Моменти од детството што ќе ги паметите

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Боенкатааааа! :LOL: многу сакав да бојам
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
На скоро сите работи се секќавам... :)
 
H

-HRO

Гостин
Ах пустата желба за играње како дете.
Кога немавме топка, се собиравме и игравме фудбал со пластично шише...трчај, радувај се, скокај...
Играње без престан, дури и на најголемото сонце.
Од далеку се слушаше гласот на мајката кога довикуваше дека е време за ручек.
Ќе отидеш, ќе се најадеш и пак надвор.
Штета што ете тие маалски пријателства исчезнаа, и денеска не се гледаме воопшто.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Ептен сте ја исцрпиле темава :D, се потсетив на еден куп ствари.

Ќе ве надополнам само со албумите со самолепливи сликички, опсесија ми беа како мал. Ама само Покемон успеав цел да го соберам .... :(

Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112
Најубаво ни беше тогаш...:)
Сите деца се собиравме на игралиште и се лизгавме по топоганот, игравме жмурка, брканица и многу други игри и највеќе се нервирав кога мајка ми ќе речеше: Горан, ајде дома, касно е веќе:eek:.
И да, како мал сум собирал жетони од покемон ги имаше порано во чипсовите од 10 ден:D
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Нешто што ме подсеќа на детството е станот на тетка ми и големите вентилатори закачени на ѕид како пропелери додека во позадина иде џибони на фортуна радио и братучед ми ми покажува цицки на црно бел нокиа мобилен од 2000'..
П.С и ја сум игра жмурка :)
 
Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326

--- надополнето: 6 август 2012 во 03:45 ---
И морам да го споменам сладоледот снежец, сеуште му го чувствувам вкусот кога се присетувам
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Мојот прв мобилен од детството пред земјотресот ми беше
моето грло,поточно мојот глас,уште поточно моето викаење.
- „ Мамо утепав гуштер“,се дерам кон мајка ми која пере нешто на маалската чешма на вторит ред куќи по Калето. Таа ја чула ја не,но потоа и го носам дома, еве види што утепав денес.
Гледам пак од Калето со разрушени тогашни ѕидини,мајка ми во дворот се размафтала со сукалото,а целата во бело од брашно, а што би со тогашните знаци на наште мобилки значело- Симнувај се, питата е готова.
Друг пат ете го постариот ми брат,го гледам пак од КАлето,се размафтал со мојата чанта закачена на еден стап па изиграва хелихоптер а уствари мене ми праќа СМС порака со текст.- Ајде доаѓај време е за во школо.
Трет пат јас пак на Калето.гледам тоа татко ми го извадил ременот и се размафтал со него како да брка рој пчели,а тоа ти било,мене ме вика и ми дава сигнал преку визуелната тогаш мобилка,ајде доле магаре низаедно,а јас знам му кажале комшиите дека сум му го возел точакот марка Партизан и тоа под рам а овој пат и оставен со дупната гума. Јас го одовлекувам симнувањето колку можам знам што ме чека и што ќе истрпи мојот газ.
--- надополнето: 27 април 2013 во 13:11 ---
Мојот прв мобилен од детството пред земјотресот ми беше
моето грло,поточно мојот глас,уште поточно моето викаење.
- „ Мамо утепав гуштер“,се дерам кон мајка ми која пере нешто на маалската чешма на вторит ред куќи под Калето. Таа ја чула ја не,но потоа и го носам дома, еве види што утепав денес.

--- надополнето: 27 април 2013 во 13:13 ---

27 април 2013
Мислења
94
Поени од реакции
97
Доаѓаш од школо.Фрлаш ташна не гледаш кој ден е или дали имаш за учење или не и низ врата.
Се согласувам со вас.Денешниве деца не можеш од дома да ги извадиш.Абе не сум се прибирал дома.Тогаш немавме телефони да ти се јават кај си.Ќе дојдеш кога ќе дојдеш и точка.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Вечерва шетавме со жената и внуците(не сите) во паркот на езерата во
Аеродром.И гледам и не ми се верува горе ЗМАЈ, прав =правцат ЗМАЈ,баш онаков каков го паметам од детството во предземјотресно Скопје. Змај шестоаголен од трски и со долга опашка со реси. И пред земјотресот тука многу често на ова исто место се летаа многу Змаеви.А ако случајно се скинеше канапот и ветрот можеше да го однесе и преку Вардар во Ќерамидница или Крњево.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Поубаво нешто од детството нема... по целиот ден градевме куќички на дрво или до неговото стебло, купувавме чипсови не затоа што ни се јадеше, туку да ги собереме сите жетони од дигимон и покемон, потоа игравме фудбал и пат околу светот, а во вечерноте часови игравме жмурка, граница, седевме во куќичките кои ги градевме на дрвото и си раскажувавме морничави приказни :)
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
Никогаш нема да заборавам кога ме тепаше мајка ми.
Тоа беше првата и последната шлаканица што ми ја има удрено, ама здиве жената.
Причината беше тоа што крадев грозје со братучедот.
Во близина на нашата куќа имаше лозје и ние отидовме, наполнивме една кутија од чевли. И така одам јас со кутијата пред мене, горда, ќе и носам на мајка ми да проба, да види што направив...
Од куде ти е овој?
- Како бе мамо од куде ми е, па украде га.
Е дојди ми сга, па ти немаш ли, ако ти се еде нешто на мене ке ми кажеш, ја ке ти купу...

Леле, коренот на косата ме боли кога ќе се сетам колку ме тегнеше.:icon_lol:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Koga na decata vo skolo im gi frliv rancite niz prozor. Potoa i gi izlazav da si go frlat jadenjeto bidejki imalo voski(kim)
Na komsiite im pustiv voda so crevo vo sobata. :D

Koga mi kupija cipican i nintendo. :D
Rezervoarot od kolata go napolniv so voda.

Koga napraviv maska i navecer odevme kaj komsikta koja imase malo dete da go plasime.

Go izvadiv perdeto od doma za da fakam ribi.
Koga mi napravija puska od drvo :D a imav i cevka, a kursumi mi bea onie fisecite. A ne sega decata igraat CS.

Koga navecer vrzuvavme konci po ulicata i ja gledame reakcijata na onie sto se fakaa vo niv.

Mnogu momenti za pametenje koi od koi poludu ne znam nesto pametno da sum napravil, no toa e detstvoto. :D

Sent from my Samsung Galaxy S3
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
-Prviot den na uciliste osnovno i sredno posebno vtoriov go pametam bukvalno celiot pat do skoloto vo koja ucilnica , so koj bev u klupa , i kako bev na mene "doteran".

-Pametam koga mi go kupija prviot tricikl donesen od rusija :D

-Go pametam prviot baknez

-Prvoto tepanje (toa nikako ne se zaborava)

-I isto taka pametam koga izgubivme na turnirot vo mal fudbal vo osnovno odelenije koj se igrase protiv drugite ucilista od regionot poradi moja greska :oops: , i den denes mi go zboruvaat ova koga ke se navrateme na starite denovi so drustvoto :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom