H
HCL
Гостин
Прво се облакам во пижами (освен летно време), идам во купатило да мијат заби и да мочам. Пијам неколку чаши вода после миење заби пошто мрзам паста во уста. Полнам уште една чаша со вода и ја ставам пред кревет. Палам на компјутер некоја серија (не помала од 10мин. епизода, не поголема од 20мин. епизода), најчесто комична. Затварам врата, подспуштам ролетна, пододтварам прозор, подесувам тон, проверувам дали двата звучника работат, си легнувам, се покривам, гледам у серијата. По некое време ќе подзаспијам, ќе станам, угасам PC спуштам скроз ролетна, затворам прозорец, гасам продужен кабел, идам во веце, пак мочам, плакнам раце, ставам нивеа на лице, пијам вода. Доаѓам во соба, гасам светло, си легнувам, штелувам на мобилен во колку да ме буди, подесувам на 4 јачина на будилник, а 3 јачина на мобилен. Ја пијам водата што ја имав оставено до кревет, ја ставам на маса, се врта према ѕид (десна страна), го местам јорганот да ми е повисоко позади мене, а пониско пред мене и конечно можам да заспијам.
Верувале или не, послеедниов месец секој ден ја правам оваа рутина.
Верувале или не, послеедниов месец секој ден ја правам оваа рутина.