Инаку, не дека имам некој фаворит за МВП, ама оваа утакмица беше само еден убав доказ за тие што викаа дека имале изедначени екипи Харден и Вестбрук. Харден денес имаше прелош ден, 0/7 тројки, 7 трновери, Роберсон комплетно го затвори, од другата страна Расел имаше сосема солиден натпревар за негови стандарди. И сеа доаѓаме до моментот на помош која ја добиваат. Лу, Ерик и Нене заедно 64 поена од клупа, повеќе од сите стартери заедно. А кај ОКЦ ? - Оладипо кој никако да превземе одговорност, втор играч во тимот заврши со 10 шута од игра, Адамс ајде сосема солидно изигра. И ?! Кај се другите ?! Абринес и МекДермот по 5-6 поена шо дадоа, Таж истото. Кантер има договор од 20тина милиони по сезона ако не се лажам, втор или трет најплатен играч им е, денес играше ЦЕЛИ 7 минути крунисани со фантастични 2 поени.
Зборете ми за помош од соиграчи..