Музичко име на тапет : Coldplay

H

HoT IcE

Гостин
За мене Пинк Флојд значи само едно нешто, епитет за квалитет, за емоција и нова димензија додека ги слушаш. Впрочем, за мене Пинк Флојд е најдобрата рок група во светот, била, и ќе остане. Со нив сум доживеал потполно нова димензија, ново искуство дур ги слушам, и беа првиот рок бенд кој ме тотално зарази со рок музика, и ми створи другите музички жанрови да ги сметам за недоволно креативни, недоволно квалитетни за слушање.
Уште се сеќавам кога првиот пат го слушнав The Wall и Dark Side Of The Moon, транс, невидено искуство и ми пробуди безброј чувства, состојби дур ги слушав, на моменти се менуваше и моето доживување на песната. Генијалци, најдобри!
Што се однесува до тематиката на нивната музика, тоа е она најинтересното, често пати и ден денес иако веќе знам на памет што се работи во секој албум, отварам Вики за одреден албум, и дур го слушам пак го читам објаснувањето и идејата на албумот, уште подобро го доживувам, од мистика, до општи прашања па и вонземјанци им се вртат темите. Крајно креативно и интересно, интересни текстови пред све.
Како најдобар албум би го издвоил The Dark Side Of The Moon за мене, а после тоа би следувале The Wall и The Division Bell. Ова се албуми кои за мене лично би ја комплетирале големата тројка од нивни албуми, но секако да не го заборавам и Wish U Were Here кој е masterpiece и е дефинитивно еден од најдобри албуми ever.
Пинк Флојд не се тапетираат, ниту коментираат, ниту објаснуваат. Се доживуваат, и уживаат, исто како и Радиохед, и The Doors и остала багра апла квалитетна музика.
--- надополнето: 6 октомври 2013 во 01:02 ---
И нешто онака за крај, малце похипстерски за оние што Пинк Флојд ги знаат само по Dark Side Of The Moon, додека за другите големи фанови, сигурно ќе се согласат дека е доста интересно и добро парче.
Како и San Tropez од албумот Meddle.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Па, па , па... какви поезии прочитав овде, Бодлер да беше логиран на форумов, читајќи ги последниве постови на газ ќе паднеше.
Проза машко, проза :D
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Негде после втора средно навлегов у нивната музика i сфатив што се и колку се значајни за музиката. Пред тоа, само Wish you were here ја знаев и си викам, ех уште едни од низата love songs бендови. Дете :facepalm:
Арно ама не се избламирав на некој или не дај Боже некоја да ја кажам горната реченица. Случајно некаде ја слушнав Time и тоа беше тоа. Совршенство. Уште немав нет по дома, од моментот кога стаив како опсесија ми станаа, негде после 2007.

Албум по албум ги преслушав и барајќи инфо за нив ги погледнав документарците за The dark side of the moon, Wish you were here, The Wall, па за Барет и почетоците, Which one's Pink и да не набројувам. Само ќе го заборавев мјузиклот исто насловен The Wall.
За мене, а верувам и за многумина Пинк Флојд е нешто најголемо во светот на музиката, ненадминливо. Единствен бенд што барем е блиску до нивното ниво е Лед Цепелин.
Една од поомилените:

 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Татко ми не би ми простил ако знае дека постои ваква тема, со овој бенд на тапет - а јас не сум пишала барем два-три збора :)

Пинк Флојд се присутни буквално во текот на целиот мој живот. Прв пат ги имам слушано на грамафон, уште како бебе, навечер - наместо приспивни песни :) Кај нас дома се задолжителна музика и ден денес, ги пуштаме на родендени, на празници, онака на ручек, на пијано и на трезнење, во кола, во 3 сабајле, само онака...

За мене се посебни, не можам просто да ги вбројам во такви и такви бендови, кои постоеле во тој и тој период и свират таква и таква музика. Безвременски и совршени, мрачни и светли, блиски, суштински мои.

Тешко ми е да опишам со зборови што точно ми се случува кога ги слушам, па нема ни да пробувам. Мака ми е и што живеам во погрешно време, не во нивно време и што никогаш нема да ги чујам во живо.


Само затоа што не е постирана во темава

 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
За мене една од нај андер рејтед песни. Психоделични акорди со бизарни текстови = мистерија. Незнаеш дали е весела или тажна. Снимана во 1968, во период кога Сид ги напушта своите истомисленици. Прва песна каде што Гилмор пее. Читајќи го текстот, ќе си помислите дека се работи за некоја девојка во која се заљубил Роџер и како "фантазирал" на нејзе пред спиење па дури и во сон. Всушност, со песнава Роџер ги објаснува творечките способности на Сид, мрачните приказни пред спиење кои му биле раскажувани на Роџер. Исто така, опишани се и стравот од темнината, кошмарите, моќта на сонот и стравот од смртта. Џулија, всушност не е никој. Ова име ја претставува ужасноста, стравот и анксиозноста. При крајот на песната, се слуша тивок, блед глас кој шепоти: Save me, за да дополнително го збуни љубителот на нивното дело.

 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Една од најтешките работи е да одговориш на прашањето што мислиш за Пинк Флојд. Со нив ме запозна мајка ми. Ми “фрли“ една плоча од нив и тоа баш онаа која после години ми стана омилената. Секогаш се прашував абе што е со ова триаголников, па уште и слика од него обесила на ѕид у соба. Ај ќе пораснеш еден ден сам ќе сфатиш џабе ти е сега, сам ќе доживееш. И така и си беше. После години на интензивно слушање во средно ми влегоа под кожа. Колку само денови и ноќи сум посветил на истражување за дечкиве. Документарци, статии, текстови, интервјуа, преслушување на концерти.
Пинк Флојд е најдоброто што и се случило на музиката. Таа трага која ја оставија во музиката за жал никогаш нема да се повтори. Секој лик од оваа екипа и неговата душа ја прават заедничката целина наречена Пинк Флојд. Уникатни и неописливи звуци од гитари и клавијатура, експериментирање, неверојатни индивидуалци, текстови со длабока порака за која ти треба тумачење, а секој пат се поинаку ги доживуваш и сфаќаш. Омилена фацка Сид. Генијалец кој за жал заврши на таков мизерен начин. Неговите експерименти во музиката се безвременски и неповторливи. Нема помила фацка од онаа на Рик. Човекот кој ти ја дава душата низ звукот на клавијатурите, човекот кој те мрднува од место со звуците и меланхоличниот глас. Не дека другите членови не ги почитувам и не се значајни, но овие двајца мене ми се во срце. Со нив, цигари и чашка винце сум поминувал низ тажните и среќните моменти во животот. Пинк Флојд е единственото нешто кое може да го доведе човек до eargasm.

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Менуваме тапети.

Bon Jovi

Американски бенд кој бил создаден во далечната 1983та година од страна на главниот вокал Џон Бон Џови. Покрај него дел од овој бенд се и гитаристот Richie Sambora, на сентисајзер David Bryan, бас гитара Alec John Such, and тапанарот Tico Torres. Овој состав се одржува веќе 30 години, додека во 94' Alec John Such го напушта бендот.


Најголем успех постигнуваат со нивните два најпознати албуми во 80тите, New Jersey и Slippery When Wet со кои само во САД продале над 19 милиони копии. Во текот на нивната кариера досега овој бенд има снимано 11студиски албуми од кои 9 земале платинум награда.

Нивниот најнов албум беше претставен во 09' година под името The Circle. Овој нивни албум исто така се покажа како доста успешен и доста вртен по радијата. Посебно синглот “We Weren’t Born To Follow” пуштен на 31ви август истата година.

Во изминатите 25 години на издавање на албуми на овој бенд, имаат продадено над 120 милиони копии ширум светот и околу 19 милиони само во САД.

Што мислите за Бон Џови како бенд? Дали ја сакате нивната музика? Според вас, кој им е најдобар албум и дали мислите дека се едни од најдобрите хард рок бендови?

Ако не повеќе, сите ги знаеме познатите Its my life со која отупеа на свирки по кафичи и легендарната Livin on a prayer.
 
H

HoT IcE

Гостин
Тапа. Женцки рок и за тапа слух. Никад не ми се свиѓале, нити ќе ми се допаднат некад, Џон ми е крајно антипатичен лик, како и целата група углавном, а кога и да сакам мудава да ги направам цитрони си пуштам It's my life или Livin' on a prayer или Bed of roses и се чудам уште зошто постојат групи и ликови како плавиве шабани и Џастин Бибер. Толку.(n)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ќе има ли хејтање на темава? После толку време? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom