Навивач остана без дланка на дербито Пелистер-Вардар

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.453
Поени од реакции
28.699
@мкд владе и затоа што цело време се повикуваш на тој закон од Англија, чисто информативно и тука се истите закони само што пак доаѓа до тоа дека полицијата е неспособна да ги спроведе. И ФФМ што не овозможува услови. Како ќе му се забрани некој да доаѓа на стадион, кога уште место карти се продаваат парагон блокчиња, како?

Како што кажа @Ilumious , иди кажи им на Вест Хем и Милвол навивачите, да напуштат 15 минути порано стадион или внеси ги во 45 минута.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.532
Поени од реакции
59.065
Ќе прескокнам сега да реплицирам поединечно на спинерите кои заработуваат леб на темава оти бесцелно е и контрапродуктивно. Неколку работи само сакам да кажам:

- Отиде дискусијата во правец како навивачите биле несаглам луѓе и ако може да се сублимира мислењето на спинерите во две реченици тоа би биле следниве:

1. Шо мајка бараат да одат на утакмици, магариња едни, и
2. Шо к*р фаќаат бомби кога не се разбираат.

Сега по ред. Да не знае човек од кој агол да почне да црта. Прво, сосема е небитно што вие не разбирате зошто некој човек оди на утакмици да се дере. Сосема е небитно, можеби да ви објаснуваме, но што има тоа врска со било што? Еве јас не можам да разбрам зошто некој човек ужива 10 сати да седи со трската во рака и да фаќа плашки. Не знам што гледа во тоа и знам дека јас лично никогаш не би дремел по невремиња над некоја мочвара да фаќам риби што ќе ги јадат мачките. Ама можам да разберам дека нему тоа му причинува задоволство, и затоа го прави. Секој од нас си има по нешто што го прави среќен: дерење на фудбал, фаќање риби, фаќање риби во другата смисла на зборот, качување по планини и вукојебини, дремење во кладилници, лепење плакати... не има секакви и сите уживаме во нешто. И сите имаме право да ги правиме работите што ги сакаме, ако не се забранети со закон. И тука доаѓаме до поентата:

Дали мене ми е забрането со закон да патувам во друг град, да платам влезница за натпревар и да го гледам истиот, од почеток до крај? Ако не ми е, тогаш оставете ме на раат. Ако ми е, тогаш покажете ми според кој закон ме спречувате да влезам на стадионот со платена карта и зошто исфрлувате од трибина како стока?

- Други аргументи беа:
1. Кога ќе ти речат да излезеш има да излезеш! И,
2. Да послушаа, немаше да има повредени. Со што се лоцира целата вина кај навивачите.

Првиот аргумент вика дека не смееш воопшто да преиспитуваш наредба од лице во униформа, иако тој нема никакво законско право да те исфрла надвор или да те тепа со пендрек ако не го послушаш. Според истиов аргумент сообраќаец може да те застане, да ти нареди да излезеш од возилото и да направиш 20 склека, а тебе иако тоа ти изгледа ненормално да не се буниш многу многу за да не јадеш ќотек. Ова не е воопшто за коментирање понатаму.

Вториот аргумент е валиден едно 50%. Исто така и полицијата да не носеше шок бомби на трибина немаше да има повредени. Исто и полицијата да ги третираше навивачите како граѓани со елементарни права, а не како стока која треба да се дресира и да се тепа, немаше да дојде до ова.

Но бидна и како сите работи кај нас, ќе помине и ќе се заборави. За жал, нема ништо ни да се промени. Нити услови за натпревари, ни организација, ни ништо. Клубовите животаркаат, крпат од први до први, од нив не може да се очекува да вложат во инфраструктура или пак да платат обезбедување. Полицијата влегува на трибина и кога треба и кога не треба и во овој случај предизвика инцидент таму каде што го немаше.

А аргументот за мафтањето со бомбата нема да го коментирам. Верувам дека секој од вас ако се најде во слична гужва и случајно види бомба, ќе знае точно како да изреагира. Сепак подобро е да си седите настрана од гужви. Во подрумите на родителите е најбезбедно.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.685
Поени од реакции
5.994
@Комита Ултрас и останати админи ко јсте тука на темава што можете да банирате, баниајте ги овие лет 3 и мкд владе ја однесоа темата од тоа за бомбата до зашто некој идел да навива.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576

после постов,затворете ја темава.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
@Комита Ултрас и останати админи ко јсте тука на темава што можете да банирате, баниајте ги овие лет 3 и мкд владе ја однесоа темата од тоа за бомбата до зашто некој идел да навива.
со вакво понашање ќе останеш немажена цел живот. Нема никој да те сака таква до себе.
Па мори, насловот на темата е:
“Навивач остана без дланка на дербито Пелистер-Вардар“
значи има врска со бомба, навивање.... Малце логика треба.
ептен малце...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
@Комита Ултрас и останати админи ко јсте тука на темава што можете да банирате, баниајте ги овие лет 3 и мкд владе ја однесоа темата од тоа за бомбата до зашто некој идел да навива.
Нема потреба од банирање за различни мислења, сосема е нормално секоја ваква вжештена тема да има и малку оф-топик истапувања. Ако нешто треба ќе се избрише.
Значи навистина нема потреба цело време да сугерирате ко ваш да е форумот. Тука сме со причина, ако треба нешто, ќе реагираме, не мора на секои 5 минути да ни кажувате.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Ќе прескокнам сега да реплицирам поединечно на спинерите кои заработуваат леб на темава оти бесцелно е и контрапродуктивно. Неколку работи само сакам да кажам:

- Отиде дискусијата во правец како навивачите биле несаглам луѓе и ако може да се сублимира мислењето на спинерите во две реченици тоа би биле следниве:

1. Шо мајка бараат да одат на утакмици, магариња едни, и
2. Шо к*р фаќаат бомби кога не се разбираат.

Сега по ред. Да не знае човек од кој агол да почне да црта. Прво, сосема е небитно што вие не разбирате зошто некој човек оди на утакмици да се дере. Сосема е небитно, можеби да ви објаснуваме, но што има тоа врска со било што? Еве јас не можам да разбрам зошто некој човек ужива 10 сати да седи со трската во рака и да фаќа плашки. Не знам што гледа во тоа и знам дека јас лично никогаш не би дремел по невремиња над некоја мочвара да фаќам риби што ќе ги јадат мачките. Ама можам да разберам дека нему тоа му причинува задоволство, и затоа го прави. Секој од нас си има по нешто што го прави среќен: дерење на фудбал, фаќање риби, фаќање риби во другата смисла на зборот, качување по планини и вукојебини, дремење во кладилници, лепење плакати... не има секакви и сите уживаме во нешто. И сите имаме право да ги правиме работите што ги сакаме, ако не се забранети со закон. И тука доаѓаме до поентата:

Дали мене ми е забрането со закон да патувам во друг град, да платам влезница за натпревар и да го гледам истиот, од почеток до крај? Ако не ми е, тогаш оставете ме на раат. Ако ми е, тогаш покажете ми според кој закон ме спречувате да влезам на стадионот со платена карта и зошто исфрлувате од трибина како стока?
Овие работи што ги наведе се сосема нормални човекови активности, но судејќи по репликава гледам имаш пропуштено да прочиташ неколку постови.

Навивачите кои сум имал прилика да ги видам на дело на Балканов, во главно се одликуваат со девијантно однесување. Доколку се работеше за 90 минутно испуштање крици на трибина и потоа мирно напуштање на стадионот, без никакви инциденти, никој немаше да биде засегнат баш поради фактот што тоа не претставува девијантно однесување, е во граници на нормалата и не наштетува на околината и останатите жители.

Од друга страна, физичките пресметки, демолирањето на имот, криминалните активности и генералното примитивно однесување се поими со кои се идентификуваат денешните навивачи и, сосема нормално, подлежат на санкции и осудување од цивилизираната маса.

Си сретнал ли ти рибари кои со трските високо кренати во раце маршираат низ град, пеат песни, фрлаат со плашки врз невиниот народ околу, физички се пресметуваат и го вандализираат попатниот имот? Зошто во кладилниците нема полиција и редари? Веројатно зошто не е одлика на такво место да се случуваат дивјачки работи, се случуваат сосема нормални и никој нема проблем со таа активност бидејќи никој директно не го засега.

Се надевам дека ме разбираш на што целам и дека дискусијата на темава ќе продолжи без етикетирање.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.676
Поени од реакции
4.208
Сево ова насилство од страна на полицијата врз навивачите во Македонија се должи на тоа што власта е испаничена и ги гледа навивачките групи како закана, размислуваат дека ако се развијат во голема мера ќе бидат закана за нивната педерска агенда.
Затоа гледа да ја оспори навивачката сцена во Македонија, во некој групи влегоа политички, ги поделија и ги контролираат, други што не им се даваат ги тепаат за банални работи.

Можеби Турчин е крив поради тоа што ја земал бомбата во рака али тоа е сепак непромислена работа откако ја видел на земја, проблемот е многу поголем од ова, проблемот е преголемата агресија врз навивачките групи, што ако ја немаше агресијата ќе ја немаше ни темава.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.453
Поени од реакции
28.699
Овие работи што ги наведе се сосема нормални човекови активности, но судејќи по репликава гледам имаш пропуштено да прочиташ неколку постови.

Навивачите кои сум имал прилика да ги видам на дело на Балканов, во главно се одликуваат со девијантно однесување. Доколку се работеше за 90 минутно испуштање крици на трибина и потоа мирно напуштање на стадионот, без никакви инциденти, никој немаше да биде засегнат баш поради фактот што тоа не претставува девијантно однесување, е во граници на нормалата и не наштетува на околината и останатите жители.

Од друга страна, физичките пресметки, демолирањето на имот, криминалните активности и генералното примитивно однесување се поими со кои се идентификуваат денешните навивачи и, сосема нормално, подлежат на санкции и осудување од цивилизираната маса.

Си сретнал ли ти рибари кои со трските високо кренати во раце маршираат низ град, пеат песни, фрлаат со плашки врз невиниот народ околу, физички се пресметуваат и го вандализираат попатниот имот? Зошто во кладилниците нема полиција и редари? Веројатно зошто не е одлика на такво место да се случуваат дивјачки работи, се случуваат сосема нормални и никој нема проблем со таа активност бидејќи никој директно не го засега.

Се надевам дека ме разбираш на што целам и дека дискусијата на темава ќе продолжи без етикетирање.
Као програмер на прост начин да ти објаснам. Имаш даден код и програмата ти работи и оп паѓа. Цел код е срање или одреден дел каде што ТИ си згрешил? Неможеш да го генерализираш цел код кој впрочем е твое дело. Така е и со навивачите, неможеш да генерализираш.

Машинскиот код се навивачите кој никој не го сака, а џандарите ти се делот кој сите го сакаат. Проблемот е во компајлерот т.е. тој што ја врши целата работа односно МВР. End of story.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Овие работи што ги наведе се сосема нормални човекови активности, но судејќи по репликава гледам имаш пропуштено да прочиташ неколку постови.

Навивачите кои сум имал прилика да ги видам на дело на Балканов, во главно се одликуваат со девијантно однесување. 1.Доколку се работеше за 90 минутно испуштање крици на трибина и потоа мирно напуштање на стадионот, без никакви инциденти, никој немаше да биде засегнат баш поради фактот што тоа не претставува девијантно однесување, е во граници на нормалата и не наштетува на околината и останатите жители.

Од друга страна, физичките пресметки, демолирањето на имот, криминалните активности и генералното примитивно однесување се поими со кои се идентификуваат денешните навивачи и, сосема нормално, подлежат на санкции и осудување од цивилизираната маса.

2.Си сретнал ли ти рибари кои со трските високо кренати во раце маршираат низ град, пеат песни, фрлаат со плашки врз невиниот народ околу, физички се пресметуваат и го вандализираат попатниот имот? Зошто во кладилниците нема полиција и редари? Веројатно зошто не е одлика на такво место да се случуваат дивјачки работи, се случуваат сосема нормални и никој нема проблем со таа активност бидејќи никој директно не го засега.

Се надевам дека ме разбираш на што целам и дека дискусијата на темава ќе продолжи без етикетирање.
Залепи еден куп етикети во 5-6 реда текст.

1.Уште со црвеното се гледа твојот далеку од објективен став кон навивачите. Пробај да бидеш малку објективен. Тоа што за тебе е испуштање крици, за навивачите е љубов кон клубот. Јас не сум човек што оди по утакмици, пар пути сум бил на утакмици на МЗТ и тоа е тоа. Ама знам дека најголем дел од навивачите не се какви што ги опиша ти. Да, има некои што се со комплекси и фрустрации па ги лечат со глупирање пред/по утакмица (откако претходно во себе ќе имаат поголемо количество алкохол). Но, некогаш тоа „дивеење“ е предизвикано од полицијата, посебно во случаите со Комитите, секако, од политички причини. (да не навлегуваме тука, јавна тајна е сето ова)

2. Отвори го малце Уставот, види дека собир на граѓани не мора ни да се најави (во законот стои друго нешто, споменав за тоа и прееска, очигледно некој искористил тоа што Уставот не е дотолку навлезен во детали). И кога има мирни протести се извикуваат пароли и слично. И тие луѓе што протестираат мирно (стечајците на пример) ги ставаш во ист кош со „вандалистичко настроените“ навивачи? Се додека е се' мирно, навивачите во нивното дефилирање по улиците и слично не прекршуваат Устав и било кој закон (освен по некоја плуканица, фрлање на отпушок евентуално и слично). Точно, се случувало да има инциденти, но тоа се изолирани случаи. Полицијата нонстоп провоцира кога се во прашање навивачите, а на 4ти јули „мораа“ да трпат мавање со камења, дерење у фаца, мавање и слично.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Као програмер на прост начин да ти објаснам. Имаш даден код и програмата ти работи и оп паѓа. Цел код е срање или одреден дел каде што ТИ си згрешил? Неможеш да го генерализираш цел код кој впрочем е твое дело. Така е и со навивачите, неможеш да генерализираш.

Машинскиот код се навивачите кој никој не го сака, а џандарите ти се делот кој сите го сакаат. Проблемот е во компајлерот т.е. тој што ја врши целата работа односно МВР. End of story.
Точно е дека во секоја група на луѓе има и такви кои се разликуваат, веројатно секој е запознаен со тој факт. Стереотипите постојат со причина, еве побарај на гугл физички пресметки меѓу навивачи и физички пресметки меѓу рибари, што мислиш кои ќе бидат далеку побројни?

Залепи еден куп етикети во 5-6 реда текст.

1.Уште со црвеното се гледа твојот далеку од објективен став кон навивачите. Пробај да бидеш малку објективен. Тоа што за тебе е испуштање крици, за навивачите е љубов кон клубот. Јас не сум човек што оди по утакмици, пар пути сум бил на утакмици на МЗТ и тоа е тоа. Ама знам дека најголем дел од навивачите не се какви што ги опиша ти. Да, има некои што се со комплекси и фрустрации па ги лечат со глупирање пред/по утакмица (откако претходно во себе ќе имаат поголемо количество алкохол). Но, некогаш тоа „дивеење“ е предизвикано од полицијата, посебно во случаите со Комитите, секако, од политички причини. (да не навлегуваме тука, јавна тајна е сето ова)

2. Отвори го малце Уставот, види дека собир на граѓани не мора ни да се најави (во законот стои друго нешто, споменав за тоа и прееска, очигледно некој искористил тоа што Уставот не е дотолку навлезен во детали). И кога има мирни протести се извикуваат пароли и слично. И тие луѓе што протестираат мирно (стечајците на пример) ги ставаш во ист кош со „вандалистичко настроените“ навивачи? Се додека е се' мирно, навивачите во нивното дефилирање по улиците и слично не прекршуваат Устав и било кој закон (освен по некоја плуканица, фрлање на отпушок евентуално и слично). Точно, се случувало да има инциденти, но тоа се изолирани случаи. Полицијата нонстоп провоцира кога се во прашање навивачите, а на 4ти јули „мораа“ да трпат мавање со камења, дерење у фаца, мавање и слично.
За првиот дел околу љубовта кон клубот и призивање на духови не коментирам.

Околу вториот дел, мене ми е сосема јасно што вели уставот, дали и на пример вакво однесување го дозволува истиот? Прочитај ја репликата и за Комита Ултрас.

http://www.dailystar.co.uk/sport/football/366938/VIDEO-Brutal-street-fight-in-Istanbul-days-before-Chelsea-face-Galatasaray

Ако и после ова, вас сите активности поврзани со терминот "навивач" ви се чинат како сосема нормален составен дел на едно цивилизирано општество, тогаш би ја прекинал дискусијата тука бидејќи би ја окарактеризирал како бесцелна.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Дали си запознаен што значи изолирани случаи?
А зошто да не коментираш за првиот дел? Па уште призивање духови...конзерватизам до даска.

Тепачки има и во парламент...па парламентот во многу земји е највисока државна институција.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Точно е дека во секоја група на луѓе има и такви кои се разликуваат, веројатно секој е запознаен со тој факт. Стереотипите постојат со причина, еве побарај на гугл физички пресметки меѓу навивачи и физички пресметки меѓу рибари, што мислиш кои ќе бидат далеку побројни?

За првиот дел околу љубовта кон клубот и призивање на духови не коментирам.

Околу вториот дел, мене ми е сосема јасно што вели уставот, дали и на пример вакво однесување го дозволува истиот? Прочитај ја репликата и за Комита Ултрас.

http://www.dailystar.co.uk/sport/football/366938/VIDEO-Brutal-street-fight-in-Istanbul-days-before-Chelsea-face-Galatasaray

Ако и после ова, вас сите активности поврзани со терминот "навивач" ви се чинат како сосема нормален составен дел на едно цивилизирано општество, тогаш би ја прекинал дискусијата тука бидејќи би ја окарактеризирал како бесцелна.

поентата на постот ти е ?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Зошто Комитите би одбиле да напуштат трибина ОТКАКО ќе заврши натпреварот?
Никогаш до сега, колку што паметам, не се случило инцидент откако ќе заврши натпреварот, зборам конкретно да одбијат да излезат.
Не знам зошто конкретно за ова водиш инает и дебатираш дека полицијата имала право да ги исфрли, кога реално немала.
Секаде во свет, завршува натпреварот, излегуваат едните, па после еден саат другите. Нема длабока филозофија, само ние глумиме лудило.
Поентата со излегување на навивачи порано од утакмица е да се спречат каменување на автобуси или пак евентуална тепачка помеѓу навивачи и обични гледачи кој во тој момент излегуваат од утакмица.
Инаку полицијата има право ако почуствува дека нечија безбедност е загрозена да ги исфрли и по 10та минута на утакмицата.

Инаку по повод немилиот настан ќе кажам дека ова е краен непрофесионализам на полицијата од причина што дозволила да им се одзеде оружје.
Инаку не верувам во сказните на Комите дека бомбата му паднала, па јунаков ја зел со него за да ја фрли во рака и спаси дружината од повреди. (Парадоксално е што на прекар го викале Турчин :D).
Премногу лоша крв има помеѓу полицијата и навивачите кај нас, навистина треба да се седне и направи некаква обука за група која што би работела на стадиони на која ќе им се потенцира дека навивачите се појдени таму да се забавуваат, а не за да прават џеви.
Овде од почеток на влегување на утакмица, се до самиот крај има наелектризирана атмосфера.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom