Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.802
Поени од реакции
25.250
Џабе ти е и Австралија и се. И на Месечина да одиш да живееш, менталитетот на поданик со страв од султанот нема да можеш да си го смениш.
Ти реков да не ме цитираш, џабе збориме. Лимитиран си,преку сила еден чекор напред можеш да предвидиш ако и толку. Нема врска овде ни менталитет на поданик ни стравови него време е типот да ја согледа реалноста каква што е а не каква што сакаме/треба да биде. Дечкото сам со својте одлуки си создал проблем и сега треба да си го реши а не да плаче на форуми.

Колку и да звучи ова лудо сега е момент да се изврши притисок врз опозицијата да излезат со јасни ставови и барања за целосна смема на начинот на кој функционираат изборите и партиите. Они само бараат предона влада (фотељи за нив) и смена на Грујо, зошто? The more things change the more they stay the same...
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Упорно туркате работава да ја свртите лично а воопшто не е тоа целта на муабетот,не е битна психоанализа на човекот туку дека во државава здраво се БЕТОНИРА еднопартиски систем,трета опција тешко дека ќе се појави бидеќи еден бетониран систем нема никогаш да дозволи такво нешто,и да се јави почетокот е секогаш мал,а таквите мали почетоци властите како оваа го сечат во корен,одма притисоци,теорија на заговор за црни пари од сорос и слично и ќе биде дискредитирана таа опција уште од старт,и нема никогаш ни да дочека да биде сериозна оти од старт неможе да добие поддршка,ај замисли една група анонимуси без големи финансии и поткрепа од никого да проба да се пробие ко трета опција,кога таа би успеала на спорти машинеријата на овој систем?Па овде летаат робии за јавни фаци и за луѓе со поткрепа,за анонимуси-матната ќе ги голтне уште пред 5 реченици да кажат и тоа е факт,не дека некој ќе ги стрела,ама ќе бидат така здраво притиснати и дискредитирани што нема ништо од нив да остане...
Јас само кажувам,исти кур ќе биде и со другиве.Буквално исти кур.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Па зошто да не бара кога е квалификуван?

Уствари музејот е лична спопственост на вмроофците, кој кур бара таму.

П.С. И Музејот на Македонија е исто така нивна приватна сопственост и затоа депоата ги изпразнија.

Како и се друго во државата...
Ете барал не го задржале. Нема потреба од плачки. Археолози и историчари има со лопата да ги ринеш.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
А каде насловот од темава кореспондира со содржината на првиот пост? ЗАТОА ШТО НЕ БЕВ ВМРО. Едно е да кењаш секојдневно а друго е да бидеш за ВМРО. Образложение не им треба кога си волонтер. Ќе ти речат чао и пријатно. Мартин е изгорен да биде граѓански активист па еве му шанса. Јас само прашав што барал во државна установа која за иронијата да биде поголема е формирана од оваа влада?[DOUBLEPOST=1433760169][/DOUBLEPOST]
проектот и реализацијата е на оваа влада. Кој спомнал пари и џебови или само тоа ти се врти во главата?
Секако дека ми се врти бе брутусе, тие проекти они не ги направија со свои пари него со пари на народот и со кредити кои пак народот ќе ги враќа. Дечкото не отиде да работи во приватна фирма на фамилијата па ако збори против нив треба да добие отказ. Ти разграничуваш ли приватно од државно? Пак ќе прашам и одговори ми дирекно, дали во државни институции треба да бидат вработени само членови на ВМРО? Ако е така, за кој кур ја плаќам даноци и давачки?
Да ви се плукнам у тоа мозоците исперени.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ете барал не го задржале. Нема потреба од плачки. Археолози и историчари има со лопата да ги ринеш.
Археолог археолог и историчар историчар баш нема, оти имаат проблеми со колената и со дегестивните органи и немаат време за надохнадување на заењето. Или општо знаење.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Секако дека ми се врти бе брутусе, тие проекти они не ги направија со свои пари него со пари на народот и со кредити кои пак народот ќе ги враќа. Дечкото не отиде да работи во приватна фирма на фамилијата па ако збори против нив треба да добие отказ. Ти разграничуваш ли приватно од државно? Пак ќе прашам и одговори ми дирекно, дали во државни институции треба да бидат вработени само членови на ВМРО? Ако е така, за кој кур ја плаќам даноци и давачки?
Да ви се плукнам у тоа мозоците исперени.
Никаде во текстот на господинот не пишуваше дека не го задржале затоа што не бил член на ВМРО туку затоа што јавно ги омаловажува институциите и раководството за кое работи. На крајот на краиштата јас морам да верувам во неговата приказна? Има милион археолози и историчари во Македонија а одбрале 7 волонтери така да...[DOUBLEPOST=1433761998][/DOUBLEPOST]
Археолог археолог и историчар историчар баш нема, оти имаат проблеми со колената и со дегестивните органи и немаат време за надохнадување на заењето. Или општо знаење.
Тоа е твоја лична оценка.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.802
Поени од реакции
25.250
Суштината не е зошто или зошто не се отселил или зошто се вработил таму, зошто не е на брод...човекот е избркан од работа затоа што во приватниот живот правел нешто што според нечии мерила не треба да го прави. Дали реално тебе смее некој да ти се меша во приватниот живот по 16 часот? И за лично убедување или припадност кон политичка определба, да те избрка? Во Австралија не сум слушнал вакво нешто да се случи ни на запослени во стопанството.
Она што се случува сега на работа го нарекуваме мобинг и тоа исклучиво заради партија, лична определба на лицето. А она вон работа??? Департизација (па и декриминализација со оглед на лепените аудиозаписи), еден од условите за преговори со ЕУ. Мала, ефикасна, професионална администрација...тикви.
не е јасно, многу малку јавноста знае што се случува. Добро е што Персеј прозборе јавно што друго се се случува, каков бдп и економски раст ние имаме. Прашина и смрдеа по ходници и канцеларии, мочки по клозети, без хигиеничари, домари, средства за чистење, ...
Одамна зборевме дека ова вакво вработување ќе им плаче мајката на сите во Македонија и на Македонија. Тркалото го заврте Љубчо и сега назад нема. Само што се врти се побрзо, со се повеќе качени на него. Отприлика двојно од пред 9 години.

Се сложувам за се, јас не му се ситам, него само му дадов совет дека време му е да си подразмисли убаво што прави. Некој што сепак работел надвор и има можност повторно да работи надвор треба да ја искористи таа прилика пред да му биде целосно скратена (доволно е да му опнат една кривична и да неможе назад на брод).

За тоа како тоне државата сите го гледаме ама реално се дур не се најде начин да се присилат политичарите сами да го сменат системот (а зошто би, за нив е тоа бизнис/индустрија ко што е за мене банкарство или за тебе нешто друго) нема да има напредок. До тогаш мора секој да се бори да опстане и да биде колку може повеќе независен од партиите. Тука имаме пример на човек кој бил независен и сеуште способен да размислува правилно да прифати работно место и стане зависен на еден начин од партиите... Лекцијата за жал си е таа...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Тоа е твоја лична оценка.
Таа е вистината а не моја лична оценка.

Јас многу добро го знам тоа кога дотичните (спомнати во текстот, вмро апла, спијат под шатори, знаење 0, потрчковци и се поред) беа избрани како дел од "експертски" тим кој дојдоа да ми попуват на Скупи.

Арно ама има дa се заебеш во некоја сонда кај што сум. Уствари гледај да ја избегнеш...
 
Последно уредено:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Во изминативе месеци згрозен од неодговорното и насилничко однесување на луѓето кои моментално ги окупираат државните институции на нашата татковина, испаднав на улица да побарам одговорност:

ОДГОВОРНОСТ за неспособноста на здравствените институции во случајот со деветгодишната Тамара Димовска.

ОДГОВОРНОСТ за обидот за прикривање на убиството на 22 годишниот Мартин Нешкоски.

ОДГОВОРНОСТ за монтираните судски процеси иницирани како резултат на политички пресметки со своите политички противници.

ОДГОВОРНОСТ за изборниот криминал во кој луѓе од Пустец и мртви гласачи прават бугарски возови.

ОДГОВОРНОСТ за партискиот реваншизам и бркањето од работа на политички неподобните и партизацијата на државната администрација со неспособни партиски послушници кои се таму само за една партија да си добива гласови на избори.

Во овој период јас бев вработен под договор на определено работно време како музејски водич едукатор во Археолошкиот Музеј на Македонија. На протестите не дојдов ниту да фрлам со домати, ниту да се тепам со полицајци. Испаднав за да им дадам подршка на мајката на Нешкоски и мајката на Тамара, бидејќи нејќам да живеам во држава во која тоа што им се случи на нивните деца утре би можело да им се случи и на моите или на било кое дете кое живее во оваа земја. Иако не ги познавав сметав дека е моја граѓанска должност како нивен сограѓанин да им се придружам во моментите кога на овие луѓе им беше најтешко. Мислев и сеуште мислам дека во ваков тоталитарен систем единствен начин за правдата да испадне на виделина е преку граѓански отпор. Кога неправдата станува закон, отпорот станува граѓанска должност.

Драги читатели поради овие мои ставови од вчера јас повеќе не сум дел од тимот на НИ Археолошки Музеј на Македонија. Зошто? Ако мислевте дека не се ништо посериозно сите оние телефонски разговори во кои високи државни функционери се закануваат со губење на работни места на своите политички неистомисленици вработени во државната администрација, тогаш сте се излажале. Јас тие закани и притисоци ги чувствував веќе неколку месеци врз моја кожа за на крајот да ескалираат со мое отпуштање од работа.

За да работи во Археолошкиот Музеј на Македонија човек мора да се откаже од размислувањето со сопствена глава и да почне да го позајмува она од партијата на власт.

Од самата директорка на споменатата институција бев опоменат неколку пати дека и покрај тоа што одлично си ги извршувам работните обврски, моето однесување надвор од работното место и моите статуси на фејсбук се неприфатливи за институцијата во која работам. Не било во ред да плукам врз оние што ме ранеле, и требало убаво да размислам како ќе продолжам да се однесувам доколку сакам да продолжам да работам во таа институција.

На опомените одговорив, дека ми е смешно некој да ме опоменува за тоа што го правам во мојот приватен живот. Доколку тие опомени беа за каснење на работно место, за непрофесионално извршување на моите работни обврски, за било што што се однесува за мојата работа во музеј, јас би се поправил, но апсолутно никој нема право да ми кажува како да мислам, во што да верувам, за кого да гласам на избори, каква музика да слушам, или каде да ставам лајкови на фејсбук. Јас бев вработен на позицијата музејски водич едукатор и имав за задача на посетителите да им го доловам богатото културно наследство на нашата татковина. Јас не бев вработен на позицијата партиски потрчко на ДПМНЕ. Мене Груевски не ме ранеше, мене ме ранеше мојата посветеност и љубов кон работното место.

На овој мој став ми беше одговорено со зборовите: Мартине ние не сме Шведска, мора да се привикнеш на државата во која живееш.

Тоа е и проблемот, што сакам да живеам во Македонија а да се чувствувам слободен како во Шведска. Можам но нејќам да си заминам од оваа држава, сакам тука да направам своја фамилија на која ќе и обезбедам сигурна иднина. Главна пречка за тоа се оние што моментално се наоѓаат на власт.



За лицемерието на директорката да биде поголемо на 05 овој месец ги свика сите 11 души кои од Октомври 2014 година работевме во Археолошкиот Музеј на позицијата музејски водич едукатор. Почна да чита имиња и презимиња од кои четворица никогаш не беа прочитани и го изгубија работното место. Меѓу избришаните бев и јас, веднаш станав, се насмевнав, и си заминав. Знаев дека беше само прашање на време кога. Во лифтот на искачање од еден од вработените наместо срдечен поздрав ми пренесе дека долга била раката на ВМРО. И стварно била долга, а тоа се гледаше во оние што останаа на работа. Тоа беа оние кои наместо на работно место во музеј имаа партиска обврска секојдневно да се појавуваат во шаторите пред Собранието на Македонија. Додека они кампираа и сеуште кампираат за задоволувањето на суетата на нивните партиски наредбодавачи, ние другите работевме во музејот, имавме дупло ако не и тродупло повеќе тури со кои посетителите ги запознававме со богатото културно наследство на нашата држава. За жал кога дојде времето на кастрење за директорката повреднувани беа партиските потрчковци него ли музејските водичи.

Некој сега ќе праша а зошто воопшто кастрење на работни места во институција која почна да работи пред нецели седум месеци.

Драги читатели Археолошкиот Музеј на Македонија е на раб на банкрот. Овој наш музеј нема финансиски средства ни за тоалетна хартија камоли пак пари за да ги плати сметките за струја или исплати своите вработени. Од седум месеци работа имам земено само три плати. Посетеноста на музејот е минимална, по одвај четириесетина посетители секој ден. Маркетингот речиси и да не постои, сосем разбирливо кога ќе имате во предвид дека главно и одговорно лице за маркетингот на целиот музеј е една персона која со цел памет тврдеше дека во саркофагот изложен во Археолошки почивале и коските на Александар Македонски, та затоа и се нарекувал Александров. Додуша нормално е тоа за нашево опшество бидејќи таа персона била вработена во нашиот археолошки музеј како заслуга за “патриотската борба“ на нејзиниот маж кој како главен и одговорен уредник во својата емисија носи стручњаци кои ни раскажуваат како бог ги создал Македонците во десетиот ден.

Археолошкиот музеј нема означени правци за движење, нема ознаки за хронолошки периоди ниту пак информативно едукативни табли за тие периоди, ниту пак има план на просторот за да знаете каде се наоѓате. Додуша има водичи, но од оние што останаа само за еден може да се каже дека колку толку знае англиски. Другите не знаат да сврзат ни просто проширена реченица. Со среќа нека им е понатамошната работа, на странците дефинитивно ќе им биде забавно.

Археолошкиот музеј нема ни било каква интернет социјална или печатена маркетинг пенетрација. Музејот нема ни едно обично флаерче на кое би ги пишувало најбитните информации за работно време, телефон за контакт, ценовник. Нема ни знак за влез, или излез. Легендите во витрините кои би требало на посетителот да му кажат каде се откриени, од кој век потекнуваат и што претставуваат артефактите изложени во нив, се или грешни со испомешани бројчиња, или премногу ситни и недоволно осветлени па никој неможе да ги прочита камоли разбере, или пак воопшто ги нема. Сите видео проектори кои наводно би требало да покажат дека музејот е во чекор со модерната музеологија уште од самото свечено отворање се прегорени и вон употреба главно поради погрешно поставена електрична инсталација. Прашината е насекаде, од три хигиеничарки само една работи, а причината е бидејќи само она нема партиска книшка, та само она се плаши за своето работно место, и мисли дека трудот е она што ќе ја спаси.

Кај е директорката во целата работа? Знае ли таа за сите овие работи?

Знае верувајте многу добро знае:
Знае и за списоците со кои штиклираше присуство на своите вработени на митингот на ДПМНЕ на 18 Мај,
Знае и за специјалниот статус кој го уживаат сите здруженија на УМС на ДПМНЕ на ниво на цела република кои кога сакаат можат бесплатно да си влезат и да се шетаат околу музејот, како они да не се обични граѓани туку некоја буржоазија со сина крв.
Знае и за тоа дека 90 посто од администрацијата не и работи ништо туку функционира на принципот примај плата клати врата, само бидејќи мислат оти партиската книшка а не работните обврски се единствениот критериум како да ја задржат својата позиција.
Знае дека и златната маска и нараквица и се копија, како и што и се копии и скулптурата Венера Пудика, Големата Мајка од Тумба Говрлево, Адамот од Говрлево, архитравната греда од Исар Марвинци, и голем број други наоди бидејќи очигледно никој не верува во нејзината способност овие значајни артефакти научно и професионално да ги презентира пред пошироката јавност.

Директорката наместо да го средува музејот побитно и е дали ќе биде видена во првите редови на некој партиски митинг, или колку ќе биде лајкуван некој нејзин фејсбук статус во кој ги воспева догмите на ДПМНЕ. И пак сето ова е нормално за нашево опшество бидејќи очигледно партиската книшка е единствениот критериум поради кој она воопшто дошла до позицијата до која дошла.

За жал нашиот музеј и покрај големиот број на пари фрлени за него не нуди, како што смета неговата директорка, „една голема вистинска приказна, заснована на една величествена историја“, тука го експонира/соголува нашето денешно незнаење и неумешност, шарлатанство и самобендисаност. Ние сме само лоша копија на современите европски култури, а за музеологија не умееме ни да мислиме, камо ли да ја (с)работиме. Таму, во таа наша македонска „музеологија“, очигледно царува вечна ноќ, како и во новиот Археолошки Музеј на Македонија, кој за жал е само фабрика за партиски гласови на избори.

Драги читатели и граѓани на оваа држава. Моето име е Мартин Стефановски. Немам партиска книшка ниту планирам некогаш да земам. Сакам да успеам во животот со мои раце и мој мозок без да позајмувам од партијата. За жал државните институции ни се киднапирани од партиски насилници и тие во заложништво го држат нормалниот живот на граѓаните во оваа држава. Поради тоа јас продолжувам да доаѓам секој ден во 6 пред Владата на Република Македонија бидејќи сакам да живеам во нормална држава каде слободно и непречен од никого ќе имам услови да оформам семејство на кое ќе му обезбедам среќен и нормален живот.
Друже, прво да ти кажам дека мило ми е што ги користиш моите истражувања за македонската средновековна историја, пред се` за склавиниите, средновековната македонска држава и темата Бугарија.

Жал ми е што си ја изгубил можноста за работење по договор на дело, но пред некого да обвинуваш, испитај си ги со ладна глава своите постапки.

Да сакале во Археолошки музеј да вработуваат по партиски клуч, ќе ти барале партиска книшка од сам старт. Но, секој вработен има морални и етички должности на однесување и држење работна тајна, а не пак да се дрзне да се плука по институцијата која го рани или раководството. На запад, вообичаена пракса е и на вработените во ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ да се однесуваат во склад со моралните и етичките норми на самата организација и неоткривањето никакви информации околу таа организација, а најчесто се обврзани да за време на работниот однос и дури 1-5 години по завршувањето на истиот, да не објавуваат никакви информации за и околу организацијата. Не може да плукаш по институцијата и раководството каде работиш, дури и ако директорката те опоменала, испаднала повеќе од коректна. Јас работам за некои западни фирми, ако плукам по нив или раководството, нема никакви опомени, ќе ме шутнат уште истиот ден.

И не знам за која подобра држава се бориш ако протестираш пред влада, дали воведувањето на албанскиот јазик како официјален кој мора обврзувачки да се учи од градинка и деградацијата на употребата на македонскиот јазик на второ место (зошто малцинските заедници го учат од 4 одделение), дали федерализацијата и албанизацијата на државава и внесувањето во некое си големо Косово или Албанија е нормално нешто, или пак подобро е несакањето на странски инвестиции за да нашите локални бизнисмени кои ги дрпнаа државните фирми ги уценуваат вработените да им работат по 12 часа за 5000 денари или пак нормална држава е некој да ти кажува како да се чувствува Македонецот за своето потекло, дека не смее да се повикува на своето античко потекло и не смее да ги слави своите антички херои, а Македонецот од етникум да стане граѓанска заедница? Јас тоа не го сметам за нормална држава.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.312
Поени од реакции
3.698
Ете барал не го задржале. Нема потреба од плачки. Археолози и историчари има со лопата да ги ринеш.
Точно, треба да клоцнат некој што не е со нив за да отворат место за друго кои лепеле плакати. Нели?
 
W

wicked_1

Гостин
Ти реков да не ме цитираш, џабе збориме. Лимитиран си,преку сила еден чекор напред можеш да предвидиш ако и толку. Нема врска овде ни менталитет на поданик ни стравови него време е типот да ја согледа реалноста каква што е а не каква што сакаме/треба да биде. Дечкото сам со својте одлуки си создал проблем и сега треба да си го реши а не да плаче на форуми.

Колку и да звучи ова лудо сега е момент да се изврши притисок врз опозицијата да излезат со јасни ставови и барања за целосна смема на начинот на кој функционираат изборите и партиите. Они само бараат предона влада (фотељи за нив) и смена на Грујо, зошто? The more things change the more they stay the same...
Хаха, абе ти глумиш прагматичар и реалист ама твоево размислување уопште не одговара на нашето општество, ти дали уопште може да сфатиш дека сите кои не се 100% грујовисти се у ќош однесени и опциите им се бројат на прсти, од кои едната како најдоминантна е да земеш бугарски пасош и да бегаш надвор. И да, тоа не е избор како да смениш тв канал по реториката на одредени мегафони. Луѓето и повеќе од добро ја имаат согледано реалноста и знаат што презентира, затоа и има околу 100 илјади иселени, ти сеуште мислиш дека некој живее у хипи свет овдека?

Овој бил моментот да се врши притисок врз опозицијата :pos:
Какви ставови бе, какви програми ти дали ги пратиш политичките разврски у државата? Колку и да сакаат некои да се прикаже ова како политичка борба за власт, не сме у време на предизборни кампањи, приоритет во моментов е оставка на моменталните владеачки структури

Они само бараат предона влада (фотељи за нив) и смена на Грујо, зошто?
:pos:
 
Последно уредено:

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
А каде насловот од темава кореспондира со содржината на првиот пост? ЗАТОА ШТО НЕ БЕВ ВМРО. Едно е да кењаш секојдневно а друго е да бидеш за ВМРО. Образложение не им треба кога си волонтер. Ќе ти речат чао и пријатно. Мартин е изгорен да биде граѓански активист па еве му шанса. Јас само прашав што барал во државна установа која за иронијата да биде поголема е формирана од оваа влада?[DOUBLEPOST=1433760169][/DOUBLEPOST]
проектот и реализацијата е на оваа влада. Кој спомнал пари и џебови или само тоа ти се врти во главата?
Видиш, пред недела дена кога дискутиравме јас и ти на една тема се сомневав дека не си полтрон и дека стварно, си имаш донесено сам заклучок кој се коси со мојот. Не исе. Дозволено е да иаме различни размислувања.
Ама ти си бате, амеба.
Членот кажа дека во приватниот живот искачал на протести, а не дека се бунел на работа. Не плукал по музејот, плукал по владата. Тоа се две различни институции.
И ти сакаш сеа да ме убедиш дека поради тоа што не е задоволен од работата на владата не смее да се буни само заради тоа што е во државна институција?
Заклучи се во соба, без интернет, без телевизија, и преиспитај си ги одлуките во животот. Прашај прво дали ќе ти дозволат од партијата.

Ајде при здрава свест објасни ми како тоа што е државна установа, и како што си напомена проект и реализација на актуелната влада, им дава за право да вработуваат/бркаат некој на партиска основа?
Владата не треба да работи за народот, владата мора да работи за народот. Не треба ВМРО да работи за членовите на ВМРО, не треба СДСМ да работи за членовите на СДСМ.
Сите треба да имаме еднакви можности. Неможе за еден мајка, за друг маќеа.
Ама со овој твој став, не верувам дека разбираш дека во тебе лежи повеќе проблемот, како граѓанин кој го дозовлува ова, отколку во оние кој им е лесно да контролираат луѓе без свое јас.
Они бар имаат ќар од тоа.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Но, секој вработен има морални и етички должности на однесување и држење работна тајна, а не пак да се дрзне да се плука по институцијата која го рани или раководството.
Ако зборуваш за тоа дека треба да си вмро активист, да одиш на сите настани и протести (дури и да спиеш) и да се сликаш притоа на фејсбук секој втор пост да ти е македонија, вмро, груевски и останата пропаганда која они ти ја диктираат (те условуваат да го правиш тоа дури ставаат плус и минус)... па да таа тајна треба да се чува оти е професионална тајна.

fukc logick[DOUBLEPOST=1433763369][/DOUBLEPOST]
Не може да плукаш по институцијата и раководството каде работиш, дури и ако директорката те опоменала, испаднала повеќе од коректна.
Тоа што некој критикува не значи оти тоа е плукање.[DOUBLEPOST=1433763516][/DOUBLEPOST]
или пак нормална држава е некој да ти кажува како да се чувствува Македонецот за своето потекло, дека не смее да се повикува на своето античко потекло и не смее да ги слави своите антички херои, а Македонецот од етникум да стане граѓанска заедница? Јас тоа не го сметам за нормална држава.
Па некоја држава да ти кажува да се чуствуваш како антички... дискутабилно е колку таа држава е нормална држава. Мислев дека 2015 година сме али јбг оно да ти било 323 пне.

Уствари што сакаш кога Триумфална, спомен куќата на Мајка Тереза и останатите грозни и кич градби станаа културно наследство на РМ :oeoeoe:

Момент тишина за сите кои треба да си пукаат в колено...
 
Последно уредено:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Ако зборуваш за тоа дека треба да си вмро активист, да одиш на сите настани и протести (дури и да спиеш) и да се сликаш притоа на фејсбук секој втор пост да ти е македонија, вмро, груевски и останата пропаганда која они ти ја диктираат (те условуваат да го правиш тоа дури ставаат плус и минус)... па да таа тајна треба да се чува оти е професионална тајна.

fukc logick
Какви вмровски активисти, какви бакрачи?

Можеш да наброиш некоја западна демократија која би толерирала доколку некој вработен во јавна администрација се однесува неморално и неетички надвор од кодексот на однесување на работ. организација или е активист за рушење на уставен поредок???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom