Надворешни односи на Македонија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Но сител вика дека сме први во све...
Не зборам за политичка пропаганда. Еве да речеме и дека наводите на Сител се вистинити. Сепак, најплодно поле за дестабилизација е Македонија. Која држава друга би можеле полесно да ја дестабилизираат? Во игра се уште Турција, Грција, Србија и Унгарија. Јас да сум некој фактор, кој би посакал да го прекине гасоводот, би спонзорирал дестабилизација на Македонија, тоа би ми било најлесно. И не само тоа, со дестабилизација на Македонија можна е дестабилизација на целиот регион, што би значело доста муштерии за оружје.

Поради овие индикации и сомнежот дека повод (но не и причина) за дестабилизација на Македонија е токму Турскиот Ток. Причина е избегнување на политичко влијание на Русија во Македонија и евентуално Србија.
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
421
Поени од реакции
194
Резултатите од Куманово:
- Србија заработува од "сатанизирането" и претставувањето на Косово како држава извозник на тероризам;
Дополнително се задржува про-српската влада на Груевски;
- Владата во Македонија заработува од киднапирањето на вниманието;
Преставува за бранител на "националните интереси" на Македонија;
- Русија заработува од дестабилизација на Македонија и нејзиното оддалечување од ЕУ и НАТО (вклучувајќи ситуацијата дава "аргументи" да обвини ЕУ и САД во про-албанска политика и да постави општеството против Блгарија и Албанија, односно против ЕУ и НАТО.

На овој начин Македонија продолжува да е во оваа ост "север-југ", односно Србија (српско влијание = медиуми, политички и "интелектуална" елита) и Грција (грчко влијание = економски, историски ("Скопје '14 година") и продолжувањето на измислениот "спор за името" и блокирање на преговорите за ЕУ и членство во НАТО).
Србија користи албанското население, за да сее омраза и раздор во општеството во Македонија, а Грција користи останатата од Југославија (a.k.a. "С'рбославија") насадена *недоверба* кон Блгарија и Албанија како и т.н. "историја", за да може да ја одржува како презентира населението на Македонија како "славјанофони".

На крајот резултатот е губење на човечки животи. Нека Бог да ги проси.
Се надевам надворешните односи на Македонија да се подобрат конечно и Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО во нај-блиска иднина.

---
И покрај сè, податоците на *Д'ржавниот завод за статистика* за јануари-април 2015г. покажуваат дека најголемиот увозник на македонски стоки по Германија е Блгарија.
Таму каде што е текло, пак ќе тече. :)

ОФФтопик:
Секој јазик е еден цел свет, менталитет, став;
Мило ми е што родените во Македонија и Блгарија живееме во ист свет и можеме да разговараме слободно меѓусебно, дај Боже за добро !
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бугариja може би се повеке се вмешува во содадената состоjба во РМ.
Надворешниот министар на БГ престоува 2 дни во МК, веке се е сретнал со Ахмети, со Тачи, со Иванов, со Поповски и днес предстои да се сретне и со Груевски и Заев.

http://www.mfa.bg/bg/events/6/1/3896/index.html
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.934

Не можам до крај да ја разберам загриженоста на бугарската влада за ситуацијата во Македонија.

Или сакаат пред европејците да се покажат како стабилизирачки фактор на Балканот.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не можам до крај да ја разберам загриженоста на бугарската влада за ситуацијата во Македонија.

Или сакаат пред европејците да се покажат како стабилизирачки фактор на Балканот.
Много логички е државите от регионот да познават подобро состоjбата,отколкото државиве от скандинавиja например. Тоа покажува и првите средби,кои са били со амбасадорите на Германиja,Италиja,Велика Британиja, САД и ЕУ во Скопjе.
 
W

wicked_1

Гостин
За "нерелевантни и игнорирани" како што се сметаа снимките, интересен е Извештајот од ЕУ, како да е напишан од почеток до крај у нивен контекст.
А и посебни извештаи ќе идат и за корупцијата. Скроз нерелевантни.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270

Многу е моќен извештајот на ЕУ, точно. Вика да се укинат контролните механизми кон судиите и да им се даде слобода. Или во превод, никој да не може да ја смени Софија Лаличиќ. Нели, напишано од почеток до крај во контекст на снимките.
 
W

wicked_1

Гостин
Многу е моќен извештајот на ЕУ, точно.
Сеа нема тежина веќе(?), моќност нема, ненадлежен е да решава, да у право си. Куртон изјавата што ја рекламиравте од руското мнр имаше тежина, експертски извештај на ЕУ нема тежина, нема проблем.
Вика да се укинат контролните механизми кон судиите и да им се даде слобода. Или во превод, никој да не може да ја смени Софија Лаличиќ. Нели, напишано од почеток до крај во контекст на снимките.
Сеа се вреѓаме еден со друг за оваа да расправаме т.е што значи "укинување на контролен механизам кон одредена институција". У превод за жал не ништо друго освен директен упат и барање за департизација на судството кое е у тотален колапс и без никаков легитимитет, а овие критики се у зголемени за 10 пати у споредба со претходниот извештај. Контролни механизми се инструменти на системот и ги користат лицата на функција - од таму тоа е директна критика кон владеачката структура, не кон некој невладин сектор, опозициони тела или поширока јавност..
Да занемариме се друго, во следењето на комуникациите се најголемите критики, а најголем проблем корупцијата, бараат да се разгледа содржината на снимките иако преовладува мислењето дека се нелегално набавени, упатуваат да се одземе посредничка улога на УБК, нејзин мандат, пристап до опрема и слично, веќе и официјално ја третираат оваа институција меѓу другите како обичен партиски инструмент.
Незнам што добиваш со ваквото толкување кое и сам знаеш дека е смешно и на кое само некој непресметлив може да се шлепа.[DOUBLEPOST=1434892961][/DOUBLEPOST]Па и за сет срам, пишеше дека никој не ги смета за релевантни снимките на заев освен он самиот. А ни следува од група експерти на ЕУ:

" Брисел, 8 јуни 2015

Република Македонија: Препораки на Групата на искусни експерти за системските прашања за Владеење на правото поврзани со следењето на комуникациите откриени во пролетта 2015 "
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Сеа нема тежина веќе(?), моќност нема, ненадлежен е да решава, да у право си. Куртон изјавата што ја рекламиравте од руското мнр имаше тежина, експертски извештај на ЕУ нема тежина, нема проблем.

Сеа се вреѓаме еден со друг за оваа да расправаме т.е што значи "укинување на контролен механизам кон одредена институција". У превод за жал не ништо друго освен директен упат и барање за департизација на судството кое е у тотален колапс и без никаков легитимитет, а овие критики се у зголемени за 10 пати у споредба со претходниот извештај. Контролни механизми се инструменти на системот и ги користат лицата на функција - од таму тоа е директна критика кон владеачката структура, не кон некој невладин сектор, опозициони тела или поширока јавност..
Да занемариме се друго, во следењето на комуникациите се најголемите критики, а најголем проблем корупцијата, бараат да се разгледа содржината на снимките иако преовладува мислењето дека се нелегално набавени, упатуваат да се одземе посредничка улога на УБК, нејзин мандат, пристап до опрема и слично, веќе и официјално ја третираат оваа институција меѓу другите како обичен партиски инструмент.
Незнам што добиваш со ваквото толкување кое и сам знаеш дека е смешно и на кое само некој непресметлив може да се шлепа.[DOUBLEPOST=1434892961][/DOUBLEPOST]Па и за сет срам, пишеше дека никој не ги смета за релевантни снимките на заев освен он самиот. А ни следува од група експерти на ЕУ:

" Брисел, 8 јуни 2015

Република Македонија: Препораки на Групата на искусни експерти за системските прашања за Владеење на правото поврзани со следењето на комуникациите откриени во пролетта 2015 "
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Полека бе. Прво, извештајот предлага решенија, што се најбитниот дел од извештајот. Тие решенија, ама баш сите, до последно, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати и ќе предложи законски промени, нови членови на комисии и се друго што бараат, веднаш откако СДСМ ќе се врати во Собрание. Доколку не се врати, ќе го прават тоа без нив.

СДСМ бараше специјални судови, ревизии и чуда, со кои би се департизирале институциите, би се довел нов кадар, па би се воделе постапки. ЕУ предлага законски измени со кои би им помогнале на постојниве судии, обвинители и институции да ја зајакнат независноста. Јас како член на ВМРО-ДПМНЕ, а убеден сум и Груевски лично, нема проблем со таквите барања. Доколку и вие од другата страна сте задоволни, одлично, win-win. :toe:

ЕУ не побара да се отвори истрага за индициите произлезени од содржината на снимките. Не знам по кој пат треба да се повтори дека таква истрага ќе има. А и на врапчињата им е јасно како истата ќе заврши.
 
W

wicked_1

Гостин
Полека бе. Прво, извештајот предлага решенија, што се најбитниот дел од извештајот. Тие решенија, ама баш сите, до последно, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати и ќе предложи законски промени, нови членови на комисии и се друго што бараат, веднаш откако СДСМ ќе се врати во Собрание. Доколку не се врати, ќе го прават тоа без нив.
Поедностави си го малку... се предлагаат системски промени, ама до системски промени не може да дојде се додека не се реши ситуацијата. СДСМ според мене ќе се врати во собрание единствено доколку се договори распуштање т.е оставки на владата односно нова влада која ќе го исклучува НГ како премиер. Нема да има никакви промени без соработка и претходен договор на сите партии, ако ЕУ аминува преземани дејствија(од власта) без согласност на опозицијата, само дополнително ќе си ја компромитира објективноста и неутралноста.
ЕУ не побара да се отвори истрага за индициите произлезени од содржината на снимките. Не знам по кој пат треба да се повтори дека таква истрага ќе има. А и на врапчињата им е јасно како истата ќе заврши.
Ти рече дека се нерелевантни снимките и нема да се никаков фактор при креацијата на новите политики. Напротив експерти од ЕУ произлегоа со мислење баш за таа тематика и ги упатија најострите критики досега за нашето непостоечко демократско општество, не рачунаат како последен пребег на автократијата у Европа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Поедностави си го малку... се предлагаат системски промени, ама до системски промени не може да дојде се додека не се реши ситуацијата. СДСМ според мене ќе се врати во собрание единствено доколку се договори распуштање т.е оставки на владата односно нова влада која ќе го исклучува НГ како премиер. Нема да има никакви промени без соработка и претходен договор на сите партии, ако ЕУ аминува преземани дејствија(од власта) без согласност на опозицијата, само дополнително ќе си ја компромитира објективноста и неутралноста.
Тоа ќе видиме уште на 26ти. Досега два пати потпишаа договор во кој не се споменува влада без Грујо.

http://ec.europa.eu/enlargement/news_corner/news/news-files/20150619_recommendations_of_the_senior_experts_group.pdf
ЕК во извештајот предлага многу едноставни, plain and simple решенија, за кои ВМРО и СДСМ нема што да преговараат или договараат, туку само да ги изгласаат во Собрание или спроведат во рамки на институциите, зависи кое како. Ама баш ништо не е оставено за договарање.
Ти рече дека се нерелевантни снимките и нема да се никаков фактор при креацијата на новите политики. Напротив експерти од ЕУ произлегоа со мислење баш за таа тематика и ги упатија најострите критики досега за нашето непостоечко демократско општество, не рачунаат како последен пребег на автократијата у Европа.
Јас ќе морам да се повторам. Сосема сум задоволен со тоа што Комисијата го има предложено како решенија. И снимките не ми изгледаат како да имаат влијание врз ниедно од нив. Доколку и ти си задоволен со работите што ЕК ги бара од Македонија и мислиш дека ги бара заради снимките, одлично. Може да се согласиме дека не се согласуваме за релевантноста, ама да се согласиме дека решенијата е добри и мора да се спроведат најитно, па да се оди на избори, после кои секоја од групите ќе се помири со улогата која гласачите ќе им ја доделат на истите.
 
Имавме 4 проблематични зони кои ни го утепаа цивилното општество, сега имаме нова 5та баш заради тоа што се откри криминалот, у врска со таа 5тата т.е следењето на комуникации имаме препорака од ЕУ, обвинителството кај нас да преземе чекори и да "разгледа" во снимките во кои се детектираат најголеми злоупотреби - тука у превод се упатуваат институциите кои ги немаме, да отпочнат истраги, а ако не се во можност - а не се, да побараат меѓународна помош. Тоа е баш она што го пишав пред некое време за формирање специјален суд со посредство на странски судија, само што тука се фокусираат прво на истрагата со странска асистенција, која би довела до формирање на таков суд ако и официјално се утврдат злоупотребите
In relation to the content of the interceptions
Investigations into criminal conduct disclosed by the interceptions should be seriously addressed without hesitation and fear, in a non-selective manner, prioritising the more serious wrong-doing which appears to be disclosed.  Effective investigation may require the seizure of data log files and any available log file archives from the UBK and telecommunications providers, and their comparison with issued court orders. Where necessary, investigators may consider seeking international support and expertise, for example in the recovery or authentication of deleted log files.
Имаат препораки и упатувања точно, но ова експертско мислење покрај тоа што констатираше ужасни состојби у повеќе сфери, и официјално делегитимизира Дирекција за контра/разузнавање како институција на системот, која пак хиерархиски е под МВР, тоа е крах на системот. Затоа и предлагаат покасно измени со нова распределба на моќ, најверојатно и УБК ќе биде распуштена.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Имавме 4 проблематични зони кои ни го утепаа цивилното општество, сега имаме нова 5та баш заради тоа што се откри криминалот, у врска со таа 5тата т.е следењето на комуникации имаме препорака од ЕУ, обвинителството кај нас да преземе чекори и да "разгледа" во снимките во кои се детектираат најголеми злоупотреби - тука у превод се упатуваат институциите кои ги немаме, да отпочнат истраги, а ако не се во можност - а не се, да побараат меѓународна помош. Тоа е баш она што го пишав пред некое време за формирање специјален суд со посредство на странски судија
In relation to the content of the interceptions
Investigations into criminal conduct disclosed by the interceptions should be seriously addressed without hesitation and fear, in a non-selective manner, prioritising the more serious wrong-doing which appears to be disclosed.  Effective investigation may require the seizure of data log files and any available log file archives from the UBK and telecommunications providers, and their comparison with issued court orders. Where necessary, investigators may consider seeking international support and expertise, for example in the recovery or authentication of deleted log files.
Имаат препораки и упатувања точно, но ова експертско мислење покрај тоа што констатираше ужасни состојби у повеќе сфери, и официјално делегитимизира Дирекција за контра/разузнавање како институција на системот, која пак хиерархиски е под МВР, тоа е крах на системот. Затоа и предлагаат покасно измени со нова распределба на моќ, најверојатно и УБК ќе биде распуштена.
Да побараат меѓународна поддршка и експертиза. И како пример е наведен технички проблем, како повраток на избришани логови од опрема на УБК. Е сега, од меѓународна поддршка и експертиза да стигнеш до специјални судови, е мнооогу широко и слободно интерпретирање на напишаното. Ако мислеле на такво нешто, ќе пишеле такво нешто. Фино си пишува, нашите институции да водат истрага, а доколку наидат на проблеми и потешкотии, да побараат меѓународна помош.

А за распуштање на УБК не гледам никаков проблем. Таа управа во 20 години постоење беше дел од 5-6 огромни скандали. Ништо трагично да се распушти, и да се направи нова служба, from scratch.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Почнуваш секоја отстапка на која е приморан Груевски да ја прогласуваш за победа. Се помачна и помачна станува работата. Инаку, сите веќе знаат дека владата која ќе организира избори ќе биде без Груевски, или избори нема ниту да има. Баш ме интересира дали и таквата влада без Никола ќе ја прогласиш за победа на ДПМНЕ.
 
W

wicked_1

Гостин
Да побараат меѓународна поддршка и експертиза. И како пример е наведен технички проблем, како повраток на избришани логови од опрема на УБК. Е сега, од меѓународна поддршка и експертиза да стигнеш до специјални судови, е мнооогу широко и слободно интерпретирање на напишаното. Ако мислеле на такво нешто, ќе пишеле такво нешто. Фино си пишува, нашите институции да водат истрага, а доколку наидат на проблеми и потешкотии, да побараат меѓународна помош.

А за распуштање на УБК не гледам никаков проблем. Таа управа во 20 години постоење беше дел од 5-6 огромни скандали. Ништо трагично да се распушти, и да се направи нова служба, from scratch.
Да тоа е пример само за повраток на логови, од технички аспект. Понудената експертиза у врска со истрагата би била со испраќање на лица-обвинители или експерти у таа област, користење на странски техники за утврдување на злоупотребата, утврдување на автентичност на докази и слично. Е од овде, ако биде утврден основан сомнеж за формирање обвинение, може да се бара асистенција од странски фактор и формирање на суд кој ќе го прими и ќе расправа по обвинението. Ова што го пишам е претпоставка, и нормално нема да биде напишано у сегашните препораки на ЕУ пошто нема правилна истрага сеуште ниту пак утврдено автентичност на доказниот материјал, за која само прашање на време е кога ќе биде утврдена.
За другото се согласувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom