Е грциве се проблем и не знам како би можеле со нас да ги уценуваат кога нашите таму не се ни осеќаат како македонци а како врви времето комплетно ќе се асимилираат и нема ни да има шанси за некакво малцинство таму. За браќава како стојат и како се осеќаат таму не знам ама знам дека на некое место голем број муслимани сега крстот го носеле на нив. Опасни се грциве. Со сите играат
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Rosemberg: Американците можат Грците да ги уценуваат и да го користат како џокер кипарското прашање, плус турското малцинство во Тракија. На меѓународен план ќе издејствуваат да го загубат спорот со името, што можеби значи тој џокер американците истовремено можат да го користат и против нас и против Елада. Што би рекле старите како да се вртиш газот ти е одпозади, односно американецот те има во рака.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Темава e наменета за дискусија на односите на Македонија со светот. Затоа е отворена во подфорум Свет. Како според Вас Македонија треба да се позиционира во односите со Западот и Истокот? Како треба да се поставиме со нашите соседи?
Само една забелешка, бидејќи мојот пост беше реакција на твојата теза, би било добро да ги вклучиш двата во овој воведен пост на новата тема.

Тоа е точно. Да ги погледнеме симптомите на една нестабилна држава:
  • големо малцинство
  • непријателски соседи
  • слаба економија
Македонија една од ретките земји што "боледува" од сите овие симптоми. До некој степен може да се рече дека опстанокот и целоста на Македонија е парадоксална. И сепак има нешто што не стабилизира. Како машина што оджува болен пациент во живот, нешто ја оджува целовитоста на Македонија. Што?
Доколку би ти одговорил на прашањето при вака погрешно поставена хипотеза тогаш нема да извлечеш корист од тоа.

Македонија не е нестабилна ниту боледува од некакви ретки симптоми. Тоа што некој ги насочил силите кон злоупотреба на чувствителните елементи во дадената земја за да извлече корист, не значи дека оставена сама на себе, народот и земјата не се во состојба да постигнат природна рамнотежа и прогрес во сите сфери.

Работите се компликуваат кога надворешните фактори дејствуваат без наша можност подеднакво да реагираме. Позната ти е изреката “употреба на политика на сила, а не сила на аргументи“?


Ова е исто како да тврдиш дека си открил топла вода. Фактички, на посложен начин, дури се повика и на експерти, објави дека големите сили користат ПОДЕЛИ, ПА ВЛАДЕЈ. Нешто што е познато од антички Рим.
Јас не тврдев дека сум го открил, туку согледал во нашата ситуација. А бидејќи ти пропушти ова да го земеш во предвид, си реков да те потсетам.


Доколку Македонија почне да флертува со Русија, која лозинка ќе ја активира Западот?
Имаат многу на избор.
Во моментов и во скора иднина немаме добри изгледи да се надеваме на неутрализирање на западното влијание. Премногу сме кревки во многу клучни точки за да можеме суверено да ја креираме нашата политика.
Затоа спомнав на друга тема, мораме да симулираме сојузништво со западот на ист начин како тие, а притоа суптилно да наоѓаме начини за пласирање на нашите национални интереси.

Повторно - раздели, па владеј. Не знам што целиш со ова. Запад уценува, а Русија не уценува?
И ние би уценувале доколку би ни се пружила можност. Бидејќи сме далеку од таква можност она што ни останува е да ги балансираме влијанијата на уцените и од Западот и евентуално од Русија.
За да можеш сепак да ја штитиш својата позиција мора постојано да имаш алтернативи, со тоа сакам да кажам дека мора да се најдат алтернативи и на алтернативите.
Ако нема такви треба да се создадат, не мора да бидат од иста големина како гореспоменатите две, меѓутоа најдобра алтернатива за политиката “Раздели па владеј“ е политиката за сплотување на помалите, формирање на сојузништво и влијателно лобирање едни за други.

Нашиот проблем е со Грција, не со Западот. Грција има вето во НАТО, таква е структурата на НАТО. Словенија ја блокираше Хрватска, се додека не се договорија за нивниот спор. Што треба САД да направи, да ја бомбандира Грција? Им вршеа притисок на самитот во Букурешт, вршеа притисок за признавање на Косово, Грците не попуштаат. И сега вестите дека Грција ќе го признае Косово, за мене значат дека Грција попрво би потклекнала на тоа прашање, но не и за Македонија. Според мене, планот на Грција е, ќе ги блокираме Македонците од НАТО и ЕУ, ќе се разочараат и ќе се свртат кон Исток и САД ќе ги сј*бе. На кратко.
Ако си дозволиш таква мисла, тогаш нашиот проблем сме ние самите. Сите тие “права на вето“ се применуваат бидејќи им се дозволуваат, а не дека не можат да им ги одземат. Повторно наивно настапуваш или живееш во утопија за меѓусебниот консензус и хармонија во НАТО сојузот. Никогаш не заборавај дека и во НАТО има држави шефови.
А што мислиш дека Грција ќе добие за признавањето на Косово? :) Тоа се обидувам да ти го кажам, дека и нашата земја треба да се пазари и дипломатски уценува доколку сака да добие нешто.
Признавањето на Косово не е потклекнување на Грција, туку знак дека направила добра трговија на интереси, штета што не знаеме што ќе добие она.
Доколку во моментов се одлучиме на радикално менување на официјалните “стратешките сојузништва“ тогаш секако скапо ќе платиме. Но, не заборавај дека Грција и те како ја користи Русија во аспект на своите интереси. Јас не видов грчко бојкотирање на руските нафтоводи или оштро спротивставување на руската политика по било кое прашање. Напротив тие се во одлични односи и Грците нема да се откажат од нив заради интересите само на САД.
Проучи ги малце руско-грчките односи од повеќе гледишта, економски, религиозен и историски.

По таа логика НАТО не требаше да ги прими ни Албанија, ни Хрватска. Што добија САД од Албанија, од тоа што веќе го имаа? Имаа тотална контрола врз Албанија. Албанија има поголемо малцинство во Грција, Црна Гора и Македонија и би била поефективен џокер за уцена.
Секоја земја има различна тежина според своето значење. Жал ми е ако те разочарам, но Македонија има најмало значење во регионот. :)

Без Албанците проекциите за геополитичката доминација на САД врз Балканот ќе беше многу тешко остварена. Албанците и Хрватите беа џокерот против Србија, а многу позначајно за Албанците беше Косово отколку нивното малцинство во Грција, пред се’ бидејќи првото беше полесно изводливо и пореално ако земеш во предвид дека Србија беше против НАТО и отворено се декларираше за руски сојузник, без притоа да ја искалкулира својата позиција и капацитетот на Русија. Ете затоа реков дека во моментов и скора иднина ние мораме да играме според западни правила.

Од друга страна, поради излезот на море, формализирањето на членството во НАТО на АЛБ и ХРВ многу повеќе ќе им користи на Американците во распоредување на дополнителни сили во Медитеранот и не допуштање на туѓо влијание.

Како и да е, некои (повеќето)работи никогаш нема да ги дознаеме или погодиме водејќи се од нашата логика. Затоа да те замолам без непотребно филмање дека со дискусиите овде сме блиску до конечното разбирање на политиката во надворешните односи.

Поздрав
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Само една забелешка, бидејќи мојот пост беше реакција на твојата теза, би било добро да ги вклучиш двата во овој воведен пост на новата тема.
Во право си, требаше да го вклучам и мојот претходен пост. Сега не знам како би можел да го изменам воведниот пост. Доколку имаш можност, би те замолил да го сториш тоа.

Јасно ми е дека со дискусија овде, ништо не можеме да смениме или предвидиме, но можеби во членовите и читатели на форумов има новинари, колумнисти или студенти - идни новинари, дипломати, историчари, кој би ја оформувале политиката на Македонија во иднина. Дискусијата е добра алатка за секој да добие подобра предпоставка и да ги искристализира своите ставови.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Според мене најголема закана за Македонија е Грција. Најопасен непријател - воено, дипломатски и економски.
Дури и Албанците во Македонија би ги ставил неколку скалила подолу. Тргнувам од тоа.
Ако некогаш Македонија настрада, 90% Грција ќе има удел во тоа.

Грција е историски сојузник на Русија, но е подпадната под западно влијание, по волјата на Черчил.
Значи, не по волја на грците.
И покрај тоа, грците никогаш не го заборавиле нивниот историски благодател.
Сум читал како некои тврдат дека Грција е руски тројански коњ во НАТО. Можеби има вистона во тоа и некогаш ќе се открие дека грците издавале тајни на НАТО на русите.
Знаејќи го нивниот "трговски" карактер и нивната историја, не би ме зачудило тоа. Но, тоа се само шпекулации.
Сепак, факт е дека Грција со непризнавањето на Косово и други потези, гi одржуваат, колку што можат историските врски меѓу Атина, Белград и Москва.
Истата таа коалиција што ја подели Македонија во 1913 г. сеуште е жива и работи, само оперира што би се реколо - underground, поради стравот од САД.
Што ме води до заклучок дека ние, статусот што го има Грција, во очите на русите, нема никогаш да го достигнеме.
Нормално, треба да имаме економска соработка, но мислам дека секој воено-политички чекор кон Русија ќе е еднаков на самоубиство.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Епикера“: Грција ја губи поддршката пред есенскиот самит на НАТО
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Надворешната политика представува однесување со други држави или меѓународни организации.
Ова значи дека е постојат две страни - едната страна сме ние, а другата страна се другите држави и меѓународните организации.
Се работи за взаемни односи и ние не можеме ниту пак тие можат сами да одлучуваат, спротивно на желбата на другата страна.
Ќе појаснам со пример:
Јас можеби сакам да се зближам со Џозефина Џоли. Но за да тоа се оствари, треба и таа да сака да се зближи со мене,
Така е и во надворешната политика.
 
Последно уредено:

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.414
Поени од реакции
571
Добри односи имате само со Турција, бидејќи Турците го сакаа, поради нео-османизмот на Ердоган.

Со такви дипломати, нормално е да имате лоши односи со соседите, и не толку добри со останатите д'ржави. Човекот нема елементарна идеја од дипломатија.

Се разбира, прв меѓу анти-дипломатите е претседателот Иванов - стана за смеа во светот по откритијата му за јазикот на античките Македонци и Русите. Во сите интервјуа со меѓународни новинари е недипломатичен (да не кажам некултурен).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Добри односи имате само со Турција, бидејќи Турците го сакаа, поради нео-османизмот на Ердоган.
.
За ова си барем во право, но Македонците се докажани слепци, па во оваа изјава на Ердоган, дадена во Тетово, пред Албанците во џамија, не ја гледаат пораката што им ја пренесува:
"Ние вас никогаш не можеме да ве заборавиме, бидејќи меѓу вас има внуци на Османлиите. Ние имаме наши браќа и во Босна, и во Приштина и Призрен и во Скопје, Битола, Охрид, Дебар, Тетово, рече турскиот премиер"
Исто така многумина не сакаат да ја памтат позицијата на "пријателска" Турција, за време на 2001-ва, кога нас не инструираше да преговараме со терористите и глумеше неутралност во кризата, истовремено лицемерно очекувајќи безрезервна подршка и немешање во, да речеме, спорот со Курдите.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Добри односи имате само со Турција, бидејќи Турците го сакаа, поради нео-османизмот на Ердоган.
Добрите односи со Турција се воспоставени 10 години пред доаѓањето на Ердоган на власт.

Се разбира, прв меѓу анти-дипломатите е претседателот Иванов - стана за смеа во светот по откритијата му за јазикот на античките Македонци и Русите. Во сите интервјуа со меѓународни новинари е недипломатичен (да не кажам некултурен).
Претпоставувам Љубчо Георгиевски за вас е најголемиот дипломат :love:

Ѓорге Иванов со титулата почесен професор на „Ломоносов“
Иванов стана член на Светската академија на науките и уметностите

Останатите вулгарски небулози нема потреба да ги коментирам.

За ова си барем во право, но Македонците се докажани слепци, па во оваа изјава на Ердоган, дадена во Тетово, пред Албанците во џамија, не ја гледаат пораката што им ја пренесува:
"Ние вас никогаш не можеме да ве заборавиме, бидејќи меѓу вас има внуци на Османлиите. Ние имаме наши браќа и во Босна, и во Приштина и Призрен и во Скопје, Битола, Охрид, Дебар, Тетово, рече турскиот премиер"
.
Не гледам никаква контраверзност во изјавата. Рекол нешто со кое не се согласуваш дека е вистина или можеби требало да каже нешто такво за Македонците?

Исто така многумина не сакаат да ја памтат позицијата на "пријателска" Турција, за време на 2001-ва, кога нас не инструираше да преговараме со терористите и глумеше неутралност во кризата, истовремено лицемерно очекувајќи безрезервна подршка и немешање во, да речеме, спорот со Курдите.
Очигледно сите се виновници за 2001 освен политичарите кои самите си ги гласавме и покрај нивната извршна улога во тоа време.

А за улогата на Турција пишував во еден друг пост:
Улогата на Русија во македонската историја

Исто така, можеш да ги прашаш било кои македонски организации во дијаспората од кого добиваат најголема финансиска и лоби помош.

После тоа можеш да отвориш било кој документ на НАТО каде сме споменати и да погледаш во фуснотата што значи ѕвездичката покрај името ФИРОМ.

Е тогаш врати се на темава.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Не гледам никаква контраверзност во изјавата. Рекол нешто со кое не се согласуваш дека е вистина или можеби требало да каже нешто такво за Македонците?
Во изјавата лежи вистината зад турската подршка кон Македонија. Ако тоа не го гледаш, можеби навистина треба да се потсетиш на турските ставови за време на 2001-ва.



Очигледно сите се виновници за 2001 освен политичарите кои самите си ги гласавме и покрај нивната извршна улога во тоа време.

.
Секако дека нашите политичари се виновници, имаат вина и Албанците, а и западните земји, но ние тука зборуваме за улогата, позицијата на Турција. Турција не се стави на страна на својот сојузник, туку избра наводна неутралност, вршејќи притисок врз нашите политичари да преговараат со бунтовниците, вршејќи притисок да ги прифатат наметнатите услови и да не употребуваме сила. Тоа не е сојузничко однесување. Ме интересира дали можеби нашите "пријатели" од Турција, очекуваат ист таков однос на Македонија, во контекст на курдскиот проблем? Можеби треба ние да бидеме неутрални по тоа прашање и да ја охрабриме турската власт да преговара со сепаратистите и да најдат заедничко решение. Верувам дека е така, пошто нашите сојузници така се однесуваа кога имавме таков проблем, сигурно и ние треба така да им вратиме, поучени од нивниот пример.

Друга работа е што вистински сојузник никогаш нема да ти истура осиромашен ураниум пред врата. Штета што не можеме со иста мера да им вратиме, верувам дека би го ценеле тој наш потег.

Турција и Буш напраија што можеа Македонија да влезе у НАТО, али Грција испадна појака. :p


Верувам дека имаме пријатели во Турција. Искрени пријатели. Но, тоа не се исламистите. Нивната агенда е јасна и наводното пријателство кон Македонија, го покажаа дека е такво (повеќе пати).
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
За ова си барем во право, но Македонците се докажани слепци, па во оваа изјава на Ердоган, дадена во Тетово, пред Албанците во џамија, не ја гледаат пораката што им ја пренесува:
"Ние вас никогаш не можеме да ве заборавиме, бидејќи меѓу вас има внуци на Османлиите. Ние имаме наши браќа и во Босна, и во Приштина и Призрен и во Скопје, Битола, Охрид, Дебар, Тетово, рече турскиот премиер"
Исто така многумина не сакаат да ја памтат позицијата на "пријателска" Турција, за време на 2001-ва, кога нас не инструираше да преговараме со терористите и глумеше неутралност во кризата, истовремено лицемерно очекувајќи безрезервна подршка и немешање во, да речеме, спорот со Курдите.
Ако ти се плашиш од Турција, тогаш треба да си ги преиспиташ приоритетите.
Ние имаме поголеми проблеми и поопасни непријатели во моментов.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.204
Поени од реакции
78.732
Ако ти се плашиш од Турција, тогаш треба да си ги преиспиташ приоритетите.
Ние имаме поголеми проблеми и поопасни непријатели во моментов.
Секако, но треба реално да гледаме на интересите и улогата на Турција, а не романтично, како што милуваат многумина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom