Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО

Z

zlaki

Гостин
човекот си ја кажа својата мака и реалност што доживеал ама ете некои коментари се толку иритирачки кон личното изјаснување на поединец за настанатото од неговиот живот што се рамни со тотална забеганост и болест на умот.Сигурен сум дека човекот има и име и презиме како и досега веќе го дозна цела македонска јавност за неговиот случај.Оговарање,осудување,неверување и разни други лепенки за животното искуство на човекот кој се реши да ја запознае јавноста со дел од неговиот живот што доживеал,да биде и поттик за сите кои имат и трпат и се осмелат и проговорат како во иднина да нема вакви работи и да не му се случува на никој.Јас да сум на негово место и јавно би спомнал имиња и презимиња на тие кои се однесуваат како да целиот свет се врти околу нив со што да доживеат срам од сите а посебно од неговите најблиски од семејството вклучувајќи ги и децата.
ШТО НАРОД СМЕ ......
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
@Persey кај и да е и крвна слика и хаплогенска анализа ќе ти побараат на форумов, би ти препорачала да си подготвиш.

Прекинете да го обвинувате дечково дека лажел или дека немало шанси ова да било вака или онака, стар член е на форумов и да не беа скенираниве документи, има сведоци дека не лаже.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Има вакви еден куп случаи. Ја можам да ви кажам за уште два слични. Сите тоа го знаеме, тука нема дилема. Но што е сето тоа што Грујо ни го праи, наспрам благодетите на евтиниот руски гас? А?[DOUBLEPOST=1433749863][/DOUBLEPOST]
Сега кој лаже?

Док 01 Една од потврдите за одземени предмети:


Док. 02 и 03 Решение за одземање на патна исправа од истражен судија:



Док. 04 Решение за укинување на превентивни мерки:
[DOUBLEPOST=1433742306][/DOUBLEPOST]А сега да се вратиме на тема...



Откако помина конкурсот и бев контактирам дека сум примен
Во Археолошки дојдов негде 12/13 Октомври,
До 31 Октомври работев волонтерски помагајќи да се подготви Музејот за своето свечено отворање.
По отворањето на 31 Октомври 2014 го добив првиот договор на определено работно време. Секој од договорите беше од месец за месец.

Првиот мој договор со Археолошки:


На 05 Јуни месецов не ми беше продолжен договорот на определено време од причини кои што веќе ги објаснив во текстот на насловна
Моето бркање само по себе кажува колку треба а колку не треба книшка.
Видовме колку време издржаа човек без книшка да им се врти околу стаорско гнездо.
Се обидоа да ме направат послушниче и платениче како нив,
Кога видоа не можат ме одјебаа...
Но затоа ги задржаа оние што место на работа дремеа по шатори пред Собрание за да ја спасат “демократијата“.

А да бев толку залетан по пари тука ќе си се вратев...
Немаше да се замарам во Македонија ама уопште
Ај не лажи. Овие документи очигледно се сечени, лепени, прелепувани, монтирани.

Сеа дечкото Џеткундо ќе ти каже како стварно беше, само да се јави кај Миле да праша.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Државата е партизирана во секој сегмент и нема потреба да не му се верува на човекот. Ако некому му беше потребен овој пример да го осознае ова тогаш незнам кај сте живееле досега. Без разлика кој е на власт, прво што ќе направат е да отпуштат колку што може повеќе од оние што припаѓаат на другата политичка опција (самото тоа што сите се знаеме кој за кого гласаме е нездрава работа во едно општество) и на нивно место ќе се вработат оние што лепеле плакати за да се добијат изборите. Тоа е тоа. Член од моето семејство беше меѓу оние над 1000 отпуштени од тогашното ЕСМ пред да се приватизира. СДСМ беше на власт, си ги отпуштија оние од другата страна. Членот од моето семејство што ги учеше останатите како да работат пошто немаа појма беше отпуштен а они си останаа до ден денес. Видов колку е саат, научив лекција, сега сум си раат в туѓина. Ни еден ден работен немам во МК, после факс веднаш фатив патот под нозе.

Ние не сме народ што знае да води држава. Да не е партија ќе се поделиме за нешто друго. Такви сме си. Порано србомани, бугарофили и гркомани, денес вмровци и сдсмовци...Гаден менталитет, тие што имаат муда и се апаши ќе го користат додека може да се користи.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Сега кој лаже?

Док 01 Една од потврдите за одземени предмети:


Док. 02 и 03 Решение за одземање на патна исправа од истражен судија:



Док. 04 Решение за укинување на превентивни мерки:
[DOUBLEPOST=1433742306][/DOUBLEPOST]А сега да се вратиме на тема...



Откако помина конкурсот и бев контактирам дека сум примен
Во Археолошки дојдов негде 12/13 Октомври,
До 31 Октомври работев волонтерски помагајќи да се подготви Музејот за своето свечено отворање.
По отворањето на 31 Октомври 2014 го добив првиот договор на определено работно време. Секој од договорите беше од месец за месец.

Првиот мој договор со Археолошки:


На 05 Јуни месецов не ми беше продолжен договорот на определено време од причини кои што веќе ги објаснив во текстот на насловна
Моето бркање само по себе кажува колку треба а колку не треба книшка.
Видовме колку време издржаа човек без книшка да им се врти околу стаорско гнездо.
Се обидоа да ме направат послушниче и платениче како нив,
Кога видоа не можат ме одјебаа...
Но затоа ги задржаа оние што место на работа дремеа по шатори пред Собрание за да ја спасат “демократијата“.

А да бев толку залетан по пари тука ќе си се вратев...
Немаше да се замарам во Македонија ама уопште
Хахаха колега you nailed it!

Инаку, ги знам сите водичи и колкав процент беа наш квалитетен а колку ВМРО - БОТСКА калибар. Мислам нема потреба од скриншотови од фб профилите нели?
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сега ќе дојдат и други платеници со еден куп прашања. Истите тие членови на крај ќе заклучат дека ти си крив, а власта правлино постапила што ти дала отказ.

Не е ништо ново, се знае како се држи такво работно место и што следува ако не ги исполнуваш партиските задачи.
Работа во музеј може да се добие без книшка, но без неа не можеш да останеш подолго од 6 месеци.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.612
Поени од реакции
81.309
Сеуште неможам да ги сватам оние што го напаѓаат човекот.... Гледате дека членот не се крие позади никот, го дознаа сите тука на форумов кој е и што е, достави документи само за вас кои го напаѓате постојано да се уверите дека нешто не штима во државава. Еве одкако се откри кој е, видете вие дали е член на опозиционата партија во државава, барем тоа е лесно да се види денес.

И што ќе правиме ако не е член на нитуедна ебена партија во државава? Знаејќи какви директори постојат во земјава, воопшто не ме зачудува што вака го шутнале од работа.

Е ова ти се вика МИ-ЗЕ-РИ-ЈА, затоа сеуште си тапкаме во место, секоја ден се повеќе и повеќе луѓе се иселуваат заради вакви случаеви, каде што партиската книшка е поважна од човечкото битие. Па уште се чудам, му викате што не ја прифатил работата што му се нудела во странство... со сила го бркате човекот, не ви требаат вакви луѓе кои размислуваат со сопствена глава во државава. Потребни се само оние со партиска книшка, по можност портокалова.

Срамота, се изедовме самите себеси, ич не сме сложни, ви го испија мозокот партиите. Да ве ебат и Грујо и Заев, додека на чело ви стојат залепени партиските книшки, говеда ниедни. Заради ВАС, ВИЕ ОПРЕДЕЛЕНИТЕ ни пропаѓа земјава, 25 години сме Статус Кво на Балканот.

Пу да ви се плукнам у мозоците испрани што ги имате....

ВМРО...? Па тоа е свето име мамата ваша, и тоа успеавте да го оцрните, па уште ќе се поистоветувате со оние паднатите херои од пред 100 и кусур години, демек големите патриоти вие, што го бркате секој човек од земјава надвор. Арам да ви се сите пари што ги земате од партијата, никогаш аир да не видите.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.334
Поени од реакции
3.276
Во изминативе месеци згрозен од неодговорното и насилничко однесување на луѓето кои моментално ги окупираат државните институции на нашата татковина, испаднав на улица да побарам одговорност:

ОДГОВОРНОСТ за неспособноста на здравствените институции во случајот со деветгодишната Тамара Димовска.

ОДГОВОРНОСТ за обидот за прикривање на убиството на 22 годишниот Мартин Нешкоски.

ОДГОВОРНОСТ за монтираните судски процеси иницирани како резултат на политички пресметки со своите политички противници.

ОДГОВОРНОСТ за изборниот криминал во кој луѓе од Пустец и мртви гласачи прават бугарски возови.

ОДГОВОРНОСТ за партискиот реваншизам и бркањето од работа на политички неподобните и партизацијата на државната администрација со неспособни партиски послушници кои се таму само за една партија да си добива гласови на избори.

Во овој период јас бев вработен под договор на определено работно време како музејски водич едукатор во Археолошкиот Музеј на Македонија. На протестите не дојдов ниту да фрлам со домати, ниту да се тепам со полицајци. Испаднав за да им дадам подршка на мајката на Нешкоски и мајката на Тамара, бидејќи нејќам да живеам во држава во која тоа што им се случи на нивните деца утре би можело да им се случи и на моите или на било кое дете кое живее во оваа земја. Иако не ги познавав сметав дека е моја граѓанска должност како нивен сограѓанин да им се придружам во моментите кога на овие луѓе им беше најтешко. Мислев и сеуште мислам дека во ваков тоталитарен систем единствен начин за правдата да испадне на виделина е преку граѓански отпор. Кога неправдата станува закон, отпорот станува граѓанска должност.

Драги читатели поради овие мои ставови од вчера јас повеќе не сум дел од тимот на НИ Археолошки Музеј на Македонија. Зошто? Ако мислевте дека не се ништо посериозно сите оние телефонски разговори во кои високи државни функционери се закануваат со губење на работни места на своите политички неистомисленици вработени во државната администрација, тогаш сте се излажале. Јас тие закани и притисоци ги чувствував веќе неколку месеци врз моја кожа за на крајот да ескалираат со мое отпуштање од работа.

За да работи во Археолошкиот Музеј на Македонија човек мора да се откаже од размислувањето со сопствена глава и да почне да го позајмува она од партијата на власт.

Од самата директорка на споменатата институција бев опоменат неколку пати дека и покрај тоа што одлично си ги извршувам работните обврски, моето однесување надвор од работното место и моите статуси на фејсбук се неприфатливи за институцијата во која работам. Не било во ред да плукам врз оние што ме ранеле, и требало убаво да размислам како ќе продолжам да се однесувам доколку сакам да продолжам да работам во таа институција.

На опомените одговорив, дека ми е смешно некој да ме опоменува за тоа што го правам во мојот приватен живот. Доколку тие опомени беа за каснење на работно место, за непрофесионално извршување на моите работни обврски, за било што што се однесува за мојата работа во музеј, јас би се поправил, но апсолутно никој нема право да ми кажува како да мислам, во што да верувам, за кого да гласам на избори, каква музика да слушам, или каде да ставам лајкови на фејсбук. Јас бев вработен на позицијата музејски водич едукатор и имав за задача на посетителите да им го доловам богатото културно наследство на нашата татковина. Јас не бев вработен на позицијата партиски потрчко на ДПМНЕ. Мене Груевски не ме ранеше, мене ме ранеше мојата посветеност и љубов кон работното место.

На овој мој став ми беше одговорено со зборовите: Мартине ние не сме Шведска, мора да се привикнеш на државата во која живееш.

Тоа е и проблемот, што сакам да живеам во Македонија а да се чувствувам слободен како во Шведска. Можам но нејќам да си заминам од оваа држава, сакам тука да направам своја фамилија на која ќе и обезбедам сигурна иднина. Главна пречка за тоа се оние што моментално се наоѓаат на власт.



За лицемерието на директорката да биде поголемо на 05 овој месец ги свика сите 11 души кои од Октомври 2014 година работевме во Археолошкиот Музеј на позицијата музејски водич едукатор. Почна да чита имиња и презимиња од кои четворица никогаш не беа прочитани и го изгубија работното место. Меѓу избришаните бев и јас, веднаш станав, се насмевнав, и си заминав. Знаев дека беше само прашање на време кога. Во лифтот на искачање од еден од вработените наместо срдечен поздрав ми пренесе дека долга била раката на ВМРО. И стварно била долга, а тоа се гледаше во оние што останаа на работа. Тоа беа оние кои наместо на работно место во музеј имаа партиска обврска секојдневно да се појавуваат во шаторите пред Собранието на Македонија. Додека они кампираа и сеуште кампираат за задоволувањето на суетата на нивните партиски наредбодавачи, ние другите работевме во музејот, имавме дупло ако не и тродупло повеќе тури со кои посетителите ги запознававме со богатото културно наследство на нашата држава. За жал кога дојде времето на кастрење за директорката повреднувани беа партиските потрчковци него ли музејските водичи.

Некој сега ќе праша а зошто воопшто кастрење на работни места во институција која почна да работи пред нецели седум месеци.

Драги читатели Археолошкиот Музеј на Македонија е на раб на банкрот. Овој наш музеј нема финансиски средства ни за тоалетна хартија камоли пак пари за да ги плати сметките за струја или исплати своите вработени. Од седум месеци работа имам земено само три плати. Посетеноста на музејот е минимална, по одвај четириесетина посетители секој ден. Маркетингот речиси и да не постои, сосем разбирливо кога ќе имате во предвид дека главно и одговорно лице за маркетингот на целиот музеј е една персона која со цел памет тврдеше дека во саркофагот изложен во Археолошки почивале и коските на Александар Македонски, та затоа и се нарекувал Александров. Додуша нормално е тоа за нашево опшество бидејќи таа персона била вработена во нашиот археолошки музеј како заслуга за “патриотската борба“ на нејзиниот маж кој како главен и одговорен уредник во својата емисија носи стручњаци кои ни раскажуваат како бог ги создал Македонците во десетиот ден.

Археолошкиот музеј нема означени правци за движење, нема ознаки за хронолошки периоди ниту пак информативно едукативни табли за тие периоди, ниту пак има план на просторот за да знаете каде се наоѓате. Додуша има водичи, но од оние што останаа само за еден може да се каже дека колку толку знае англиски. Другите не знаат да сврзат ни просто проширена реченица. Со среќа нека им е понатамошната работа, на странците дефинитивно ќе им биде забавно.

Археолошкиот музеј нема ни било каква интернет социјална или печатена маркетинг пенетрација. Музејот нема ни едно обично флаерче на кое би ги пишувало најбитните информации за работно време, телефон за контакт, ценовник. Нема ни знак за влез, или излез. Легендите во витрините кои би требало на посетителот да му кажат каде се откриени, од кој век потекнуваат и што претставуваат артефактите изложени во нив, се или грешни со испомешани бројчиња, или премногу ситни и недоволно осветлени па никој неможе да ги прочита камоли разбере, или пак воопшто ги нема. Сите видео проектори кои наводно би требало да покажат дека музејот е во чекор со модерната музеологија уште од самото свечено отворање се прегорени и вон употреба главно поради погрешно поставена електрична инсталација. Прашината е насекаде, од три хигиеничарки само една работи, а причината е бидејќи само она нема партиска книшка, та само она се плаши за своето работно место, и мисли дека трудот е она што ќе ја спаси.

Кај е директорката во целата работа? Знае ли таа за сите овие работи?

Знае верувајте многу добро знае:
Знае и за списоците со кои штиклираше присуство на своите вработени на митингот на ДПМНЕ на 18 Мај,
Знае и за специјалниот статус кој го уживаат сите здруженија на УМС на ДПМНЕ на ниво на цела република кои кога сакаат можат бесплатно да си влезат и да се шетаат околу музејот, како они да не се обични граѓани туку некоја буржоазија со сина крв.
Знае и за тоа дека 90 посто од администрацијата не и работи ништо туку функционира на принципот примај плата клати врата, само бидејќи мислат оти партиската книшка а не работните обврски се единствениот критериум како да ја задржат својата позиција.
Знае дека и златната маска и нараквица и се копија, како и што и се копии и скулптурата Венера Пудика, Големата Мајка од Тумба Говрлево, Адамот од Говрлево, архитравната греда од Исар Марвинци, и голем број други наоди бидејќи очигледно никој не верува во нејзината способност овие значајни артефакти научно и професионално да ги презентира пред пошироката јавност.

Директорката наместо да го средува музејот побитно и е дали ќе биде видена во првите редови на некој партиски митинг, или колку ќе биде лајкуван некој нејзин фејсбук статус во кој ги воспева догмите на ДПМНЕ. И пак сето ова е нормално за нашево опшество бидејќи очигледно партиската книшка е единствениот критериум поради кој она воопшто дошла до позицијата до која дошла.

За жал нашиот музеј и покрај големиот број на пари фрлени за него не нуди, како што смета неговата директорка, „една голема вистинска приказна, заснована на една величествена историја“, тука го експонира/соголува нашето денешно незнаење и неумешност, шарлатанство и самобендисаност. Ние сме само лоша копија на современите европски култури, а за музеологија не умееме ни да мислиме, камо ли да ја (с)работиме. Таму, во таа наша македонска „музеологија“, очигледно царува вечна ноќ, како и во новиот Археолошки Музеј на Македонија, кој за жал е само фабрика за партиски гласови на избори.

Драги читатели и граѓани на оваа држава. Моето име е Мартин Стефановски. Немам партиска книшка ниту планирам некогаш да земам. Сакам да успеам во животот со мои раце и мој мозок без да позајмувам од партијата. За жал државните институции ни се киднапирани од партиски насилници и тие во заложништво го држат нормалниот живот на граѓаните во оваа држава. Поради тоа јас продолжувам да доаѓам секој ден во 6 пред Владата на Република Македонија бидејќи сакам да живеам во нормална држава каде слободно и непречен од никого ќе имам услови да оформам семејство на кое ќе му обезбедам среќен и нормален живот.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.302
Поени од реакции
22.588
@Persey

Добро ти направиле. Сите сме свесни како стојат работите во Македонија па и ти си бил спремен на еден начин и си го очекувал тоа, незнам сега зошто кукаш... Јасно дека не е добро и дека сите сакаме промени ама далеку сме ние од тоа. Реално ниту еднава ниту другава политичка опција нема да ги донесат промените што треба за да тргнеме напред, ниту пак странците, буквално на сите им одговара овој систем, борбата е само кој да биде на власт а никој суштински нема ништо да смени. Системот е така добро скоцкан да гарантира победа на избори за тој што е на власт.

Сега до тебе е, можеш да продолжиш со протести или да си ја бараш среќата на друго место или сам да си најдеш друго решение. Држава се прави на два начини ако се воспостави здрав систем (што кај нас нема никогаш да биде) или ако секоја фамилија стои цврсто на свој нозе па партиите не играат никаква улога во нивниот живот. Ако си паметен ова за тебе ќе биде пресвртница, имаш странско искуство, заштеда, не си осуден (сеуште) и пасош...
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Ау брат ги закопа чекаат од штаб команди пошо ИМ ГО ПИКНА У ФАЦА!!!!!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Каква лудача таа директорката еј. Јас во секој момент би вработил некој да кења против мене не у друштво него јавно на фејсбук. На крајот на краиштата има ли нешто пологично од тоа да се вработиш во Музеј за кој тврдиш дека е продукт на криминал на некоја власт и да земаш плата таму?
 
Z

zlaki

Гостин
дај ставете слика од таа директорката да ја видиме која е..
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Каква лудача таа директорката еј. Јас во секој момент би вработил некој да кења против мене не у друштво него јавно на фејсбук. На крајот на краиштата има ли нешто пологично од тоа да се вработиш во Музеј за кој тврдиш дека е продукт на криминал на некоја власт и да земаш плата таму?
:facepalm:Не престанувате да ме изнанадувате секој ден. Сега и музеите се продукт на ВМРО? Они од џеп извадија пари да го изградат? Никој освен пресветите членови нивни нема право ни да помисли да работи во институција за која народот плаќа?
Добро бе, со што ве хранат да сте вака безобразни?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.612
Поени од реакции
81.309
Каква лудача таа директорката еј. Јас во секој момент би вработил некој да кења против мене не у друштво него јавно на фејсбук. На крајот на краиштата има ли нешто пологично од тоа да се вработиш во Музеј за кој тврдиш дека е продукт на криминал на некоја власт и да земаш плата таму?
Прв болд... Јас колкушто прочитав никој не ја навредувал директорката, барем додека бил запослен на работа.

Втор Болд... Истотака не прочитав дека давал некоиси нелогични коментари додека бил вработен на работното место


Човекот излагал на протести и протестирал мирно, што е загарантирано право на секој човек во државава. Ама ете гледаш, тоа не им одговарало на директорката која е член на одредена партија. Му се мешала во приватниот живот, и го судела според неговите убедувања, кои не се коселе со нејзините (партиски) мислења.

Колку и да сакаш, неможеш да бараш вина кај човекот... тој си ја работел професионално работата, ама грев е во оваа држава да немаш партиска книшка, автоматски си осуден од страна на околината.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Каква лудача таа директорката еј. Јас во секој момент би вработил некој да кења против мене не у друштво него јавно на фејсбук. На крајот на краиштата има ли нешто пологично од тоа да се вработиш во Музеј за кој тврдиш дека е продукт на криминал на некоја власт и да земаш плата таму?
Каде виде ти дека он кењал против неа?

На работно место бил примен поради стручните кавлификации (не по партизанска линија), си ја вршел работата професионално и одговорно и имал забелешки за одредени случувања во општеството кои не се поврзани со неговото работно место.

Добил клоца поради тоа со образложение дека била долга раката на партијата.

Брутус, дали си ти способен да размислуваш со глава или закржлавеано е сѐ
тоа внатре поради премногу претурање со инка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom