Човекот останал без работа затоа што системот кој партиите го направија а ние го подржавме го дозволуваат тоа. Најмал проблем тука е човекот.Човекот останал без работа не поради тоа што не е квалификуван и стручен туку поради неговите ставови, излегувања на протест за утре да не му го убие мафијата неговото дете и за да живее во колку толку посигурна држава.
Очигледно ви е целта да ги оцрните сите што протестираат и се бунат за нешто што не им чини а тоа е законски загарантирано право.
До сега сум била на сите протести и иако не сум сменила до сега ништо, се надевам понатаму ќе се смени нешто. Тие неколку саати сум ги искористила продуктивно за моите деца и мојата иднина. Присуството на протест е по завршување на работните обврски. Знам дека со моето присуство нешто ќе сменам, ќе го дигнам гласот против лудилото кое трае со години. Ќе застанам против убијци, закани, притисоци но само затоа што јас така сакам и сметам дека е правилно а не под ничија политичка диригентска палка или од тој протест да профитирам и некој да ме омаловажува/деградира/гледа како лична своина - ко камперите пред собрание чија дневница е 1000 денари![]()
Јас немам никаква цел, не сум ни со едните ни со другите и од страна многу послесно се гледаат проблемите и пукнатините во системот.
Продолжи да се надеваш (не ме сфаќај грешно ако мислиш дека така треба слободно протестирај) ама факт е дека има повеќе народ на контра протестите. Факт е дека на овој начин нема ништо да се смени во државата кога двете политички опции имаат 20-25% од населнието ко членство а уште толку се запослени и во администрација која партијата на власт (сеедно која) ја приватизира за свој потреби. Еве да видиш како изгледаат протести што смениле нешто, далеку сме ние од ова...
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/3/3b/EDSA_Revolution_pic1.jpg)
![](https://anywhereiwander.files.wordpress.com/2012/05/edsa-revolution.jpg)
![](http://www.sott.net/image/s2/56384/large/Serbia_Protest.jpg)