Меѓународно движење против промена на името

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Ќе беше убаво да биде преведен говорот , па да може сите да го разбереме. Поздрав браќа Македонци :oeoeoe:
 
E

emission

Гостин
Најнова вест од а1.

Требало да ја повлечеме тужбата против Грција поднесена во Хаг.:pos2::pos2: Тоа било совет од „извори“ ( домашни дипломати) до кои имале контакт.
Истите извори оценуваат дека она што во најмала рака Македонија би можела да го направи како гест на добра волја е да ја повлече тужбата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Грција.
:pos2::pos2:

Ваков медиум им треба на сите што се настрвиле на Македонците.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Најнова вест од а1.

Требало да ја повлечеме тужбата против Грција поднесена во Хаг.:pos2::pos2: Тоа било совет од „извори“ ( домашни дипломати) до кои имале контакт. :pos2::pos2:
.
Тоа се истите оние коишто од сигурни извори не советуваат дека е добро да си го смениме името. :wink:

Не е ништо посебно, ама во отсуство на сериозни иницијативи и ова е нешто. Печатиш, сечиш, лепиш и праќаш по белиот свет.



http://i-macedonian.blogspot.com/2010/01/say-macedonia.html
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Медиум кој во 2009 пет пати објави дека Македонија се согласила да го смени името не е достоен за коментар
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
А бе ај да бидеме културни и да им заблагодариме за советот! Нека им порачаат на тие кои нив ги посоветувале , дека може да ја повлечеме тужбата доколку: грција не признае експресно и безусловно, го признае македонското малцинство во грција и им дозволи да учат на мајчин јазик и уживаат исти права како сите други граѓани на истата, јавно да ни се извини за сите овие години тортура и стопирање на сите процеси од важност за Р.Македонија и да му се извини на светот за лагите пласирани за грцизација на Македонија и Македонскиот народ.
Ај сега пријатна ноќ , и не ја тумачете многу експерти наши и странски, Македонија нема да загине :smir::back:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Според Фуере за една македонска тв
Ако нема договор за името можна е нестабилност во Македонија
во смисол, ако не се реши името (читај -смени според нивни терк), Македонија ќе си има проблем со етничките заедници.

Ова ептен потсетува на закана, отворена закана -ако не си се избришете, тоа ќе го сториме ние.
Ете ви го глупиот европски демократичен, рамноправен и "право за сите" систем (т.е. оној што го посакува).
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Според Фуере за една македонска тв
во смисол, ако не се реши името (читај -смени според нивни терк), Македонија ќе си има проблем со етничките заедници.
И јас така го доживеав исказот на Фуере во првиот момент, но и покрај глупата ЕУ политика кон Македонија, мислам дека Фуере тоа го рече за да обзбеди да поминат амандманите во Европскиот парламент (демек да ги подуплаши малку).

Но ако првобитното доживување е точно и ЕУро-кретенот ни се заканува, мислам дека е редно да им се каже дека овој пат сме спремни и одиме до крај!

Но некако не ми изгледа дека на некои други пак им е до војување и крвови заради ЕУ.

Ова колку да се знае, за да не бидат изненадени на крај од текот на настаните кој нема да им одговара...
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1320

Ве молам погледнете го видеото! Нема да го дадам моете мислење за да не дадам погрешна насока со тоа што го ставив видеото овде. Се надевам ќе подискутираме на оваа тема, бидејќи ја сметам за многу важна во контекст на темата „(не)промена на името“ и оваа чудна „војна“ помеѓу новинарите и политичарите и сл. :smir:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
Граѓаните не ја разбираат владината политика за името

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119475


03.02.2010 16:37



Македонските граѓани не ја разбираат владината политика за спорот со името - се вели во последното истражување на Транспарентност нулта корупција.

Над 60 проценти од Македонците не знаат која била црвената линија која ја споменува државниот врв, ниту пак што е тоа разумен компромис, а скоро 70 отсто воопшто не знаат што бара Грција во спорот со името.

„Граѓаните мора да знаат за што зборуваме. Граѓаните мора да ги знаат јасно нашите ставови. Мора да знаат јасно во што конкретно е проблемот и кои се прашањата ки што се третираат во рамки на тие преговори, но граѓаните мора да се овозможи да ги слушнат сосема коректно и објективно и ставовите на другата страна“, вели Слаѓана Тасева, НВО Транспарентност нулта корупција.

И покрај тоа, секој втор граѓанин во земјата е убеден дека компромисот би значел и промена на македонскиот национален идентитет.




Но сосема се различни перцепциите на Албанците и Македонците. Скоро осумдесет отсто од Македонците не би прифатиле промена на името за членство на НАТО и ЕУ, а повеќе од осумдесет отсто од Албанците сметаат дека името треба да се промени. Две третини од Македонците не би прифатиле промена ниту со гаранции дека нема да се чепка во јазикот и идентитетот, за разлика од Албанците од кои 90 проценти би се сложиле со овие услови.

„Гледаме една исклучително голема разлика помеѓу најголемите национални групи кои што живеат во Република Македонија, по однос на ова клучно прашање. Како да се создава некоја слика дека се живее во два паралелни света“, рече Тасева.

Македонците се и попесимисти од Албанците во однос на решавањето на спорот со името. Повеќе од половина Македонци веруваат дека спорот нема да се реши, а 40 отсто од Албанците пак се сигурни дека решение скоро ќе има. Како и да е, едно им е заедничко на сите - и едните и другите се согласиле дека не располагаат со доволно информации ниту за ставовите на македонската, ниту пак за оние на грчката страна.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
И покрај тоа, секој втор граѓанин во земјата е убеден дека компромисот би значел и промена на македонскиот национален идентитет.

Две третини од Македонците не би прифатиле промена ниту со гаранции дека нема да се чепка во јазикот и идентитетот,
Ми се свиѓа :smir:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
Ми се свиѓа :smir:
и тоа рачунај од кој се тие анкети малку се две третини преку 90% од Македонците се за тоа да не се промени името ни со точка ни запирка само сега пуштааат пробни балони демек две третини после два три месеци ќе биби 50=50 само му го педрат мозкот на љуѓето секој нормален не би прифатил промене по никоја цена односно уценување и придобивка од некакво членство во некој организации :smir:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Мислам дека Македонија полека но сигурно добива подршка во светот. Сегашните позиции се многу подобри отколку пред 1 година и треба да се искористи моментот.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
mozebi ne e najprikladno ama ima jaka vrska so temava .

denes za edna ista rabota vaka e izvesteno vo 2 nasi mediumi

Папандреу одби да се сретне со Груевски

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=13&VestID=119521
04.02.2010 17:09

За таков состанок се потребни многу подготовки, ова е одговорот на грчкиот премиер Јоргос Папандреу на предлогот на премиерот Никола Груевски за нова средба, на која би се разговарало за клучниот проблем во односите на двете земји спорот за името.
Во писмото до Папандреу, а потоа и во вчерашниот телефонски разговор Груевски предложи средба во Македонија или на друго место за кое би се договориле. Одговорот на Папандреу можеше да се предвиди и секако не е изненадување.
Како искусен дипломат Папандреу проценил дека со досегашните средби со Груевски ја остварил целта, да демонстрира поинаков пристап во спорот од својот претходник Костас Караманлис која за разлика од него одбиваше какви било средби со македонските претставници.
Според Папандреу, понатамошните протоколарни и пред се маркетиншки средби со Груевски би можеле да бидат контрапродуктивни по позицијата на Грција.
Груевски, според грчките аналитичари би добил прилика пред меѓународната јавност да презентира конструктивност, без поголем суштинска подготвеност за компромис.
По одлуката на Брисел, со која решавањето на спорот со Грција и формално стана предуслов за одредување датум за старт на преговорите, грчката дипломатија ја користи засилената позицијата, инсистира на име со географска одредница што ќе го содржи зборот Македонија и ќе биде за севкупна употреба.




ova e na a1




ПАПАНДРЕУ ПРИФАЌА СРЕДБА СО ГРУЕВСКИ

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу прифаќа средба со својот македонски колега Никола Груевски, потврди попладнево во Атина, портпаролот на владата Јоргос Петалотис, јави Е-репортер. „Средбите меѓу соседни земји се секогаш значајни и позитивни, без оглед на проблемите што постојат“, рече Петалотис, на редовниот брифинг со новинарите во Атина. Тој, како што објави објави грчката државна агенција Ана-Мпа, објасни дека средбата меѓу премиерите на двете земји ќе се подготвува по дипломатски пат, затоа ќе бидат потребни подолги подготовки, шго подразбира да биде утврдено и местото на состанокот.


ova na telma





...pa dobre be do koga
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
mozebi ne e najprikladno ama ima jaka vrska so temava .

denes za edna ista rabota vaka e izvesteno vo 2 nasi mediumi

Папандреу одби да се сретне со Груевски


04.02.2010 17:09

За таков состанок се потребни многу подготовки, ова е одговорот на грчкиот премиер Јоргос Папандреу на предлогот на премиерот Никола Груевски за нова средба, на која би се разговарало за клучниот проблем во односите на двете земји спорот за името.
Во писмото до Папандреу, а потоа и во вчерашниот телефонски разговор Груевски предложи средба во Македонија или на друго место за кое би се договориле. Одговорот на Папандреу можеше да се предвиди и секако не е изненадување.
Како искусен дипломат Папандреу проценил дека со досегашните средби со Груевски ја остварил целта, да демонстрира поинаков пристап во спорот од својот претходник Костас Караманлис која за разлика од него одбиваше какви било средби со македонските претставници.
Според Папандреу, понатамошните протоколарни и пред се маркетиншки средби со Груевски би можеле да бидат контрапродуктивни по позицијата на Грција.
Груевски, според грчките аналитичари би добил прилика пред меѓународната јавност да презентира конструктивност, без поголем суштинска подготвеност за компромис.
По одлуката на Брисел, со која решавањето на спорот со Грција и формално стана предуслов за одредување датум за старт на преговорите, грчката дипломатија ја користи засилената позицијата, инсистира на име со географска одредница што ќе го содржи зборот Македонија и ќе биде за севкупна употреба.




ova e na a1




ПАПАНДРЕУ ПРИФАЌА СРЕДБА СО ГРУЕВСКИ

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу прифаќа средба со својот македонски колега Никола Груевски, потврди попладнево во Атина, портпаролот на владата Јоргос Петалотис, јави Е-репортер. „Средбите меѓу соседни земји се секогаш значајни и позитивни, без оглед на проблемите што постојат“, рече Петалотис, на редовниот брифинг со новинарите во Атина. Тој, како што објави објави грчката државна агенција Ана-Мпа, објасни дека средбата меѓу премиерите на двете земји ќе се подготвува по дипломатски пат, затоа ќе бидат потребни подолги подготовки, шго подразбира да биде утврдено и местото на состанокот.


ova na telma





...pa dobre be do koga
Ogledalo,mene ne me zacuduva odnosot na grcite...Prosto i ednostavno:si igraat so nas toplo-ladno,so cel da vrsat psiholoski pritisok vrz narodot vo Makedonija.

Ednostavno,odamna sme svedoci deka vo sekoj eden makedonski medium denes citash ,,dobri vesti,,a vednash naredniot den istite tie mediumi objavuvaat vest deka ,,dobrite novini,, bile samo zabluda,t.e.objavuvaat vesti kontradiktorni na prethodnite.Ednostavno na narodot mu nametnuvaat dualizam:eek:ptimizam-pesimizam.

Odamna ja imam zabelezano taa pojava,ne samo od strana na grckata diplomatija,ami i od strana na nasite mediumi.

Duri se prasuvam koj na kogo sluzhi?
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Го гледавте ли вчера интервјуто на А1 со Комуцакос ?

Комуцакос: Не постои македонско малцинство во Грција

Тања Милевска Коментари (8)
04.02.2010 20:17

Европратеникот Јоргос Кумуцакос, еден од луѓето кои директно беа инволвирани во букурешките настани, десна рака на дора бакојани во ексклузивно интервју за А1 Телевизија открива - дали Атина може да попушти во спорот за името, каква ќе биде позицијата за јазикот.
Г-не Кумуцакос, дали ги споделувате истите погледи со вашите колеги од АФЕТ и евроамбасадорот во Македонија г. Фуере дека ако спорот со името не се реши, постои опасност за стабилноста на земјата и регионот?
- Прво, важно е да споменеме дека има скорешен позитивен напредок за БЈРМ, во поглед на визната либерализација. Овој позитивен напредок немаше да се случи без согласноста и поддршката на Грција. Сакам да го истакнам ова, затоа што во Скопје понекогаш има обиди да се демонизира Грција и грчкиот народ. Затоа, овој позитивен развој на настаните за луѓето од БЈРМ беше исто така и заради добрата волја на грчката влада. Ова го истакнувам затоа што истото е позитивна порака која сакам да ја испратам до вашата држава.
- Што се однесува до вашето прашање, мислам дека ќе треба да се навратиме на резолуциите на ОН 817 и 845. Според овие резолуции, од фундаментална важност за решението на спорот со името е наведено дека во случај да не го решиме проблемот, тоа може да има негативни последици за регионот.
- Затоа двете страни се согласија на дијалог под раководство на ОН за спорот да се реши. Како што изјавија од Советот за безбедност, нерешавањето на проблемот ќе има негативни реперкусии за стабилноста на регионот. Мораме да го решиме проблемот.
Дали Грција ќе преземе дел од одговорноста ако се случи најлошото сценарио, бидејќи таа ја спречи Македонија да влезе во 2008 во НАТО.
- Грција никогаш не ја спречувала вашата земја да влезе во НАТО. Тоа беше едногласна одлука на највисоко ниво на советот на НАТО. Се разбира, Грција ги изрази нејзините грижи и ставови. Аргументите што ги употребивме го убедија советот на НАТО да донесе едносласна одлука, која беше дека мораме да го решиме проблемот, за вашата земја среќно да продолжи на патот на успех кон НАТО.
- Ако Грција прифатеше Македонија да влезе во НАТО под привременото име БЈРМ, што е член 11 од времената спогодба... Да го цитирам првиот дел... „Грција да не ја блокира втората страна при барањето за членство во мултилатерални организации“. Тогаш, зошто Грција не прифати Македонија да влезе во НАТО под привременото име?
- Добро е што ја споменавте привремената спогодба, зашто таа не се состои само од членот што го споменавте.
Ова е член 11...
- Има повеќе членови. Најважни се оние кои имаат тенденција да создадат позитивна атмосфера меѓу двете земји. Членовите се однесуваат на обврските на владата и други организации да избегнуваат пропаганди, фалсификување на историјата. За жал, за време на владата на Груевски имавме постојани прекршувања на времената спогодба, т.е на овој член кој се однесува на обврската да се избегне непријателска и националистичка пропаганда кон другата страна.
Што значи за вас националистичка и непријателска пропаганда? Преименување на аеродром?
- Демонизирање на Грција. Тоа беше единствената и постојана порака која доаѓа од владата на Груевски. Не од луѓето во државата, но на владата на Груевски тоа и беше постојана цел. Второ, преименувањето на аеродромот. Од почеток беше јасно дека оваа одлука ќе предизвика негативно чувство во Грција. И покрај тоа, наеднаш се донесе таа одлука, па потоа следеше цела низа преименувања на улици, села, меѓународни коридори. Ова луѓето во Брисел и Европа го нарекуваат антиквизација на политиката, европски термин или жаргон измислен во напорот да се окарактеризира политиката на вашата влада.
Што мислите за новата грчка влада? ЕУ е среќна што Папандреу е премиер, имаше многу билетерални средби меѓу двата премиери, има една нова динамика и нови можности. Дали и вие го споделувате истиот ентузијазам?
- Прво, ЕУ не преферира ниту една влада. Второ, мора да соработувате со демократски избраните влади. Нема привилегирани. Се разбира дека постои чувство, дури и во Европскиот Парламент, дека промената на грчката влада може да значи нови можности. Знаете, луѓето можеле да го добијат овој впечаток брз база на 2-3 средби меѓу премиерите Папандреу и Груевски. Тие зборуваа дури и вчера.
- Значи, луѓето имаат впечаток дека ова е почеток на една нова динамика во решавањето на спорот со името. Бидејќи до сега не бевме официјално информирани за содржината на овие средби очи в очи, само претпоставувам дека премиерот Папандреу со овие средби се обидува да ги олесни тековните преговори под покровителство на ОН, а не да ги замени преговорите со овие билетерални средби.
- Значи, ова е напор кон олеснување и со тоа грчката влада уште еднаш покажува добра волја. Но, што треба луѓето сериозно да земат предвид? Тоа е позицијата на владата. Позицијата на владата на Папандреу, што се однесува до спорот со името, воопшто не е променета. Пораката е јасна. Позицијата е национална позиција на Грција, сите партии се согласни дека треба да се најде сложено име со географска придавка која ќе биде употребена во сите случаи. Значи, тоа е грчката национална позиција, или нашата „црвена линија“. Верувајте, ниту една грчка влада нема да ја смени оваа позиција.
20 минутното интервју со Кумуцакос погледнете го во видеото.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119530


Новинаркава свака и част.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom