Треба да знаеш дека Македонија и Бугарија се две држави со два народи и кога Македонците ќе ти кажат дека не се за промена на име значи дека ти, како освестен Бугар, треба да знаеш дека ние не го менуваме името.
Ставовите на македонските, грчките, бугарските, српските, албанските и на другите политичари и народи ми е познат, но јас сум таа која одлучува. Штом јас како Македонка ти велам дека нема да дозволам промена на името, тебе, како на освестен Бугар, треба да ти биде јасно дека тука муабетот е завршен. Јас не те прашувам дали тебе ти се допаѓа мојата одлука или не, јас ти кажувам - изрично! Не очекувам јас и ти да полемизираме дли мојата одлука е добра или лоша, можам да полемизирам со Македонци, но не и со Албанци, Бугари, Грци и Срби.
Македонија е моја матична држава, на моите родители, на моите предци, затоа и јас сум Македонка, твоја е Бугарија. Тука е разликата помеѓу мене е и тебе.
Јас не те третирам како странец, ако си човек роден во Македонија, ама потеклото ти е бугарско. Затоа Македонија не е колку моја толку твоја, исто како што Бугарија не е моја. Тука има јасна дистинкција. Затоа за ова прашање те сметам како некомпетентен и сметам дека не треба да се вклучуваш во понатамошна дискусија, оти темава се однесува на Македонците, а ти нели си Бугар.
Не знам што не ти е јасно. Јас сум Македонка, јас одлучувам! Ти можеш само еднаш да си го кажеш твоето мислење и толку! Јас мислев само граматика требало да научиш, ама ти к`о ич да не си одел в школо...