Мене, искрено скроз глупава ствар ми е оваа дебата. Пред се`, ја мразам елитистичка поставеност на просветлените луѓе, на луѓето кои имаат можност да се себереализираат, таа омраза спрема секојдневниот човек кој, најчесто кубури за живот и нема време да се просветли. Луѓето што работат 15 саати дневно немаат време да одат да слушаат Eric Satie интерпретација или да одат на концерт на Slowdive. Ова не е век на авангардата наспрема традиционалното. Ова е век, за жал на тие што имаат време и можности да се културно реализираат и тие што немаат.
п.с. не велам дека турбо фолк слушаат само луѓе кои немаат средства, но, тоа просветлување кои рокерите сакаат да го направат не може да оди од горе-надолу, првин треба да се средат околностите во кои живееме.
п.п.с. никогаш немам слушано турбо фолк.