- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.519
- Поени од реакции
- 18.366
Груевски: Турски тек и во Македонија кога ќе се договорат Брисел и Москва
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/gruevski-turski-tek-i-vo-makedonija-koga-kje-se-dogovorat-brisel-i-moskva
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/gruevski-turski-tek-i-vo-makedonija-koga-kje-se-dogovorat-brisel-i-moskva
Премиерот смета дека проектот Турски тек може да се реализира и на македонска територија кога Брисел и Москва ќе постигнат договор. „Ние сме земја која е насочена кон евроатланската заедница, и при носење на одлуки од стратешко значење се водиме од оваа цел. Ние го немаме искористено ни половина од сегашниот капацитет на користење гас од она што сега го имаме, и сеуште нема да го искористиме откако ќе ја завршиме целата гасификација во земјата. Значи на краток рок од десетина години немаме некој сериозен проблем. Најголем проблем е високата цена на гасот, која ја наследивме од минатото, а која руската страна ја објаснува со ниските количини на користење на гас. Имено, во формирањето на цената на гасот, клучна улога игра количината. Ако набавувате помала количина, цената е повисока, и обратно. Сепак, за долгорочна енергетска сигурност или градење на гасни електрани, потребен е нов дотур на гас. Оттука, како што и неколкупати јавно изјавив, ориентирани сме кон три извори. Два од нив се преку градба на гасоводна цевка кон Грција каде би се приклучиле на нивниот гасовод, од каде би се поврзале со атинското пристаниште каде има дотур на течен гас, и на гасоводот ТАП, кој треба да почне да се гради од Азербејџан. За ова Грција лани објави дека дава согласност и работиме на креирање финансиска конструкција и други подготовки. Третиот извор е спојување со интерконективниот гасовод во Бугрија, кој е помеѓу Романија, Бугарија и Турција. За овој приклучок имаме начелна согласност од Бугарија, и се надеваме наскоро за ова да се потпише и меѓудржавен договор по што веднаш би тргнале во подготовки за инвестиција“.