Кампања за името во Австралија 08.07.2010 - 14:12
“Никој нема право да преговара за моето име! Најосновното човеково право е правото на самоидентификација. Побарајте да се стави крај на срамната референца “ФИРОМ”. Нашето име е Македонија! ”
Ова се главните пароли на најновата рекламна кампања којашто ја организираат Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права. Кампањата почнува во Република Македонија, со апел да се стави крај на сите преговори со Грција во врска со името.
“Ние сме Македонци! Дали сакате да влеземе во историјата како луѓето кои го променија нашето име?! Кој им дава право на Европската унија и на НАТО да бараат да го продадеме нашиот идентитет? Здравиот разум порачува: Дали некоја друга земја би преговарала за сопственото име? Дали би требало белгиската провинција Луксембург да побара државата Луксембург да си го промени името? “
Рекламите од оваа кампања ќе се објавуваат во сите водечки весници, а во центарот на Скопје ќе се поставуваат и билборди.
Двете здруженија што се одговорни за оваа кампања, бараат сите македонски организации во Република Македонија и во странство, да им се придружат на барањето Македонија неодложно да ги прекине преговорите за името.
За да се потпишете, или за да ја видите рекламната кампања, посетете ја интернет страницата:
www.mhrmi.org
За крај, кампањата порачува: “ Европската Унија не смее да дозволи ксенофобичната политика на Грција да ги врзи рацете на нејзините земји-членки. Признајте ја Македонија! ”.
Огнен Јанески