Минимална плата: Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно?!

Замисли си седиш дома и на сметка секој први во месецот ти стигнуваат 30000 денари( гледано со сегашните цени пример).

Нема што да си замислуваш, само погледни ги рамковните или новопримените во Македонски Дрва и ќе ја видиш сликата што си ја опишал.
 
Нема што да си замислуваш, само погледни ги рамковните или новопримените во Македонски Дрва и ќе ја видиш сликата што си ја опишал.

Далеку е ова од сликата која јас ја опишав.
Ове се водат како вработени, а јас мислев на сите граѓани кои се државјани на Македонија и се полнолетни. Никаде не спомнав да се вработени. Ама сепак кога сме и кај тоа јас би сакал во тоа списокот да стои да се зема тој паричен надоместок без разлика дали си или не си вработен. Оти на некој му е малце на пример 30000 од дома седење да зема па ке сака и да подработи нешто.
Кој е ЗА нека крени рака.
Кој е Против државата да му обезбеди пари за пат ,кирија и месечен надоместок не поголем од 30000 додека му најди работа во некоја од западните држави ( или додека сам не си најди ).
Јас мислам дека е вака најубаво и најфер. Ајде сега да се организираме и храбро да тргниме во политичка и синдикална борба. Нема повеќе лабаво.
 
Јас мислам дека е вака најубаво и најфер. Ајде сега да се организираме и храбро да тргниме во политичка и синдикална борба. Нема повеќе лабаво.
Се согласувам...
Нашите барања нека бидат одредбите на Универзалната декларација за правата на човекот на ООН
Член 22. Секој, како член на општеството, има право на социјана сигурност и има право да ги остваува своите економски, социјални и културни права, неделиви од неговото достоинство и слободниот развој на неговата личност, и тоа преку национални напори и меѓународна соработка и во согласност со поредокот и потенцијалите на секоја држава.

Член 23. 1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.

2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.
3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.
4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.

Член 24. Секој има право на одмор и слободно време, вклучувајќи ги тука и разумното ограничување на работното време и правото на повремен платен одмор.

Член 25. 1. Секој има право на животен стандард што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди здравје и добробит, вклучувајќи храна, облека, живеалиште и медицинска грижа и неопходни социјални услуги, и право на осигурување во случај на невработеност, болест, инвалидност, вдовство, старост или во друг случај на недостаточни средства за живот поради околности што се надвор од неговата контрола.
2. На мајките и на децата им припаѓаат посебна грижа и помош. Сите деца, без оглед на тоа дали се вонбрачни или не, ќе ја уживаат истата социјална заштита.
Член 28. Секој има право на општествен и меѓународен поредок, во кои правата и слободите наведени во оваа Декларација можат да бидат целосно реализирани.

http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзална_декларација_за_човековите_права
 
Вечерва се возев со 57 - ица и до мене седеше една сосема млада девојка. Гледам има два мобилни телефони и ја прашав: Зошто имаш два мобилни кога јас имам само еден. Ми рече и на двата телефони операторите крадат па со двата телефони некако се справува со крадењето ама не разбрав како.
А јас помислив, ете мобилните оператори крадат, краде ЕВН, а за Топлификација да не збориме - тие се шампиони во крадење.... Крадат при мерење кога купуваме. Крадат вака, крадат така..... И сето тоа крадење треба да се финансира од 8050 денари.

Грешка си... Народот не е образуван и плука на се и сешто. ЕВН не краде, како краде? Едноставно сега е светска криза и мора да си покријат трошоците. Ама во услови на светска криза Македонија оди напред ! Значи треба среќни да бидеме !

Зошто треба среќни да бидеме ќе прашаш?
Еве зошто:
- На 200 евра плата македонецот за струја во Македонија ќе плати 150 евра сметка

- На 3-4.000 долари плата американецот за струја во Америка ќе плати 100 долари ( 73 евра )

http://www.motherearthnews.com/renewable-energy/average-electric-bills.aspx#axzz2iHnC8oah

Што не е јасно? Мора да ги сватиш и нив па греота се, ќе пропаднат ако имаат пониски цени.

Кај беа оние статиите Македонија дека има најниска цена за електрична енергија, каде се у гз да си ги напикате доста само се лаже во оваа мочана земја...
 
Се согласувам...
Нашите барања нека бидат одредбите на Универзалната декларација за правата на човекот на ООН
Член 22. Секој, како член на општеството, има право на социјана сигурност и има право да ги остваува своите економски, социјални и културни права, неделиви од неговото достоинство и слободниот развој на неговата личност, и тоа преку национални напори и меѓународна соработка и во согласност со поредокот и потенцијалите на секоја држава.

Важи бе, јас немам против ич, само што ова болдираното некако ми боде очи. Незнам зошто.
Инаку во тие ООН многу работи многу убаво ги пишува, арно ама реалноста нешто друго кажува. Ние како држава и како народ сме жив пример за тоа, ама ај нека ви биди.
И не ми одгвори на прашањето, можеби го промаши па пак ке ти го поставам. Ти ако си газда дали би плаќал повеќе за нешто ако можеш да го земиш , платиш или добиеш за помалце отколку што некој ти го нуди?
 
Јас не сум газда и најверојатно, нема ниту да бидам газда.
Но еве ја суштината на мојето мислење.
Газдите сакаат што помалку да им платат на работниците. И не само тоа - со рационализација на производството, воведување на помодерни машини, применување на масовно производство и други технички мерки, се намалува вкупното количество на плати кои газдите ги исплаќаат.
Ако, вкупната количина на плати се намали - се намалува куповната моќ на населението, па така така се намалува и побарувачката на производи и услуги кои ги нудат газдите. И газдите нема да можат да ги продадат своите производи, бидејќи нема кој да ги купи.
Ова стана очигледно уште на крајот на 19. век и стана неиздржливо во економската криза од 1929 година
Toa доведува до пропаст на производството и на економијата па потоа и на државата
Од тогаш почна нова политика - Државите се задолжуваат и таквите пари ги делат на населението или дирекно или преку јавни работи или слично за да се зголеми куповната моќ на населението а со тоа и побарувачката на производи.
Затоа сега сите па и ние имаме буџетски дефицити.
Значи не гледај со „ црни очи “ на вакви работи.
 
рационализација на производството, воведување на помодерни машини, применување на масовно производство и други технички мерки, се намалува вкупното количество на плати кои газдите ги исплаќаат.

За Македонија збораме така?
Јас мислев дека имаме невработеност и низок стандард ради пропаднати и затворени фабрики а у ствари то било ради “воведување на помодерни машини, применување на масовно производство и други технички мерки“
 
Пропаднатите и затворените фабрики во Македонија се сосема друга работа и сосема друга тема.
Овде зборуваме за минималната плата. Некои учесници во дискусијата сметаат дека е таа многу мала. Некои сметаат дека е голема, а некои сметаат дека воопшто не треба да се предвидува минимална плата.
Овде имаше учесници кои тврдеа дека во САД не е гарантирана минимална плата, но не е така
Во 1938 во склоп на програмата New Deal, донесен е законот ца Фер работен стандард според кој работното време е ограничено на 44 часа неделно а минималната плата е предвидена на 25 центи на час.
The Fair Labor Standards Act of 1938 set maximum hours (44 per week) and minimum wages (25 cents per hour) for most categories of workers
Еве прочитајте поопширно
http://en.wikipedia.org/wiki/New_Deal
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Синдромот на Македончето: „Oсум илјади и пеесет - осум илјади и пеесет... Кој ти ги дават? Осум илјади и пеесет. Ами ич... Ако ништо друго не ќе сејш дома и ќе ја тепаш досадата...Зш од седење дома мојш да побудалиш... “:tapp: До кога вака???
 
Дури те ранат Мама И Тато. Кога ке почнеш сам да си ги плаќаш сметките малце поинаку иди математиката.
Дали си земал 8000 или се надеваш дека ке земиш 30000 сметките си идат секој месец.
 
Не е проблем да биде минимална плата и 60.000 денари. Многу е едноставно тоа да се изгласа. Потребни се само 61 пратеник. Но прашањето е што ќе се случи после тоа со економијата. Не се многу паметни политичарите ама се попаметни од тие кој мислат дека само со државен акт за минимална плата ќе се решат социјалните и економските проблеми на граѓаните. Не само што нема да се решат туку ќе се и влошат.
 
Ajде одговори на прашањето што сам си го постави:

Што ќе се случи со економијата во Македонија ако минимална плата биде 1000 евра што е помалку од минималната плата во ЕУ?
 
Ajде одговори на прашањето што сам си го постави:

Што ќе се случи со економијата во Македонија ако минимална плата биде 1000 евра што е помалку од минималната плата во ЕУ?
Добар дел од работните места ќе се затворат а тие што ќе останат ќе добијат некое покачување на плата која ќе резултира со зголемување на трошоците и намалување на профитите кое ќе резлутира со ликвидации на фирми. Поради отшуватањата ќе има намалување на побарувачката која ќе резлулира со дополнителна ликвидација на фирми и дефлација. Значи ќе се создаде дефлациона спирала и длабока рецесија ако не и депресија. Во превод ако минимална плата во МК е 1000 евра економијата ќе крахира целосно.
--- надополнето: 23 октомври 2013 во 15:46 ---
Ако се донесе закон за минимална плата од 1000 евра јас би расподал се би одел 100% во кеш и тоа надвор од МК банки кој највројатно ќе одат до банкрот поради контракција на кредит и лоши долгови. Дефлација ќе ја зголеми куповната моќ на кешот. Немам ништо против 1000 евра минимална плата и катастрофа во МК и од тоа може доста да се заработи.
 
Добар дел од работните места ќе се затворат а тие што ќе останат ќе добијат некое покачување на плата која ќе резултира со зголемување на трошоците и намалување на профитите кое ќе резлутира со ликвидации на фирми. Поради отшуватањата ќе има намалување на побарувачката која ќе резлулира со дополнителна ликвидација на фирми и дефлација. Во превод ако минимална плата во МК е 1000 евра економијата ќе крахира целосно.
--- надополнето: 23 октомври 2013 во 15:46 ---
Ако се донесе закон за минимална плата од 1000 евра јас би расподал се би одел 100% во кеш и тоа надвор од МК банки кој највројатно ќе одат до банкрот поради контракција на кредит и лоши долгови. Дефлација ќе ја зголеми куповната моќ на кешот. Немам ништо против 1000 евра минимална плата и катастрофа во МК и од тоа може доста да се заработи.

Добро... сега ми е полесно...
Јас мислев ќе речеш ќе се намали нашиот извоз на компјутери, телевизори, ЦД - плејери и друга врвна електроника
Или ќе речеш ќе се намали нашиот извоз на машини за перење, електрични шпорети, фрижидери, мали домашни апарати и слично
Или ќе речеш дека ќе се намали нашиот извоз на нафта, гас бакар, челик и други сировини и репроматеријали.
Или можеби ќе речеш ќе се намали нашиот извоз на жито, пченка, шеќер, масло за јадење и други прехрамбени производи
Ништо од тоа нема да се намали, бидејќи ништо од тоа не се ни произведува во Македонија
А она што ти го велиш: „Значи ќе се создаде дефлациона спирала и длабока рецесија ако не и депресија. “ нема да се случи бидејќи нема на кому тоа да му се случи. Кое производство ќе го зафати депресија?
 
Не е проблем да биде минимална плата и 60.000 денари. Многу е едноставно тоа да се изгласа. Потребни се само 61 пратеник. Но прашањето е што ќе се случи после тоа со економијата. Не се многу паметни политичарите ама се попаметни од тие кој мислат дека само со државен акт за минимална плата ќе се решат социјалните и економските проблеми на граѓаните. Не само што нема да се решат туку ќе се и влошат.

Ништо не треба да се изгласа. Треба само некој да стави рампа на црната економија кај нас. Еднаш засекогаш да важи правилото дека ако си амбициозен, ако имаш мотив, желба, знаење и капитал дека можеш да успееш без никој да ти стои на патот. Тогаш кога фирмите ќе остваруваат профит и ќе имаме некое големо економско движење можеме да збориме за зголемување на минималната плата.

Сега кажими како тоа ќе го успееш кога истите тие што ги донесуваат законите ги држат рекетарите, ја држат конкуренцијата, сите правиле се нивни. Што значи од старт ти вика чекај малку каде се леташ.

Па кога една толпа си ги диктира правилата како можеме да очекуваме економски раст и развој? Минималната плата треба да биде доволна само за прехрана, која прехрана е кај нас жити се со 8.000 денари тоалер папир нема да можеш да земеш.

Развојот се остварува постепено, само на кого да му кажеш не мрдаме од место веќе подолго време. Иначе во право ти е постот туку така нагли промени не се прават за жал, може само да и наштетат на економијата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom