Меѓународно движење против промена на името

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.573
Две третини од граѓаните се за сочувување на името

Две третини од македонските граѓани се за сочувување на името на државата, наспроти влезот на земјата во ЕУ и НАТО, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење нарачано од Секретаријатот за европски прашања што во периодот меѓу 3 и 4 јули на репрезентативен примерок од 1.110 испитаници го изработи Институтот за политички истражувања Скопје.

На прашањето што е поважно - зачувување на името или влез во ЕУ и НАТО 66,5 проценти од испитаниците се одлучиле за името наспроти 26,2 проценти за влез во евроатлантските структури. Сепак, резултатите драстично се разликуваат според етничката припадност на анкетираните. За 82,1 процент од Македонците името е пред ЕУ и НАТО. Кај албанската етничка популација, пак, 18,1 процент се изјасниле за зачувување на името наспроти 77,8 за влез во ЕУ и НАТО.

Запрашани на која област треба да и се посвети поголемо внимание во приближувањето на земјата кон ЕУ, прва на листата е економијата со 46,1 процент, следи судството со 22,3 и безбедноста со 15,1 процент. Во однос на етничката припадност Македонците и Албанците го делат мислењето дека на економијата треба да биде приротет.

Вкупно 65,5 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствуват како граѓани на Македонија, 28,5 проценти како граѓани на Македонија и на Европа, а 3,4 проценти како граѓани на Европа.

Анкетата е дел од планираните истражувања на јавното мислење во стратегијата за комуникација со јавноста на СЕП.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ама тоа е логиката.
Едноставно е .
Еве не сакам во ЕУ и НАТО, тогаш беспредметно е промена на име.
Нема ЕУ и НАТО и несменето име.
Тоа е ужасно лоша политика.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
така и треба.....

--- надополнето ---

Па нема да биде толку. Ќе има многу повеќе и обоено во црвено.

Толку од мене.

Секој дефетизам (ќе) се брише на оваа тема.

и јас така мислам............
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Никогаш нема да заборавам кога беа случувањата во Арачиново и кога влеговме во Собранието на РМ.
Бев до капетанот на единицата која го чуваше Собранието.
Вретше на своето радио до сите, викаше каде е Претседателот, каде е Премиерот, нека дојде некој, Собранието падна.
Никој никаде немаше.
Јас му велам, немате ли бе генерал да застане на чело на оваа држава.
Нема, тоа е нашата мака.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Не дупат на живо...

Атина подготвена за пресврт во политиката кон Скопје

Австрискиот аналитичар Гералд Кнаус, кој објаснува дека високи претставници од ЕУ го прифатиле неговиот предлог за решавање на спорот за името, оценува дека климата за затворање на спорот е поволна како никогаш досега

Расположението кај луѓето во Атина што работат на решавање на спорот за името е слично како она кога Јоргос Папандреу како шеф на дипломатијата направи пресврт во грчката политика кон Турција, со тоа што во 1999 година даде поддршка оваа земја да добие кандидатски статус за ЕУ.

Ова според Гералд Кнаус, основач на Иницијативата за европска стабилност, покажува дека моментот за решавање на спорот за името е поволен како никогаш досега. Кнаус, кој неодамна излезе со предлог за решавање на спорот, кој предвидува Македонците да го сменат името за севкупна употреба само ако се сигурни дека земјата ќе добие членство во ЕУ, за „Нова Македонија“ вели дека до неодамна и тој самиот бил скептик дека може да се реши ова прашање.

- Пред да ги сфатам деталите од разговорите за името што се водат во моментов, јас бев скептик, но сега верувам дека грчката влада е подготвена да го реши ова прашање и да разговара со Скопје за да се постигне компромис - вели Кнаус, кој објаснува дека политиката на Папандреу кон Турција кон крајот на 90-тите години на минатиот век била исто така ризична, но сепак на крајот се покажало дека таквата „политика на отвореност“ дава резултати.

- Сега постои подготвеност да се направи истото со Македонија. Луѓето во Атина сфаќаат дека доколку сакаат да функционира политиката на проширувањето на ЕУ кон Балканот, отворањето преговори со Македонија е клучно. Грција не сака други европски земји да го искористат ова за да можат да го саботираат проширувањето на ЕУ кон Балканот - оценува Кнаус. Австрискиот аналитичар вели дека повеќе официјални претставници од Брисел покажале интерес за неговата иницијатива за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје.

- Откако го објавив предлогот имав доста средби со луѓе од институциите на ЕУ, како и со претставници на земјите-членки. Разговаравме со луѓе од Брисел, Скопје и од Атина, кои се запознаени со деталите од преговорите, но кои инсистираат на анонимност, со оглед на чувствителноста на процесот - објаснува Кнаус, кој додава дека висок претставник на ЕУ му кажал дека предлогот овозможува пробив во насока на решавање на спорот.

Проблемот, според предлогот на Кнаус, може да биде решен со промени на Уставот што ќе и овозможат на Атина да го поддржи почнувањето на преговорите годинава, но промената на името да стапи во сила и да стане ефективна на денот кога Македонија, всушност, ќе се приклучи кон ЕУ.

Тоа, според Кнаус, би изгледало вака: сите референци кон Република Македонија во овој устав ќе бидат сменети со повикување на ХХ (компромисното име) на денот кога земјата ќе се приклучи кон ЕУ. Ако поради некоја причина Скопје никогаш не се приклучи кон ЕУ, тогаш никогаш нема да го смени своето име, предлага Кнаус.

Ако идните грчки (или други соседи) влади најдат причини подоцна да ја блокираат земјата (постојат најмалку 70 вето-точки каде што е потребно едногласен став на Унијата пред земјата-кандидат да се приклучи кон ЕУ) името нема да биде променето. Од друга страна, уставните промени ќе гарантираат дека откако Македонија е членка на ЕУ, тие ќе стапат во сила веднаш и автоматски. Автор: Ивана Костовска

СУВЕРЕНИТЕТ... научна-фантастика за Македонија. :kesa:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
689
Поени од реакции
671
Стварно неможам, а сум се трудел, да ја разберам оваа пластелин маса која за себе мисли дека е најпаметниот дел од македонското интелектуално ткиво, за која единствен критериум за интелегенција е анационалното чувство. Овој критериум важи и за проевропската определеност, а не сваќаат дека најголемите националисти се баш во ЕУ. Почнувајќи од Грција и Бугарија па завршувајќи со В. Британија.Па уште и со невидена упорност сакаат да го наметнат своето мислење на обичниот народ. Некогаш стварно посакувам да живеам во 19 век или на почетокот на 20 век.:toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Молба до сите да не го циркулирајте пропагандното срање на грција и на ЕУ -- вклучувајќи го и домашното на петата колона како соросоидите во А1 и делови од НГО секторот -- доколку нема некакво посебно значење за ситуацијава.
 
Член од
17 февруари 2007
Мислења
1
Поени од реакции
0
Атина подготвена за пресврт во политиката кон Скопје

Австрискиот аналитичар Гералд Кнаус, кој објаснува дека високи претставници од ЕУ го прифатиле неговиот предлог за решавање на спорот за името, оценува дека климата за затворање на спорот е поволна како никогаш досега

Расположението кај луѓето во Атина што работат на решавање на спорот за името е слично како она кога Јоргос Папандреу како шеф на дипломатијата направи пресврт во грчката политика кон Турција, со тоа што во 1999 година даде поддршка оваа земја да добие кандидатски статус за ЕУ.

Ова според Гералд Кнаус, основач на Иницијативата за европска стабилност, покажува дека моментот за решавање на спорот за името е поволен како никогаш досега. Кнаус, кој неодамна излезе со предлог за решавање на спорот, кој предвидува Македонците да го сменат името за севкупна употреба само ако се сигурни дека земјата ќе добие членство во ЕУ, за „Нова Македонија“ вели дека до неодамна и тој самиот бил скептик дека може да се реши ова прашање.

- Пред да ги сфатам деталите од разговорите за името што се водат во моментов, јас бев скептик, но сега верувам дека грчката влада е подготвена да го реши ова прашање и да разговара со Скопје за да се постигне компромис - вели Кнаус, кој објаснува дека политиката на Папандреу кон Турција кон крајот на 90-тите години на минатиот век била исто така ризична, но сепак на крајот се покажало дека таквата „политика на отвореност“ дава резултати.

- Сега постои подготвеност да се направи истото со Македонија. Луѓето во Атина сфаќаат дека доколку сакаат да функционира политиката на проширувањето на ЕУ кон Балканот, отворањето преговори со Македонија е клучно. Грција не сака други европски земји да го искористат ова за да можат да го саботираат проширувањето на ЕУ кон Балканот - оценува Кнаус. Австрискиот аналитичар вели дека повеќе официјални претставници од Брисел покажале интерес за неговата иницијатива за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје.

- Откако го објавив предлогот имав доста средби со луѓе од институциите на ЕУ, како и со претставници на земјите-членки. Разговаравме со луѓе од Брисел, Скопје и од Атина, кои се запознаени со деталите од преговорите, но кои инсистираат на анонимност, со оглед на чувствителноста на процесот - објаснува Кнаус, кој додава дека висок претставник на ЕУ му кажал дека предлогот овозможува пробив во насока на решавање на спорот.

Проблемот, според предлогот на Кнаус, може да биде решен со промени на Уставот што ќе и овозможат на Атина да го поддржи почнувањето на преговорите годинава, но промената на името да стапи во сила и да стане ефективна на денот кога Македонија, всушност, ќе се приклучи кон ЕУ.

Тоа, според Кнаус, би изгледало вака: сите референци кон Република Македонија во овој устав ќе бидат сменети со повикување на ХХ (компромисното име) на денот кога земјата ќе се приклучи кон ЕУ. Ако поради некоја причина Скопје никогаш не се приклучи кон ЕУ, тогаш никогаш нема да го смени своето име, предлага Кнаус.

Ако идните грчки (или други соседи) влади најдат причини подоцна да ја блокираат земјата (постојат најмалку 70 вето-точки каде што е потребно едногласен став на Унијата пред земјата-кандидат да се приклучи кон ЕУ) името нема да биде променето. Од друга страна, уставните промени ќе гарантираат дека откако Македонија е членка на ЕУ, тие ќе стапат во сила веднаш и автоматски. Автор: Ивана Костовска

СУВЕРЕНИТЕТ... научна-фантастика за Македонија. :kesa:
Сите што имате профил на фејсбук еве ви линк и казете им го своето мислење на фашистиве сшвабски. http://www.facebook.com/pages/Berlin/European-Stability-Initiative-ESI/94999142121/http://www.facebook.com/pages/Berlin/European-Stability-Initiative-ESI/94999142121/
Не се воздржувајте со коментари што повќе тоа подобро. Нека сватат дека овде живее народ а не аморфна маса. На вакви провокации мора да се реагира секогаш кога ке се појават. Јас би пишал ама немам профил затоа ве молам пишете во што е можно поголем број.
 
T

Tetro

Гостин

линкот ти е грешка, ова е вистинскиот
http://www.facebook.com/pages/Berlin/European-Stability-Initiative-ESI/94999142121/
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Молба до сите да не го циркулирајте пропагандното срање на грција и на ЕУ -- вклучувајќи го и домашното на петата колона како соросоидите во А1 и делови од НГО секторот -- доколку нема некакво посебно значење за ситуацијава.
Мисирков, знам дека тоа ќе биде најефективно, но сепак сакам да ја доловам опасната реторика која што ја користат. Ова е 4-5 пат така на периоди од 3 месеци што навестуваат уставна промена. Мислам дека народот во Македонија не разбира што всушност значи една промена во уставниот поредок и како амнезија да ги фатило од 2001. Ама разликата е што сега директно од надвор сакаат да ни го променат.

Во Македонија никој не сака да ја прифати сериозноста на една промена во уставот. Јас се извинувам што им го ширам ср‘њето... ама ова ме загрижува. Мислам дека во оваа тема исто така имам постирано каде што се навестува уставна промена.

Што ми е Македонија кога утре може да дојде еден Бугарин/Грк/Србин од надвор и да пишува во него што сака?
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Abe zaradi inaet na Grcija,ne treba da se smeni ustavnoto ime na Makedonija,,,, nikoj nema pravo da ve negira...
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Abe zaradi inaet na Grcija,ne treba da se smeni ustavnoto ime na Makedonija,,,, nikoj nema pravo da ve negira...
Se soglasuvam so tebe :)
Не сме магариња па да се инатиме. Не станува збор за инатење туку за бранење на она што со право ни припаѓа и никој нема право да ни го негира.
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
1.099
Поени од реакции
174
Da,taka e...posebno poradi toa sto nie ne mu zedovme nesto na Grcite sto ne ni pripaga...bas naprotiv si branime ime koe sme go nosele so vekovi i seuste go nosime...

Samo poglup i potup narod od Grcite nemam videno...so niv samo inaet...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom