Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.164
- Поени од реакции
- 18.205
Едно прашање.Ако некој се иселил / е со план за иселување од Македонија (нали, поради шо сме прва економија во Европа), дали за неговата состојба и намера,одлука е крив аеродромот во Рим поради лошите конекции за следниот лет или некој друг?Да не знае некој што сум напишала, ќе помисли дека се залагам калифат да направат у Македонија.
Гледам дека и ти не си ме читала до крај.
Кажав дека е грешка институциите на време не се справија со проблемот. Со месеци бегалците влегуваа во македонија без проблем. Како? Каде беше овде граничната контрола?
Ги бранам луѓето кои беа принудени да пешачат, да умираат по пругите заради глупавите закони, ги бранам луѓето кои од мака тргнале на овие патишта, а нашите институции не направија ништо да им го олеснат патот и на тој начин да го заштитат нашето население.
Можеше да не забележиме дека има бегалци, како што во изминатите два дена се направи ред, така можеше да биде од почетокот.
Не знам што да ти одговорам, кога прашуваш како да не бидат сотрени. Мислам дека сепак тоа треба инситуционално да се решава, дека Македонија се уште не е земја во која треба секој да носи пиштол и кама за да го сотре оној што одбива помош и прави пустош.
Патем, и ние ‘граѓаните‘ на оваа земја сме секојдневно по патишта со дупки, по улици со отворени шахти и електрична инсталација, се расправаме со истите тие бесцелни институции, бирократија и глупи закони, а постојат и луѓе на кои им е и попотребна хуманитарна помош и би биле далеку поблагодарни.