За жал сеуште постојат индивидуалци кои ќе го оцрнат името на групата со вакви испади, ова со спрејовите е проблем и на Градски, ама за среќа не е голема штета и е лесно поправливо, а иако изгледаше лош потег што беа заклучени тоалетите, веројатно испадна паметно знаејки што можеше да се случи, и тешко е да се контролираат такви испади.
Инаку, супер навивачко дерби и интересен и неизвесен меч на теренот, и за чудо, во одлична организација на полицијата. Се беше супер спроведено, од внесувањето на конвојот низ град до влегувањето на трибина, без никакви провокации, тензии, инциденти, и конечно гостување на асална трибина со добро организирани влезови и простор за гостински навивачи, и можност да се испрати натпреварот до крај! Се надевам ова ќе прерасне во континуитет што ќе го издигне дербито на едно повисоко ниво.
Околу изданијата, џабе се натегате околу навивањето, секогаш од сопствениот коп делува како да сте издоминирале и сте биле позвучни, а од друга страна најчесто гостинските групи имаат подобро навивање поради фактот што во копот се претежно редовни членови и навивачи, наспроти домашниот коп каде оди се и сешто. Комити имаа стварно супер навивање и грмеше песна во континуитет без некои значителни падови, а огромна пофалба за тоа оди кон тапанарите
Израмнувањето во второ донесе делириум и на моменти стварно делуваше како Чкембари воопшто да не пеат, иако знам дека од спротивната страна сликата била поинаква. Супер е што претежно се пееа и поголемиот дел од поновите песни наменети за Вардар, без непотребно тупење на глупите ривалски песни од 90-тите, и за мене единствена критика оди кон непотребното глупирање и скандирање на полувреме, поготово „Кајгана форум“ и „зошто ќутите“. Доволно беше паролата за стадионот што беше полн погодок проследена со „О Сузана“. Навивањето на Чкембари лично не можам да го оценам, впечатокот од наша страна е дека беше слабо во однос на бројката, што е и разбирливо ако се земе во предвид колку од нив се активни и редовни членови. Останува за критика репертоарот на песни, очајно ви фали освежување.
Изгледот на двете страни беше чиста 10-ка, од ударно знаме до бајраци, мотки, до пиротехника. Бројките на двете страни беа супер со оглед на околностите и за мене во рамки на очекувањата, и за мене воопшто не е изненадување бројката на Чкембари, секогаш им бил полн копот на дерби, поготово кога и Комити се присутни. Веројатно сум еден од ретките што ќе ги прифати критиките за нашата бројка, иако очекував да биде во тој опсег 250-300 луѓе, ама непотребно се летаа еден куп членови на форумов. Реалноста е, тоа е максимумот и реалната бројка на навивачи. За над тоа, потребна е поголема и навремена мобилизација и подобар термин, неизвесноста за дозвола на гостување и неатриктивниот термин дефинитивно придонесоа и скратија уште некоја стотка. Ама, со новата трибина, со наместени рефлектори, со многу подобри услови за гостување сега, верувам дека отвара можност за многу помасовни гостувања во блиска иднина.
Останува да се надеваме дека клубовите ќе ни мрднат од мртва точка и ќе се издигнат на врвот во мак-фудбалот, затоа што греота е вакви натпревари да се играат во втора лига, многу поголема желба и ентузијазам би имало кај народот кога вакви натпревари би одлучувале за титула. Искрено очекував поголема бројка на останатиот дел од стадионот, ама кога ќе видиш во каква состојба ни се клубовите, може само да сме среќни што навивачките групи се на ова ниво да придонесат за вакви натпревари.