Јас имам поинаква идеја за да се реши оваа ситуација...Повеќе ми одговара нестабилна Германија и Франција отколку Грција како човек кој перманетно живее во оваа држава.
Грција нема да стане нестабилна и да ги задржи од проста причина што Грците се тешки ксенофоби и националисти. Никој нема да издржи толку време како азилант во Грција, ќе фатат одма правец накај Турција. Пред малку читав еден бегалец за тоа како поминал 4 години на пристаништето во Пиреја и зборуваше дека грчките полицајци биле тешки расисти па затоа се решил да замине накај север, во Германија. А ако веќе зборуваме за темата исламизација и слично, не би било баш фино ако паднала Германија колку и да се различни во менталитетот со нас.
Инаку кога се однесува веќе за Германците ќе ви објаснам зошто и така се однесуваат, односно ги прифаќаат сите со раширени раце. Поради образованието после Втората Светска Војна. Во образованието во Германија уште од самиот старт се става акцент на нацизмот и на злосторствата кои ги извршиле дедовците на денешните генерации пред седумдесет и кусур години. Уште од мали години ги „малтретираат“ децата таму со историја и со Втората Светска Војна. Имаат страв од тоа да не се повтори таква војна и таква идеологија. И од друга страна исто така Германците имаат „грижа на совест“ ете, ако тоа можам така да го кажам и во образованието се посветува големо внимание на тоа децата да ги научат да бидат толерантни, отворени, да не бидат насилни и слично. Затоа и денеска не ретко се случува на пример сега ако побараш таму да се воведат контроли да те жигоса некој од нив и како нацист. Тоа е сосем поинакво општество таму и донекаде ги разбирам зошто тоа го прават. Едноставно премногу грозоморни дела извршија за време на Втората Светска Војна и сега гледаат со сета сила да ја променат некако (или барем да ја ублажат некако) таа слика која си ја создадоа ширум светот за нив за време на Втората Светска Војна. Така да, донекаде имам разбирање зошто тоа го прават. А има и такви во Германија кои и едноставно не сите сакаат да ги примат со раширени раце, не зборувам тука за нацисти, туку за нормални луѓе кои едноставно велат на пример, го плативме долгот сега што уште барате од нас? Би рекол и таму е поделен народот и работите се фифти-фифти ете да речам по македонски.
Така да, имам разбирање за Германците донекаде, иако не го прифаќам тоа нивно размислување целосно.
Ова вака ви објаснувам бидејќи сум германист, и знам зошто тоа го прават запознаен сум. Ова за оние кои се прашуваат зошто ептен ги толерираат.