Лигата е полна со мекуши и не се игра веќе одбрана. Лоад менаџмент на секој 2 натпревар, гледаме серии од 5 порази по ред па 11 победи по ред, без веза..., а всушност еве како величини и легенди го сфаќаа баскетот.
Рендал раскажува како Коби со својата постапка го натерал да размислува поинаку, што ќе го направи покомпетативен како играч. Поентата не е за тоа до каде стигна Рендал *пошто не стигна до никаде (идиотот ја користи само едната рака и во ПО сите екипи го користат тоа против него), туку како КОБИ покрај тоа што беше сам суперстар се обидуваше начинот на размислување и тренинзи, воопшто сфаќање на баскетот да го префрли на своите соиграчи, иако беа светлосни години од неговиот талент или неговата работна етика.
Тоа многу фали во денешна НБА. Гледаме прасиња по 200кг како Дончич, Господ им дарил талент, предиспозиции да се доминантни, а нив им е мака да ослабат и да играат одбрана. Не е само тој, но е добар и еклатантен пример.
Се очекува одбрана да изиграат пар ликови како Дрејмонд Грин, Маркус Смарт, Руди Гобер, не знам Бриџис, Адебајо... ју нејм ит, а од истите не се очекува подигање на офензивните рејтинзи од година во година. Исто и за креативците како Дончич и нему слични.
Со тоа баскетот ја губи убавината, играта доби на брзина, се шутира за 3 поени во најголем дел од натпреварите и од најголем дел на играчите, одбраната е мисловна именка, а времето на центарска игра со грб кон кош или времето на колективно играње одбрана (само неколку тимови го можат тоа) е одамна поминато.
Фалат ликови како Коби, кои ќе играат секоја вечер макар и повредени и кои ќе играат и на двете страни од теренот.
Two years ago, Julius Randle shared this moment he had with Kobe during his final season: “We get off the plane, we ride to the hotel, and — ha. Wow. I will never forget this. We’re coming up on the...
www.facebook.com