Да ве немаше ќе требаше да ве измислиме, само вие можете да делите маици од главната подгрупа како бомбони да се.
И кај нас има маици/дуксери од подгрупи кај многу луѓе што не одат на утакмици. Може не се делат ко бонбони, ама на база на познанство се даваат на секого.
Да не коментирам дека кога некои ќе престанат да одат на трибина, ги шиткаат реквизитите за пари, што за мене е најдолна работа.
Полошо од ова е кога даваат на маалски дрољетини во очекување дека ќе добијат нешто назад.
На ваквите им се давале и карти за натпревари каде што било луксуз да дојдеш до карта, па членови кои не се по подгрупи, а се редовни, останувале надвор.
Уште имаме слаба едукација во поглед на носење реквизити. Гледам деца спортуваат на кеј или шетаат низ град, сами со маици Комити или ФА. За тие од ФА не можам да коментирам, ама овие нашиве не се некои што одат редовно по утакмици.
Особено оние маицине што се делеа со блок картите за ЛЕ, нема некој што ги нема. Се користат за низ маало, за на мал фудбал итн. И во таква ситуација тешко е да се спречи паѓање на реквизити, особено што од спротивна страна научна фантастика е да начекаш некого освен кога имаат утакмица или кога е ладно па ги носат под дуксери за на физичко