Вака, околу бројката, не ми е омилено кога се става на кантар и се употребува дигитрон, али пошто уште се збори, веќе да разјасниме.
Гостуавњето се плаќаше, имаше објави на страната може уште да се видат од Комити дадоа пари сите, освен 10 луѓе кои немаа да платат, други членови ги покрија нивните карти.
Според собраните средства, бројката е 280 луѓе, исто така може да го прашаш Горан БТ, кој што мислам има инфо од РЕДАРДИТЕ, дека бројката беше 280 лу
луѓе. Лично влегов во сите бусеви и комбиња, беа прилично пополнети, може малце чудно што некои од нив беа пре полни, а во некои имаше слободни места.
Толку околу тоа.
На трибина имаше 11 луѓе вкупно од Германија, ниаккви Чеси или Французи , Холанѓани
Околу бројкава сепак, по блиску се Комити, до вистината, со изјавите дека гостувавме 300 луѓе, отколку вие со вашите дека објави дека биле 200.
Сепак 280 е по близу до 300, отколку 200.
--------
Дербито ги оправда очекувањата барем до некаде, на навивачки план. Двете групи имаа солидно издание.
Не сакав да пишувам за да не испадне дека гледам не објективно, секоја чест за
@ejército de la calle кој пишува реални коментари, за по квалитетен форум
Зелено Бел исто пишува помалку провактивни коментари.
Комити бројката која што ја очекувавме, иаоко ова е некаде долната граница, од 250 до 450 очекуваме нешто измеѓу.
Терминот е стварно не згоден, знам 60 луѓе што сабота ја работат пола смена, до 12:00.
Кога ќе имате и вие ваков термин тогаш ќе осетите на ваша кожа.
Навивање добро, кај Комити по мене 9/10, и за прв пат, на дерби, над 80% од песните за Вардар.
Чкембари, со оглед на сите околности и тешката ситуација, во групата и клубот како што кажавте, успеавте да го наполните копот горе-доле, со тоа целите се задоволени во тој поглед. Од моја проценка 700 +, еве и 800 да е како што викате.
Браво за трудот за мотките, не би навлегувал во тоа какви се дали се подобри од нашите, но сепак ова е нешто добро. Изглед добар, пиро добро, фалеше димнијада.
Искрено навивањето беше слабо, имам многу дерби дуели на Тумбе Кафе, сте биле многу по гласни, дали дека од старата трибина порано заедно до обичанта публика, па сте биле помогнати , не знам, али мислам дека ова ви е едно од послабите, НЕ Е ПРОВОКАЦИЈА.
Но, браво за изгледот и за мобилизацијата која ви беше колку толку успешна.
На муабетите зашто имало малку обична публика и слично, не треба д се замарате, зашто вие вашиот дел го направите , у врска со навивачкиот коп.
Навивањето мислам ви беше 6/10.