Моментална физичка состојба (слики)

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.861
Поени од реакции
7.320
За жал не, тој ја исполни мојата желба за бидување амбасадор во Бразил. :ROFLMAO: Фала ти!
 
Член од
19 март 2014
Мислења
642
Поени од реакции
963
Оти ти мавнал оној енгри фејс? :icon_lol:
Ме нападна тој период кога и тебе те нападна. Организирано напаѓаше на сите страни, така лечи фрустрации.
Автоматски споено мислење:

Фала ти, Аце! На кратко, минатата година ова време бев 117 кила, а висок сум 171/2. Значи, не беше баш лесно. Го сменив доручекот и до лето симнав 10 кила. Очигледно, не беше доволно. Се вратив од Варшава, се чувствував убаво и ми дојде само да го искористам чувството и да направам порадикални промени. За два дена од одлуката, се договорив со тренер и влегов во теретана. Сменив исхрана, се водам по план на исхрана. Немав нешто проблеми со прекинување на лошите навики, природно се осеќав. Немав проблем со cravings. До скоро одев 5 пати неделно во теретана, 3 тежински и 2 кардио. Сега исфрлив еден ден кардио. Моментално сум на 74 кила и го завршив процесот на слабеење, сега маса и обликување. :) Во овие 7-8 месеци имам пропуштено само 3 тренинзи. Искрено, сѐ ми промени. Расположение, фокус, енергија. Се будам како дете расположен. Не очекував дека толку ќе уживам одејќи во теретана.
Ај сега признај колку од твоите познаници блиски те прашаа дали си добар, да не си болен нешто и слични глупи прашања :)Бидејќи нашите кога си 117кг никој не те прашува дали е се во ред, ама ако те видат дека симињаш килажа одма добиваш милион прашања.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.861
Поени од реакции
7.320
Ме нападна тој период кога и тебе те нападна. Организирано напаѓаше на сите страни, така лечи фрустрации.
Автоматски споено мислење:

Ај сега признај колку од твоите познаници блиски те прашаа дали си добар, да не си болен нешто и слични глупи прашања :)Бидејќи нашите кога си 117кг никој не те прашува дали е се во ред, ама ако те видат дека симињаш килажа одма добиваш милион прашања.
Хах, да. Не толку блиски, ама имаше што ме прашаа дали по свој избор е слабеење или ради болест. :ROFLMAO:
 
Член од
19 март 2014
Мислења
642
Поени од реакции
963
Хах, да. Не толку блиски, ама имаше што ме прашаа дали по свој избор е слабеење или ради болест. :ROFLMAO:
Како и да е честитки за твојот огромен успех. Си го направил својот живот пофункционален.

Сега кога веќе си почнал со маса само верувај во процесот и немој да паѓаш психички вагата кога ќе отиде некое кило горе. Тоа е се дел од градењето на силно тело. Ова го пишувам бидејќи психички луѓето тешко го прифаќаат качувањето килажа свесно.
Поздрав и те чекаме на лето со +3-4 кг мускули!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.976
Поени од реакции
25.631
Јас имам паѓано баш поради вагата и сум знаела да се откажам и да терам пак по старо. Голема благодарност до @Avramovski777 затоа што секогаш успева да ме крене. :) Човекот ми е и ментор и психолог и сѐ! Следете го на инста, дава корисни совети, охрабрува, инспирира и секогаш е тука да помогне.
 
Ти си кралица која ќе влезе ова лето во најјака форма и не само што ќе влезеш туку и ќе ја држиш до крај на живот.Тоа е целта нели? Викингот ќе благословува :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom