Меѓународно движење против промена на името

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За што лажеа само изминативе години не ми е јасно, кое име не го менувале? Никад нема да гласам за влез во ЕУ под назив за век и векови Горна Македонија, никад!
Може да почне пералната сега како треаб да го прифатиме ова решение, ајде јуриш!

Грција попушта- името се менува фазно !
Вторник, 16 Април 2013 08:57
Името е на маса! Новата замена за ФИРОМ е името Горна Република Македонија кое ќе се користи најмалку следните 7 до 8 години, колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, а тоа според искуството на пример на Турција, веројатно е најмалку уште наредни 20 години како и ФИРОМ. Ние ке се викаме МАкедонија тие ќе не викаат Горна МАкедонија секој по свое, што е сепак чекор напред затоа што ако ништо друго е расчистување со „Бивша Југославија“.
Како што прецизираше порталот НОВАТВ повикувајќи се на дипломатски извори инволвирани во преговорите, предлогот на медијаторот Метју Нимиц предвидува името Горна Македонија да се користи додека траат преговорите за членство, а откако ќе завршат, дури тогаш граѓаните на Македонија на референдум ќе треба да се изјаснуваат дали прифаќаат промена на име во пакет со прашањето дали се за членство во ЕУ . Притоа позитивниот одговор на ова прашање ќе значи дека името Горна Република Македонија ќе стане уставно име штом земјата стане членка на ЕУ, а тоа е многу далеку и дискутабилно , со многу политички егзибиции во регионот дека Македонија ке стане бргу ( најмалку 10 год)или некогаш членка на ЕУ.
Што се однесува до прашањето за идентитот, тоа ќе се регулира во рамките на ЕУ, каде што Македонија како земја членка во иднина ќе го развива својот идентитет.Секоја земја членка официјалниот јазик во рамките на институциите на ЕУ го внесува во оригиналниот назив на официјалното писмо кое таа го користи, односно во согласност со оваа пракса, официјалниот јазик на Горна Република Македонија како членка на ЕУ треба да биде македонски. Употребата на македонски во кирилична верзија за грчката страна не претставува проблем бидејќи тоа и беше нивни предлог своевремено, а и таквата употреба се реферира на словенското потекло на јазикот. Тоа на некој начин со ерга омнес комбинацијата е отстапката за Грција и според дипломатски извори изгледа дека под притисок на Вашинготн тие попуштаат и се пред прифаќање на овој предлог.
Всушност ваквиот начин на надминнување на проблемот е речиси идентично со понуденото фазно решавање на проблемот кое пред неколку години го предложи пратеникот Павле Трајанов . Неговата партија, Демократскиот сојуз, е колаиционен партнер на Груевски, и оваа платформа за фазно решавање, беше на неговата маса а беше доставена и до амбасадата на САД , до Европскиот парламент, до Грција и преговарачот Нимиц, но тогаш не наиде на особена промоција и поддршка, во јавноста .Предлогот на Трајанов во декември 2011 го понуди токму тоа за што денеска се преговара :
„Прифаќање на компромисно решение за името преку замена на референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, односно прифаќање на решение за име за меѓународна употреба. Во оваа фаза се смета дека е апсолвирано прашањето сврзано со националниот идентитет и јазикот. По прифаќањето име за меѓународна употреба и неговата верификација во Владите од страна на Република Македонија и Република Грција, Република Македонија да биде примена во НАТО и да започнат преговорите за полноправно членство во Европската Унија.
Инаку последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц е изработен со поддршка на администрацијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а во консултации со преговарачките страни, како и со влијателните меѓународни фактори како САД и други држави. За основите на овој предлог во септември минатата година биле консултирани премиерот Груевски како и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе има така да го смотаат народов што ќе си заокружи а ќе не знае што заокружува.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Охоо, кога ќе почнат сега со пералната додека дојде референдумот сите има насмеани да трчаат да заокружат.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Како што прецизираше порталот НОВАТВ повикувајќи се на дипломатски извори инволвирани во преговорите, предлогот на медијаторот Метју Нимиц предвидува името Горна Македонија да се користи додека траат преговорите за членство, а откако ќе завршат, дури тогаш граѓаните на Македонија на референдум ќе треба да се изјаснуваат дали прифаќаат промена на име во пакет со прашањето дали се за членство во ЕУ.
Нема што Нимиц да сугерира референдум. Македонците бе прифаќаат промена на име, а не пак за некаква бедна дата во некаква Унија во распаѓање, а прашањето за референдум е апсолвирано.

"Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА САМОСТОЈНА И СУВЕРЕНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки. Одлуката на реферндумот е задолжителна за сите!"

http://macedonia-news.info/вести/македонија/2356-тодор-петров-ирската-формула-“разумен-компромис“-за-државното-име-на-македонија
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Забрзаните напори на Штефан Фуле и Катрин Ешон во името на ЕУ да не обезличат во 2013 година заради Букурешкиот договор, се поклопуваат со фактите дека:

- Западот ги загуби сите војни што ги започна, ништо не постигна.
- Креираа конфликт на далечниот исток за да ја изместат Кина.
- Латинска Америка им избега во голем дел сверата на влијание.
- Северна Африја е политичка пустина, хаос.
- На Балканот нивната политика доживува тотален крах, кој го менаџираат 20 години. Сите три договори (Дејтнски, Кумановски и Рамковен) трокираат, заглавени се. Ниедно прашање не е решено, а Западот го продаде ова како миротворен проект.

На ЕУ и треба позитивен надворешен поен, нејзината надворешна политика е катастрофална. ЕУ веќе нема никаков углед. Но светските односи не се веќе исти, а ЕУ бирократите тешко го разбираат тоа.

Нас не штити Резолуцијата 817 на ООН, а ЕУ се обидува да ја премости бидејќи не сака да ја спроведе, а не може да ја укине, плус Хашката пресуда.

http://www.youtube.com/watch?v=qfmWWIh3sYg

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Соросоидот Слободанка Јовановска -- една од четирите повикани од Јорго Шацимарикакис да ја клеветат Македонија -- дели лекции од Брисел како сме треале да капитулираме по примерот на Србија си Косово.

Ја читам веста од Брисел објавена во Утрински весник на 22 април 2013. насловена “Србија и' одржа лекција на Македонија. Нашата земја не беше ниту спомената во Луксембург“ од новинарката, дописник од Брисел, Слободанка Јовановска.

Па се запрашав, за што известува Слободанка Јовановска од Луксембург? За договорот меѓу Косово и Србија или за “спорот“ меѓу Македонија и Грција? Поентата ја разбравме сите “слушај ќерко сети се снао!“ Демек Србија и’ одржала лекција на Македонија од политички прагматизам и визија, и по тешки упорни повеќемесечни преговори, вчера усепала да добие препорака за датум за пеговори со Европската Унија, за разликата од нашата која се поторувала петпати.

Впрочем, која е и чиј новинар е Слободанка Јовановска?

Слободанка Јовановска ја сеќаваме и по 20 септември 2011 година, по неуспешниот државен удар преку ТВА1, кога во Европскиот парламент се организира панел дискусија за состојбите во македонското новинарство и кога наместо дискусија и размена на повеќе мислења, европратеникот Јорго Шацимаркакис дозволи да зборуваат само новинарите на Велија Рамковски - Борјан Јовановски и Биљана Секуловска, но не и на Мирка Велиновска и Миленко Неделковски. Со тоа повторно само еднострано се презентира слободата во медиумите во полза на кампот на македонскиот Сорос клан. Трагедијата беше уште поголема, затоа што од Брисел известуваа сестрата на Борјан Јовановски, Светлана Јовановска, како и неговата внука Тања Милевска.

Имено, на трибината во Европскиот парламент, симболично наречена “Замолчувајќи го пресот во Европскиот парламент во Брисел", новинарите Миленко Неделковски, Бобан Нонковиќ и Мирка Велиновска протестираа против едностраниот пристап на организаторите, европските либералдемократи претставени од Јоргос Шацимаркакис и Јелко Кацин. Поканети за да говорат беа само Борјан Јовановски, Билјана Секуловска, Цаца Николовска и Слободанка Јовановска. Четворицата од пет говорници се неактивни бивши новинари и уредници и од тие причини таканаречените “аутсајдери“ сметаа дека претходно наведените се нерелевантен фактор во македонското новинарство. Македонските новинари кои самоиницијативно отидоа во Брисел да учествуваат на трибината беа грубо замолчени и отстранети од организаторите, конкретно од европратеникот Јоргос Шацимаркакис, кој во ходниците ги нарече “малакес“ (издркани). Во меѓувреме, останатите нивни колеги мирно продолжија да дискутираат на тема “Притисок врз новинарите", притоа нарекувајќи го однесувањето на Неделковски, Велиновска и Нонковиќ балкански синдром.

Високи претставници од европските народни партии тогаш изјавија дека панел групата не е многу заинтересирана за реалната состојба на медиумите во Македонија, бидејќи целта е лоша оценка за оваа област во новиот извештај за Македонија и дека ваквото лобистичко функционирање е редовна пракса во Европскиот парламент.

Таа 2011 година, така беше во Брисел. Меѓу тајфата на Јоргос Шацимаркакис беше и Слободанка Јовановска...

... Таа Слободанка, за жал, и натаму си ја продолжува својата анти-кампања од Брисел против Македонците, против својата татковина Македонија. Наместо да известува за договорот меѓу Србија и Косово, препораката за почеток на преговорите за членство со Србија и за Спогодба за асоцијација и стабилизација со Косово, нејзината порака е српско-косовскиот политичкиот прагматизам и визија, наспроти отсуството на македонскиот политички прагматизам и визија. Зарем, прагматизам и визија е промена на името на државата и идентитетот на нацијата, Слободанке? Кој воопшто ти дал акредитација да известуваш за Македонија од седиштето на Европската Унија, Слободанке?

https://www.facebook.com/groups/246110002081445/permalink/632258973466544/
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Дали е чудно и вредно за радување и гордеење, ако на пример, во земја која не признала под уставно име, во дневен весник, во наслов, се користи баш уставното име, а не акронимот?
Јас мислам дека тоа е нормална работа, која се очекува во земјите кои не признале така. Не ми личи како работа поради која ние треба да се усереме од среќа тука.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Грчки политичари: Солун е главен град на Македонија





Во никој случај не смее да се прифати име на Скопје кое како компонента ќе го вклучува зборот Македонија, изјави поранешниот грчки заменик министер за труд Никос Николопулос.


Николопулос ова го изјави во својот говор на настан организиран од партијата Независни Грци во Солун, посветен на надворешната политика и националната одбрана на Грција.

Тој во својот говор, кој го почна со зборовите „овде во Солун, каде што чука срцето и умот на Македонија“, ја нападна грчката Влада обвинувајќи ја дека нема никаква надворешна политика ниту национална стратегија.

Според него, „Солун е главниот град на Македонија“, додека Грците кои живеат во северниот дел на земјата ги нарекува „Македонци“.

Никос Николопулос во јули минатата година поднесе оставка од функцијата заменик министер за труд, само неколку часа откако Владата на Андонис Самарас доби поддршка во Парламентот по изборите. Неколку месеци подоцна тој беше отстранет од парламентарната група на Нова демократија поради отвореното спротивставување на политиката на Самарас.

Николопулос сега е во Христијанско-демократското движење, за кое вели дека ќе прерасне во политичка партија „кога ќе дојде време“.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Со оглед дека наметнатиот проблем со името не само што стагнира туку Гејовите се погласно и појасно ни ставаат до знаење (тоа што и онака го знаевме но ајде да речеме во моментов во ова се убедија и последните скептици) дека тие нема намера да мрднат ни милиметар а крајна цел име идентитетот и апсолутната ексклузивност на брендот Македонија.
Згора на тоа факт е дека поради целата оваа ситуација сме ставени во статус кво така што Европа во и нејзините платеници на чело со Рикер нечесто се поигруваат со нашите чувства и се обидуваат да не фарбат како да сме од марс паднати, префрлувајќи ја постојано топката на наша страна. Освен тоа факт е дека Европа таква каква што е сега нема многу да турка и во моментов најмалку им е дојдено до нови членки, а од економски аспект се работи за економија која е презаситена и на која ние како Македонија неможеме многу да просперираме.
Затоа мое решение е полека но сигурно да излегуваме од овие срамни преговори за името.
Секако тоа и не е толку лесно поради притисоците од надвор но најмногу од внатре поради македонските Албанци.

Затоа јас моментално гледам излез во РЕФЕРЕНДУМ со прашање „ДАЛИ СТЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО?„. Мислам дека ситуацијата е доволно зреана за да се излезе со ваков референдум , затоа што чуствувам дека граѓаните на Македонија полека но сигурно сакат да го тргнат овој проблем од дневен ред.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македонија
Шрамајер: Решение е да се признае уставното име Република Македонија

Признавање на уставното име, почитување на одлуката од Хаг и деблокирање на евроатлантските инеграции, според поранешниот германски амбасадор Шрамајер, се решение на спорот со името за кој говореше во Лајпциг.

„Расправијата околу името меѓу Македонија и Грција која трае повеќе од дваесет години стана толку сериозна, а практично е непотребна и апсурдна! Колку повеќе се занимавам со Балканот, толку повеќе сум убеден дека е ирационалност и психо-патолошки проблем на Грција, кој тешко може да им се објасни на западните земји. Кога веќе дискутираме за името на Македонија, во оваа прилика Грција би можел да ја наречам Поранешна османлиска провинција Хелас“, истакна д-р Клаус Шрамајер, екс-германски амбасадор во Скопје, на стартот на своето предавање „Грчко-македонскиот спор за името 1991-2013“.

Жешката тема која останува топ актуелност повеќе од 20 години Шрамајер ја презентираше пред, за жал, малубројната научната публика, синоча (18.06.) на Универзитетот во Лајпциг, при што битката која Македонија ја води за сопственото име сликовито ја опиша со зборовите „Давид против сиот свет“!

А, дека Македонија е осамена во борбата за сопственото име, според Шрамајер покажуваат случувањата и однесувањето на Македонија, Грција и Европската унија во изминатите години.

Небериќетна работа

Македонија направи многу, а доби малку, смета д-р Шрамајер

„Скопје ги исполни сите барања на Грција од 1992, а не доби ништо освен илегалното име ФИРОМ. Тоа значи имаше небериќетна работа: Мина низ ембарго, го смени Уставот, го смени и членот 49 дека нема да се меша во внатрешните работи на соседот, го смени и знамето. Аргумент на Грција беше дека земјата има милитарни агресивни афинитети, иако во 1992 и Бадинтер кажа дека името само по себе не е агресија“, објасни Шрамајер осврнувајќи се и на како кажа „перфидниот обид на Грција во 1991 да организира конференција за судбината на Македонија без нејзино учество, но со Србија и Бугарија, која за среќа пропадна“.

Тој потсети дека по 1995 кога Македонија била уценета и морала да ја прифати референцата ФИРОМ, земјата и нејзините граѓани постојано доживувале ниски удари од Атина. Македонија во 1999 го помогна решавањето на конфликтот на Косово - прими 220.000 војници и над 300.000 бегалци. Но, помошта не била евалуирана со членството во Унијата, нити пак со вистинска материјална отштета. Наспроти тоа, во 2008. година Атина ја прекрши времената спогодба, Хаг тоа го потврди, но до денес го блокира членството на Македонија во НАТО и ЕУ. „Скандалозно е што една пресуда на Меѓународниот суд не се применува и никој не протестира поради нејзиното непочитување“, коментира д-р Шрамајер.

Интереси на мафијата?

Во анализата за однесувањето на Грција во изминативе две децении беше истакнато дека 130 земји веќе ја признале Македонија со нејзиното уставно име, што значи дека со блокадите Грција си штети самата себеси, и' штети на водечката ролја која би можела да ја има на Балканот, со што би придонела во јакнењето на стабилноста на регионот.

„Има ли сили во Скопје и Атина кои сакаат да го спречат членството на земјата во ЕУ? Стои ли можеби мафијата зад блокадите?“, е новата теза која како причина за нерешавање на спорот ја пласираше поранешниот амбасадор, кој работел и живеел во Софија, и кој смета дека со членството на Бугарија во ЕУ контролата на овој простор од страна на мафијата е стеснет.

„Мафиозите од Балканот мораат да најдат свој простор“, е претпоставката на Шрамајер, за кого причините за тврдокорноста на грчката страна не ја гледа само во внатрешно-политичките корени, кои ги апострофирал историчарот Адамантиос Скордос (предизборна тема, славофобија, митот за Александар), туку и во нечистата совест која раѓа агресивноста, поради лошто однесување кон луѓето од северниот дел на земјата.
Во клучните моменти Европа остана незаинтересирана за спорот!


Незаинтересираност на високата политика

„Не разбирам зошто ЕУ, европските партнери, САД, сево ова го дозволија – одлучија да бидат против суверената земја, која има право да си го избере името. Ова е феномен на нашето време! Има незаинтересираност која резултира со антимакедонско расположение“, коментира д-р Шрамајер.
„Има голема ирационална грчка воодушевеност. Лошо е што нема вистински јасни зборови и пораки“, кажа Шрамајер одговарајќи на прашање на публиката: Зошто не се притиснало до сега врз Грција и зошто Германија е толку попустлива?

На крајот од расправата во која беа проследени сите фази и предлози од спорот со името, проблемот со антиквизацијата како психолошки одраз на фрустрациите на една дискриминирана и земја оставена самата на себе, д-р Клаус Шрамајер изнесе свои предлози за решението на спорот со името: „Мора да се признае уставното име на Република Македонија. Правната порака е јасна: Атина да ја респектира пресудата од Хаг и да не го блокира НАТО и ЕУ членството“, порача поранешниот амбасадор. Според него сигурно е дека сите учесници еден ден ќе се чудат поради каква баналност биле раскарани. Но, за жал обичните луѓе, повеќе од политичарите, страдаат поради спорот со името. „Од решението зависи развојот не само на Македонија, туку и на целиот регион“, заклучи д-р Клаус Шрамајер во освртот за грчко-македонскиот спор околу името (1991 - 2013) пред научната публика на универзитетот во Лајпциг.
http://www.dw.de/шрамајер-решение-е-да-се-признае-уставното-име-република-македонија/a-16893280
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Робин О Нил: Време е меѓународната заедница да ја признае Република Македонија

Дојде време меѓународната заедница како целина да каже дека 20-годишното одложување на прифаќањето на името Република Македонија, само врз основа на приговори од една држава, повеќе не е прифатливо, вели Робин О Нил поранешен медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција во интервју за програмата Порта на Македонската телевизија.

http://www.mkd.mk/59057/makedonija/vreme-e-megunarodnata-zaednica-da-go-prifati-imeto-republika-makedonija
.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 22:16 ---
Робин О Нил: Време е меѓународната заедница да ја признае Република Македонија

Дојде време меѓународната заедница како целина да каже дека 20-годишното одложување на прифаќањето на името Република Македонија, само врз основа на приговори од една држава, повеќе не е прифатливо, вели Робин О Нил поранешен медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција во интервју за програмата Порта на Македонската телевизија.

http://www.mkd.mk/59057/makedonija/vreme-e-megunarodnata-zaednica-da-go-prifati-imeto-republika-makedonija
.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Караванот на Македонскиот манифест за прекин на преговорите за името денескa тргна од Неготино
Македонија
29. јуни 2013 - 14:57





Караванот на Македонскиот манифест за прекин на преговорите за името денескa тргна од Неготино. Откако група интелектуалнци го промовираа манифестот во Скопје, денеска тие дојдоа на средба со неготинчани, за да им ја презентираат неговата суштина. Започна и собирањето на потписи од страна на граѓаните на Неготино за поддршка на овој манифест.

- Ние сме против референдум за името бидејќи такво важно прашање не се става на референдум. Референдумот е еден вид коцкање од кое никогаш не го знаете конечниот резултат. Со референдумот за територијална поделба многу добро се изгоревме па и ова ако пламне сега ние ќе одиме во ништо, нагласи во изјава за медиумите поетот Ефтим Клетников.

Тој истакна дека го прочитал последното интервју на премиерот кој, како што рече, многу отворено кажува дека целта на западот е да ни го сменат името и оти дури тогаш ќе не примат кај што сакаме.

Од манифестот истакнуваат дека имаат поддршка како од македонските граѓани, така и од иселениците. Планираат да соберат околу 150 илјади потписи, и се залагаат преговорите да прекинат.

Во иницијативниот одбор на Македонскиот манифест се поетот Ефтим Клетников, композиторот и диригент Запро Запров, историчарот Стефан Влахов Мицов, универзитетскиот професор Слободан Пренџов, писателот Александар Русјаков и композиторот Стојан Стојков,..
http://maxim.mk/karavanot-na-makedonskiot-manifest-za-prekin-na-pregovorite-za-imeto-deneska-trgna-od-negotino

Ова мора да се подржи мислам дека доволно време бевме играчка во рацете на Гејовите треба јасно и гласно да се каже на Европскиот фактор дека народот нема намера некој да му се подигрува со идентитетот и правото на самоопределба заштитено со сите меѓународни конвенции.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
И црниот се вклучи. Овие сакаат жедни преку вода да не превеслаат.

Грчкиот премиер Андонис Самарас и американскиот претседател Барак Обама ќе разговараат и за грчко-македонските преговори за решавање на прашањето за името на Македонија, откриваат дипломатски извори за МИА.

По неколку неуспешни обиди, Самарас успеа да договори средба со Обама која ќе се одржи на 8 август во Белата куќа. Според Белата куќа, двајцата функционери ќе разговараат за соработката во одбраната меѓу двете земји, Партнерството за трансатлантска трговија и инвестиции, регионалната соработка, заедничките напори во борбата против тероризмот, можностите за решавање на кипарското прашање, и за развојот на настаните во Северна Африка, и Сирија.

Грчки дипломатски извори тврдат дека на средбата сигурно ќе стане збор и за текот на преговорите што се водат со посредство на Метју Нимиц за решавање на прашањето за името на Македонија. Не случајно и провладиниот весник „Катимерини“ во текстот за средбата Самарас-Обама потсетува дека „Вашингтон е подготвен да се активира за решавање на кипарскиот проблем и прашањето за името“ на Македонија, додека Атина „и покрај своите објективни тешкотии предизвикани од економската ситуација, е подготвена да игра улога на Блискиот исток користејќи го новиот однос со Израел и нејзините традиционални врски со арапскиот свет.

http://toppost.mk/2013/07/12/обама-и-самарас-ќе-разговараат-и-за-пра/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom