Пак некои не разбираат дека ГСВ не го красат индивидуалци него тимскиот дух, односно тимската игра. Можеби и ќе се најдат екипи со подобри индивидуалци севкупно гледано од ГСВ, ама џабе е кога овие имаат разработен систем на игра кој е невозможно да се брани. Џабе му е на Кливленд и свети Мело да го земат кога дефанзивно не може да одговорат на задачите на кои ќе бидат изложени. Темпото кое ГСВ го игра е ненормално, до сега не се нашол тим кој може да го прати истото во текот на целата утакмица. Кливленд во финалево во г1 и г2 знаеше да се доближи на неколку поени негатива, онака копаат, копаат, се мачат и оп за една минута серија 8-0 ГСВ и одма идат на 10-15+ поени...
А иначе мене најмерак би ми било кога некоја рандом екипа би склопила ок тимче без многу ѕвезди и би успеала да ги сруши ГСВ и Кливленд, нешто ко Детроит 2004 на пример.