Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.660
Поени од реакции
34.953
Вие кои се чудите зашто човекот се вработил и останал на тоа работно место и покрај лошите услови, не разбирате некои посуштински работи. Работи како кога од детство те прашуваат што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш, да ја ткаеш таа желба цел живот, да целиш и вредно да работиш кон тоа и конечно да ја имаш таа можност пред себе. Не секој сака да биде доктор или астронаут, колку и да ви е тешко да го сфатите тоа. Да, верувале или не навистина постојат луѓе што имаат љубов према одредена професија, не трчаат сите по она што им е наметнато од опкружувањето и по она кај што им викаат дека највеќе пари ќе добијат. А ако вие сте такви, нема да го разберете тоа. Нема да го разберете ниту ако сте луѓе на кои се им било на готово сервирано, без да мрднат со прст во животот. Го кажувам ова пошто членот е образуван на исто место како она на кое јас сум моментално, под некои исти професори, и веројатно делиме заедничка желба кога се работи за професија, или барем заедничка желба за придонесување кон општеството со сличните професии.
Мал си, има време ќе разбереш некои работи ;), ми изгледа дека уште твоите плаќаат сметки и ти даваат за илегување :), а за жал во мкд стана реткост да работиш она што сакаш, за неколку години откако ќе излезат со дипломи сите будали што се запишани, дури ни за на трактор нема да може да работиш, а не пак таму каде што сакаш ако не фатиш пријатели или пак ептен да те посака среќа.[DOUBLEPOST=1433755402][/DOUBLEPOST]@Persey следна шанса за надвор да не испушташ другар, јас патриотски не сакав да извадам бугарски кога ми нудеа, бидејќи не сакав да му плукам врз името на прадедо ми кој баш тие бугари го стрелале, али кога гледам дека државаа оди се повеќе и повеќе во бездна, се повеќе и повеќе се каам за пропуштената шанса, али шанса да се излезе од тука има секогаш :)
 
G

Goldie

Гостин
@Persey

Добро ти направиле. Сите сме свесни како стојат работите во Македонија па и ти си бил спремен на еден начин и си го очекувал тоа, незнам сега зошто кукаш... Јасно дека не е добро и дека сите сакаме промени ама далеку сме ние од тоа. Реално ниту еднава ниту другава политичка опција нема да ги донесат промените што треба за да тргнеме напред, ниту пак странците, буквално на сите им одговара овој систем, борбата е само кој да биде на власт а никој суштински нема ништо да смени. Системот е така добро скоцкан да гарантира победа на избори за тој што е на власт.

Сега до тебе е, можеш да продолжиш со протести или да си ја бараш среќата на друго место или сам да си најдеш друго решение. Држава се прави на два начини ако се воспостави здрав систем (што кај нас нема никогаш да биде) или ако секоја фамилија стои цврсто на свој нозе па партиите не играат никаква улога во нивниот живот. Ако си паметен ова за тебе ќе биде пресвртница, имаш странско искуство, заштеда, не си осуден (сеуште) и пасош...
Па се додека има вакви со мислење “добро ти направиле“ наместо критика и дигање на гласот Македонија никогаш нема ни да воспостави здрав систем, и не е ова само во државните администрации веќе одамна и приватниот бизнис е јако под притисок така да ова фамилија цврсто да стои на нозе ти е малку потешко во Македонија. Еден Орце Камчев успеаа да го преобратат па сега заедно да лапаат тендери, а не пак некоја просечна Македонска фамилија со скромен бизнис колку за живот. Ќе им праќаат секоја недела инспекции се додека не ја променат бојата и они..

Класична диктатура ти е ова што се случува во Македонија.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.344
Поени од реакции
22.641
Па се додека има вакви со мислење “добро ти направиле“ наместо критика и дигање на гласот Македонија никогаш нема ни да воспостави здрав систем, и не е ова само во државните администрации веќе одамна и приватниот бизнис е јако под притисок така да ова фамилија цврсто да стои на нозе ти е малку потешко во Македонија. Еден Орце Камчев успеаа да го преобратат па сега заедно да лапаат тендери, а не пак некоја просечна Македонска фамилија со скромен бизнис колку за живот. Ќе им праќаат секоја недела инспекции се додека не ја променат бојата и они..

Класична диктатура ти е ова што се случува во Македонија.

Добро му направиле - ваљда му отвориле очи повторно. Си знаел он убаво и пред тоа ама ете се излажал па го потсетиле...

Се виде колку сме ние спремни да за нешто повеќе. Системот што партиите (сите) го направија е таков да членството + администрацијата = победа на избори, така да џабе се палите овде и протестирате пред влада... Сеедно и да дојде до промена другиот табор ќе го прави истото. На странците ова им одговара зашто многу полесно се контролираат локалните феудалци.

За да се смени нешто во државата треба да се забрани партиско членство, да се лимитира присуствно на политика во медиумите на 5% макс со исклучок на вести таму нека има 10% (дури 3 мин тортура), нека забранат плакати кој го прљаат градот, и нека воведат 3 едночасовни дебати ко во нормалните држави на кој народот пред избори ќе се занимава неколку саати со политика... Зависно од гласовите нека поделат сите партии дури еден мил евра (така да ако вмро има 50% нека земе пола милјонче за трудот) и нека живее партијата со тие пари 3-4 години до другите избори. Да се распуштат сите општински, задгранични и секакви локални комитети а имотот да се конфискува и искористи за враќање долгови... Кога ќе има „политичар“ во државата тоа да го вети и оствари тогаш ќе вреди да искочи на протести до тогаш секој нека си гледа за себе и нека се бори за својот леб.

Се дур економски не се оправиме па како во секоја нормална држава приватниот сектор да е значително поплатен него државниот и со тоа полека да се смени равенката погоре нема да има некоја промена во државата.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Во изминативе месеци згрозен од неодговорното и насилничко однесување на луѓето кои моментално ги окупираат државните институции на нашата татковина, испаднав на улица да побарам одговорност:

ОДГОВОРНОСТ за неспособноста на здравствените институции во случајот со деветгодишната Тамара Димовска.

ОДГОВОРНОСТ за обидот за прикривање на убиството на 22 годишниот Мартин Нешкоски.

ОДГОВОРНОСТ за монтираните судски процеси иницирани како резултат на политички пресметки со своите политички противници.

ОДГОВОРНОСТ за изборниот криминал во кој луѓе од Пустец и мртви гласачи прават бугарски возови.

ОДГОВОРНОСТ за партискиот реваншизам и бркањето од работа на политички неподобните и партизацијата на државната администрација со неспособни партиски послушници кои се таму само за една партија да си добива гласови на избори.

Во овој период јас бев вработен под договор на определено работно време како музејски водич едукатор во Археолошкиот Музеј на Македонија. На протестите не дојдов ниту да фрлам со домати, ниту да се тепам со полицајци. Испаднав за да им дадам подршка на мајката на Нешкоски и мајката на Тамара, бидејќи нејќам да живеам во држава во која тоа што им се случи на нивните деца утре би можело да им се случи и на моите или на било кое дете кое живее во оваа земја. Иако не ги познавав сметав дека е моја граѓанска должност како нивен сограѓанин да им се придружам во моментите кога на овие луѓе им беше најтешко. Мислев и сеуште мислам дека во ваков тоталитарен систем единствен начин за правдата да испадне на виделина е преку граѓански отпор. Кога неправдата станува закон, отпорот станува граѓанска должност.

Драги читатели поради овие мои ставови од вчера јас повеќе не сум дел од тимот на НИ Археолошки Музеј на Македонија. Зошто? Ако мислевте дека не се ништо посериозно сите оние телефонски разговори во кои високи државни функционери се закануваат со губење на работни места на своите политички неистомисленици вработени во државната администрација, тогаш сте се излажале. Јас тие закани и притисоци ги чувствував веќе неколку месеци врз моја кожа за на крајот да ескалираат со мое отпуштање од работа.

За да работи во Археолошкиот Музеј на Македонија човек мора да се откаже од размислувањето со сопствена глава и да почне да го позајмува она од партијата на власт.

Од самата директорка на споменатата институција бев опоменат неколку пати дека и покрај тоа што одлично си ги извршувам работните обврски, моето однесување надвор од работното место и моите статуси на фејсбук се неприфатливи за институцијата во која работам. Не било во ред да плукам врз оние што ме ранеле, и требало убаво да размислам како ќе продолжам да се однесувам доколку сакам да продолжам да работам во таа институција.

На опомените одговорив, дека ми е смешно некој да ме опоменува за тоа што го правам во мојот приватен живот. Доколку тие опомени беа за каснење на работно место, за непрофесионално извршување на моите работни обврски, за било што што се однесува за мојата работа во музеј, јас би се поправил, но апсолутно никој нема право да ми кажува како да мислам, во што да верувам, за кого да гласам на избори, каква музика да слушам, или каде да ставам лајкови на фејсбук. Јас бев вработен на позицијата музејски водич едукатор и имав за задача на посетителите да им го доловам богатото културно наследство на нашата татковина. Јас не бев вработен на позицијата партиски потрчко на ДПМНЕ. Мене Груевски не ме ранеше, мене ме ранеше мојата посветеност и љубов кон работното место.

На овој мој став ми беше одговорено со зборовите: Мартине ние не сме Шведска, мора да се привикнеш на државата во која живееш.

Тоа е и проблемот, што сакам да живеам во Македонија а да се чувствувам слободен како во Шведска. Можам но нејќам да си заминам од оваа држава, сакам тука да направам своја фамилија на која ќе и обезбедам сигурна иднина. Главна пречка за тоа се оние што моментално се наоѓаат на власт.



За лицемерието на директорката да биде поголемо на 05 овој месец ги свика сите 11 души кои од Октомври 2014 година работевме во Археолошкиот Музеј на позицијата музејски водич едукатор. Почна да чита имиња и презимиња од кои четворица никогаш не беа прочитани и го изгубија работното место. Меѓу избришаните бев и јас, веднаш станав, се насмевнав, и си заминав. Знаев дека беше само прашање на време кога. Во лифтот на искачање од еден од вработените наместо срдечен поздрав ми пренесе дека долга била раката на ВМРО. И стварно била долга, а тоа се гледаше во оние што останаа на работа. Тоа беа оние кои наместо на работно место во музеј имаа партиска обврска секојдневно да се појавуваат во шаторите пред Собранието на Македонија. Додека они кампираа и сеуште кампираат за задоволувањето на суетата на нивните партиски наредбодавачи, ние другите работевме во музејот, имавме дупло ако не и тродупло повеќе тури со кои посетителите ги запознававме со богатото културно наследство на нашата држава. За жал кога дојде времето на кастрење за директорката повреднувани беа партиските потрчковци него ли музејските водичи.

Некој сега ќе праша а зошто воопшто кастрење на работни места во институција која почна да работи пред нецели седум месеци.

Драги читатели Археолошкиот Музеј на Македонија е на раб на банкрот. Овој наш музеј нема финансиски средства ни за тоалетна хартија камоли пак пари за да ги плати сметките за струја или исплати своите вработени. Од седум месеци работа имам земено само три плати. Посетеноста на музејот е минимална, по одвај четириесетина посетители секој ден. Маркетингот речиси и да не постои, сосем разбирливо кога ќе имате во предвид дека главно и одговорно лице за маркетингот на целиот музеј е една персона која со цел памет тврдеше дека во саркофагот изложен во Археолошки почивале и коските на Александар Македонски, та затоа и се нарекувал Александров. Додуша нормално е тоа за нашево опшество бидејќи таа персона била вработена во нашиот археолошки музеј како заслуга за “патриотската борба“ на нејзиниот маж кој како главен и одговорен уредник во својата емисија носи стручњаци кои ни раскажуваат како бог ги создал Македонците во десетиот ден.

Археолошкиот музеј нема означени правци за движење, нема ознаки за хронолошки периоди ниту пак информативно едукативни табли за тие периоди, ниту пак има план на просторот за да знаете каде се наоѓате. Додуша има водичи, но од оние што останаа само за еден може да се каже дека колку толку знае англиски. Другите не знаат да сврзат ни просто проширена реченица. Со среќа нека им е понатамошната работа, на странците дефинитивно ќе им биде забавно.

Археолошкиот музеј нема ни било каква интернет социјална или печатена маркетинг пенетрација. Музејот нема ни едно обично флаерче на кое би ги пишувало најбитните информации за работно време, телефон за контакт, ценовник. Нема ни знак за влез, или излез. Легендите во витрините кои би требало на посетителот да му кажат каде се откриени, од кој век потекнуваат и што претставуваат артефактите изложени во нив, се или грешни со испомешани бројчиња, или премногу ситни и недоволно осветлени па никој неможе да ги прочита камоли разбере, или пак воопшто ги нема. Сите видео проектори кои наводно би требало да покажат дека музејот е во чекор со модерната музеологија уште од самото свечено отворање се прегорени и вон употреба главно поради погрешно поставена електрична инсталација. Прашината е насекаде, од три хигиеничарки само една работи, а причината е бидејќи само она нема партиска книшка, та само она се плаши за своето работно место, и мисли дека трудот е она што ќе ја спаси.

Кај е директорката во целата работа? Знае ли таа за сите овие работи?

Знае верувајте многу добро знае:
Знае и за списоците со кои штиклираше присуство на своите вработени на митингот на ДПМНЕ на 18 Мај,
Знае и за специјалниот статус кој го уживаат сите здруженија на УМС на ДПМНЕ на ниво на цела република кои кога сакаат можат бесплатно да си влезат и да се шетаат околу музејот, како они да не се обични граѓани туку некоја буржоазија со сина крв.
Знае и за тоа дека 90 посто од администрацијата не и работи ништо туку функционира на принципот примај плата клати врата, само бидејќи мислат оти партиската книшка а не работните обврски се единствениот критериум како да ја задржат својата позиција.
Знае дека и златната маска и нараквица и се копија, како и што и се копии и скулптурата Венера Пудика, Големата Мајка од Тумба Говрлево, Адамот од Говрлево, архитравната греда од Исар Марвинци, и голем број други наоди бидејќи очигледно никој не верува во нејзината способност овие значајни артефакти научно и професионално да ги презентира пред пошироката јавност.

Директорката наместо да го средува музејот побитно и е дали ќе биде видена во првите редови на некој партиски митинг, или колку ќе биде лајкуван некој нејзин фејсбук статус во кој ги воспева догмите на ДПМНЕ. И пак сето ова е нормално за нашево опшество бидејќи очигледно партиската книшка е единствениот критериум поради кој она воопшто дошла до позицијата до која дошла.

За жал нашиот музеј и покрај големиот број на пари фрлени за него не нуди, како што смета неговата директорка, „една голема вистинска приказна, заснована на една величествена историја“, тука го експонира/соголува нашето денешно незнаење и неумешност, шарлатанство и самобендисаност. Ние сме само лоша копија на современите европски култури, а за музеологија не умееме ни да мислиме, камо ли да ја (с)работиме. Таму, во таа наша македонска „музеологија“, очигледно царува вечна ноќ, како и во новиот Археолошки Музеј на Македонија, кој за жал е само фабрика за партиски гласови на избори.

Драги читатели и граѓани на оваа држава. Моето име е Мартин Стефановски. Немам партиска книшка ниту планирам некогаш да земам. Сакам да успеам во животот со мои раце и мој мозок без да позајмувам од партијата. За жал државните институции ни се киднапирани од партиски насилници и тие во заложништво го држат нормалниот живот на граѓаните во оваа држава. Поради тоа јас продолжувам да доаѓам секој ден во 6 пред Владата на Република Македонија бидејќи сакам да живеам во нормална држава каде слободно и непречен од никого ќе имам услови да оформам семејство на кое ќе му обезбедам среќен и нормален живот.
Мартин те знам од интернетов и фејсбук. Знам дека си а и ти знеаш дека си жолчен т.е. дека се попалуваш лесно по работи и сакаш да се бунтуваш. Не дека е лошо тоа каков си таков си. Незнам дали си тупел на работа за протесите на работа па се накурчиле и фино лепо те шутнале. Како и да е животна лекција нека ти биде...И мене ме нервираат многу работи во општеството но, не сум тип кој би излегол јавно да се буни. Како и да е со среќа.
Инаку за музејот, не е лош т.е. е еден од подобрите во Македонија. Нагласувам во Македонија каде музеите се на многу ниско ниво. Тие мани што си ги напишал и јас ги приметив со една посета. Лично задоволен сум од музејот има многу бетер места и полоши.
А тоа дека се партизирани институциите доста се дури и ме чуди како те примиле воопшто без книшка.
Тоа што се буниш за џабе го правиш дури може и полош и правиш на Македонија. Зошто другите ги имаат истите навики како овие од власта што може многу убаво да се види во општините кои се под нивна власт.
Како и да е со среќа и со памет.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Од сите овде шо се мучат од петни жили да го нападнат членот дека добро му напраиле, да ги прашам на кој протест се појавиле. За кое подобро утре се избориле? За кое подобро утре на своите деца излегле на улица?
Или најубаво ви е да се спикате у глувчешка дупка, да се криете под разни имиња на форум/фејсбук и со CAPS LOCK да им е*ете мамата на тие шо протестираат за себе, својата иднина и поколенија. Да ги плукате тие шо протестираат затоа што сакаат да работат по струка во државна администрација но со свој мозок и свое мислење без страв дека ќе ги отпуштат. Ги плукате оние кои можеби за скоро време ќе сменат нешто што се нарекува диктатура, мобинг, убиства на недолжни граѓани, затвор за неистомисленици или ендек....Но тогаш се прашувам што ќе се случи со вас?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Мал си, има време ќе разбереш некои работи ;), ми изгледа дека уште твоите плаќаат сметки и ти даваат за илегување :), а за жал во мкд стана реткост да работиш она што сакаш, за неколку години откако ќе излезат со дипломи сите будали што се запишани, дури ни за на трактор нема да може да работиш, а не пак таму каде што сакаш ако не фатиш пријатели или пак ептен да те посака среќа.
Добро, ако не беше доволно што приватниот живот на членот кој ја отвори темата го исподискутиравме, ќе ти дадам и сегмент од мојот живот кога веќе се осмели да ме оценуваш вака. Имам 20 години, последните 5 години (значи од прва година средно, во најубавиот период од животот) сите задоволства во животов си ги пружам преку заштеда. Додека другарите во средно трошеа пари на јадење и пиење, јас секогаш го купував она што е најефтино, а најхранливо. За пиење, додека тие пиеја сокови, јас пиев вода од чешма. На факултет сега не одам со автобус (освен кога е преладно), туку секогаш одам со точак за да ги заштедам тие 50 денари напред и назад, бидејќи ми се важни. Во втората половина од секој месец кога финансиите стануваат се поограничени, секојдневно ја темпирам исхраната за да трошам колку што може помалку пари (понекогаш и јадам само два пати дневно, битно да не сум гладен), бидејќи се грижам да не бидам голем трошок на моето тесно семејство (и тоа пази, единец сум). Моите не знаат за ништо од ова, ниту била нивна идеја (напротив, тие сакаат самите да ми пружат се што ќе посакам колку што можат и да ми олеснат колку што може, а јас упорно одбивам). Нив дури им е чудно како толку малку пари трошам, секогаш ми нудат повеќе ама јас им викам дека имам доволно. И стварно имам, и покрај тоа што џепарацот ми е значително помал од на моите другари, успевам преку внимателно трошење да го држам потребниот „стандард“ за моите години, а притоа да имам нешто вишок. А парите кои останатите роднини ми ги даваат за некои ретки настани како роденден, матура и слично, не ги трошам веднаш на рандом работи, не се „почастувам“, туку ги чувам и секогаш знам што и колку имам на располагање. Со тие пари минатото лето отидов на одмор на море, првпат во живот, и сфатив дека таа работа не е за мене бидејќи премногу се замарам за финансиите и не можам да уживам во самиот одмор, па затоа ова лето одлучив да не одам, се додека не најдам стабилна работа со редовен приход и веќе нема да се грижам за овие работи (а има време додека се деси тоа). Наместо тоа, со другар ќе работиме на коли и продавање на делови, ќе се печеме на жешкото додека некој на моја возраст од со на мама и тато парите си го лади на море.

Единствено нешто што добивам од моите, е она што е должност секој кој одлучил да биде родител да го пружи. Храна (читај горе), облека и дом, плус пари за студирање, пари кои се надевам дека ќе ги вратам доколку оваа година фатам стипендија. И јас при вакви услови, така одлучив дека знам што сакам во животот, знам што би работел со љубов, и давам се од себе за да го постигнам тоа, да бидам најдобар. Не се жалам од условите, не барам ништо, никогаш не сум рекол „леле колку ми е тешко“, никогаш не чувствувам потреба да им ги кажувам на луѓето овие работи, го кажав само пошто ти се реши да нагаѓаш кој за што ми плаќа. Ако успеам во животов, јас ќе бидам заслужен за тоа. Ако не успеам, јас ќе бидам крив. Никој друг. Дури и најчесто одам со таа мисла дека на некои луѓе им е потешко од мене и пак успеваат да направат нешто од себе. Си го избрав патот, па сега што ќе среќавам на него дур стигнам до целта, тоа никој не може да го знае. Можев да кажам дека ќе трчам по пари. Можев да лижам гзови на луѓе за да имам некаков социјален бенефит, можев да правам сплетки, да си го манипулирам патот кон успехот, да лажам, крадам и што ли не. Одлучив да бидам искрен, морален и со чиста совест, да си го заработувам тоа што ми треба чесно. И затоа ми е убаво на душата. Вреден сум, не барам посебни третмани, нескромно ќе кажам дека сум скромна личност. Никогаш не сум барал посебна привилегија од некого кого го знам, а кој може да ми ја пружи (а имало можности). Истото и јас би го правел кога би бил во таква позиција. Привилегија според заслуга, не според врска. А знам луѓе кои успеале на таков начин, и кои го прават истото, горд сум на тие луѓе и сакам да бидам како нив. Ист како нив. Постапувај со другите, како што сакаш да постапуваат со тебе, нели?

Ваквиве работи можеби препотентно би било да кажам дека ме направиле поинтелигентен, но дефинитивно ми дале некакво искуство и некакво предзнаење за тоа што ме очекува. Подготвен сум. Останува на мене да го искористам тоа како што знам за своја корист, без притоа да си ги прегазам сопствените морални принципи.

Ама што знам јас, мал сум, има време, ќе разберам некои работи.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.344
Поени од реакции
22.641
Од сите овде шо се мучат од петни жили да го нападнат членот дека добро му напраиле, да ги прашам на кој протест се појавиле. За кое подобро утре се избориле? За кое подобро утре на своите деца излегле на улица?
Или најубаво ви е да се спикате у глувчешка дупка, да се криете под разни имиња на форум/фејсбук и со CAPS LOCK да им е*ете мамата на тие шо протестираат за себе, својата иднина и поколенија. Да ги плукате тие шо протестираат затоа што сакаат да работат по струка во државна администрација но со свој мозок и свое мислење без страв дека ќе ги отпуштат. Ги плукате оние кои можеби за скоро време ќе сменат нешто што се нарекува диктатура, мобинг, убиства на недолжни граѓани, затвор за неистомисленици или ендек....Но тогаш се прашувам што ќе се случи со вас?
А што треба да го тапкаме по рамо и да му викаме браво? Човекот останал без работа зашто наивно прифалил да работи во државна администрација и мислел дека може да протестира против тие што го запослиле. Епа ете го резултатот. Време е да се разбуди и да си најде решение, од подршка на форуми не се живее.

Него друго ми падна во очи, ајде кажи ти на кој притести ти си била што еве донеле некаков резултат и смениле нешто за твојата иднина и на твојте поколенија? Тие неколку саати да си ги искористила продуктивно и да си поработела ќе си имала некое евро повеќе што колку толку ќе ти се нашло.

Иначе не верувам дека со падот на оваа влада нешто ќе се смени, може само да се сменат играчите и проектите у глобала се ќе остане исто, вклучувајки не и сите нас на форумот, нормално освен ако ти или некој друг овде не е дел од другата опција па се надева на вработување.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Каде виде ти дека он кењал против неа?

На работно место бил примен поради стручните кавлификации (не по партизанска линија), си ја вршел работата професионално и одговорно и имал забелешки за одредени случувања во општеството кои не се поврзани со неговото работно место.

Добил клоца поради тоа со образложение дека била долга раката на партијата.

Брутус, дали си ти способен да размислуваш со глава или закржлавеано е сѐ
тоа внатре поради премногу претурање со инка?
А каде насловот од темава кореспондира со содржината на првиот пост? ЗАТОА ШТО НЕ БЕВ ВМРО. Едно е да кењаш секојдневно а друго е да бидеш за ВМРО. Образложение не им треба кога си волонтер. Ќе ти речат чао и пријатно. Мартин е изгорен да биде граѓански активист па еве му шанса. Јас само прашав што барал во државна установа која за иронијата да биде поголема е формирана од оваа влада?[DOUBLEPOST=1433760169][/DOUBLEPOST]
:facepalm:Не престанувате да ме изнанадувате секој ден. Сега и музеите се продукт на ВМРО? Они од џеп извадија пари да го изградат? Никој освен пресветите членови нивни нема право ни да помисли да работи во институција за која народот плаќа?
Добро бе, со што ве хранат да сте вака безобразни?
проектот и реализацијата е на оваа влада. Кој спомнал пари и џебови или само тоа ти се врти во главата?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Иначе не верувам дека со падот на оваа влада нешто ќе се смени, може само да се сменат играчите и проектите у глобала се ќе остане исто, вклучувајки не и сите нас на форумот, нормално освен ако ти или некој друг овде не е дел од другата опција па се надева на вработување.
Џабе ти е и Австралија и се. И на Месечина да одиш да живееш, менталитетот на поданик со страв од султанот нема да можеш да си го смениш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
@Persey
Добро ти направиле. Сите сме свесни како стојат работите во Македонија ...
Суштината не е зошто или зошто не се отселил или зошто се вработил таму, зошто не е на брод...човекот е избркан од работа затоа што во приватниот живот правел нешто што според нечии мерила не треба да го прави. Дали реално тебе смее некој да ти се меша во приватниот живот за лично убедување или припадност по 16 часот? Во Австралија не сум слушнал вакво нешто да се случи ни на запослени во стопанството.
Она што се случува сега на работа го нарекуваме мобинг и тоа исклучиво заради партија, лична определба на лицето. А она вон работа??? Департизација (па и декриминализација со оглед на лепените аудиозаписи), еден од условите за преговори со ЕУ. Мала, ефикасна, професионална администрација...тикви.
Јасно дека не е добро и дека сите сакаме промени ама далеку сме ние од тоа.
не е јасно, многу малку јавноста знае што се случува. Добро е што Персеј прозборе јавно што друго се се случува, каков бдп и економски раст ние имаме. Прашина и смрдеа по ходници и канцеларии, мочки по клозети ...
Тркалото го заврте Љубчо и сега назад нема. Само што се врти се побрзо, со се повеќе качени на него. Отприлика двојно од пред 9 години.
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Јас пак ќе кажам, не ти дале плата а ти продолжувале еве гледаме договор и ти си потпишувал. Значи сакале сам да напуштиш ама виделе дека не им фаќа финтата па после сами одлучиле да не ти понудат нов свесно ставаќи се во ризик случајот да се медиумизира како во моментов. Може мислеле дека нема да се крене ваква прашина ама ќе дадат сега на некој од нивните медиуми како музејот е ааауууу и покријат ова со „битна инвестиција“ или дека сме прво во свет во нешто и кучињата лаат караванот мине... ова било милион пати до сега и ќе биде додека не никне во Македонија нова трета опција...
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
А што треба да го тапкаме по рамо и да му викаме браво? Човекот останал без работа зашто наивно прифалил да работи во државна администрација и мислел дека може да протестира против тие што го запослиле. Епа ете го резултатот. Време е да се разбуди и да си најде решение, од подршка на форуми не се живее.

Него друго ми падна во очи, ајде кажи ти на кој притести ти си била што еве донеле некаков резултат и смениле нешто за твојата иднина и на твојте поколенија? Тие неколку саати да си ги искористила продуктивно и да си поработела ќе си имала некое евро повеќе што колку толку ќе ти се нашло.

Иначе не верувам дека со падот на оваа влада нешто ќе се смени, може само да се сменат играчите и проектите у глобала се ќе остане исто, вклучувајки не и сите нас на форумот, нормално освен ако ти или некој друг овде не е дел од другата опција па се надева на вработување.
Човекот останал без работа не поради тоа што не е квалификуван и стручен туку поради неговите ставови, излегувања на протест за утре да не му го убие мафијата неговото дете и за да живее во колку толку посигурна држава.
Очигледно ви е целта да ги оцрните сите што протестираат и се бунат за нешто што не им чини а тоа е законски загарантирано право.
До сега сум била на сите протести и иако не сум сменила до сега ништо, се надевам понатаму ќе се смени нешто. Тие неколку саати сум ги искористила продуктивно за моите деца и мојата иднина. Присуството на протест е по завршување на работните обврски. Знам дека со моето присуство нешто ќе сменам, ќе го дигнам гласот против лудилото кое трае со години. Ќе застанам против убијци, закани, притисоци но само затоа што јас така сакам и сметам дека е правилно а не под ничија политичка диригентска палка или од тој протест да профитирам и некој да ме омаловажува/деградира/гледа како лична своина - ко камперите пред собрание чија дневница е 1000 денари :tapp:
 
G

Goldie

Гостин
Добро му направиле - ваљда му отвориле очи повторно. Си знаел он убаво и пред тоа ама ете се излажал па го потсетиле...

Се виде колку сме ние спремни да за нешто повеќе. Системот што партиите (сите) го направија е таков да членството + администрацијата = победа на избори, така да џабе се палите овде и протестирате пред влада... Сеедно и да дојде до промена другиот табор ќе го прави истото. На странците ова им одговара зашто многу полесно се контролираат локалните феудалци.

За да се смени нешто во државата треба да се забрани партиско членство, да се лимитира присуствно на политика во медиумите на 5% макс со исклучок на вести таму нека има 10% (дури 3 мин тортура), нека забранат плакати кој го прљаат градот, и нека воведат 3 едночасовни дебати ко во нормалните држави на кој народот пред избори ќе се занимава неколку саати со политика... Зависно од гласовите нека поделат сите партии дури еден мил евра (така да ако вмро има 50% нека земе пола милјонче за трудот) и нека живее партијата со тие пари 3-4 години до другите избори. Да се распуштат сите општински, задгранични и секакви локални комитети а имотот да се конфискува и искористи за враќање долгови... Кога ќе има „политичар“ во државата тоа да го вети и оствари тогаш ќе вреди да искочи на протести до тогаш секој нека си гледа за себе и нека се бори за својот леб.

Се дур економски не се оправиме па како во секоја нормална држава приватниот сектор да е значително поплатен него државниот и со тоа полека да се смени равенката погоре нема да има некоја промена во државата.
Види ти ова што го кажуваш да се направи е научна фантастика и практично невозможно да се изведе кај нас во скоро време..
НО тоа не го менува фактот дека треба да се бориме, да би бидеме гласни против неправдите и кражбите што се случуваат во државава. Не викам јас дека следниве ќе бидат перфектни што ќе дојдат на власт ама ќе се подзамислат малце што прават ако некој пред нив одговарал за криминалите, одговарал за огради на мостови од 2 милиони евра кои по 5-6 месеци кородираат, одговараат за палми од 250.000е, одговараат за рекетите по приватните бизниси или пак за местенките на разни неистомисленици со нив. Ситуацијава во Македонија неможе да биде полоша од ова што е во моментов, сите државни институции се продолжена рака на ВМРО од обвинителство, судови до театри, музеи итн.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Јас само прашав што барал во државна установа која за иронијата да биде поголема е формирана од оваа влада?
Па зошто да не бара кога е квалификуван?

Уствари музејот е лична спопственост на вмроофците, кој кур бара таму.

П.С. И Музејот на Македонија е исто така нивна приватна сопственост и затоа депоата ги изпразнија.

Како и се друго во државата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom