Меѓународно движење против промена на името

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Примери за добро-соседство, почитувања на малцинствата и националностите, јазик на омразата. ЕУууууууу !:pos2:

Потсетување и враќање на темата, оставете бугарски хумор! :wink:

....При приемот на нашава земја во ООН усвоени се две резолуции: едната на 7 април 1993 година од Советот за безбедност (бр. 817), и другата на 8 април истата година од Генералното собрание на ООН. Без навлегување во анализа на околностите во кои се случи приемот и мотивите за оспорување на името на нашава земја, доволни се следниве констатации содржани во текстовите на самите резолуции:

- апликантот ги исполнува критериумите за членство во ООН;

- генерално се наведува, без имиња на држави, дека произлегла/се јавила разлика за името на државата, која (разлика) треба да биде надмината во интерес на одржувањето мирољубиви и добрососедски односи во регионот;

- на барање од Генералниот секретар на ООН, поздравена е готовноста на копретседателите на Постојаниот комитет на Меѓународната конференција за поранешна Југославија (ПК МКПЈ) да пружат добри услуги за решавање на гореспоменатата разлика, како и да поттикнат мерки за градење доверба меѓу страните;

- Советот за безбедност ги поттикнува страните да продолжат да соработуваат со копретседателите на ПК МКПЈ за да се постигне брзо решавање/надминување на разликата;

- Советот за безбедност препорачува (а Генералното собрание во својата резолуција прифаќа) провизорно/привремено обраќање кон новопримената земја во системот на ООН со „поранешна југословенска Република Македонија“ додека не се реши разликата што произлегла за името на државата....

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122691043135&id=13&prilog=0&setIzdanie=21872 - целиот текст!:smir:

Претседателот :
„Никој од Македонија не бара да го промени името. Никаде не стои дека Македонија треба да преговара за името. Никој не и наложува на Македонија дека овој процес што е почнат во ОН мора да заврши со промена на име, на идентитет и на јазик, рече Иванов во интервју за А1“...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122691015269&id=9&prilog=0&setIzdanie=21872
 
Член од
26 октомври 2009
Мислења
273
Поени од реакции
33
Никаква промена на името.Поздра до сите Македонци низ целиот свет...ЗАСЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА,ЗАСЕКОГАШ МАКЕДОНЦИ
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Претседателот :
„Никој од Македонија не бара да го промени името. Никаде не стои дека Македонија треба да преговара за името. Никој не и наложува на Македонија дека овој процес што е почнат во ОН мора да заврши со промена на име, на идентитет и на јазик, рече Иванов во интервју за А1“...
Во времената спогодба стои дека се согласуваме да ги продолжиме преговорите (за името на Република Македонија), па доколку се повикуваме на неа во судскиот процес против Грција, треба и да ја почитуваме.

The Parties agree to continue negotiations under the auspices of the Secretary-General of the United Nations pursuant to Security Council resolution 845 (1993) with a view to reaching agreement on the difference described in that resolution and in Security Council resolution 817 (1993).
Точно е дека не мора да прифатиме компомис те преговорите да завршат со промена на име, ама недвосмислено според времената спогодба тоа се преговори, а не разговори ко што вели Иванов и сме должни да преговараме, затоа што истата тоа ни го наложува.

А за тоа дека никој не може да не натера да си го смениме името - правно е така. Ама ако се земе предвид дека и преговори за името и приемот на Република Македонија во ООН со дополнителните услови се спротивни на основните човекови права, те на условите на прием во ООН, не е баш јасно на што сме. Сепак без оглед на неточностите, штом претседателот дава таква изјава тоа дава дополнителна доверба дека промена на името нема да ни се случи.

Мислам дека е потребно да поведеме внатрешна иницијатива мегу нас македонците со која ке кажемме стоп на грчките обиди и ке привлечеме светското внимание.Ако Гемиџиите го запалиле Гвадалкир за да го направат тоа ни треба нешто да направимесе разбира не радикално.Прво мирни протести низ сите градови,нма гранични премини со пароли 18-години ДОСТА Е!!! Понатака сите грагани да се обележиме со беџови кои ке ги носиме нон стоп на работа на улица во продавница насекаде тоа сите да го правиме.Такви беџови да им се подарат на странски амбасадори наши министри по примерот во Бугарија,кога беше случајот со медицинските сетсри сите носеа беџови во знак на подршка дури и телевиизите има таков знак на програмите.На некој начин мора да го привлечеме светското внимание кон грчките фашистички барања.И грците се ранливи треба да знаеме каде да удриме имаат и тие Ахилова пета.А ние макеонците да престанеме да зборуваме по бумбари,Јанко,и форуми.Да се поведе непартискиа иницијатива со која секојдневно ке го истакнуваме овој спор.Да се организираат трибини да се повикуваат странски амбасадори,мора да најдме начин да го канализираме притисикот од слободољубивиот свет кон Грција,и да се афирмираме ние и нашиот став.Ние сме тотално преокупирани со внатрешни караници а Грција игра на картата на внатрешен немир тука,бидејки ембаргото не им успеа.ПОТЕБНА Е ИНИЦИЈАТИВА!!!!
Согласен сум дека треба иницијатива, неопходна е. Сепак има огромна разлика меѓу она што треба и она што сме во можност да го направиме. И на СМК беше тоа иницијатива за протестот, а на првиот имаше само пеесетина луѓе шо протестираа.

Пред да се одржат протестите, не ни знаев за нив, зборев со СМК за собирање потписи против промена на име. Петров рече дека ќе застанат зад иницијативата и дека ќе ја подржат. Се најдоа финансии за листови те формулари во кои би имало место за околу 50 000 потписи и плус промотивен материјал - плакати, флаери. Почнавме да бараме волунтери и тука почна да чкрипи работата. Ретко кој сака да виси на плоштад и да оди по роднини да збира потписи, а и од тие со кои праев муабет половината по некој временски период се откажаа. За да се реши недостатокот од волунтери праевме муабет со некои патриотски организации и се договоривме да има измени во текстот на петицијата и да бидат пишани имињата на нивните организации во формуларите и нивен контакт, а тие во замена да обезбедат волунтери од нивните членови. Од градовите за кои нивниот одговорен или како сакате наречете го, кажа дека имаат волунтери, луѓето шо од него се тврдеше дека ќе собираат потписи ми кажаа дека не сакаат. И ојде се у пм. Видов СМК собиале потписи имало на некое место во Скопје, ама не е едно во 20 града на Македонија да се соберат 10 - 50 000 потписи и во едно местенце само 1000.

Ова со беџовите додуша не би требало да е толку сложено. Еве може освен беџови да е и гривни за рака или слично. Ама треба да се обезбедат финансии, некоја група шо би го организирло ова и медиска поткрепа. СМК или некоја друга невладина оганизација сигурно би го подржале, ќе се најде Сител, Канал 5, Нова Македонија да му одвојат медиски простор ако е направено ко шо треба ама за финансии и за организацијата е друго прашање. Ако има заинтересирани ова да се оствари, еве и јас се вклучувам колку можам ќе помагам.

Сепак и таква иницијатива да не се почне има друга солуција: промоција низ интернет просторот. Не ти треба којзнае каква организациска мрежа, не ти требаат финансии. Доволно е да имаш желба, познавање на фотошоп и креативност за да направиш слики и ги распространиш низ нетот. Нешто во стилот на серијата Visa no thanks или Don't you FYROM me! Ако не си баш по сликите може да се праќаат протестни писма до интернет страни шо не фиромизираат. Може да се полни интернет просторот со содржини за промоција на Македонија. Можда за некој е малку ама и тоа е некаков успех.
 
S

smart ass

Гостин
Еве една добра вест ...

Од британското МНР најавуваат дека Британија кон крајот на годинава, или почетокот на следната, ќе покрене дебата во ЕУ за да се укаже дека билатералните спорови не треба да бидат пречка за проширувањето

Британија ќе бара да се отвори сериозна расправа во Европската Унија со цел да се укаже дека билатералните спорови веќе не смеат да го спречуваат проширувањето на Унијата со нови членки.

.
Арно им текна на левите....па гејлада е нивна творба..и троа германска..

ЕУ се буди полека но сигурно!
Не би рекол....ЕУ сака да изиграва меѓународен фактор...ама некако не ги бива поединечно(без САД)-Целта е Интеграција на сите држави.

Гад сејв д куин...
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Како добра иницијатива го гледам маиците со секакви содржини како: Fuck greece, One name One language One nation, dont you firom me , I Love Macedonia, карти на Македонија, Македонското знаме, Aлександар и Филип Македонски и тн. ...

- Жално е што повеќе избор и подобар квалитет видов само во Охрид годинава, во другите градови тешко се наоѓа или пак се потешко достапни, како и да е.

Ова ми се омилени подароци за сите мои пријатели од странство. Тоа е промоција на Македонија и отварање очи на сите неутрални личности за отворено кршење човечки права за кој никој досега не сноси одговорност.

Би сакал во секој град да има едно вакво специјализирано место за секаков вид на сувенири од Македонија.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Владата не е изненадена од иницијативата на официјален Белград да посредува во спорот околу името. Вакви понуди има од сите страни.
Премиерот Груевски со експресен одговор од Ерусалим. Секоја помош е добредојдена, но праксата говори дека сите понуди од меѓународните партнери или пак од соседство, досега не дале резултати.
„Не е ни прв ни последен од политичарите кои на некој начин сакале да се инволвираат, да помогнат, така што јас сум кажал една генерална изјава за секој што сака да помогне - добредојден е да помогне, многумина досега се обиделе, некои само посакале, и во иднина доколку некој сака да помогне на било каков начин, одговорот ќе биде за сите“, изјави премиерот Никола Груевски.
Симптоматичен и помалку провокативен предлог со лошо искуство од релациите Белград - Атина кога се работи за интересите на Македонија - е констатацијата на дипломатите Чашуле и Димовски.
Подадената рака од официјален Белград нема искрени намери, туку зад сето ова се крие самопромоција на српскиот претседател, кој во исто време сака да ја претстави својата држава како извор на стабилност.
Но, индикативна е оваа благо речено провокација, ако се има во предвид континуираната топло-ладно политика на Белград, кој повремено ја менуваа реториката кон земјава, со тоа што еднаш сме за нив ФИРОМ, а друг пат Македонија.
Поранешниот амбасадори во Белград Виктор Димовски ги детектира причините.
„Се работи очигледно за проценка на актуелното политичко раководство во Белград, дека во даденава ситуација, прво веројатно ценат дека можеле да помогнат, а второ веројатно поаѓаат и од своите интереси да се покажат релевантен партнер којшто ги надминува своите внатрешни проблеми и којшто сака да биде активен играч на регионален план“, рече Димовски.
Експертите предупредуваат на старата шема кога пред 17 години српскиот претседател Милошевиќ на својот грчки колега Мицотакис му понуди поделба на Македонија.

Непристоен предлог - вака Слободан Чашуле ја толкува идејата Србија да посредува во македонско-грчкиот спор.
„Кога ќе видите дека ние и покрај добрите односи со Србија имаме едно поле на затегнатост кое се нарекува Косово, кога ќе видите дека со Грција имаме ирационален проблем кој го загрозува постоењето на државата, како можете да очекувате во еден таков контекст, било кој од двајцата, особено не Белград, да ви се најде и да ви помогне“, рече Слободан Чашуле, поранешен амбасадор.
„Оттаму мислам дека ова играње на Тадиќ за сопствена потреба, колку и да призвучува наивно на едно ниво, ако фати корен - може да биде опасно“, додава Чашуле.
Српскиот претседател Тадиќ неодамна на средбите со македонскиот врв се понуди да посредува и во црковниот спор меѓу МПЦ и СПЦ, но без ефекти.


Треба многу внимание, комшииве би биле среќни да не растегнат , уништат и на било кој начин да ни наштетат. Мора сами (како и секогаш) да се избориме за она што е наше.
 
M

marsovka

Гостин
Малку офф топик ама чисто ме интересира дали ќе бидете толу горди македонци кога поради рапидниот пораст на сиромаштијата се зголамува криминалот и кога некое младо момче ви впери пиштол за парите или пак кога ќе дојде вашата ќерка,сестра,братучетка,другарка наполнета со 15 различни видови сперма,самото тоа што вие сте немале да и дадете пари да искочи или пак вашиот син ќе нуди услуги на постари дами и господа за да може да си го плати искачањето петок навечер,или дали ќе се чуствувате толку горди македонци ако не можете да му платите школување на децата или да му дадете барем минимален џепарац,онака баш ме интересира дали ќе бидете тогаш толку горди.

Кога по ѓаволите ќе почнете да се занимавате со суштински прашања?

*ако не знаете што се тоа суштински прашања,мислам дали планирате да се спротиставите на искористувањето на монополите кои драстично ги покачија цените,дали мислите да се спротиставите на владините мерки кои се еквивалент на рекет или ќе продожите да мумлате глупости по форум за името кое очигледно е искористувано од елитата за мачкање очи и дупење у гз.

П.С. Ако имате муда ќе дискутирате ако не ке ќењате ко мали бебиња.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
:pos2::pos2:
тежок случај си еј ...
постов веза нема :toe: без разлика офтопик или не ...

ако ако ако ако ...

а дали ако бидеме побогати и сите тие „АКО“ не се исполнат ќе станеме американци :tv:

и дали ако тие „АКО“ се исполнат нема да бидеме Македонци?

и шо превземаш ТИ во врска со тоа? освен шо на подмолен начин вмешуваш политика?

Едит: и како поврза економија и стандард со тоа шо некој е роден Македонец ...
дали ако сум сиромашен не треба да бидам горд поради тоа шо сум?
и дали сиромашниот Американец не треба да биде горд американец оти е сиромашен ...

или богаството е мерило чувството да си горд на потеклото?

како го поврза ова жити се :wink:
 
M

marsovka

Гостин
:pos2::pos2:
тежок случај си еј ...
постов веза нема :toe: без разлика офтопик или не ...

ако ако ако ако ...

а дали ако бидеме побогати и сите тие „АКО“ не се исполнат ќе станеме американци :tv:

и дали ако тие „АКО“ се исполнат нема да бидеме Македонци?

и шо превземаш ТИ во врска со тоа? освен шо на подмолен начин вмешуваш политика?
или
знаеш што би убила да има таква ревност за како на пример анти-мењање на цените на струјата, против законот за пушење и рандом други закони кои сите сме свесни дека се створени за стрижење како овде на оваа тема еј човече организации стварате волонтери курци ташаци а за она најважното сите свиркате или пак одвреме навреме викате пу јзк толку

Патем целава тема случајно да не е политичка ? о и да е ова е повеќе спаѓа во сферата на општество и економија научи да разликуваш
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
не ми одговори на прашањата :toe:

и се сеќавам кога велеше дека те заболе како ќе сме се викале, северни горни долни, само да ти бил полн џебот ... тоа се вика лицимерие ...

знаеме дека си материјалистка ... на многу пати се имаш докажано ...
човек да те понижува и да ти кажува која си, од каде си, какво потекло имаш или воопшто го немаш, ти немаш мака, ама ако те удрат по џебот плачеш .... ај доста лицимерие ти се молам ... оди по темата за законот за пушење, за цените на струјата и парното таму овој муабет ... кај тука за името најде да постираш кога твојот став е јасен околу ова прашање :toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Малку офф топик ама чисто ме интересира дали ќе бидете толу горди македонци кога поради рапидниот пораст на сиромаштијата се зголамува криминалот и кога некое младо момче ви впери пиштол за парите или пак кога ќе дојде вашата ќерка,сестра,братучетка,другарка наполнета со 15 различни видови сперма,самото тоа што вие сте немале да и дадете пари да искочи или пак вашиот син ќе нуди услуги на постари дами и господа за да може да си го плати искачањето петок навечер,или дали ќе се чуствувате толку горди македонци ако не можете да му платите школување на децата или да му дадете барем минимален џепарац,онака баш ме интересира дали ќе бидете тогаш толку горди.

Кога по ѓаволите ќе почнете да се занимавате со суштински прашања?

*ако не знаете што се тоа суштински прашања,мислам дали планирате да се спротиставите на искористувањето на монополите кои драстично ги покачија цените,дали мислите да се спротиставите на владините мерки кои се еквивалент на рекет или ќе продожите да мумлате глупости по форум за името кое очигледно е искористувано од елитата за мачкање очи и дупење у гз.

П.С. Ако имате муда ќе дискутирате ако не ке ќењате ко мали бебиња.

Е тие неколку работи кои ги болдирав се најважните :pos2: Девојко :tapp:
А она со образованието колку да те потсетам дека за прв пат имаме задолжитлно средно, бесплатни учебници, компијутер за секое дете и тн... :wink:
Инаку и јас кога бев средношколец пред едно 15тина години, немаше татко ми да ме прати во школа која ја сакав, така да завршив средно во родниот град :back:
 
M

marsovka

Гостин
не ми одговори на прашањата :toe:

и се сеќавам кога велеше дека те заболе како ќе сме се викале, северни горни долни, само да ти бил полн џебот ... тоа се вика лицимерие ...

знаеме дека си материјалистка ... на многу пати се имаш докажано ...
човек да те понижува и да ти кажува која си, од каде си, какво потекло имаш или воопшто го немаш, ти немаш мака, ама ако те удрат по џебот плачеш .... ај доста лицимерие ти се молам ... оди по темата за законот за пушење, за цените на струјата и парното таму овој муабет ... кај тука за името најде да постираш кога твојот став е јасен околу ова прашање :toe:
о да а ти демек си подобриот од мене не ми одговори на погорните прашања и да сум материјалист бидејќи знам дека храната и струјата не се плаќаат со добри намери

И неам намера да изгравам нешто што не сум народен херој хел јеа
Што треба да ставам лав на аватарот партиска книшка у џеб и да кажувам рандом илузии и шифрени мисли од типот ќе не снема ? .
а дали ако бидеме побогати и сите тие „АКО“ не се исполнат ќе станеме американци

и дали ако тие „АКО“ се исполнат нема да бидеме Македонци?

и шо превземаш ТИ во врска со тоа?
преформулирај ги прашањата не си ми јасен

Иначе ако ти не знаеш што ниту петнаесет деклаарации нема да ти помогнат

И патем поголемо понижување од сегашната положба која илјадници граѓани секој ден ја доживуваат како робови во некоја фабрика за мизерна плата не гледам и уште толку многу кои работат на црно или молат за социјална помош не гледам
А не ни гледам ништо достоинствено во борба со ветерниците .
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
о да а ти демек си подобриот од мене не ми одговори на погорните прашања
не го реков тоа :toe:

и да сум материјалист бидејќи знам дека храната и струјата не се плаќаат со добри намери
добро е шо го признаваш тоа :kesa:
значи ти си од оние кои за пари се купуваат ...:toe:
кажи цена :wink:

И неам намера да изгравам нешто што не сум народен херој хел јеа
нормално :toe:

Што треба да ставам лав на аватарот партиска книшка у џеб и да кажувам рандом илузии и шифрени мисли од типот ќе не снема ? . преформулирај ги прашањата не си ми јасен
каков аватар какви мисли :pos2: , патем сама кажа дека кај тебе улога игра парата, така да претпоставувам дека мислите може да ти ги купам :tapp:

И патем поголемо понижување од сегашната положба која илјадници граѓани секој ден ја доживуваат како робови во некоја фабрика за мизерна плата не гледам и уште толку многу кои работат на црно или молат за социјална помош не гледам
милјарди се низ светов ...
и јас не сакам да го гледам тоа ... но ајде да допринесеме, да не биде тоа така, ти како иницијатор на муабетов кажи како, дај предлог, отвори тема, предложи и просветлине да престанеме да мамламе како да се реши тоа ...


сепак дали имам или немам пари без разлика, не ми мења потекло :toe:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Оваа порака е скриена затоа штоmarsovka е на твојата листа за игнорирање.:baeh::tapp::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom