Кога се мистериозните (неразбрани) флагрантни фаули во прашање и општо критериумите и правилата за санкционирање на погруби контакти во НБА, ама
НИКОГАШ "секундарните" ефекти или последиците од посериозна колизија на двата играчи во воздух- се мисли на начинот на кој ќе се приземји играчот (непријатен или неконтролиран пад/доскок ) НЕ СЕ ПРЕСУДНИ во одлуката за тежината на фаулот досуден, без ислучок и без разлика колку
опасни и да се по здравјето на играчот, на прв поглед, колку и да звучи ова контрадикторно и пред се апсурдно за некого!!!
Солидни глупости, со многу заблуди доминираат во последниве 3-4 страни за грубите фаули, особено по моментот ГРИН/ЛЕБРОН ! Неколку примери следат, проверен видео материјал:
Одличен пример за почеток, е едукативениот клип на линкот подолу, дојде конечно и дигитализацијата во нашата и вашата татковина ,меѓудругото, официјален видео материјал за припрема и на судии во НБА, а не мислења на твитер ашлаци и дежурни, приучени кловнови и фраери по социјалниве мрежи, реномирани бадијалџии, како тука и во светски рамки ! Ситуацијата е многу слична како и последнава, актуелна драматургија Леброн/Грин, која демек ја "дрма" лигата (Дрш се Маро!)
Хачимура има без дилема озбилен пад, но е сепак обичен, груб фаул, не е флагрантен и тоa е коректна одлука.
Принципот на вертикалност тука, максимално запазен е олеснителната околност за Херел -"крвникот", во комбинација со неговиот перфектен тајминг и пред се предиспозициите/профилот на играч каков што е (доста енергичен и скочен- од сојот Кенет Фарид ), кој му овозможува да изигра тука
школски одлична одбрана во овој контекст! Го болат коските Хачимура сигурно, ќе се разглобеше- ама нека оди нека му се жали на Њутн или едноставно нека се преориентира на шах или голф каде нема контакти, мој искрен совет! Херел барабата, во овој дуел со Хачимура, за полуписмени луѓе и особено оние кои не ги знаат правилата во детали (а такви се 95% од фановите НБА, од Јапан до Мралино и назад!) и се скарани со логиката, секогаш ќе личи како да е свесно премногу насилен, психопат, со умисла за убиство во неговиот обид да го спречи противникот, посебно за оние хистеричните за кои третиот Њутнов закон и дефинитивно не постои во универзумот!
Друг многу добар пример, дека
падот апсолутно нема никакво влијание за тежината на фаулот, видео од нареден линк
https://videorulebook.nba.com/archive/hard-foul-non-flagrant-defender-makes-contact-offensive-player-falls-hard/
Во оваа втора ситуација и Дончо-ќофтето претрпува сериозен пад, па и поозбилно за неговото здравје делува на успорена снимка (абе како на Дормео да паѓа нели, нека не ве лажат со тоа Дормеото!), но и ова не е флагрантен фаул, туку само обичен, погруб фаул.
Слична ситуација (трета мајка), иако наредниот клип е посветен на принципот на вертикалност кој треба да го запази дефанзивецот, многу битен и пресуден аспект како во играње легална одбрана така и во носењето правилни одлуки за судиите, особено при поизразени контакти во воздух.
https://videorulebook.nba.com/archive/defensive-foul-defender-does-not-maintain-verticality-jumps-a-to-b-2/
Куртон Мејкер тука е далеку побрутален од Грин (кон Леброн) во импактот, особено во делот на главата, ама Џими не е драматург....обичен фаул е ова !! Џими можел да се држи тука за глава 3 минути дефинитивно, некои вештини големи и не бара тоа, или да се тркала по теренот, но ништо нема да му помогне тоа дури и при ревизија на одлуката!
Покрај овие три, кои не се случајно одбрани и се најсоодветни за дилемите во тазе ситуацијата ГРИН/Леброн, повеќе ситуации за многу груби фаули кои не се судат флагрантни нареден линк
Неколку примери за флагрантни фаули од прв степен на следен линк
https://videorulebook.nba.com/rule/flagrant-1s-by-defensive-players/
Други ситуации за принципот на вертикалност (просечен фан мака мачи со ова, не може и не може да укапира, за жал!)
Доста е за бруталните фаули, досадно е......ај малку за печурките......
====================================================================================================================
Труење со печурки
Пишува: доц. д-р Жанина Переска, специјалист-интернист на Клиниката за токсикологија Карактеристичниот пријатен вкус и богатството со протеини и минерали
panacea.mk
Леброн тек по ударот од Грин викаше дека почнал да гледа три коша....добар дел од играчите на ЛА, од самиот почеток на мечот делуваа како да гледаат по три обрачи! Нивните шутеви кон кошевите, судејќи по прецизноста, беа како А-тест за квалитетот на таблите кинески во Staples арената, во пресрет на плејофот, и добро е да се биде темелен и да се прави контрола на стабилноста на кошевите! И онака се навикнавме со пандемијава на еден куп протоколи и процедури безбедносни , нема зијан од уште еден протокол плус, нели ?! Џабе ли вика NBA cares (абе ги боли таквото, паричките да им капат само) !?
Ете, може некој штраф се олабавил!?
Неколку ситуации од крајот на мечот, битни моменти опфатени во клипот краток, за далаверите бато, како што е ред (та остај ти тоа ГРИН/ЛЕБРОН):
18 секунда (Леброн), 30 секунда (Веѓа-превара), 1мин и 30 секунда (Карузо) Што толку им згрешила таблата така да ја пердашат ?!
37 секунда - несуден фаул од Леброн и 2 слободни за Голден(и Ванганди дури се чуди)
54 секунда - по шутот на Денис, Дејвис во борба за позиција и скок го влече играчот (број 15), го фрли ко партал, фаул во напад несвирен, клупата на Голден реагира бурно, џабе.
60 секунда - глума од Дејвис, тука нема лошо поставен блок од Грин.На успорената снимка се гледа дека Дејвис сака да го заобиколи Грин и се фрла странично, иако Грин во моментот на судир не е укотвен и е во движење, нема толкав импакт за сом како Дејвис така да излета (мал контакт со левото рамо на Грин). Грин не спречува прогрес на играч-дефанзивец во движење бидејки Дејвис не се движи праволиниски (многу битно !) кога оди кон периметарот, во таа категорија сигурно е свирен фаулот од Грин и оваа дискутабилна одлука нема врска !
1минута и 45 секунда - смешки, никаков контакт, добро поставен, на време блок од Грин и евтина глума од Весли Муфљуз (и Марк Џексон коментира)
===================================================================================================================================
Не може на Лејкерс да му зависи сезоната до последен момент, уште па и да игра на домашен терен и судиите да не бидат звезди на мечот.......класика е ова! Куп одлуки грешни во последни 5-6 минути во корист на Лејкерс, кога беше резултатот израмнет. За ситуацијата при крај Грин/Леброн нема флагрантен тука, погоре со примерите се е кажано, објаснето во детали, како за токмаци!!! ЛеКаскадер се валкаше по теренот како да го удрил воз во метро во Токио со 370km/h.... Ваква евтина глума нема ни во мега-хитот на канал 5, Ќерката на Амбасадорот !
Земал ми снима цртани Лебронов, Спејс џемови, мармалади......не му личи на нашиот јунак за годините веќе, лицето на НБА. Нека снима акција, бркотници, таков докажан, искусен каскадер е, еве на пример идеја, вака може да оди - Непресметливата, еби-ветер особа Луди Милојко (Дрејмонд Грин) го брка LeBollywood- невиниот дечко.... му се пуштил, ни крив ни должен, ќе го уништи човече со флагрантен фаул од трета категорија (правило кое тек ќе биде воведено во лигата по овој немил настан!), макар и затвор да го лежи Гвантанамо, доживотно, како на клипчево нешто .....https://youtu.be/p08uxmigZmo?t=334
Само за ЛеКобевци и слични фанатици, имам едно ретко и преубаво постерче од мечот, во висока резолуција, викенд издание, можете слободно да си го испечатите голем формат и шлапнете го на зид, на врата........па и тие кои собираат сликички од Лејкерс од оваа сезона се добредојдени!