Навивач остана без дланка на дербито Пелистер-Вардар

Член од
28 април 2009
Мислења
1.831
Поени од реакции
253
Си сретнал ли ти рибари кои со трските високо кренати во раце маршираат низ град, пеат песни, фрлаат со плашки врз невиниот народ околу, физички се пресметуваат и го вандализираат попатниот имот?
Споредбава ти вришти, ти си видел навивачи како со мрежа ловат и убиваат риби на стадион?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Полицијата е виновна, сигурно имаше начин како безбедно да се пренесат навивачите надвор од стадионот. Ама треба и двете страни да сносат одговорност, треба и од Комити да излезат и да кажат дека Турчинот и не е така невино детенце. На пример да кажат зошто не почувствувал дека раката му е разнесена?
Мора многу работи да се променат кај нас самите за да се намалат можностите за случување на вакви трагедии.
Сакаш да кажеш дека Турчинот бил издрогиран??? Абе дали си нормален бе лично го знам и ти гаарнтирам дека не е под дејство на дрога он е најголем противник на дрогата, за ова можам да се заколнам во што сакаш и лесно да се докаже, има сега методи за испитување така да без проблем ќе се докаже дека не е наркоман некој. Исто на една седенка правевме муабет беше и против тепање со полиција значи лично сум бил приусутен кога го има кажувано тоа дека нема ниакква потреба да се тепаш со полиција дека само ќе те излупаат и ќе јадеш кривична и ќе ти го заебат цел живот, затоа и он не се тепаше со џандарите се глеад убаво на снимките дека ниеднаш не мава накај џандарите сам окрева раце и смирува ситуација а во исто време јаде пендраци по грб.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576

Навивач на Стеауа кој ги изгубил двете нозе во сообраќајна несреќа.
Се собираат пари за негов опоравок,за купување протези за неговите нозе за да може да застане пак меѓу своите другари на трибина и да го бодри омилениот клуб.

Само да ви укажам на тоа дека навивачите се “стоки,наркомани и пропалици“ ;)
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Споредбава ти вришти, ти си видел навивачи како со мрежа ловат и убиваат риби на стадион?
Ловењето риби не е девијантно однесување.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Девијантно_однесување

Споредбата е на место, и ако сеуште не го разбираш тоа тогаш си само за на трибини.

Би замолил да ме цитираат членови со наполнети 16 години.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ловењето риби не е девијантно однесување.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Девијантно_однесување

Споредбата е на место, и ако сеуште не го разбираш тоа тогаш си само за на трибини.

Би замолил да ме цитираат членови со наполнети 16 години.
Прекршувам норми со тоа што одам да си го бодрам тимот на стадион/во сала? :eek:

Кое девијантно однесување бе дечко, само девијантни однесувања ви се во глава, исто како што за Нешковски одма по простестите искочија со изјава дека бил „дете од девијантно семејство“ само затоа што неговите биле разведени :cuc: Па камо среќа кога ќе видиш да спаѓам/е во девијантни појави ние што идеме по сали и стадиони отколку да бидам безмозочен цајкан како овој со бомбава и да предизвикувам куршлуси на трибини. Кажи ми која е разликата од гледање филм на кино и одење на трибини? И едното и другото е забава. Или па може дека не се палат луѓе на чек ин од стадион од мак лига? Немој да ми реплицираш тепања меѓу навивачи зошто гледам дека англиски хулигани сите знаеме да најдеме на нет. 483294932432 души ти објаснија што се случува на трибини кај нас на гостувања, како полицијата се смета за бог и батина овој ти вика цитирајте ме со наполнети 16 години :pos: според твоите постови мене ми делува како ти да си исфрустриран од некој навивач па сега гледаш со сет арсенал да се испуцаш на темава и да ги направиш нив од гомно подоле.

не биди толку полн со стереотипи, утре ден на лекар ќе отидеш кој секој викенд е на трибини ;)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Ловењето риби не е девијантно однесување.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Девијантно_однесување

Споредбата е на место, и ако сеуште не го разбираш тоа тогаш си само за на трибини.

Би замолил да ме цитираат членови со наполнети 16 години.
А ти си видел ли да на рбиарите им отиде цел вод специајлци и почна да гибрка пошо ќе имало невреме ??? Што мислиш како би реагирале рибарите ?
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Сине, не го ставај татко ти во позиција пред отказ, шефицата му е нестабилна :cautious:

Коментарот од тука https://www.youtube.com/watch?v=Yir13umYqRQ
Прегледај го приврзокот 99181
Овој лаже исто како што лажат вмровските медиуми дека Турчин ја украл бомбата.Ако шок-бомбата била активирана како што тврди овој тогаш Турчин ќе немаше време да ја земе во рака и да ја подигне нагоре.

Стварно не ми е јасно која е поентата некој да си прави филмови од еден ваков трагичен настан.На Фејсбук,Твитер и сега Јутуб може човек да се изначита триста глупости и триста различни филмови од луѓе кои појма немаат од спорт и навивање,а уште полоши од нив се оние што измислуваат лаги за да се создаде слика дека или едните или другите се криви.Стока од народ мамата нивна неписмена.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
А ти си видел ли да на рбиарите им отиде цел вод специајлци и почна да гибрка пошо ќе имало невреме ??? Што мислиш како би реагирале рибарите ?
Брат вреди ли со овакви полу ретардирани ликови да се замараш на форум ? тури им к*р бе глеаш дека се класички идиоти маваат со глава во sид , идиоти што ги има во голем број у државава .
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Брат вреди ли со овакви полу ретардирани ликови да се замараш на форум ? тури им к*р бе глеаш дека се класички идиоти маваат со глава во sид , идиоти што ги има во голем број у државава .
Абе брат ама ако ги оставиш пуздер ќе направат, ќе си прават како нив им одговара, исто како МВР што пробуваше да изврти случкава и да го окриви Турчин дека ја украл од џандар бомбата и дека со сигурност он ја активирал, и на крај излегуваат Тера со видео кај што се гледа дека ја зима од земја бомбата и дека после кревањето во вис пружаат уште неколку навивачи да не ја фрли и го бутаат надоле така да не можеш со сигруност да тврдиш дека он ја активирал.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Ловењето риби не е девијантно однесување.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Девијантно_однесување

Споредбата е на место, и ако сеуште не го разбираш тоа тогаш си само за на трибини.

Би замолил да ме цитираат членови со наполнети 16 години.
Те читам од пред некој ден и никако неможам да те разберам. Или си од северниот пол, или немаш друштво или со уште еден го тераш муабетов ист ко тебе па затоа до ова дереџе си дошол.

Ти тука доаѓаш со ставот дека одење на стадион и пеење е девијантна работа и сите тие се деликвенти, наркомани, отпадници и што ти ли не. После тоа незнам зошто воошто некој ти реплицира.

Типичен медиокритет, нешто прочитал, чул недочул, слушнал нешто на вести и сега експерт по генерализирање и заклучоци за кој бил проблемот.

Прво по самото пишување се гледа дека не си по спортот воопшто а не па за навивање да збориш.

Луѓе со рацете горе што фрлале по невиниот народ. ....Хесусе Христе.

Другар ти си ја утнал темава, иди малце види што се случува на спортски натпревари во Европа и како се бодри својот клуб. Ти истоветуваш цела група на луѓе кои не се малку со еден мал дел проблематични луѓе.[DOUBLEPOST=1407354153][/DOUBLEPOST]
И каква врска има тоа дали јас имам полицаец во фамилијата или сум во партија со било што. Ако немам јас тој некој полицаец сигурно е нечиј татко , брат, син. Сигурно на дрва не раста полицајците па ги берат на есен. Па споредбата со политичка партија, сигурен сум дека појма немаш колку од навивачите се членови( не симпатизери) на сегашниве што се на власт.
И што со тоа. Како ја најдуваш поврзаноста со настанот и политиката. Да беше некоја друга партија на власт ке ве оставеја да правите што сакате? Искрено баш би сакал да прочитам каде е поврзаноста со сето тоа.
Прво настрана да тргнеме од фактот што кога те читам тебе ко да го читам Курир без разлика на која тема. Ако речат дека дечкото бомбата ја имал сокриено во газот, тука ти тоа ќе го трубиш.

Се даваш ко Халеева комета и земаш да старогозеваш што било како било на луѓе што идат на минимум по 30 утакмици секоја година и го пратат спортот активно секој ден.

Истото и за тебе како овој тителе што го цитирав, си слушнал нешто си видел на вести и одма заклучоци вакви биле такви биле. Мислиш имаме ние некоја страшна навивачка сцена со 50 убиства секоја сезона па толкав проблем биле навивачите.

Уште коа те прочитав во друга тема кога напиша "џандарот те тепа за да имаш памет за друг пат да ти биде лекција да седиш мирен и да знаеш што следи" видов што чоек пишува.

Арно ти пиша еден после тоа "ете тоа е право македонче"
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.205
Многу хипотетички прашања поставуваш на тоа што тебе ти одговара. А, замисли да ја фрлеше на време и да спасеше 10 луѓе од повреди, м? Зошто вака не гледаш на работите? Гледај ги видеата и ќе видиш како убаво се обидува да ја врати по што еден џандар се симнува скала подолу, неколку луѓе паѓаат, а со тоа и Турчин се губи од снимката. Пак ке кажам, факти и докази имаш наназад, а ти упорно ми поставуваш хипотетички прашања.
Ајде да замислиме ама ете не ја фрли, а по се имаше доволно време. А што ке се случеше ако ја фрлеше неактивирана? Најверојатно ништо во смисла на повреди, а полицаецот кој ја изгубил или му ја одзеле бомбата би одговарал и вака и така пошто таа е негова одговорност и ја должи. Дали ке се вадеше на тоа дека му ја украдија или му паднала во гужвата можеби би влијаело на казната што евентуално би ја добил. Во секој случај ситуацијата би завршила каде каде помалце трагично.
И те прашав што ти би направил ако се најдеш во таква ситуација. Незнам како би те прашал поинаку освен секако хипотетички и што има мене тука да ми одговара како ти би реагирал.
Видеата ги изгледав и искрено јас не добив таков впечаток. Повеќе ми заличи како демек еее види ви ја зедовме бомбата или нешто во тој стил.
Можеби грешам ама ете мене така ми личи.[DOUBLEPOST=1407357461][/DOUBLEPOST]
@мкд владе и затоа што цело време се повикуваш на тој закон од Англија, чисто информативно и тука се истите закони само што пак доаѓа до тоа дека полицијата е неспособна да ги спроведе. И ФФМ што не овозможува услови. Како ќе му се забрани некој да доаѓа на стадион, кога уште место карти се продаваат парагон блокчиња, како?

Како што кажа @Ilumious , иди кажи им на Вест Хем и Милвол навивачите, да напуштат 15 минути порано стадион или внеси ги во 45 минута.
Не се повикувам јас туку вие кажувате како било таму. Еве што најдов јас како е во Англија.
The following
types of behaviour have been made a criminal offence:
Entering a stadium when drunk or in possession of alcohol
 Possession of alcohol on trains and/or coaches when travelling to a football match
 Throwing any object at or towards the pitch or spectator areas
 Entering the pitch without lawful excuse
 Indecent or racist chanting
 Ticket touting

Under the legislation, any person convicted of a football related offence must receive from the Courts
a football banning order. This order prevents the offender from attending any football match at home
or abroad for a minimum period of three years
. Failure to observe this ban is itself a criminal offence.
--
police forces
to ensure that banned persons are required to report to a police station whenever the England team plays matches abroad.
---
The introduction of CCTV cameras in all grounds has also been a major help in preventing violence, as film footage of offenders can be used as evidence in a court of law and can therefore lead to conviction and a football banning order
---
The Regulations specify the list of articles that cannot be brought into the stadium and they give the stewards the right to search any or all spectators and to remove offenders from the stadium.
The following behaviours are expressly forbidden:
the throwing of any object;
unauthorised entry onto the playing area;
the use of threatening behaviour or racist,
homophobic or foul and abusive language
;
persistent standing in a seated area;
smoking in any area inside the stadium;
attempting to enter the ground whilst drunk;
possessing alcohol when entering the ground or
in a part of the ground from which the event
can be directly viewed;
entering a part of the ground reserved for
supporters of the opposing team.

Целиот текст тука
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Се чувствувам должен да им одговорам на низа ликови кои тврдат дека навивачот по дифолт мора да биде насилник, наркоман, некој без мозок итн.
Ете некои дури можеле да сфатат ако пубертетлија е навивач, но ако после пубертетските години некој продолжел со навивање, тогаш уште одма му се лепат гореспоменатите етикети.

Баш напротив, за мене навивач не е некое дркле што во пубертетски години ќе се издувува на стадион, навивач е оној кој со години ќе остане на трибината :)
Вистина е, постојат членови на навивачки групи (воглавно помлади) кои на пат кон стадион скокаат по автобуси и го нарушуваат јавниот мир, има членови кои крадат по бензински на гостувања, има членови кои доаѓаат на стадион САМО за да се напушат и нашмркаат, има членови доаѓаат со цел да изградат некаков бед-бој имиџ во маало за полесно да дојдат до девојчиња (бар така иде тоа во тинејџерски години) итн.
Вистинските навивачи се оние кои одат на сите утакмици, без разлика дали противникот е пет класи послаб, или мечот е со противник кој е неатрактивен маалски клуб без навивачи. Е тие навивачи најчесто не ги поседуваат наведените особини од погоре, и токму преку нив треба да се даде сликата за една навивачка група.
Исто како што во случај кога се прави статистика за одредени нешта, за да биде што поверодостојна статистиката се занемаруваат податоци во кои имаме енормна разлика, по некоја логика така треба и овде (пример во случајов на меч на пример со Пелистер има 1500 навивачи, на обични мечеви има по 250).
Е на вакви мечеви да се случи инцидент е огромна реткост, дури и не се сеќавам во моиве години поминати на трибина да се случило нешто такво.
Навивањето си е топ, забава до бескрај...
Ама дојде ли дерби меч, се зголеми ли бројот на луѓе на трибина, одма се случуваат некои немили настани воглавно со полицијата. Евидентно е дека кога навивачка група и полиција седи на иста трибина иако за тоа нема потреба се случуваат разни инциденти кои ако се размислува и делува трезвено не би се случиле.
Затоа мрзам дерби средби. Не постои навивачка група од која би се плашел да одам на некое гостување, ама дојде ли меч со некој противник против кој и шуто и сакато се носи на гостување (па и на домашен терен) секогаш од дома излегувам со помислата дали ќе јадеме ќотек од џандарите и дали ќе бидеш сплескан од сите страни помеѓу милион луѓе додека полицијата уште толку те бутка и те гуши :icon_mrgr:
Затоа подобро 100 пати ќе одам против Ренова кај што знам дека 50 души ќе отидеме на место каде што голема е шансата да не нападне некој, отколку да одам пример против Пелистер да кажеме каде што едноставно МОРА да се случи некаков инцидент со полицијата, додека противникот нема теорија да те нападне затоа што си во огромна бројка. Колку сакаш ти седи мирен и не прави ништо, полицијата не распознава кој од толпата предизвикал проблем, едноставно за нив сите се исти и мора да се истурат врз сите без да размислат на последиците. Секогаш се апелира да нема бизарни инциденти како фрлање предмети во терен, ама на утакмици каде што има премногу луѓе тоа едноставно не може да се контролира.
Сакам да кажам дека тоа што во групите има лица со првично споменатите негативни особини е резултат на ОПШТЕСТВОТО ВО КОЕ ЖИВЕЕМЕ.
Да бидеме реални, во СЕКОЈА ДИСКОТЕКА И КАФАНА ИМА ТЕПАЧКИ кои не се предизвикани од навивачи, во секое маало можеш да видиш фаци кои се дрогираат секој ден, а не се навивачи, во секое училиште ќе најдеш фаци кои изиграваат бед-бојс за да ќарат женски, а не се навивачи. Сите во најлудите години сме "зџопале" нешто од продавница затоа што сме глумеле чаламџии. Ебате детството ако не си украл еден чипс и кока-кола од продавница за да изглумиш фраер, иако и дома си ги имал истите работи. Лошо е ако тоа си го направил повеќе пати и ако после пубертетскиот период го правиш истото без да мислиш на последиците од твојот чин :)
На крај краева се е одлика на домашно воспитување, а тоа НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ...

Но и покрај сите овие факти, само навивачките групи се таргетираат со горе наведените особини. Не дами и господа, такви фаци ќе најдете во секоја област од општеството, НАВИВАЊЕТО не ги направило да бидат такви, туку ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ и општествените трендови кои за жал тежнеат само кон попримање на дебилните негативни работи од западот.
Трибината не е УЧИЛИШТЕ! На трибина доаѓаш да навиваш и да се забавуваш, а не да учиш како треба да се однесуваш. Зошто мислите дека на трибина ги научиле негативните работи?
Напротив прочитајте ги кодексите на однесување кои ги имаат издадено неколку наши групи, ќе сфатите дека ништо од тоа што го замислувате не се пропагира на трибините.

Ама ве сфаќам пошто некогаш и јас сум бил во иста ситуација :) И јас во основно имав некои такви замисли за фаците од трибината. Кога одев на утакмици парите во чорапи ги криев пошто од муабетите од околината мислев дека некој од водачите ќе ме изрекетира. Врска немаше :)
Напротив трибината е едно место каде што можеш да сретнеш секакви фаци. Пијандури, наркомани, професори, економисти, правници, џаболебари, металци, рапери, турбофолкери, дечишта, луѓе во години, родители кои ги учат и нивните деца да одат на трибина и сите тие ги здружува само едно - ЉУБОВТА КОН КЛУБОТ...
И јас влегов со предрасуди во групата и ете веќе 10 години од таа моја прва утакмица, сеуште сум дел од истата трибина :)

Сум имал и еден куп придобивки покрај неколкукратниот ќотек :icon_mrgr: Сум раширил познанства, сум добил место на кое секогаш сум ги пуштал мислите на пасење, ама што е најважно СУМ НАУЧИЛ ДА ГИ ПОЧИТУВАМ И ДА КОМУНИЦИРАМ СО ЛУЃЕТО ОД СИТЕ ОБЛАСТИ НА ЧОВЕШТВОТО.
Со оглед на тоа што се занимавам со област со која навивањето нема никаква врска, туку напротив стереотипите велат дека се различни како небо и земја (не сум џандар фала богу :D) често сум наидувал на мислења од типот, "се ќе сфатам, ама вака паметно момче (само цитирам други, не си ласкам :D) да оди со такви дивјаци на трибина нема да сфатам". Не! На трибина сите сме исти, кој што прави во приватен живот не ме интересира. Не може секој да е интелектуалец, не може секој да има исти интереси како вас.
Токму од вакви размислувања постојат тие предрасуди за навивачите и затоа има толку конфликти и самобендисаност во општеството, дека секој е најдобар и нема шанси да прими критика за својата работа. Често се среќавам со луѓе кои не можат да се прилагодат на работа или пак се чудат како може да постојат луѓе со одредени карактеристики па се тоа им побудува одредена депресија и незадоволство при работата. Нормално, кога не сте им дале шанса на сите подобро да ги запознаете и да ГИ РАШИРИТЕ МАЛЦЕ ПОГЛЕДИТЕ од она што само на вас ви изгледа како интересно :вонзем:
Како исклучок ќе ги додадам само влијателните твитерџии и партиските полтрони (не дека има разлика меѓу двете работи), е таквите стварно не се за сфаќање :icon_mrgr:

Има луѓе во групите кои мора да ја организираат и целата работа на групата. Има многу работа во одржувањето на една група, колку и да изгледа само како бесцелно драње по стадион.
Здравјето го губат нашите воџи во договарањето со ФФМ, управите и МВР :)
Притисоци од сите страни, пред дерби посети од полицијата, давање присилни изјави итн.
Голема работа има при правењето на знамиња, мотки и други работи, нешто што уствари преставува можеби и најинтересниот дел кога си активно вклучен во работата на групата. Па човек кој ќе ги снима мечевите, човек кој ќе ги средува видеата, човек кој ќе напише извештај и најави за утакмиците и други останати функции во групите.
Групите доста често имаат хуманитарни акции нешто што НИКАДЕ не се споменува во медиумите.
Конкретно како навивачка група Комити сме донирале училишни материјали во Македонските места во Албанија кои се тотално заборавени од нашата држава освен кога им требаат за фантомски гласачи.
Еден куп пати сме донирале во СОС селото, а се донираше и за некои дечиња од тетовските села кои истотака се заборавени од нашата држава која практично и се откажа од тој дел од Македонија.
Имало неколку крводарителски акции, па хуманитарна акција за последните поплави во Србија.
Чествување на сите загинати кои го дале животот за Македонија, нешто што полека се заборава од државниот врв.
Низа пати сме се појавувале во настани кога требало да се крене гласот против низа одлуки кои оделе контра народот, настани по кои сите велат дека сме го зборувале она кое другите го мислат, а се плашат да го кажат.
Благодарение на нас, Македонија беше хит во Германија со акцијата на вадење на Македонски знамиња.

И покрај сето ова, една група во нашево општество се цени според поединци кои ниту се активни членови на групата, ниту по некаква логика би биле огледало за таа група.

Жално е што се раководите според тоа што ви кажуваат разни портали и не сакате да ги отворите очите (или друг ви ги има врзано и пишувате по ноти).
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.205
Прво настрана да тргнеме од фактот што кога те читам тебе ко да го читам Курир без разлика на која тема. Ако речат дека дечкото бомбата ја имал сокриено во газот, тука ти тоа ќе го трубиш.

Се даваш ко Халеева комета и земаш да старогозеваш што било како било на луѓе што идат на минимум по 30 утакмици секоја година и го пратат спортот активно секој ден.

Истото и за тебе како овој тителе што го цитирав, си слушнал нешто си видел на вести и одма заклучоци вакви биле такви биле. Мислиш имаме ние некоја страшна навивачка сцена со 50 убиства секоја сезона па толкав проблем биле навивачите.

Уште коа те прочитав во друга тема кога напиша "џандарот те тепа за да имаш памет за друг пат да ти биде лекција да седиш мирен и да знаеш што следи" видов што чоек пишува.

Арно ти пиша еден после тоа "ете тоа е право македонче"
Дете што разбираш ти бе од животот. Дај не ме уморвај, секако ништо паметно нити имаш кажано нити ке кажиш.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Да да, просечен "гледач" во земјава вчера или завчера ако гледаше веси од најголемото фудбалско дерби во земјава сигурно си помисли дека во Битола во неделата, за време на дербито градот беше целосно отпревртен од вандали и беше претворен во хулиганско лудило.Па затоа чичковците со тегет шлемови мора да интервенираат. Ех мој драг народе тој просечен "гледач" кој не е стапнат 2 чекори надвор од дома(кој претежно дреми пред те-ве и поддркува на анал5, шит-ел..), па уште помалце бил на стадион(можда еднуш, само од на екскурзија) наоѓа тука јавно да пишува некои си глупи невистини, ко едвај да чекаше повод да се докажит и да дели правдини. Сега земи тастатурата и пљукај по сите што пострасни *навивачи (читај дрогираши, бандити и мафијаши, невоспитани копиљиња и кучкини синови). Ве читам и ви се чудам, какви сценарија имате стокмено јас капа ви симнувам, ако би работеле ко режисери сигурно би биле доста успешни, тентерковци едни заебани.
Едно е многу јасно, и е факт кој никој неможе да го поречи дека состојбата и безбедноста на стадионите уште одамна виси на конец, прашање на време беше само кога ќе се случи некоја посериозна работа или недај Боже некој да загини за време на фудбалски натревар, ракометно дерби... Неспособноста и непрофесионалноста на полицијата е проблем и тоа голем проблем кој многу често иницира проблеми низ спортските натревари (без разлика сала, стадион, салон...) ширум земјава. Што е и најчудно не ни имаат тро мозок во то зељките празни, ко ќе резимираш кој секој стана миљицец и подоцна е во состав на единиците на Пеп или Ебр е тогаш ќе ти стани јасно со какви љиото си фатил работа.(чест на исклучоци, кои се ретки). Ништо чудно и комшијава да го видам унапреден за брзо. Без потреба влегуваат во директен судир со навивачите и ко за беља стално тие се прави а овие другиве ги третираат уште полошо него ли најдебелите криминални престапници во земјава, ништо чудо шо дилери на дрога од некој си чесен судија си поминуваат само со условни казни, а некој кутар без прсти(утре можеби и без око) ќе го чека затворска казна. Па да генерално гледано таков е денешниот третман врз навивачите. Удри по својте, неразбираат тие, криви се.
Да си бевме нормална держава уште другата ден Гоца Мустакон сама ќе си дадеше оставка од местото и функцијата која ја врши, али јас се заборајв ние сме земјата на чудата. Прво и основно опремата која ја носат во никој случај не е намената да се носи на спортски напревари, шок бомба во збиена маса на љуѓе не се фрла па макар да било и последно можно решени. Нема никаква потреба да влегуваат натре во трибината и да се интервенира, целиот сплет на овој несреќен случај е испровоциран од миљицијата. Утре ќе почнат да пукаат по нас (сите) кои гледаме фудбал на стадион ваљда се надевам со гумени куршуми. Бидна што бидна како и се во државава и сега како и секош секој си ја префрла кривицата де едни ваму де други таму. Излезе некој си тентерко од ФФМ на интервју на те-ве кој благе везе нема што зборува.
Само незнам утре на чедата мои кои сигурно ќе се љубители на некој спорт како ќе ги пуштам да некој спротски натпревар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom