Моменти од детството што ќе ги паметите

Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Жмурка по цели дноој смо играле .... абе најубоо беше , увек имаше некој шо мора да издава и си јадеше ќутек ( колку да го избркамо :D ) .... имаше од типот ако треба да жмури : "Aј бе ја не играм ќе ми се олади млeкото ,заминав ..." :P
Имаше еден куп игре шо смо играле .... стој- стој , жмурка , брканица , тумчи г'з, фудбал на мали голчиња и триста други игре ...
 
Член од
19 август 2011
Мислења
38
Поени од реакции
23
Дојде ред и јас да ви споделам две-три не толку убави и многу болни искуства. Првото е кога прв пат ја скршив десната рака. Беше пред да почнам у забавиште да одам мај месец после роденденот кај баба ми и дедо ми у Ваташа. Над куќата имаше еден празен плац и цело маало си ги оставаа таму тракторите, дрвата, приколиците, колите, беше пренатрупано ама и многу интересно за играње оти имаше доста места за криење, за скокање. Еден ден немаше што да правиме и скокавме од тракторска приколица со братучедите. Тие малце поголеми од мене, скокаа без проблем а ја се мачев (оти и патиките излижани ми беа). При еден скок ми се лизна ногата, паднав дирекно на десната страна врз рака и ја скршив доста јако, за малце и до операција ќе допрев. Во подлактицата ми беше скршена, месец ипол носев гипосови и лангети. Помина тоа што помина. 8ми април беше датата, шесто одд. кога бев, тогаш баш многу беше јак Фени (кошаркарскиот клуб) и зема неколку титули ние многу запалени бевме. и еден ден незнам што ни текна, кој ни кажа да ја куцаме од столче. и се собравме у школото (ја иначе позади школо живеам) ставивме столче и почнавме со едно фудбалче да куцаме. И куцавме со една рака а со другата да се задржиш за мрежата да не паднеш. и незнам кој ѓавол ме натера да пробам со две раце. Рипнав ја закуцав ама неможев да се задржам, паднав на газ и на раце се потпрев и двете раце у ’аут’. 4 недели носев гипс и уште 2 недели лангета. И да не заборавам, секако сум целиот сокршен, главата ми е еднаш дупната. Со братучеда ми дома се тегневме со едно ќебе кој појак бил да го истегне другиот и таа се предаде го пушти ќебето и јас дирекно на ќошот од масата главата ја дупнав 5-6 конци мислам дека ми ставија ама ова ептен одамна е 3-4 години сум имал. :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.837
Поени од реакции
20.302
Можеби смешно, ама јас моја генерација до 15 години игравме ластик пред зграда редовно, после тоа џамија, па јанино јанино и долга магарица, на крај жмурка до сто саат, тој што ќе му се паднеше да жмури мама му се е*еше се забораваше жмурејќи и барајќи, кај све сме се криеле тоа незнам на кој би му текнало, еднаш пробивме скривниците у влез и таму се напикафме, три саати никој неможеше да не најде (нит да ни јави на моб, немавме мобилни ко сеа уште на 5 години со телефоните), со камења сме јаделе за крадење кајсии по дворови, па јаболчиња оние петрофки и што не глупости други, си праефме манџи од ружи.... другарка ми на бегање од еден двор листот го збрца на шилците од ограда па по болници па казни ќотеци, ептен бурно детство, какви се не игри, може ќе им текне на постарите и штркот носи боја ја играфме... и 1 часот помина вештерката ја нема.... до милијарда напред и назад.

Убави денови секој ден до максимум изживеан во права смисла детски.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Се обележува поле за играње, колку повеќе играчи толку поголемо поле се црта/замислува, 1 е Крива Коза обично најмалиот почнува на почеток , и мора да оди/трча на 1 нога , бркајќи ги останатите играчи, кој фати прв станува Крива коза и тој продолжува, најинтересно е ако стапне Кривата коза на 2 нозе сите останати имаат право да го мавааат со клоци до безбедното место, кое е нацртано,тоест куќичката на Кривата Коза :) .
Ние во велес го викаме СОЛЕНКО :D
Ауууу какво пуцање паѓаааа...:D
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.478
Поени од реакции
3.289
Спомени ми се коа игравме по цели денови џамлии и на рацете имав рани и кори од играње, и како собиравме "уникатни" џамлии, пример бразилка, македонка итн., а исто и некој ако играше со нокт го викавме ноктар и го сметавме за крајно не-профи лик.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Ех пред 5 години некаде кај мене во маалото имаше едно дете... ако може така да се каже, постар од мене едно 4-5 години. Кога имав јас 11 години, тој имаше околу 15-16 и седевме ние децата што бевме на слична возраст околу 10тина - 11 години и доаѓа овај и сите го знаат дека многу лаже. Обично праеше муабет за мафијаши, како со сите се знае и демек најголема фаца е.....

и почвиме сега муабет за некој си тип Чале, како бил мафијаш, тој многу го фалеше и демек тој се знаел со него и биле едно :D
И читајте го сега муабетов : [ Тој, се мисли на детето што многу лажеше ]

Тој : Абе ех Чале, најголем ѕвер е, само крадит ова они никој ништо не му мојт. Ако некој нешто ме чепкат, одма го викам и решен проблем.....
... (и сеа јас се газам од смеење, и јас почвам да го заебавам)
Јас : Абе, мене ти најде да ми кажвиш за Чале, јас ко го знаев Чале ти не беше роден :)
Тој : Е како да не си го знаел, од кај го знајш кажи ми нешто за него ако знајш?
Јас : Седи мирен, само лажиш. Знајш сеа Чале ко украде Мерцедес од Битола, пред 2 недели беше ( јас го лажам нешто, така на памет што ми дојде во моментот :D )
Тој : Добро утро, ти кај си? Јас ко знаев......

Абе сите шо бевме друштвово легнавме на земја од смеење, хаос. :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Спомени спомени,имам одлични спомени од детството и во секој момент би се вратил назад а верувам и секој од вас.

Жал ми е што денешната младина го нема истото но најповеќе ми е мерак што јас го истерав така детството,на улица со цела багра уз жмурки,брканици,фудбал и крадење овошки од било кој двор во населбата !

Години што секогаш ќе ги паметам !:pipi:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Најсмешен настан од детството мие еднаш кога крадевне ноќе лубеници собрани 5-6 деца а у тоа нивата чувар старец никаков со пушка полна со сол го брани , идеме ние ноќта да крадеме и секој по две се договаравме да земеме ама коа не сподбрка тој стариот ние метак да не нема , како за беља имало едно мало каналче ископано од метро длабочина и ја трчање у тоа темницата право у него :pos: шпагагуу а усте потрагицно да е место лубеници у тоа брзанјето сум скинал тикви зелени :facepalm: и ја доле у канналчето тиквите врз мене абе едно смеењ отпосле коа се вративне дома:pos: ....ехххх детство каде сии :love:
 
М

Мартин`

Гостин
На темава можам да пишувам до утре без прекин и пак се нема да напишам.. од најмало до најголемо 24/7 на улица бевме сите за јадење не молеа дома да си одиме. И штом заврши една игра одма се почнува друга, нема шанси за запирање :D

- Правевме штаб/куќа во една напуштена куќа каде што постарите беа главни “шефови“ и они ни кажуваа кога ќе можеме да влеземе внатре а кога не, секако за да добиеш чин на член во куќата мора да им носиш јадење, кремови, леб, сокови итн. ѓ
- Собирање на полжави па после да ги продадеме и нормално да си купиме нов фудбал и сокови за пиење ..
- Игравме фудбал скоро цело време а улиците наши со коцки, ридче-долче што се вика едвај се трча на нив а не пак фудбал да играш.. ако случајно топката ти отиде по сокачињата трчаш најмалку уште 600 метри надоле да ја фатиш топката.
- Кога возевме со велосипеди обавезно по ред да се оди, да се знае кој ќе оди прв а кој втор и кој последен (обично по големина имаа предност) а да и обавезно кога пиеме вода од маалската чешма да се знае редот кој прв, кој втор итн.

- Игравме кутија ти го шутираат фудбалот се враќаш откако ќе го земеш и потоа ги бараш другите (како крижи мижи) но треба да пазиш и на топката да не ти ја шутнат па пак одново да ги бараш, и се адешваше често пати помаливе да ги зафркаваме ние дома да си отидеме они бараат и бараат по пола саат ќе испаднеш и они уште таму. Ако случајно се откажат тие што се тука им маваат клоци додека бегаат до дома :pos: и пак кога ќе испаднат исто дневна доза оти избегале кога “лежеле“ на кутија.
- Имаше еден комшија не бркаше кога игравме фудбал оти сме му тропале и ако ни фати фудбали ни ги сечеше и ние како да му вратиме купување 1-2 табли јајца и цела куќа со нив, а кога не е дома во клучалката со лепило и дрва малечки.
- Пари или паричник врзување на живо влакно навечер и кога ќе помине некој кога ќе се обиде да ги земе да ги потегнеш, или пак полнење на фудбал со камења/песок и кога мине некој да му речеш да го шутне.. ако се залета малку повеќе отиде ногата.

- Маало vs маало играње на ракомет, фудбал па и тепање.. искрено ни немаше рамни секогаш победувавме. Исто така играње кошарка без кош туку кој успее да мавне на таблата за улицата што ја пишуваше добива поен исто како кош :icon_mrgr:
- Крадење на цреши, зелени сликиви беше една од полесните работи.. а да и ѕвонење по куќи и бегање ..

Тоа е тоа накратко што ми текнува во моментов, инаку која екипа сме биле уште не ми се верува, цела улица бевме закон.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Сум немал некоја случка па посебно да се сеќавам али во секој случај имало премногу интересни.
Како најинтересни ми било кога ми се дупнувале топки на улица.Тоа претставувало шок за мене.Бидејќи живеам во строг центар во Скопје и на секое можно зеленило испоградија што им текна за играње на секој начин се снаоѓавме.Знаев многу често да играм серва,шуто,фудбал пред сегашна Хавана.И тоа ко мал без осет шутирање.Ќе пукнеш топката,другиот нема да ја фати и бап на улица.И тука коли колку ти душа сака поминуваат и тоа се трауматични секунди коа очекуваш топката да не заврши под нечија кола.Доста топки ми се дупнале така.Али знам дека премногу се разочарував коа ќе ми се дупне така педерски топка...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Ние како мали во маало игравме Моника-мижи... пошто нели као имаше една Моника и... мижеше нон стоп значи :ROFLMAO: , и после се лутеше и ми идеше да ја истепам ама нели пошто е женско :rolleyes: ... па го удрив како му беше името Стефан мислам, и после он плачеше и мајка му дојде и мене да ме нема... се криев зад една гаража додека си отиде :ROFLMAO: Еј, до ден денес си имаме здраво. :pos:
Добро можеби малку сум била over aggressive како дете затоа на карате ме запишаа :P
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Знам дека џамлии нон стоп имав по џебовите и ги продавав на другите.
Кој бизнис правев 1 денар - 1 џамлија :icon_mrgr:
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
110
Поени од реакции
92
Сме играле доста игри и имам многу спомени кога бев мала, бев и малку палава па два пати ја кршев раката и два пати ногата, имам белег на ногата под коленото ми се наби шајка, паднав од мотор па лажев дома дека сум паднала по скали...интересни времиња:D
 
B

Borg_Drone

Гостин
Знам дека џамлии нон стоп имав по џебовите и ги продавав на другите.
Кој бизнис правев 1 денар - 1 џамлија :icon_mrgr:
И играше на ќар за џамлии и се натпреварувавте со другарите кој е попрецизен од вас така?
М.М.Е. ми недостигаат времињата, најмногу поради црешите кои ги јадев ноќно време, така обесен (не буквално) на дрво ги глодав гранките.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom