Навивач остана без дланка на дербито Пелистер-Вардар

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Точно е дека во секоја група на луѓе има и такви кои се разликуваат, веројатно секој е запознаен со тој факт. Стереотипите постојат со причина, еве побарај на гугл физички пресметки меѓу навивачи и физички пресметки меѓу рибари, што мислиш кои ќе бидат далеку побројни?

За првиот дел околу љубовта кон клубот и призивање на духови не коментирам.

Околу вториот дел, мене ми е сосема јасно што вели уставот, дали и на пример вакво однесување го дозволува истиот? Прочитај ја репликата и за Комита Ултрас.

http://www.dailystar.co.uk/sport/football/366938/VIDEO-Brutal-street-fight-in-Istanbul-days-before-Chelsea-face-Galatasaray

Ако и после ова, вас сите активности поврзани со терминот "навивач" ви се чинат како сосема нормален составен дел на едно цивилизирано општество, тогаш би ја прекинал дискусијата тука бидејќи би ја окарактеризирал како бесцелна.
Days before

days before....

Новиот стадион на Галатасарај ли се вика Days Before? И тука никаде не пишува дека биле припадници на навивачки групи. Може 5-6 Англичани се напиле, уште 5-6 Турци налетале, се спречкале и ете судир. Знаеш како на Лидс навивачите еднаш влегоа во туча со турски навивачи? Рандом Англичанец пијан почнал да моча на турската лира. И малце треба да се соберат од двете страни.

не знам зошто сте толку заслепени. Прочитајте што ви пиша Иосоноинтериста уште еднаш. Па и уште еднаш ако треба.

И уште нешто... разликата меѓу умоболните девијантни појави што се навивачи и овие што се ранат од ваши пари е тоа што навивачите се обединуваат секогаш кога е потребно, дали е некој болен член, дали е Нерези, Кале додека вие седите дома пред тросед и коментирате „цццц“, дали ако имало поплава, деца без родители, ватевр. Чичковците во плаво се тука само за да ви пишат казна, да ви изнудат рекет од бизнисот. Боже сачувај цајкан да ти помогне, поготово новопримениве.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.532
Поени од реакции
59.065
Овие работи што ги наведе се сосема нормални човекови активности, но судејќи по репликава гледам имаш пропуштено да прочиташ неколку постови.

Навивачите кои сум имал прилика да ги видам на дело на Балканов, во главно се одликуваат со девијантно однесување. Доколку се работеше за 90 минутно испуштање крици на трибина и потоа мирно напуштање на стадионот, без никакви инциденти, никој немаше да биде засегнат баш поради фактот што тоа не претставува девијантно однесување, е во граници на нормалата и не наштетува на околината и останатите жители.

Од друга страна, физичките пресметки, демолирањето на имот, криминалните активности и генералното примитивно однесување се поими со кои се идентификуваат денешните навивачи и, сосема нормално, подлежат на санкции и осудување од цивилизираната маса.

Си сретнал ли ти рибари кои со трските високо кренати во раце маршираат низ град, пеат песни, фрлаат со плашки врз невиниот народ околу, физички се пресметуваат и го вандализираат попатниот имот? Зошто во кладилниците нема полиција и редари? Веројатно зошто не е одлика на такво место да се случуваат дивјачки работи, се случуваат сосема нормални и никој нема проблем со таа активност бидејќи никој директно не го засега.

Се надевам дека ме разбираш на што целам и дека дискусијата на темава ќе продолжи без етикетирање.
Ти ми зборуваш со стереотипи. Навивачите на Балканот се такви, на друго место се онакви итн... Тоа си е твоја перцепција на работите. На темава, пред да ја спинувате, зборувавме за конкретниот инцидент. Што мислиме ти и јас за навивачите, или што мисли полицијата за нив е сосема неважно. Она што е важно е дека луѓето имаа платени карти, им беше скратено правото да го гледаат натпреварот, ги исфрлаа од трибина иако не предизвикаа никаков инцидент и генерално кон нив се однесуваат како со добиток.

Види, ако некој прави неред надвор, си има процедури за тоа. Мене колку што ми е познато во демократски држави не се тепаат луѓе само затоа што се „сомнителни“ и можат да направат беља. Како граѓани нив им следува слобода на движење и не смеат да бидат малтретирани.

Најпаметно е ФФМ и МВР да земат пример од попаметни фудбалски нации зошто тие ги решиле овие проблеми одамна, иако и кај нив повремено има фрка. Кажаа многу луѓе на темава една фина практика: домашните навивачи ќе почекаат гостинските да заминат, откако мечот ќе заврши како што е нормално. Нема потреба никој никого да бутка и да тепа на трибина.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126

На кого објаснуеш бе брат, џабе е све.
Ги читам овие 3-4ца овде и гледам зошто државава ни е таква каква што ни е. Со сила слепци се прават, само за да ги одбранат нивните “идоли“. За нив нормално е ако полицијата ти ја ограничи слободата без никаква причина, па и нормално е истите да ги тепаат, пошто нели навивачите се хулигани.

Слепци, ете тоа сте (да не ве именуем, си знаете кој сте).
Ќе прескокнам сега да реплицирам поединечно на спинерите кои заработуваат леб на темава оти бесцелно е и контрапродуктивно. Неколку работи само сакам да кажам:

- Отиде дискусијата во правец како навивачите биле несаглам луѓе и ако може да се сублимира мислењето на спинерите во две реченици тоа би биле следниве:

1. Шо мајка бараат да одат на утакмици, магариња едни, и
2. Шо к*р фаќаат бомби кога не се разбираат.

Сега по ред. Да не знае човек од кој агол да почне да црта. Прво, сосема е небитно што вие не разбирате зошто некој човек оди на утакмици да се дере. Сосема е небитно, можеби да ви објаснуваме, но што има тоа врска со било што? Еве јас не можам да разбрам зошто некој човек ужива 10 сати да седи со трската во рака и да фаќа плашки. Не знам што гледа во тоа и знам дека јас лично никогаш не би дремел по невремиња над некоја мочвара да фаќам риби што ќе ги јадат мачките. Ама можам да разберам дека нему тоа му причинува задоволство, и затоа го прави. Секој од нас си има по нешто што го прави среќен: дерење на фудбал, фаќање риби, фаќање риби во другата смисла на зборот, качување по планини и вукојебини, дремење во кладилници, лепење плакати... не има секакви и сите уживаме во нешто. И сите имаме право да ги правиме работите што ги сакаме, ако не се забранети со закон. И тука доаѓаме до поентата:

Дали мене ми е забрането со закон да патувам во друг град, да платам влезница за натпревар и да го гледам истиот, од почеток до крај? Ако не ми е, тогаш оставете ме на раат. Ако ми е, тогаш покажете ми според кој закон ме спречувате да влезам на стадионот со платена карта и зошто исфрлувате од трибина како стока?

- Други аргументи беа:
1. Кога ќе ти речат да излезеш има да излезеш! И,
2. Да послушаа, немаше да има повредени. Со што се лоцира целата вина кај навивачите.

Првиот аргумент вика дека не смееш воопшто да преиспитуваш наредба од лице во униформа, иако тој нема никакво законско право да те исфрла надвор или да те тепа со пендрек ако не го послушаш. Според истиов аргумент сообраќаец може да те застане, да ти нареди да излезеш од возилото и да направиш 20 склека, а тебе иако тоа ти изгледа ненормално да не се буниш многу многу за да не јадеш ќотек. Ова не е воопшто за коментирање понатаму.

Вториот аргумент е валиден едно 50%. Исто така и полицијата да не носеше шок бомби на трибина немаше да има повредени. Исто и полицијата да ги третираше навивачите како граѓани со елементарни права, а не како стока која треба да се дресира и да се тепа, немаше да дојде до ова.

Но бидна и како сите работи кај нас, ќе помине и ќе се заборави. За жал, нема ништо ни да се промени. Нити услови за натпревари, ни организација, ни ништо. Клубовите животаркаат, крпат од први до први, од нив не може да се очекува да вложат во инфраструктура или пак да платат обезбедување. Полицијата влегува на трибина и кога треба и кога не треба и во овој случај предизвика инцидент таму каде што го немаше.

А аргументот за мафтањето со бомбата нема да го коментирам. Верувам дека секој од вас ако се најде во слична гужва и случајно види бомба, ќе знае точно како да изреагира. Сепак подобро е да си седите настрана од гужви. Во подрумите на родителите е најбезбедно.
И постов да се копира на секоја страна!! Се е објаснето, нема повеќе што да се дискутира.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Морам да кажам дека и едните и другите се правите наудрени, затоа ќе се обратам и до двете групи.
Прво до активните навијачи. Еве ја како поранешен активен навијач морам да констатирам дека стварно се правите наудрени. Македонија со законските прописи за навијачи е во златна средина. Не се либерлани како на пр. Грција, а богами не се ни строги како Англија или на Балканот на пр.во последно време Хрватска.
Комитите сами знаат дека заради избегнување инциденти и нивна безбедност пробале да ги извадат порано. Немојте да дрндате дека вава пракса била ваму, таму , Европа....Еве кажете за тие поактивните колку пати се случило да бидат изнесени гостинските навијачи порано, ама бидите искрени. А за Европа еве нека кажат постарите навијачи, на пр. 2000 год во Словачка кога бевме кога Словаците не извадија од стадион, на полувреме (братчина не важат ни купени карти ни ништо) , а да не речем дека цајканите нивни не тепаа ко кучиња цело полувреме на трибина,а богами и продолжија полошо и надвор само затоа што некој од нас седеа на нозе на столчињата.
Англија глеам ја спомињате, а сами знаете дека ако е како у Англија, поголем дел од нас ќе неможат ни да помирисаат стадион, без разлика дали купиле карта или не.(ние поголем дел од утакмиците да бидеме искрени и без карти сме влагале).

Сеа и до другите. Ако сакаме да бидеме демократска држава не може цајканите ни нападнати ни друго да тепаат навијачи (ама тоа важи само ако сакаме да бидеме праведна држава), ако сакаш да бидеш цајкан треба да имаш живци, или прошле тие со врски на задолжителното психолошко тестирање. Цајканот на кого му „испаднала„ бомбата треба да одговара, а исто таа треба да одговара и тој што даде наредба да фрчат пендреци без потреба, по што се создаде хаос. Навијачите не се полигон за обука на живчани полицајци.
Да резимирам, кривицата е и на двете страни, ни едните ни другите не се апсолутно во право, т.е. да неречам не се светци.
Само можам да им посакам побрзо оздравување на сите повредени навијачи, лесни нека им се раните, а за другото кривични, пендреци, се тоа ќе помине, ако си навијач, мора да бидеш спремен на тоа како составен дел од животот.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
Полицијата е виновна, сигурно имаше начин како безбедно да се пренесат навивачите надвор од стадионот. Ама треба и двете страни да сносат одговорност, треба и од Комити да излезат и да кажат дека Турчинот и не е така невино детенце. На пример да кажат зошто не почувствувал дека раката му е разнесена?
Мора многу работи да се променат кај нас самите за да се намалат можностите за случување на вакви трагедии.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676

:eek:
Е да, ти знајш дали почуствувал или не. :tapp:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
:eek:
Е да, ти знајш дали почуствувал или не. :tapp:
Па сигурно нема да се јавувам на телефон, нема така да се движам, ниту па ќе имам сили да позирам...
Или дечкото е толку силен?
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.311
Поени од реакции
10.329
Па сигурно нема да се јавувам на телефон, нема така да се движам, ниту па ќе имам сили да позирам...
Или дечкото е толку силен?
Состојба на шок се вика.Исто е кога си нервозен или кога си во тепачка(не си бил) мислиш дека си Рамбо пуца шести се дур ти гори срцето и се додека мозокот не се предаде на повредите ти ако сакаш имај и скршена нога и рака.Истото се случува и во состојба на страв кога бегаш од некого трчаш 20 пати побрзо него било кога во животот.

Џабе се објаснувате,тргнете од тоа дека кога идете на гостовање твоите дома ти викаат глеј да се вратиш жив и здрав,ко у рат да идеш.Или кога ќе ти кажат што сте се тепале со џандарите,иди објасни им после кој како зошто.Тие постари генерации и младите што го примаат тоа примитивно мислење за навивачот како особа и предрасудите кон истите доведуваат до тоа ти ако се изјасниш како навивач да бидеш најголемиот шлајм во државава,едино полошо од тебе за нив ти е тој на жуто.А ти уствари си човек што сака да отиде да гледа кошарка/фудбал и да навива за својот клуб кој го следи од дете.Јебига луѓето што уште ѓубрето го фрлаат од прозор и пљукаат по улица шлајмови од петици, ни серат нас за некое чувство кое никад нема да го осетат во животот.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Па сигурно нема да се јавувам на телефон, нема така да се движам, ниту па ќе имам сили да позирам...
Или дечкото е толку силен?
Јас имав роднина кој беше касап и во еден несреќен случај ја загуби пола дланка и сите прсти. Сам се јави во брза помош да кажи дека му се случило такво нешто.
Бил многу силен или ?
 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
сите одеднаш стануваат експерти за области во кои не се компетентни да коментираат.

Ова исто како јас да коментирам за нуклеарна физика,а немам врска од истата.

Пусто македонче желно за внимание :cuc:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.237
Поени од реакции
26.079
Па сигурно нема да се јавувам на телефон, нема така да се движам, ниту па ќе имам сили да позирам...
Или дечкото е толку силен?
Многу луѓе на кои им се имаат случено слични несреќи при ракување со машини, тврдат дека на почеток воопшто не чувствувале никаква болка.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
сите одеднаш стануваат експерти за области во кои не се компетентни да коментираат.

Ова исто како јас да коментирам за нуклеарна физика,а немам врска од истата.

Пусто македонче желно за внимание :cuc:
Аман бе, внимание на форум... Како влијателност на твитер. Длабоко се извинувам што имам различно мислење.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576

за илустрација.

Најголемото дерби на Шведска одиграно пред некој ден.Гостинските навивачи на трибина се после еден час,прославуваат со играчите.Пронајдете ги џандарите.[DOUBLEPOST=1407349148][/DOUBLEPOST]
Аман бе, внимание на форум... Како влијателност на твитер. Длабоко се извинувам што имам различно мислење.

само си слепец и живееш во стаклено звоно :cool:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Полицијата е виновна, сигурно имаше начин како безбедно да се пренесат навивачите надвор од стадионот. Ама треба и двете страни да сносат одговорност, треба и од Комити да излезат и да кажат дека Турчинот и не е така невино детенце. На пример да кажат зошто не почувствувал дека раката му е разнесена?
Мора многу работи да се променат кај нас самите за да се намалат можностите за случување на вакви трагедии.
Самото тело те заштитува во такви моменти :) . Крвта се повлекува од периферијата со цел да се спречи огромно губење крв, се лачи адреналин од кој ти во таа состојба не чувствуваш болка, понатака си доаѓа таа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom