Коби и Данкан се друга димензија за Леброн.
И не мислам на играчките квалитети - то е субјективно, не мерливо, не игрет исти позиции и никогаш немат да се дојдит до унифициран заклучок по то прашање.
Меѓутоа, тие двајца се нешто кое шо Леброн никогаш немат да е - легенда на една франшиза. И то не на било која, туку на две од најдобрите во последниве 30 години. Главна алка во сите освоени титули (ок Данкан можда не толку во последната, али сепак). Едниот најпознат пример за едноставноста на кошарката ака Mr. Fundamentals, другиот мит и легенда за работна навика и опседнатост со кошаркарската игра. Буквално ко ќе се спомнет тие два поими, тие двајца играчи се првите и последните шо би ти паднале на памет. Препознатливи, со свој печат.
Леброн го немат тој момент, освен можда по прашање на атлетицизмот. Препаметен играч, ама имало и попаметни. Добар лидер, ама имало и многу подобри. Страшна работна етика, ама имало и пострашни. Лојален, не би рекол.
Да не се разбериме погрешно, играчиште е и како суров кошаркар, ете можда и ист/подобар (зависит од вкусот) од Коби и Тими. Ама толку..
Ако се земит се останато во предвид, шо според мене а и многу други вервам дека требит да се земит - овие двајца се сеуште доста пред Леброн, и со оглед дека овој имат 37 и ќе останит така.
Само мое мислење