leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
За што лажеа само изминативе години не ми е јасно, кое име не го менувале? Никад нема да гласам за влез во ЕУ под назив за век и векови Горна Македонија, никад!
Може да почне пералната сега како треаб да го прифатиме ова решение, ајде јуриш!
Грција попушта- името се менува фазно !
Вторник, 16 Април 2013 08:57
Името е на маса! Новата замена за ФИРОМ е името Горна Република Македонија кое ќе се користи најмалку следните 7 до 8 години, колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, а тоа според искуството на пример на Турција, веројатно е најмалку уште наредни 20 години како и ФИРОМ. Ние ке се викаме МАкедонија тие ќе не викаат Горна МАкедонија секој по свое, што е сепак чекор напред затоа што ако ништо друго е расчистување со „Бивша Југославија“.
Како што прецизираше порталот НОВАТВ повикувајќи се на дипломатски извори инволвирани во преговорите, предлогот на медијаторот Метју Нимиц предвидува името Горна Македонија да се користи додека траат преговорите за членство, а откако ќе завршат, дури тогаш граѓаните на Македонија на референдум ќе треба да се изјаснуваат дали прифаќаат промена на име во пакет со прашањето дали се за членство во ЕУ . Притоа позитивниот одговор на ова прашање ќе значи дека името Горна Република Македонија ќе стане уставно име штом земјата стане членка на ЕУ, а тоа е многу далеку и дискутабилно , со многу политички егзибиции во регионот дека Македонија ке стане бргу ( најмалку 10 год)или некогаш членка на ЕУ.
Што се однесува до прашањето за идентитот, тоа ќе се регулира во рамките на ЕУ, каде што Македонија како земја членка во иднина ќе го развива својот идентитет.Секоја земја членка официјалниот јазик во рамките на институциите на ЕУ го внесува во оригиналниот назив на официјалното писмо кое таа го користи, односно во согласност со оваа пракса, официјалниот јазик на Горна Република Македонија како членка на ЕУ треба да биде македонски. Употребата на македонски во кирилична верзија за грчката страна не претставува проблем бидејќи тоа и беше нивни предлог своевремено, а и таквата употреба се реферира на словенското потекло на јазикот. Тоа на некој начин со ерга омнес комбинацијата е отстапката за Грција и според дипломатски извори изгледа дека под притисок на Вашинготн тие попуштаат и се пред прифаќање на овој предлог.
Всушност ваквиот начин на надминнување на проблемот е речиси идентично со понуденото фазно решавање на проблемот кое пред неколку години го предложи пратеникот Павле Трајанов . Неговата партија, Демократскиот сојуз, е колаиционен партнер на Груевски, и оваа платформа за фазно решавање, беше на неговата маса а беше доставена и до амбасадата на САД , до Европскиот парламент, до Грција и преговарачот Нимиц, но тогаш не наиде на особена промоција и поддршка, во јавноста .Предлогот на Трајанов во декември 2011 го понуди токму тоа за што денеска се преговара :
„Прифаќање на компромисно решение за името преку замена на референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“, односно прифаќање на решение за име за меѓународна употреба. Во оваа фаза се смета дека е апсолвирано прашањето сврзано со националниот идентитет и јазикот. По прифаќањето име за меѓународна употреба и неговата верификација во Владите од страна на Република Македонија и Република Грција, Република Македонија да биде примена во НАТО и да започнат преговорите за полноправно членство во Европската Унија.
Инаку последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц е изработен со поддршка на администрацијата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а во консултации со преговарачките страни, како и со влијателните меѓународни фактори како САД и други држави. За основите на овој предлог во септември минатата година биле консултирани премиерот Груевски како и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Може да почне пералната сега како треаб да го прифатиме ова решение, ајде јуриш!
Грција попушта- името се менува фазно !
Вторник, 16 Април 2013 08:57
![](http://lokalno.mk/images/images/beyonce-pepsi-commercial.png/gorna%20makedonija.jpg)