НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.498
Поени од реакции
35.240
Глеј на 7:32 одприлика каков фаул не му досудија. У денешно време фаул кош и затвор за играчот на Феникс ќе беше таа ситуација.

Види го Дадли го чувал Коби бог да чува и да брани, се бори човекот сам со себе хахаха :pos: Види го Робин Лопез гревот, и ден денес си ја мачи душата. :D Ја памтам многу добро серијава, последната утакмица мртвите им ги разеба, фрижидер да фрлеше од центар ќе влезеше. Мислам дека против Феникс најдобар просек има Коби у кариера, ептен им беше накрвен на нив, не знам од која причина.
Фаците на гледачите, на последната утакмица... И како го погледа Гентри додека ја шутираше последната тројка! :ROFLMAO:
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.180
Поени од реакции
11.948
Ако не можеш да направиш разлика меѓу Тре и Леброн, меѓу глумење како прва и основна тактика во животот, и посочување на судиите опасен потез кој можел да резултира со повреди... Тогаш да, штета.
А кој рече дека Леброн одглуми конкретно за ситуацијата? - Јас не. Ти можеби?

И зошто сега е за осуда што го фаулираат, а не е за осуда што изгради кариера на влез под кош благодарение на неговиот физикус и пропратно досудени фаул игри врз него, а недосудени кораци?

Додека играчите со физикус (како Леброн и слични) си дозволуваат прво да плачат кај судии, а потоа да му одврзат некому по муцката до тогаш ќе гледаме балет наместо баскет.

Затоа, следен пат, нека им расцепат глава или извадат око па можеби ќе им текне дека матер ебаа на играта со ЛеФлоп потези наместо да се борат против истите (повторно, НЕ за конкретниот фаул на Дрејмонд врз него).

п.с. Гледаш калчо? Си го гледал Пипо Инзаги како изгради кариера со пола живот дремње во офсајд и глумење фаули? Епа исто ти е. Таму се ебал фудбалот, тука се ебал баскетот како машка игра.

Толкави волови после натпревар се гушкаат ко женчиња, а за време на натпревар 10 минути се прпелкаат и се жалат кај судии.
Да, не ми е криво ако истите во вакви рандом моменти пострадаат бидејќи истите тие се соучесници во ебавањето матер на баскетот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.498
Поени од реакции
35.240
А кој рече дека Леброн одглуми конкретно за ситуацијата? - Јас не. Ти можеби?
Штом во муабет за флагрант фаулот врз Лејкерси/Леброн се спомне дека Леброн е плачко/флопер, како да поинаку да се разбере?

И зошто сега е за осуда што го фаулираат, а не е за осуда што изгради кариера на влез под кош благодарение на неговиот физикус и пропратно досудени фаул игри врз него, а недосудени кораци?
Баш тој „физикус“ го прави спремен да истрпи фаул и сепак да даде кош. Разликата е дека вештачки не ствара ситуации за изнуден фаул (како Тре кога рипа со газот во рикверц), туку судењето е такво да и најмал допир се суди како фаул... Во превод, судиите прашај ги (не нас навијачите, ниту самиот Леброн).
За чекорите, и за тоа судиите ќе ги прашаш. А додека ги прашуваш за Леброн, прашај и за чекорите на Харден. ;)

Додека играчите со физикус (како Леброн и слични) си дозволуваат прво да плачат кај судии, а потоа да му одврзат некому по муцката до тогаш ќе гледаме балет наместо баскет.
Повторно, НБА ги носи и одредува правилата, а правилата се „физички пресметки се санкционираат драконски“. Ова е вака уште од Индијана со Детроит тепачката. НБА одтогаш драстично ги зголеми казните. Затоа гледаш балет, не заради Леброн или Лејкерс.

Затоа, следен пат, нека им расцепат глава или извадат око па можеби ќе им текне дека матер ебаа на играта со ЛеФлоп потези наместо да се борат против истите (повторно, НЕ за конкретниот фаул на Дрејмонд врз него).

Толкави волови после натпревар се гушкаат ко женчиња, а за време на натпревар 10 минути се прпелкаат и се жалат кај судии.
Да, не ми е криво ако истите во вакви рандом моменти пострадаат бидејќи истите тие се соучесници во ебавањето матер на баскетот.
Ма не разбираш дека правилата веќе постојат, такви се какви што се... Никој не зборува за тоа, туку за недоследноста на судењето и недосудувањето на флагранат фаул кога беше очигледен. Како што Тре и Харден нашле начин како да изнудуваат фаули со „неприродни движења“, така Дрејмонд Грин нашол начин како да тепа без да ги исполни (целосно) критериумите за намерен (флагрант) фаул. Разликата е што Тре и Харден никој нема да го осакатат, да му заебат кариера, и на клубот да му уништат една или повеќе сезони... Двата спомнати вида на злоупотреби се малфункции на правилата, слабости во играта кои треба да се одстранат.

А за тоа со гушакњето, се согласувам.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.180
Поени од реакции
11.948
Штом во муабет за флагрант фаулот врз Лејкерси/Леброн се спомне дека Леброн е плачко/флопер, како да поинаку да се разбере?


Баш тој „физикус“ го прави спремен да истрпи фаул и сепак да даде кош. Разликата е дека вештачки не ствара ситуации за изнуден фаул (како Тре кога рипа со газот во рикверц), туку судењето е такво да и најмал допир се суди како фаул... Во превод, судиите прашај ги (не нас навијачите, ниту самиот Леброн).
За чекорите, и за тоа судиите ќе ги прашаш. А додека ги прашуваш за Леброн, прашај и за чекорите на Харден. ;)


Повторно, НБА ги носи и одредува правилата, а правилата се „физички пресметки се санкционираат драконски“. Ова е вака уште од Индијана со Детроит тепачката. НБА одтогаш драстично ги зголеми казните. Затоа гледаш балет, не заради Леброн или Лејкерс.


Ма не разбираш дека правилата веќе постојат, такви се какви што се... Никој не зборува за тоа, туку за недоследноста на судењето и недосудувањето на флагранат фаул кога беше очигледен. Како што Тре и Харден нашле начин како да изнудуваат фаули со „неприродни движења“, така Дрејмонд Грин нашол начин како да тепа без да ги исполни (целосно) критериумите за намерен (флагрант) фаул. Разликата е што Тре и Харден никој нема да го осакатат, да му заебат кариера, и на клубот да му уништат една или повеќе сезони... Двата спомнати вида на злоупотреби се малфункции на правилата, слабости во играта кои треба да се одстранат.

А за тоа со гушакњето, се согласувам.
Заради тоа што "никој не зборува за тоа" и заради тоа што се прпелкаат како риби на суво НЕМА иницијатива за промена на смешните правила и кога ќе дојде ситуација како оваа (една во илјадници) некој да го исклоцаат, удрат, шамарат А ЗА ТОА ДА ПОМИНАТ НЕКАЗНЕТО - баш ми е мило.

Дај Боже да зачестат ваквите фаули, бар кога го еба баскетот нека му се еби матер и на принцезите кои ги користат тие "правила".

А дека ЛеФлоп не ги користи џабе би реплицирале бидејќи како фан на лејкерс ќе држиш страна, за др дел може да правиме муабет - за овај дел нема да се разбереме мислам.

Во секој случај не ми се свиѓа лигава и лиглињава баскетџии. На овој начин за брзо ништо нема да се промени.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
267
Поени од реакции
500
Кога се мистериозните (неразбрани) флагрантни фаули во прашање и општо критериумите и правилата за санкционирање на погруби контакти во НБА, ама НИКОГАШ "секундарните" ефекти или последиците од посериозна колизија на двата играчи во воздух- се мисли на начинот на кој ќе се приземји играчот (непријатен или неконтролиран пад/доскок ) НЕ СЕ ПРЕСУДНИ во одлуката за тежината на фаулот досуден, без ислучок и без разлика колку
опасни и да се по здравјето на играчот, на прв поглед, колку и да звучи ова контрадикторно и пред се апсурдно за некого!!!

Солидни глупости, со многу заблуди доминираат во последниве 3-4 страни за грубите фаули, особено по моментот ГРИН/ЛЕБРОН ! Неколку примери следат, проверен видео материјал:

Одличен пример за почеток, е едукативениот клип на линкот подолу, дојде конечно и дигитализацијата во нашата и вашата татковина ,меѓудругото, официјален видео материјал за припрема и на судии во НБА, а не мислења на твитер ашлаци и дежурни, приучени кловнови и фраери по социјалниве мрежи, реномирани бадијалџии, како тука и во светски рамки ! Ситуацијата е многу слична како и последнава, актуелна драматургија Леброн/Грин, која демек ја "дрма" лигата (Дрш се Маро!)

Хачимура има без дилема озбилен пад, но е сепак обичен, груб фаул, не е флагрантен и тоa е коректна одлука.
Принципот на вертикалност тука, максимално запазен е олеснителната околност за Херел -"крвникот", во комбинација со неговиот перфектен тајминг и пред се предиспозициите/профилот на играч каков што е (доста енергичен и скочен- од сојот Кенет Фарид ), кој му овозможува да изигра тука
школски одлична одбрана во овој контекст! Го болат коските Хачимура сигурно, ќе се разглобеше- ама нека оди нека му се жали на Њутн или едноставно нека се преориентира на шах или голф каде нема контакти, мој искрен совет! Херел барабата, во овој дуел со Хачимура, за полуписмени луѓе и особено оние кои не ги знаат правилата во детали (а такви се 95% од фановите НБА, од Јапан до Мралино и назад!) и се скарани со логиката, секогаш ќе личи како да е свесно премногу насилен, психопат, со умисла за убиство во неговиот обид да го спречи противникот, посебно за оние хистеричните за кои третиот Њутнов закон и дефинитивно не постои во универзумот!

Друг многу добар пример, дека падот апсолутно нема никакво влијание за тежината на фаулот, видео од нареден линк
https://videorulebook.nba.com/archive/hard-foul-non-flagrant-defender-makes-contact-offensive-player-falls-hard/

Во оваа втора ситуација и Дончо-ќофтето претрпува сериозен пад, па и поозбилно за неговото здравје делува на успорена снимка (абе како на Дормео да паѓа нели, нека не ве лажат со тоа Дормеото!), но и ова не е флагрантен фаул, туку само обичен, погруб фаул.

Слична ситуација (трета мајка), иако наредниот клип е посветен на принципот на вертикалност кој треба да го запази дефанзивецот, многу битен и пресуден аспект како во играње легална одбрана така и во носењето правилни одлуки за судиите, особено при поизразени контакти во воздух.
https://videorulebook.nba.com/archive/defensive-foul-defender-does-not-maintain-verticality-jumps-a-to-b-2/

Куртон Мејкер тука е далеку побрутален од Грин (кон Леброн) во импактот, особено во делот на главата, ама Џими не е драматург....обичен фаул е ова !! Џими можел да се држи тука за глава 3 минути дефинитивно, некои вештини големи и не бара тоа, или да се тркала по теренот, но ништо нема да му помогне тоа дури и при ревизија на одлуката!

Покрај овие три, кои не се случајно одбрани и се најсоодветни за дилемите во тазе ситуацијата ГРИН/Леброн, повеќе ситуации за многу груби фаули кои не се судат флагрантни нареден линк

Неколку примери за флагрантни фаули од прв степен на следен линк
https://videorulebook.nba.com/rule/flagrant-1s-by-defensive-players/

Други ситуации за принципот на вертикалност (просечен фан мака мачи со ова, не може и не може да укапира, за жал!)

Доста е за бруталните фаули, досадно е......ај малку за печурките......
====================================================================================================================

Труење со печурки




Леброн тек по ударот од Грин викаше дека почнал да гледа три коша....добар дел од играчите на ЛА, од самиот почеток на мечот делуваа како да гледаат по три обрачи! Нивните шутеви кон кошевите, судејќи по прецизноста, беа како А-тест за квалитетот на таблите кинески во Staples арената, во пресрет на плејофот, и добро е да се биде темелен и да се прави контрола на стабилноста на кошевите! И онака се навикнавме со пандемијава на еден куп протоколи и процедури безбедносни , нема зијан од уште еден протокол плус, нели ?! Џабе ли вика NBA cares (абе ги боли таквото, паричките да им капат само) !?

Ете, може некој штраф се олабавил!?


Неколку ситуации од крајот на мечот, битни моменти опфатени во клипот краток, за далаверите бато, како што е ред (та остај ти тоа ГРИН/ЛЕБРОН):

18 секунда (Леброн), 30 секунда (Веѓа-превара), 1мин и 30 секунда (Карузо) Што толку им згрешила таблата така да ја пердашат ?!

37 секунда - несуден фаул од Леброн и 2 слободни за Голден(и Ванганди дури се чуди)

54 секунда - по шутот на Денис, Дејвис во борба за позиција и скок го влече играчот (број 15), го фрли ко партал, фаул во напад несвирен, клупата на Голден реагира бурно, џабе.

60 секунда - глума од Дејвис, тука нема лошо поставен блок од Грин.На успорената снимка се гледа дека Дејвис сака да го заобиколи Грин и се фрла странично, иако Грин во моментот на судир не е укотвен и е во движење, нема толкав импакт за сом како Дејвис така да излета (мал контакт со левото рамо на Грин). Грин не спречува прогрес на играч-дефанзивец во движење бидејки Дејвис не се движи праволиниски (многу битно !) кога оди кон периметарот, во таа категорија сигурно е свирен фаулот од Грин и оваа дискутабилна одлука нема врска !

1минута и 45 секунда - смешки, никаков контакт, добро поставен, на време блок од Грин и евтина глума од Весли Муфљуз (и Марк Џексон коментира)
===================================================================================================================================

Не може на Лејкерс да му зависи сезоната до последен момент, уште па и да игра на домашен терен и судиите да не бидат звезди на мечот.......класика е ова! Куп одлуки грешни во последни 5-6 минути во корист на Лејкерс, кога беше резултатот израмнет. За ситуацијата при крај Грин/Леброн нема флагрантен тука, погоре со примерите се е кажано, објаснето во детали, како за токмаци!!! ЛеКаскадер се валкаше по теренот како да го удрил воз во метро во Токио со 370km/h.... Ваква евтина глума нема ни во мега-хитот на канал 5, Ќерката на Амбасадорот !

Земал ми снима цртани Лебронов, Спејс џемови, мармалади......не му личи на нашиот јунак за годините веќе, лицето на НБА. Нека снима акција, бркотници, таков докажан, искусен каскадер е, еве на пример идеја, вака може да оди - Непресметливата, еби-ветер особа Луди Милојко (Дрејмонд Грин) го брка LeBollywood- невиниот дечко.... му се пуштил, ни крив ни должен, ќе го уништи човече со флагрантен фаул од трета категорија (правило кое тек ќе биде воведено во лигата по овој немил настан!), макар и затвор да го лежи Гвантанамо, доживотно, како на клипчево нешто .....https://youtu.be/p08uxmigZmo?t=334

Само за ЛеКобевци и слични фанатици, имам едно ретко и преубаво постерче од мечот, во висока резолуција, викенд издание, можете слободно да си го испечатите голем формат и шлапнете го на зид, на врата........па и тие кои собираат сликички од Лејкерс од оваа сезона се добредојдени!


 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.498
Поени од реакции
35.240
Харел не отиде на човек туку на топка, проба да блокира ама направи фаул. Грин немаше шанси да блокира ни да му се растегнуваат рацете како на Далсим од Стрит Фајтер, туку директно отиде со две раце на Леброн во глава.
Лош пример, пробај пак.


Друг многу добар пример, дека падот апсолутно нема никакво влијание за тежината на фаулот, видео од нареден линк
https://videorulebook.nba.com/archive/hard-foul-non-flagrant-defender-makes-contact-offensive-player-falls-hard/
Хауард отиде на топка и тоа со една рака, Лука падна лошо затоа што целиот план му беше да извлече фаул, неконтролирано се движеше, и неконтролирано падна. Склон е кон такви влезови понекогаш. Ова нема ни 10% од грубоста и злонамерноста на Грин врз Леброн. Хауард дури и нежен беше во однос на Грин.
Уште полош пример, пробај пак.


Слична ситуација (трета мајка), иако наредниот клип е посветен на принципот на вертикалност кој треба да го запази дефанзивецот, многу битен и пресуден аспект како во играње легална одбрана така и во носењето правилни одлуки за судиите, особено при поизразени контакти во воздух.
https://videorulebook.nba.com/archive/defensive-foul-defender-does-not-maintain-verticality-jumps-a-to-b-2/
Ова веројатно не треба ни да се коментира. Фаул беше само затоа што дефанзивецот беше во рестриктираната зона и не рипна само нагоре туку и напред. Каква врска има ова со намерен/флагрант фаул??
Трет (нај)лош пример, не пробувај пак, ваљда нема уште?

едит:
Доста е за бруталните фаули, досадно е......ај малку за печурките......
====================================================================================================================

Труење со печурки
ОК, мислам дека ти е доста. Другпат не зимај печурки пред пишување постови.

Или кркај, зошто да не. Ќе има пак смеење на лето.
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Види го овој Тончи и даље го понижува ЛеБрон, наместо да му одаде почит, а и гревот Саашко го нема, нели слабиот ЛеБрон никогаш не земал клач шутеви. Гохоохохохохолден стејт.

П. С. Овој гомнаров со ваква ракометна одбрана проаѓа кај судиите, на страна што е уште поголем кога ке почне да се буни кај судиите, ама ајде ЛеБрон е најголемиот плачко во НБА.
Браво за ултра-мега клач играчот што погоди на една минута пред крај.
Инаку Лејкерс треба да бидат загрижени бидејќи одвај ги тепаа десеткуваните ГСВ.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.498
Поени од реакции
35.240
Не знам зошто ги потценувате Голден Стејт, ги имаат Кари и топ 5 одбрана во втора половина на регуларна сезона, добар тренер (и ММА тепач во Грин).
Така и лани истиот муабет, не дека Лејкерс тепаа, туку противниците им се погодиле многу слаби... И така истиот муабет. Секоја наредна рунда! :ROFLMAO: :D

Вориорс може да тепаат било кога во ЕДНА утакмица.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.890
Поени од реакции
116.210
Многу битен момент што се занемарува при фаулот на Грин над Леброн е намерното удирање со две раце во лице, поточно во очи. Небитно е дали е вертикален скокот, дали Грин идел на топка или не, човекот со две раце го удира Леброн во лице додека е овој во скок! Почист намерен фаул од ова тешко да има, едино бокс да му удри некој од чиста мира. Намерата е многу битна овде, оди намерно да го повреди противникот и требаше Грин да биде исклучен. А не му е прв пат, напротив милион вакви изливи имал, Пачулиа го маваше во јајца и ред други дебилизми.

Сите што негирате ниту сте играле некогаш кошарка ниту знаете како е да паднете од 2 метра висина на грб откако некој ви заковал две раце во фаца. Се најмило да му ебам на умрениот Грин што си има. Овој па Трт глупакот земал научен труд пишал за ситуации што врска немаат со оваа, бог да чува... И што еве ако дефанзивецот рипнал вертикално? Тоа значи дека може боксови да дели на противниците?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.936
Поени од реакции
17.961
Видите вака, можеби ГСВ се вонсериска екипа, можеби на одличен начин дошле таму кај што се, АМА, идеме со големо ама. Прво сетете се на повредата Каваи кога го повреди Пашулиа. Потоа кога го доведоа Дјурент и на правија уште појак тим. Па мајмунското однесување на Кари, кој патем е најдобар шутер во лигата. За овој ММА фајтеров што го споменува Ванлок не ми се трошат зборови и време.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.841
Поени од реакции
4.480
Мислеше дека драгонски е забеган шо пишува километарски небитни постови, ама овај другаро погоре морам да га пофалам, надмина га :cuc:

А за хуморо да не праемо муабет, аут оф дис ворлд
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.502
Поени од реакции
8.065
И сосема заслужено Мемфис продолжуваат во плеј-офф.
На толку многу ноншалантно водење на топката и губење од страна на Голден Стејт, добро е и што воопшто стигнаа до продолженија.
Повеќе среќа следната година со надеж дека и Стеф и Клеј ќе бидат здрави цела сезона.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom