Ееееее моето спиење е тешко описиво но ај ќе пробам лол...
Ова што го кажа немирна...пред спиење мора една партија барем од 5 мин. на компјутер, маил, кајгана ова она... и после го гасам... облакам пижами, го местам креветот после тоа незнам зашто али се вртам накај телевизорот, и назачки седнувам на креветот испред перницата, потоа се вртам накај ѕидот(лево), па се вртам одма на стомак, едната рака испод перницата другата над перницата, главата ја ставам пола на перница пола на душекот, тоа ќе му дојде одма испод преницата, главата ми е свртена од спротивната страна на ѕидот. Така легнат на стомак, нозете мора да ми се прекрстени или да ми се ко жаба, хахаха иначе другачие не спијам... после откако ќе заспијам, се вртам од спротивната страна на ѕидот, свиен цел, рацете не ги тргам испод и врз перницата, после од таа позиција идам се вртам накај ѕидот исто свиен и исто рацете испод и над перница... и на крај се будам или свиен и свртен накај ѕидот или во почетна позиција - легнат на стомак едната рака испод перница другата над перница, со скрстени нозе или во жабиј стил лол... хахахаха
Баш ова сум го приметил последниве денови... откако мама ме буди за на школо
хехехе
Само едно кратко чудно објаснување: додека спијам, имам знаење на која страна сум, колку цм ми требаат да паднам и слични ствари... како и будење среде ноќ, по моралност... но сабајле кога мама ме буди... само таа си знае кои маки си ги има дур ме разбуди, хахаха....
Вчера дури се исплашила дека може сум починал... значи така ме будела ме вртела насекаде, ме бутала, а јас ништо... и на крај и текнало да ме фати кај срцето да види дали сум жив, хахахаха
и конечно после едно добро тормозење вртење, бутање, успеала да ме разбуди во рок од 7-8 минути. хахаха
п.с. го објаснив најубаво што може... хаха