Музичко име на тапет : Coldplay

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Кога веќе почнавме за Hurt, да шкрабнам нешто.
Hurt е песна на NIN од нивниот најдобар албум The Downward spiral, објавен 1994 год. Ова е најомилената песна на Трент и вели дека е една од неговите најлични песни, песна во која најмногу си ја отворил душата. Johnny Cash направил кавер во 2002.

Јас различно ги доживувам двете верзии на Hurt.
Кога го гледам Трент како ја пее, како му дрхти гласот од емоции, сите фаци што ги прави, ја доживувам болката низ која поминувал ко своја. Го разбирам тешкиот период низ кој минувал кога го создал своето ремек дело. Кога ќе споредам во каква состојба е денес, мило ми е што успешно се изборил со своите демони.

Од друга страна пак кога го слушам Кеш, секогаш мислам на замината младост, на минливоста на животот, и кога и да го гледам видеото завршувам со солзи во очите.

Кога Трент слушнал дека Џони направил кавер, не му било сеедно. Сепак откако го видел видеото и што направил Кеш, го сменил мислењето . Коментарот на Трент за верзијата на Џони, имаше уште едно на yt, ама не можам да го најдам.

Кога веќе начнавме околу кавери еве неколку песни на кои NIN направилe кавер.
Dead souls – Joy Division
Atmosphere-Joy Division
Get down make love –Queen
Metal – Gary Numan
Physical (You’re so) – Adam and the ants
Секоја чест на оној што ги споил овие две работи. :love:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.044
Пак ја оставате Ане сама да си коментира.. :unsure:

Сите бендови ги скокнав, hell even Radiohead, ама морам да прокоментирам за NIN. Поготово што ми се врв годинава, од музички аспект.
Јас NIN пуштав еднаш у два месеци за во позадина, ако зачекам нешто на фејсбук или по некое хитче. Толку ги знаев, што ако брзав можеше да искуцам Trent Razor.
Aма битно ги знаев oд Hurt, па живеев во балонче дека не сум испиштил нешто вредно за слушање, онака.

И најверојатно така ќе останеше, се дури не најавија нова турнеја, па нашава Ане почна да замара од хит на денот, до драга кајгана, до фејсбук.. секаде. Премногу кул звучеше Reptile па морав да ја ислушам, а како што беше само лоши верзии беше само врева со интригантен лирик. Но сепак продолжив со нешто препорачано од Јутуб, затоа што дискографијата ми беше и сеуште не ми е средена. Па зборевме нешто со Ане и ми препорача да почнам со Still. Меко, лесно и за спиење. И секако, тоа премногу ми лежеше.. се додека не почнаа лајв стриминг од турнеите. Доволно ме хајпна Ане да ги пуштам во позадина дур дремам на нет, по некоја песна јас го следев концеротот, додека се друго замина во втор план. НастапИШТЕ. Меко? Пих, ми се скокаше у 3-4 ам, оти не слушам музика на слушалки. Без адекватен бас музиката никогаш ја нема квалитетната длабочина. Првиот пат кога ја ислушав а воедно и изгледав Gave Up, станав и се прошетав низ соба, куќа.. се напунив адреналин. :D И така секој настап го очекував како финале од омилена серија, гледав ниту еден да не испуштам а секој следен се беше подобар и подобар, со голема енергија и многу емоции. И секогаш како ролеркостер финишираше со скокање на Head Like a Hole па одма change of pace со Hurt.

Tоа беше тоа. Интернетот ми отиде по најглемите и најквалитетните видео верзии од настапите. Ане се напиша, освен дека NIN се повеќе лајв бенд, неголи студиски.
Секако, да не зборам на времето потрошено на јутуб, а и како класичен зависник, се префрлив на интервјуа, соработки.. you know the drill.
Koлку повеќе дознавав за Trent толку поголем респект имаше од мене. Ми беше како алтер егото на Јорк, животинската страна, која му фали на Том, оти Трент ја има и неговата емотивна. Скоро го прочитав воведот на Форест и дознав дека човекот е оскаровец и голем workoholic. Trent e повеќе од музичар. Трент е уметник. Трент е натчовек!
Освен турнејата, како семи-прмоција беше и новиот албум, па така од летово, NIN ми се качија во топ3 бендови, можеби на оладена глава ќе паднат, ама никако под топ5.

Затоа голема благодарност до Ане. :pipi:

За омилени песни џабе е да пишувам, ама морам да пастирам опис на една од подобрите:

Closer - клише, ама никад не здосадува. Ако си ја немал во позадина за мене си сеуште девица.
:pos:

И секако, песништето морам да го ставам, ветено ми беше. :)


:cuc:
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Пред да дојде друг бенд на тапет уште нешто од мене.
Песнава е за обидот за самоубиство на Трент и е единствената песна на НИН каде има женски вокал. Трент изнајмил куќа покрај океан за да работи на нови песни, а завршил со обид за самоубиство. Веројатно затоа при изведбите во живо на екранот се прикажува море/океан. Продолжение на оваа песна е инструменталката Adrift and at peace.
Омилена изведба на La Mer ми е таа од And all that could have been.

Ме мрзи да барам видеа каде Арон Норт беше гитарист и грешеше постојано во свирењето и мислам дека песната е главен виновник зашто не ми се допаѓаше тој, а не дека бил замена за Робин. Да, Арон знае да дигне атмосфера, има одлична енергија, ама превише е хаотичен. Повеќе гледа да крши инструменти и да рипа наоколу, отколку да свири. Затоа и толку грешки прави.
Сепак одредени видеа со него ги пуштам редовно.
Да го натераш Алесандро да скока е за почит! И ова од истата песна.

Робин исто така знае да крене атмосфера, забавен е со покретите и фаците што ги прави, доста посмирено свири и технички поспремен е. Плус има подобра хемија меѓу него и Трент. Затоа мислам дека многу подобро се вклопува во НИН. Сепак феноменално би било да му текне на Трент да го викне како втор гитарист Арон. Тоа би било одлично за гледање.

Кога веќе начнав нешто за членовите на лајв бендот, да си кажам дека составот од Fragility Tour ми е омилениот.

Колку и да ги почитувам ЈМЈ, Џош и Алесандро, сепак оваа петорка составена од Трент, Робин, Дени Лохнер, Џером Дилон и Чарли Клаусер имаше најголема хемија на сцена, сите заедно креираа одлична атмосфера!
wot ако не ти е гледан целосно And all that could have been live, топла препорака да го гледаш што поскоро. :)

И пошто мислењево беше претежно за настапите, постојат преубави песни кои никогаш не биле изведени во живо, а едноставно не смеат да се испуштат. Такви се And all that could have been, Underneath it all и инструменталките Leaving hope и The Persistence of a loss.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Како не сум го знаел бендот досега :cautious:


Anne. forgive me, I have sin.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ај да чкрапнам и јас по некој збор.

NIN се еден од бендовите кој ги слушавме со починатиот братучед. Тој ме воведе во нив. Ми даде една цедејка на која пишуваше Grunge(иако NIN забегуваат во друга вода, но во цедејкава имаше се нивно до моментот кога била режена). Ми се бендисуваше тоа што Трент успешно ја продолжи еволуцијата на идастријал движењето, со додавање на еден поинаков шмек, поинаков видик, посовремен звук во сето тоа бранување. Ми се допаѓа тоа што успеав да најдам бенд кој ги засити моите апетити од нова музика, на стара матрица. Killing Joke ги имав претходно растурено од слушање, па така многу лесно ги прифатив и NIN кои имаат по некоја допирна точка, но како што кажав, едниве се речиси старци во тој правец, другиве го имаат тој призвук но го изразуваат на нов, суфистициран, модерен начин, со голема тежина и јачина испишана во зборовите на Трентчо. Без дилема човекот е музички генијалец кој со своето делување ито како ја освежи тогашната сцена која пак го достигнуваше зенитот во еден друг правец кој претходно го споменав. За омилен албум не би можел да издвојам, но така помили ми се The Downward Spiral, The Fragile, Pretty Hate Machine. Особено ми се допаѓа тоа што во нивната дискографија човек може да пронајде музика за секаква емоција, за секаква состојба. Ти треба енергија, земи ја, ти треба брзина пак земи ја, ти треба смиреност, ти треба меланхолија, ја имаш и таа. Гласност и тивкост, онаа енергична тивкост која ретко кој бенд знае да ја долови на убав начин, нам тука обичниве смртници да не потпецни внатрешно, да ни подизлажи реалност без капка алкохол во крвта.

Љубител сум одвреме навреме да гледам настапи, оние изведби во живо, но скоро секогаш наидувам на професионализам пропратен со ладност и мерење на тајмерот за крај на еден настап. Кај NIN то чудо го нема. Ти ја даваат сета енергија од сцената лично тебе, ја шират, ја растураат низ публиката, потоа ја собираат назад кон себе, ја надоградуваат и повторно во уште поголем интензитет и правад фидбеци до ниедно време.
Добро го паметам првиот допир со видеото кое ќе го постирам подолу. Гледав онака во мрачната атмосфера и пратев со целосно внимание што се случува. Ја следев фацата на Трент која менуваше црти со секој изговорен збор, со секоја кажана реченица, со секоја запалена искра-емоција. Викам човеков максимално се соживува со музиката! Човекот од максималното соживување прави да се соживувам и јас! Не можам да погледнам дали на рацете има морници, но со сигурност јас ги добивав своите со секое појачување и кулминација во песната. Потоа ја пуштив повторно, и повторно и пак повторно, и така се заиграв час време, но истото и истото чувство ме дружеше, ме скокоткаше, ме воздигаше и акаше од земја. Така ја добив омилената песна која се заѕида длабоко во мене, не оставајќи некој простор за останатите да влезат во некоја си официјална трка на омилена песна.
И што би рекол како завршни зборови. Музиката е уште тука, и ќе биде, таа има сила и јачина, само мораме да дозволиме истата да се протни меѓу нас и во нас. Да бидеме отворени кон неа, да и дозволиме слободен влез со чист ум и мисла. Светот и понатаму е место на генијалци кои не треба да ги негираме со фактот дека се родени во време на негенијалци.

И ова чудо од тие моќните тивки работи.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Идемо даље..




Пинк Флоид(Pink Floyd) претставници и една од најголемите енигми на културата на класичниот рок со елементи од прогресив. Ја предводеле психоделичната андерграунд музика во Лондон во далечната 67ма, кога биле со огромна конкуренција, кога започнувал да се развива овој правец, ера од која потекнуваат многу добри бендови, тие успеале, успеале да станат нешто поголемо и многу попопуларно од обичните бендови. Дури и по напуштањето на нивниот фронтмен, тие остануваат со огромна креативна моќ после првиот нивни албум. Бенд кој направи добри песни и мелодии, и покрај тоа имајќи само неколку класични рифови. Технички совршен бенд, можеби еден од најперфектните во музиката, потпирајќи се на необични звучни ефекти, инвентивни звуци од гитарата и останатите инструменти, звуци кои е екстремно невозможно да се споредат со денешната музика. Ова е бенд кој најголем успех постигна со скоцкан албум на класичен рок и нежен џез, во прогресив рок форма, во кој има учество и нивниот првчен фронт мен, Syd Barrett и албум со чудна рок опера издадена после панк револуцијата. Немаат некоја логика, ама па сите ги сакаме.

Додека првите албуми сеуште се сметале во фаза на експериментирање, нема зошто да се отфрлат како ремек дела. Тие класични албуми завршиле добра работа во дефинирањето и ставањето темели на понатамошната нивна работа.

Секој шо има слушано барем малку од музиката на класичниот рок, познати му се легендарните нивните албуми Dark Side of the Moon и The Wall шо сигурно се во топ 5 албуми вртени тоа време на радио. Тука некаде е и Wish You Were Here, парче уметност.

Членовите на бендот, кој можеби има една од најдинамичните внатрешни збиднувања од сите, најпрво бил предводен од главниот вокал Syd Barrett, кој со љубовта према гитарата и инструменталната музика го направил Тhe piper at the gates of dawn еден од најдобрите класици од 1967та. Rick Wright, воедно и мојо омилен член од бендов, си го земал делот на сентисајзер и бил важна поддршка со иновативни звуци од различни инструменти. Басистот, Roger Waters и тапанарот Nick Mason се исто така важни за споменување. Кога наркотичните средства почнале се повеќе да го загрозуваат здравјето и виталните функции на Barrett, бендот нашол замена во гитаристот David Gilmour, кој од замена останал во бендот трајно. Повеќето од изведбите на албумот A Saucerful of Secrets место Barrett ги прави Gilmour додека во албумот More тотално се губи, со покушај на соло кариера која не траела долго.

Ова се официјалните нивни творби, од целото постоење на бендот.

The Piper At The Gates Of Dawn
A Saucerful Of Secrets
The Man And The Journey
More
Ummagumma
Atom Heart Mother
Relics
Meddle
Obscured By Clouds
Dark Side Of The Moon
Wish You Were Here
Animals
The Wall
Is There Anybody Out There?
The Final Cut
The Pros And Cons Of Hitchhiking (Roger Waters)
Radio K.A.O.S. (Roger Waters)
A Momentary Lapse Of Reason
Delicate Sound Of Thunder
Amused To Death (Roger Waters)
The Division Bell
P*U*L*S*E
In The Flesh (Roger Waters)


 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
кога ќе се спомене PINK FLOYD веднаш на памет ми доаѓа нешто совршено, ненадминливо. со нивната досегашна работа тие секако дека никогаш нема да бидат заборавени.
нема да издвојам ни еден албум, но од песните морам да издвојам 2:


 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Само едно нешто - перфекција и два збора - Пинк Флојд.

Нема доволно зборови за идеал во нашиов речник со кои можам да ја опишам оваа дружина кои ја променија музиката. Оркестарски рок кој ми ги спојува тие тензични жички од една страна, и спокојството од друга. Чувствувајќи ги вибрациите на композиторот ти се изместува душата и просто се губиш во комплексот од ритам акордите. Автори на многу композиции кои те прават да дишеш пребрзо и преспоро, дозволувајќи му на срцето само да збори. Ја имаа таа хемија да ти ја рашират димензијата на вилицата, да те инспирираат, да те освојат.

Текстовите, да не ни зборам, безвременски. Секој посебно зборува за себе, секој со своја приказна. Со овие 14 албуми, ми го прикажаа реалниот свет, поточно светот како треба да изгледа, неговите почетоци, неговите подеми и падежи, каде сме денес, зошто сме таму, зошто постоиме и како функционираме. Ми ја доловија тогашната ситуација, но и универзалната позиција. Ми ја едноставија дефиницијата за времето и за неговата (не)граница, ми ја прикажаа вистинската мајка во едно општество. Ми дозволија да чепнам и од нивната грутка во срцето, да ги почуствувам нивните болки, нивниот напор, растењето без родители, картончињата на нивните јазици...

Секој албум кавер со своја приказна, мистика, гротесност.

Ме научија на поимот живот и на тешкотиите што идат во пакет со него. Не познавам човек што некогаш и секогаш бил против Пинк Флојд.

Имам за што и ќе зборам уште многу за овој квалитет.

1. Pink Floyd
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10. Бенд по избор.

Echoes, MEDDLE - Омилената моја песна која ни го прикажува почетокот на светот и неговиот развиток

И :



Повик кон тебе низ небесната шир... :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
The Meggadeaths? :vozbud:

Флојд ми се онака репер за квалитет и иновативност. Бенд чија што музика досега не избледела, а верувам дека нема ни да избледи. Би ги ставил на можеби скалило подолу од мајсторите од пред неколку стотици години, но дефинитивно се голем траг во историјата на музиката достојни за почит.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Pink Floyd a?

Тука некаде лежи зенитот во музичкото творештво кроз минатава деценија, а и пошироко. Тие силни психоделии како да се вадени од длабочините на еден поинаков свет, да се копани со влог на еден огромен, колективен труд, за на крај да се пласираат во светот на обичните смртници како некоја досега неоткриена супстанција од непознато небесно тело.

Кога станува збор за нивната музика, што се однесува до мене, најмногу сум ја милувал во ноќните часови. Тогаш се чувствувам најопуштен, најбезгрешен, лека-полека го спремам сопственото рестартирање за продолжување од точката во која сум застанал минатиот ден. Пушташ Флојд и леташ со умот кон бесконечното, допираш од непознатото, гледаш работи кои реалноста вешто ти ги сокрила под пазувите на својата валканост, но имагинацијата ја руши оваа бариера велејќи и-Сак мај дик, ај кен си ваЦ бихајнд. И така го продолжуваш своето патување од највисокиот врв на Хималаите во длабочините на Бајкалско езеро.Тамошниот свет те скокотка и игра за тебе непознат танц додека едно албатросче истрчува од нигде никаде и писка како во Еchoes. И така наеднаш сфаќаш дека ноќта се истурила да се покапи во навидум чистите води, додека Месечината нарцисоидно се гледа во воденото огледало, со свото препознатлив тмурен лик. И продолжуваш понатаму. Тркнуваш до кај Јупитер, онака колку да го прашаш во името на добрососедската Земја - Шо прајш комши, арен си?
Тој ти вика-Арно еве прибрав едно астероидче на кај себе, колку да бидеш раат и да продолжиш да уживаш.

Со сила на светлината им влегуваш цик цак на сите небесни тела, како низ корнер знаменца закотвени во непостоечката земја на Универзумот.Играш фудбал, дриблаш со летање, за на крајот од патеката која не го познава својот крај да слушнеш - Ав Ав.
Гледаш така мало кученце кое лае, разлева, Dogs се шушнала некаде кроз винампот. Мава гитарата во добро запомнетата 3:41 минута со секунда, додека морниците и ги продаваш за ич пари на универзумската енергија која себично ги присвојува за себе, онака колку да се има нешто вишок.

Па од нигде никаде ти текнува да ѕирниш на часовникот кој решил да го запре своето движење, демек да те загуби во простор и време, ионака изгубениот ти.
И одеднаш како да слушаш звук на аларм. Гледаш бела содржина пред себе. Гледаш малтер. Гледаш бел таван.
-Еј сум заспал мамата (си се присетил во мигот кога Time се движи кон својата кулминација)
Се прашуваш кога и како. Тешко ти е да се присетиш бидејќи ги поврза реалноста со фантазијата, вешто ги измеша и доби нова смеса без да осетиш дека воопшто си работел.

И мава гитарата на 3:30, а ти си веќе расонет. Онака насмеан стануваш и се спремаш за новиот ден. Ја добиваш потребната доза енергија за нови активности. И така тоа е твој ден, и Пинк Флојд се твои, и еланот да постигниш нешто ново во денот е твој.
Самиот си свој, но ти не би се чувствувал целосен и комплетен кога не би ја пополнил празнината која ја создава околината со својата суровост, преку музиката, преку уметноста. Батери фул, одиме на празнење до новото полнење.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom