Минимална плата: Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно?!

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.139
Поени од реакции
21.776
Минималната плата треба да биде доволна само за прехрана, која прехрана е кај нас жити се со 8.000 денари тоалер папир нема да можеш да земеш.
Добро бе човече каков тоалет папир ти користиш и што правиш со него? Не сакам ни да помислам колку трошиш за салфетки:)
А оти не користиш шише со вода како цел нормален муслимански свет. Сигурен сум дека толкава сметка за вода нема да ти иди.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Јас не сум газда и најверојатно, нема ниту да бидам газда.
Но еве ја суштината на мојето мислење.
Газдите сакаат што помалку да им платат на работниците. И не само тоа - со рационализација на производството, воведување на помодерни машини, применување на масовно производство и други технички мерки, се намалува вкупното количество на плати кои газдите ги исплаќаат.
Ако, вкупната количина на плати се намали - се намалува куповната моќ на населението, па така така се намалува и побарувачката на производи и услуги кои ги нудат газдите. И газдите нема да можат да ги продадат своите производи, бидејќи нема кој да ги купи.
Ова стана очигледно уште на крајот на 19. век и стана неиздржливо во економската криза од 1929 година
Toa доведува до пропаст на производството и на економијата па потоа и на државата
Од тогаш почна нова политика - Државите се задолжуваат и таквите пари ги делат на населението или дирекно или преку јавни работи или слично за да се зголеми куповната моќ на населението а со тоа и побарувачката на производи.
Затоа сега сите па и ние имаме буџетски дефицити.
Значи не гледај со „ црни очи “ на вакви работи.
Неможе со зголемување само на побарувачка да се стимулира економија бидејќи тоа води до инфлација. А инфлација резултира со намалување на куповна моќ. Да има толку магично решение сите би го примениле. Државата би испечатила пари би и ги дала на потрошувачите и решен проблем...со тоа наместо дефлациона спирала би се создала инфлациона спирала на плати-цени. Имаше таков пример во 80тите во СФРЈ. Нема магично државно решение и декрет со кој трајно би се зголемила куповната моќ на платите преку ноќ. За тоа треба многу време и раст а не минимална плата и други опасни политики.
Од минимална плата посебно висока само лошо може се да се заврши.
Неможе да се намалува профитот тој мора да биде константен една од основните причини за рецесија е намалување на профитната стапка.
Што се случува Фирма Х има поврат на капитал од 10% а банкарска камата е 4%. Поради минималан плата трошоците се зголемува а профитната стапка паѓа на да речеме 4%. Која е мотивација на газдата да ја води таа фирма? Кога за помал ризик може парите во банка да ги стави. И нормално ја ликвидира фирмата.
Со минмална плата од 1000 евра дали ќе останат 1000 работни места и 100 фирми. Треба сериозно и одговорно со овие работи. Барања за висока минимална плата се опасни и најверојатно ќе настрадаат тие што мислат дека најмногу ќе добијат.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 02:27 ---
Овие барања фино звучат на хартија ама во ако се анализираат ќе се види дека се опасни и цврливи од внатре.
 
Член од
11 септември 2013
Мислења
33
Поени од реакции
17

Банката позајмува и изнајмува капитал(т.е. кога изнајмува капитал прибира договорена рента на позајмените средства, како што некој што издава стан прибира кирија за доставената услуга(овде капиталот е станот, амортизација, ...).
Профитот на банката доага од разликата помеѓу каматата на изнајмени и позајмени средства.
Ако падне профитот на фирмите(се зголемува трошокот поради минимална плата), ќе падне за сите(средностатистички). Истовремено ќе падне и профитот на банката, повлекувајќи ја со себе и банкарската каматата. Ако и само ако системот е затворен. Ако е отворен, т.е. ако капиталот слободно може да се внесува и изнесува во останати држави, капиталот ќе го најде своето вистинско место, т.е. евентуално би се пренасочил онаму каде што е најпродуктивен(најверојатно ќе враќа поврат поголем од 4% под претпоставка, но не секогаш, барем теоретски).(друга претпоставка, без креативност со печатачката преса)

Проблемот со минималната плата во мк од 8050 ден е што е навистина минимална. Со 8050 денари човек би требало да користи simplex алгоритам за оптимизација на внесот на храната т.е. метод за одредување на видот и количината на храната со цел да се минимизираат потрошените парични средства и да се внесат препорачаните дневни количини на протеини, минерали, витамини, калории...

Подобро е да се земе вредноста од 8050ден минимална плата за оние коишто неможат да најдат работа за барем толку средства како информација за наогање на некое креативно решение(работа во странство).
пр. цената на земјоделските производи служи и како информација за потребите на пазарот.

За нешто тангентијално(според мене) поврзано:
Има една од Смит: „The capacity of his stomach bears no proportion to the immensity of his desires, and will receive no more than that of the meanest peasant.“, за жал, „Any plant that produces fat can be used to produce biofuel. The most common plants used are the oil seed plants such as corn, rape, sunflour ...“​
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Неможе со зголемување само на побарувачка да се стимулира економија бидејќи тоа води до инфлација. А инфлација резултира со намалување на куповна моќ. Да има толку магично решение сите би го примениле. Државата би испечатила пари би и ги дала на потрошувачите и решен проблем...со тоа наместо дефлациона спирала би се создала инфлациона спирала на плати-цени. Имаше таков пример во 80тите во СФРЈ. Нема магично државно решение и декрет со кој трајно би се зголемила куповната моќ на платите преку ноќ. За тоа треба многу време и раст а не минимална плата и други опасни политики.
Од минимална плата посебно висока само лошо може се да се заврши.
Неможе да се намалува профитот тој мора да биде константен една од основните причини за рецесија е намалување на профитната стапка.
Што се случува Фирма Х има поврат на капитал од 10% а банкарска камата е 4%. Поради минималан плата трошоците се зголемува а профитната стапка паѓа на да речеме 4%. Која е мотивација на газдата да ја води таа фирма? Кога за помал ризик може парите во банка да ги стави. И нормално ја ликвидира фирмата.
Со минмална плата од 1000 евра дали ќе останат 1000 работни места и 100 фирми. Треба сериозно и одговорно со овие работи. Барања за висока минимална плата се опасни и најверојатно ќе настрадаат тие што мислат дека најмногу ќе добијат.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 02:27 ---
Овие барања фино звучат на хартија ама во ако се анализираат ќе се види дека се опасни и цврливи од внатре.
Твоите ставови се исти со ставовите на оние економисти кои мислат дека остварувањето на профитот е единствен смисол на постоење на општеството и единствен начин на фукционирање на општеството.
Но кај нас практично ништо не се ни произведува, па се прашувам кое производство ќе пропадне ако профитите се намалат?
Но еве да го прифатиме твоето тврдење како точно
Но што пречи да овие мизерни плати, кои им обезбедуваат профит на газдите, државата ги надопони барем за уште толку за станат барем пристојни. Веројатно знаеш дека за зонско се даваат огромни субвенции и можат да речат наместо да го субвенционираме зонско со милиони евра субвенции, со тие пари ќе ги дополниме најниските плати, а зонско ќе го укинеме

Има една друга димензија, која ти ја забораваш, а тоа е политиката -
Ако огромен број луѓе држиш во сиромаштво, беда и мизерија, можно е да се појават многу лоши работи.
По Втората светска војна, во 1948 година е донесена Универзалната декларација за правата на човекот. Во Преамбулата на ова декларација се наведени шест причини за нејзино донесување
Еве една од нив:
Бидејќи непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултираа со варварски постапки што претставуваат навреда на човековата совест и бидејќи создавањето на свет во кој луѓето ќе ја уживаат слободата на говор и убедување и ќе бидат ослободени од стравот од војна и сиромаштија, се прогласува како најголем идеал на сите луѓе;
Не знам дали ја разбра пораката - ако луѓето ги држиш во мизерија, а мизерија е плата од 8050 денари - може повторно да се сличи минатото од кое се срамиме.
Затоа во член 23 се вели дека секој треба да има работа и убава плата, а ако таа плата не е доволна треба да се надополни од посебни фондови
Те молам прочитај:
1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.
2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.
3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.
4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзална_декларација_за_човековите_права
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Покрај најниската од најниските, и просечната плата ни е најниска на Балканот.
Македонците и Србите со најниски, а Хрватите и Црногорците со највисоки плати
У ствари Македонија просекот е 342, Албанија 380, Србија 392...значи Македонија е падната на најниско ниво на балканот од после 2 светска војна наваму. Нормално е дека македонецот ќе нема достоинствен живот.
А при дефинирање на достоинствен живот може да се опфатат и други фактори, не само материјалниот ама тоа по се изгледа за други теми.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.750
Поени од реакции
6.695
Твоите ставови се исти со ставовите на оние економисти кои мислат дека остварувањето на профитот е единствен смисол на постоење на општеството и единствен начин на фукционирање на општеството.
Но кај нас практично ништо не се ни произведува, па се прашувам кое производство ќе пропадне ако профитите се намалат?
Но еве да го прифатиме твоето тврдење како точно
Но што пречи да овие мизерни плати, кои им обезбедуваат профит на газдите, државата ги надопони барем за уште толку за станат барем пристојни. Веројатно знаеш дека за зонско се даваат огромни субвенции и можат да речат наместо да го субвенционираме зонско со милиони евра субвенции, со тие пари ќе ги дополниме најниските плати, а зонско ќе го укинеме

Има една друга димензија, која ти ја забораваш, а тоа е политиката -
Ако огромен број луѓе држиш во сиромаштво, беда и мизерија, можно е да се појават многу лоши работи.
По Втората светска војна, во 1948 година е донесена Универзалната декларација за правата на човекот. Во Преамбулата на ова декларација се наведени шест причини за нејзино донесување
Еве една од нив:
Бидејќи непочитувањето и омаловажувањето на човековите права резултираа со варварски постапки што претставуваат навреда на човековата совест и бидејќи создавањето на свет во кој луѓето ќе ја уживаат слободата на говор и убедување и ќе бидат ослободени од стравот од војна и сиромаштија, се прогласува како најголем идеал на сите луѓе;
Не знам дали ја разбра пораката - ако луѓето ги држиш во мизерија, а мизерија е плата од 8050 денари - може повторно да се сличи минатото од кое се срамиме.
Затоа во член 23 се вели дека секој треба да има работа и убава плата, а ако таа плата не е доволна треба да се надополни од посебни фондови
Те молам прочитај:
1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.
2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.
3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.
4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзална_декларација_за_човековите_права
Се согласувам потполно со ова што го кажа, ама ова не е применливо кај нас ни најмалку. Затоа што сите си ќутиме, гледаме да помине денот, месецот, годината, да сврземе крај со крај, да заштедиме нешто за свадби, кирии, за погреби...Сите со наведнати глави одиме да работиме од сабајле, да р'мбаме, а со уште понаведнати се враќаме попладне, јадеме што има да се јади, гледаме ТВ и спијаме, затоа што другиот ден пак не чека истото, истата монотонија во борба и за таа минимална плата што ја имаме. На само 2 начина може да се подобри општата состојба, а ниту еден од нив не ми изгледа остварлив во блиска..па и во далечна иднина. Првиот е самата држава, нејзините функционери да решат еднаш засекогаш како ова општество треба да функционира, да престанат да мислат на личните и партиски интереси и да почнат да мислат за народот. Ако не знаат како се прави тоа, има доста примери во светот, нека земат оттаму...Чешка, Словенија, Тајван, Кореја, Турција, итн...
Вториот е ние самите да превземеме нешто, преку протести, кои ќе бидат темелни , сеопфатни, планирани, со силна организација, со јасни цели. Да се активираат синдикатите на работниците, да престанат да бидат столче на власта на кое таа ќе си седи лежерно без таквото да ја боли за масата народ кој тој синдикат треба да го заштитува.

Ама како што реков, ова е само пуста желба, моја, а верувам и на други кајганџии тука кои ќе се согласат, затоа што македонија е едно труло општество, како организам заболен од рак, кој на крај, колку сакаш обидувај се да го спасиш, одржиш во живот, сепак ќе умре. Сега засега се одржуваме, со цевчето со инфузија опстануваме...прашањето е до кога?

Го пишувам ова поттикнат од постовите погоре, но и поради тоа што за 10 мин треба да излезам и јас да се вклопам во сивилото, да ги заработам мизерните 5 евра денеска шо ми се дел од минималната плата.

Поздрав.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бидете хумани, донирајте и вие за подобрување на имотната состојба на Сашо Мијалков

Директорувањето со ДБК за Сашо Мијалков, братучед на премиерот, на бизнис план е чисто тапкање во место, покажува неговиот анкетен лист. Додека се бавел со градежен бизнис ги заработил сите свои милиони, а откако е на функција имотната состојба му е во тешка стагнација. Мојот имотен лист од 2008 до денес е непроменет, се пожали Мијалков. По ова, повеќе хумани граѓани почнаа да собираат доброволни прилози за подобрување на имотната состојба на шефот на ДБК.

И наместо да ја почитуваат оваа жртва на Мијалков за Македонија, опозицијата го напаѓа дека нелегално со обогатил.
- Човекот го жртвуваше бизнисот за да ја преземе тешката функција во тајната полиција. Како некои луѓе може да бидат со толку тесни видици и да не согледаат за каков патриотски чин станува збор – велат граѓаните поддржувачи на ликот и делото на овој наш поранешен бизнисмен.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
опозицијата го напаѓа дека нелегално се обогатил.
Во овој дел од твојата реченица е искажана суштината на она што е денес стварност во Македонија....
Опозицијата напаѓа .... Власта се брани...
А што напаѓаат и што бранат?
Сами себе меѓусебно се напаѓаат.
Дали некогаш сте слушнале некој политичар да нападне дека минималната плата од 8050 денари е смешно мала?
Дали сте слушнале некој политичар да нападне дека невработеноста е ужасно голема?
И да рече Македонија е членка на ООН и должна е да ја почитува Универзалната декларација за правата на човекот и за сите граѓани да обезбеди вработување и пристојни плати
Такво нешто ниту еден политичар не вели...
Има и други работи... Зошто струјата е толку скапа? Зошто зонашите не дискриминираат и казнуваат? Зошто Топлификација... ?
Никогаш такво нешто од политичар не сте слушнале ниту ќе слушнете ....
Такви работи само ние ќе „ ломотиме “, а тие ќе си тераат по свое
Политичарите се затворен свет за себе и нив очигледно не ги интересира како ни е нам. Нив ги интересираат само нивните лични интереси
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ништо не треба да се изгласа. Треба само некој да стави рампа на црната економија кај нас. Еднаш засекогаш да важи правилото дека ако си амбициозен, ако имаш мотив, желба, знаење и капитал дека можеш да успееш без никој да ти стои на патот. Тогаш кога фирмите ќе остваруваат профит и ќе имаме некое големо економско движење можеме да збориме за зголемување на минималната плата.

Сега кажими како тоа ќе го успееш кога истите тие што ги донесуваат законите ги држат рекетарите, ја држат конкуренцијата, сите правиле се нивни. Што значи од старт ти вика чекај малку каде се леташ.

Па кога една толпа си ги диктира правилата како можеме да очекуваме економски раст и развој? Минималната плата треба да биде доволна само за прехрана, која прехрана е кај нас жити се со 8.000 денари тоалер папир нема да можеш да земеш.

Развојот се остварува постепено, само на кого да му кажеш не мрдаме од место веќе подолго време. Иначе во право ти е постот туку така нагли промени не се прават за жал, може само да и наштетат на економијата.
Свесен си дека сивата или црната економија како што ја нарекуваш ти е добра за сите ?
Свесен си дека во ваква држава каде што парите собрани од даноци се одлеваат на буквална кражба со порачување на апсурдни проекти никој нема никаква корист од тоа оданочување освен два тројца ?
Свесен си дека додека цветаше сивата економија во македонија народот живееше многу подобро од колку сега кога ете е намалена и фрштат инспекции на сите страни ?
Јасно ти е дека и купишта легислативи закони и подзакони да се донесат за запирање на црната економија тие ќе бидат донесени само неколкумина да можат да печалат ?
Па добро бе сивата економија беше супер додека не се обогатија ајдуците како овој стефус сега ќе регулираме пошо парите и капиталот треба да бидат само наши .
ЖИМИ КУРОВ нај паметно во македонија ти е да не отвараш никакв фирма и да не плаќаш никакви даноци и давачки, само луд човек сега би инвестирал легално и би плаќал данок на било која држава посебно не на некоја сјебана кава што е македонијава во моментов,работи на црно заобиколувај им ги дебилните закони наоѓај ги дупките и онака се преполни законите со нив, е сега ако си доволно паметен да ги извозиш супер за тебе ако си глуп те изеде помрачина и пропадна начисто.
--- надополнето: 1 ноември 2013 во 18:27 ---
Бидете хумани, донирајте и вие за подобрување на имотната состојба на Сашо Мијалков

Директорувањето со ДБК за Сашо Мијалков, братучед на премиерот, на бизнис план е чисто тапкање во место, покажува неговиот анкетен лист. Додека се бавел со градежен бизнис ги заработил сите свои милиони, а откако е на функција имотната состојба му е во тешка стагнација. Мојот имотен лист од 2008 до денес е непроменет, се пожали Мијалков. По ова, повеќе хумани граѓани почнаа да собираат доброволни прилози за подобрување на имотната состојба на шефот на ДБК.

И наместо да ја почитуваат оваа жртва на Мијалков за Македонија, опозицијата го напаѓа дека нелегално со обогатил.
- Човекот го жртвуваше бизнисот за да ја преземе тешката функција во тајната полиција. Како некои луѓе може да бидат со толку тесни видици и да не согледаат за каков патриотски чин станува збор – велат граѓаните поддржувачи на ликот и делото на овој наш поранешен бизнисмен.
Нешо бројчиња да не имаш за донација ?
--- надополнето: 1 ноември 2013 во 18:30 ---
Добро бе човече каков тоалет папир ти користиш и што правиш со него? Не сакам ни да помислам колку трошиш за салфетки:)
А оти не користиш шише со вода како цел нормален муслимански свет. Сигурен сум дека толкава сметка за вода нема да ти иди.
Ти плаќаш некаков данок на приход за она што го работиш на црно ?
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Со 8050 денари можеш да си платиш некоја рата од казната што ќе ти ја акнат ради претерано дишење во земјава, така да бидете среќни! :facepalm:
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Свесен си дека сивата или црната економија како што ја нарекуваш ти е добра за сите ?
Свесен си дека во ваква држава каде што парите собрани од даноци се одлеваат на буквална кражба со порачување на апсурдни проекти никој нема никаква корист од тоа оданочување освен два тројца ?
Свесен си дека додека цветаше сивата економија во македонија народот живееше многу подобро од колку сега кога ете е намалена и фрштат инспекции на сите страни ?
Јасно ти е дека и купишта легислативи закони и подзакони да се донесат за запирање на црната економија тие ќе бидат донесени само неколкумина да можат да печалат ?
Па добро бе сивата економија беше супер додека не се обогатија ајдуците како овој стефус сега ќе регулираме пошо парите и капиталот треба да бидат само наши .
ЖИМИ КУРОВ нај паметно во македонија ти е да не отвараш никакв фирма и да не плаќаш никакви даноци и давачки, само луд човек сега би инвестирал легално и би плаќал данок на било која држава посебно не на некоја сјебана кава што е македонијава во моментов,работи на црно заобиколувај им ги дебилните закони наоѓај ги дупките и онака се преполни законите со нив, е сега ако си доволно паметен да ги извозиш супер за тебе ако си глуп те изеде помрачина и пропадна начисто.
Ама зошто да има сива економија бре човек?! Не ме сваќаш ти.

Постот ми беше ако постои закон нека се почитува, а не да стои само за украс во тој мочан устав, само лице да се прави на другите држави. Па во денешно време ако сака некој да те фати ќе ти најде најмалку 100000 работи што ги правиш нелегално и ќе те затвори ете тука е проблемот. Што ако неќам да лижам на никој гз од власта морам да пропаднам???

Кај нас и да сакаш неможеш да ги почитуваш сите закони. Пошто ќе пропаднеш. Уште оваа малечка економија ако се удри со инспекции ебавме мајката . Се живеело подобро нормално, кога некој друг не ти ги зема парите како нема да се живее подобро.
 
Па удираат со инспекции, ама селективно и не каде што треба,тоа е целиот проблем.
Отиди во било која поголема фирма,секој е со некого поврзан, отиди по големине дискотеки кафани клубови, на сите страни како свински црева и недај боже да му засметаш на некого те изедоа преку ноќ.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113

Kajgana Shop

На врв Bottom