Ај вака, после сите овие срања со фри ејџенси, да си се испоштуваат шампионите
Ова што го направија Репторси се должно за секоја почит. Вакви приказни ретко се случуваат во спортот. Да, точно, Репторси беа меѓу топ.. да речеме 6-7 фаворити пред почетокот на сезоната, ама да бидеме реални не верувам дека постоеше човек на сезонава што би рекол "Да, да, да, Репторс осваја ова со Вориорс у финале ќе тепаат"
Солидна регуларна сезона, топ менаџмент, и одлична работа на "рукито' тренер Ник Нрс.
Хемијата што ја имаше тимов беше надреална.
Група на 'rejects' и група на луѓе што имаат и ептен многу поминато во животот за да стигнат до тука. Ако не се лажам 3-4ца од екипава имаат пораснато без татко.
Па побогу, Фред Ван Флит и Паскал Сиакам беа меѓу најбитните у титулава, замисли ова да му се кажеше на некој пред пар години?????
Секоја чест за Џереми Лин што си освои титула, заслужено
Секако имаа и проблеми со повреди, особено таа во плејофот на ОГ Ануноби поради што Репс играа со бејзикли 8 играчи цел плејоф, а во пар утакмици од тие осум вредеа само еден до двајца....
Масаи Уџири
Какви.Ебани.Мадиња.
Тој трејд што го направи на старт е буквално одење на се или ништо. Вакви трејдови успеваат еднаш на 30 години.
Даваш играч што е душа на тимот, играч што го направи тимот контендер за да добиеш една сезона на играч што според многу новинари и не сака да игра. Уништуваш клупа за да дадеш сила на старната петорка.
Да не зборам за тоа што го има пратено Сиакам со години уназад.
А плејофот започна со....пораз :'))))))))))))))))))))))))))))))))))))
Стандард Репторс.
Ау колку очајни утакмици имаа у плејофов вака кога ќе ми текне.
И можеби освоија титула...
Ама реално...серијата со Сиксерси.....
Ќе се осмелам да кажам еден од most iconic shots in NBA history. Крајно лош потег и секогаш сум мразел "Подај му на еден и нека шутира" тактики како последен шут (аууу тоа на Трејл Блејзерс против Тандер колку глуп шут беше само еј....батали што влезе, ептен глупа "тактика")
Момент што ќе го памтат сите фанови на Репторс. Без заебанција таа серија повозбудлива ми беше од серијата со Вориорс.
Па да не заборавиме и 2-0 негативата против Бакс. Кога после доминација во првиот меч го изгубија мечот и предвидов дека вториот меч ќе биде лаган пораз (некои тука ми пишуваа hehe nema vrska nema shansa ova da e be stoti e???) и нормално уште во прво полувреме си изгубија.
Сепак е ова Торонто Репторс, сите трејдови што ги направи Масаи не можат да го извадат "македонското" (Читај: лузерското) од Репс.
Па овертајм во гејм 3...па гејм 4 победата..ау последните 4 меча во таа серија беа сите напнати и успеаја да ги добијат...прашање е што ќе се случеше ако против поуспешна екипа играа..
И нормално....финалната серија..
Шта речи. Немаат пораз во Калифорнија цела сезона..
Реално, што и да кажете, овој тим на ГСВ е еден од најдобрите во историјата.
Победа против овој тим без разлика на се е нешто што е тешко да се направи.
После ова може да следува и танкање, и долги години на срање кошарка.
Не е битно.
Јас ќе бев презадоволен и со 4-1 пораз во финале.
Ама титула?
После Винс, Бош, Барњани, Стадемаер, Хедо "Ball" Туркоглу, Рашо Нестеровиќ, Руди Геј.... кој би рекол дека денот ќе дојде.
Секоја чест за сезонава.
Кршете глава следна сезона у западот сите шо ве ебам, ваљда до плејоф ќе стигнеме годинава, колку да се дешава нешто да не е за џабе