Не се прај паметен многу, како прво не разбираш шо напишав. Јас викам дека човекот користи процент од можностите на мозокот, органот физички во целост му е потребен. Муабето ми беше дека факат е оти мозокот на човекот со текот на времето се развива, шо води кон сознание дека всушност не е достигнат максимумот и прашање е дали ќе се достигни. А максимумот е 100%, шо значи дека човекот искористува моментално помалку од 100% од мозокот.
А колку точно искористува нема НИКОЈ докажано, ниту пак во догледна иднина ќе докажи. А ти Аурора не ми изигравај овде научник, работата на мозоко е најголема мистерија во науката. Кажи ми ти на кој начин ќе го измериш капацитетот на мозокот па после неговата искористеност процентуално. Апсурдна е таа работа, толку е комплицирана и апстракна работата на мозокот шо не можеме ни да си претпоставиме за шо се е способен. Не прам муабет јас за биолошките процеси шо се дешават во мозоко или пак кој дел од мозокот за шо служи. Иако со резерва, тие работи ги прифаќам, ама со конкретни когнитивни докази не можи да се докажи вистинскиот потенцијал или капацитет на мозоко.
Значи дефинитивно процент, факт е самото тоа што некои луѓе се научници, а некои не знаат колку се 2+2. А колкав процент можи само да се шпекулира.