Меѓународно движење против промена на името

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
На никого, ама баш на никого во целиот свет не му текнува на Грција да и каже: Луѓе, малку го претеравте, кочете. На никого не му паѓа на памет да се исшокира од шокантните ново-стари барања од грчка страна, туку целиот свет љубопитно се врти кон Македонија во исчекување на нејзиниот одговор, а во весниците излегуваат наслови „Сега е Македонија на потег“, како Грција да ни понудила да ни го врати Халкидики, а не да ни го одземе идентитетот


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11169102042&id=9&setIzdanie=21838
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Тоа е заради нашето упорно барање за влез во ЕУ и создадената психоза дека ако не влеземе во ЕУ ние сме готови. Мислам дека вака само на Западот му правиме услуга да му простиме се, за што е одговорен кон нас од 1913 до сега, за едно влегување во сојузот, во кој патем не очекува уште еден нејасен просперитет.

Да те прашам, зарем ние уште имаме држава??Што остана од оваа држава??И тоа што остана наскоро ќе отиде, а ние ќе протестираме......Како малку да сме протестирале.Кога гледаме дека некои работи не одат, треба да се превземат сосем други чекори, чекори кои ќе доведат до промени, и тука не мислам на портокалови чекори, или чекори по трнливи рози.Ние наместо тоа да го правиме, ќе му дигаме на некој политичка кариера. За крај секој си има право на свое мислење, ако мислите дека ова е во ред што се прави, во ред, јас веќе оддамна знам како ќе заврши оваа работа со протестов; протестов нема да и заврши некоја голема работа на оваа држава и овој народ, ќе заврши голема работа на еден човек.
Ние сеуште имаме држава, немаме доволно луѓе што ќе веруваат во државата, а оние што ја управуваат државата (чиновниците) тие се минливи, штета е тие да се поистоветуваат со држава и заради нив да не си ја сакам и да не верувам во државата. Дел од скептицизам веројатно се должи и на твоето издигнувањето на некои субјекти на ниво на држава што е сосема погрешно.
 

Виљушка

поЧетник
Член од
12 ноември 2009
Мислења
19
Поени од реакции
0
Како бре да верувам во државата во која вреди само етничка припадност и партиска книшка.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Дека Народот е обединет.:toe:

Е да..... За пред камери ние секогаш сме биле обединети, но кога ќе заврши репортажата е тогаш веќе велиме нешто сосем друго.Се виде на последниот протест како и да е (каде и јас бев присутен) колку беше народот обединет, гневот што се собираше долго време едвај успеа да собере триесет илјади луѓе, толку беа нели?
Толку од нашата обединетост.
Ние сеуште имаме држава, немаме доволно луѓе што ќе веруваат во државата, а оние што ја управуваат државата (чиновниците) тие се минливи, штета е тие да се поистоветуваат со држава и заради нив да не си ја сакам и да не верувам во државата.
Дел од скептицизам веројатно се должи и на твоето издигнувањето на некои субјекти на ниво на држава што е сосема погрешно.
Но тие чиновици се денеска на повисоките позиции во државата, и токму тие чиновници денеска одлучуваат дали ќе се промени името или не, најголемата сила во државата а тоа е:народот не се ни оптеретува, едноставно се оптеретуваме со глупости, гледаме дека упорно не лажат и ништо не превземаме во врска со тоа.
Секоја чест за оптимизмов, се надевам дека си во право дека овој протест ќе заврши добро и ќе и донесе нешто добро на државава а и на нас, но гледајќи наназад што се случувало во оваа држава, научив само дека од ова ќе профитираат неколку индивидуи.
И најмногу се нервирам кога ми организира некој протест кој до вчера се тепаше да биде во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Али ајде.......Времето ќе покаже се!


Ние сме Признаени од 120 земји членки на ООН под уставно име и ДА имаме држава...мислам апсурд е ова,и на крај краеви ако отиде прашањево во Советот...ние сме победници,имено Кина не призна,Русија...а и нашите партнери САД.
Оди види во нашата ни мила Македонија, кој ги влече денеска конците.Ако тоа е држава тогаш јас сум cappo di tutti capi.Врз основа на што; врз основа на тоа дека упорно водиме некои си бесмислени преговори, преговори кои требаше да се прекинат уште пред неколку години, кога имавме можност за тоа.И сега имаме можност но ние сакаме ЕУ, а повеќе од јасно е дека ЕУ попрво ќе застане зад Грција отколку зад Македонија, и погоди од трипати кого најмногу денеска притиска ЕУ одговорот е:Македонија!Немојте да бидете толку наивни луѓе и да верувате во се!
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Сеуште не ми е јасно дали воопшто се поработи (од наша страна) оваа вест да се исфорсира на некој од светските ТВ канали, пишани списанија како Њ.Ј. тајмс и тн ... ? Тие ја имаат силата , а ние го имаме правото. Секако дека сите перверзии собрани од цел свет ќе го очекуваат нашиот потег, ова е еден вид тест колку тоа еден народ може да издржи да биде дупен од посилните. Тие во секој момент очекуваат да експлодираме и сигурно се прашуваат како досега не го сторивме тоа. Мора да има колуминација и повторно и повторно и повторно ... 1993- ембарго, 2008- вето , еве ја сега 2009 и сите повторно очекуваат колуминација. Имаме избор, прекин, останување во преговорите, тужби и тн... верувам постојат многу опции за Македонија, како ќе играме зависи од нас.

И само едно нешто се почесто се прашувам... зошто оние кои секојдневно , очигледно и штетат на Македонија, одвнатре, сеуште така „добро опстојуваат“, кој феномен е оваа појава ?



Ако организирам јас протест со истата цел , ќе излезете сите на протести ?

Целта е „ ИМЕ НЕ МЕНУВАМЕ“ , сакаме во ЕУ и НАТО ама како Македонија и Македонци ! Има ли некој од вас кој ова не му се допаѓа ? Ако има нека си ужива и нека не се секира, или пак нека биде храбар и се потруди да организира протести „ние сме северни македонци, зборуваме северно македонски јазик и , живееме во држава како ќе позакате така викајте ја“ - само примете не кај вас!

ШТО Е ВАЖНО КОЈ ОРГАНИЗИРА ??? Ако беше ВМРО , зошто тие да ќарат поени , ако се СДСМ зошто пак овие да ќарат поени, сега е СМК , па Тодор сакал поени. :tapp:Чукнете се бе малку по тоа тиквите кои ви тежат на рамењата.

Пораката е важна, а не кој прв ќе му текне да ве извади од домовите! Срам да ви е на сите кои мислите дека еден ваков чекор не е вреден да се направи.
 
M

Mario Gómez

Гостин
чичо сем :icon_lol:

Иначе колку што прочитав простести ќе имало каде е објавено и кој е организаторот?
Еве имаш тука.

Организатор е светскиот македонски конгрес, протестите ќе се одржат во текот на ноември се до можниот референдум.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД МИСИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ НА 20 НОЕМВРИ!

16 ноември 2009 година, Скопје, Македонија - Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија при Светскиот Македонски Конгрес на 20 ноември 2009 година (петок) од 12 до 14 часот ќе одржи Мирен протест против промена на државното име Македонија пред Мисијата на Европската Унија во Скопје, поради геноцидното барање на Атина и притисокот на Европската Унија за промена на државното име Македонија.

Граѓаните кои сакаат да учествуваат на протестот пред ЕУ-Мисијата, но поради објективни причини не се во можност да дојдат во Скопје а организирано сакаат да го искажат својот протест, им се препорачува на истиот датум и термин да одржат мирен протест пред седиштето на советот и градоначалникот на општината или месната заедница каде што живеат.

- Македонците се за пристапување на Македонија во Европската Унија, но доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, го отфрламе членството во овој сојуз на држави. Ја потсетуваме Европската Унија на нејзината декларација од 16 декември 1991 година по предлог на сопствената Бадентерова арбитражна комисија за Југославија, дека Република Македонија ги исполнува критериумите за признавање како независна држава и дека „употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“. Барањето на Атина и притисокот од европската бирократија за промена на државното име Македонија претставува геноцид врз македонскиот народ, злосторство против човештвото и срам за европската демократија! - изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

СМК
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Не може бе вака- граѓаните кои сакаат....- како тоа кои сакаат ама неможат- кои километри се во прашање- и надолж и попреку има САМО 200 км - КОЛКУ ИМА КИПАР_СОЛУН????
КОЛКУ ИМА АТИНА-СКОПЈЕ- за организираната посета на БАРДОВЦИ- :uvo::uvo:
И кој е тој термин ПЕТОК од 12-14 ч - ??????ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕј :uvo::nesum:

СЕ ЗНАЕ КАКО СЕ ПРОТЕСТИРА и нема ако неможат, ако сакаат.....-
ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО ЗНАЧИ МАСОВЕН ПРОТЕСТ(нека биде МИРЕН)- а не 2-ца без тројца
ооооо, ПОРАДИ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ НЕМОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО СК....:pos2:...........СМЕА ,
ќе им овозможите услови за да секој може да дојде - превоз- како за денот на дрвото-
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Но тие чиновици се денеска на повисоките позиции во државата, и токму тие чиновници денеска одлучуваат дали ќе се промени името или не, најголемата сила во државата а тоа е:народот не се ни оптеретува, едноставно се оптеретуваме со глупости, гледаме дека упорно не лажат и ништо не превземаме во врска со тоа.
Секоја чест за оптимизмов, се надевам дека си во право дека овој протест ќе заврши добро и ќе и донесе нешто добро на државава а и на нас, но гледајќи наназад што се случувало во оваа држава, научив само дека од ова ќе профитираат неколку индивидуи.
И најмногу се нервирам кога ми организира некој протест кој до вчера се тепаше да биде во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Али ајде.......Времето ќе покаже се!

Многу убаво се разбираме, но поентата ми беше колку сме спремни предрасудите да ги оставиме за момент настрана, момент во кој се ќе оставиме настрана и барем 1 час ќе посветиме на нешто кое сигурно ќе помогне, а нема да одмогне на проблем околу името на нашата Македонија. Оти, ако Македонија можеше да превземе нешто до сега, ќе не фатеше нас Македонците и сите како партали ќе не исфрлеше од тука и ќе си ги доведеше грците да и го чуваат достоинството.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
абе ...протестот е осуден на неуспех... или мене така ми изгледа??? мислам кој сака ќе дојде како и да е.. ама ќе имаат ли слободен ден луѓето од работа, средношколците од школо или како???
или заебанција е ова невидена, па да испадне дека 30 души се за неменување на името...
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
A be luge ne tresite zeleni, ponekogas treba da se uci od neprijatelot a vo slucajov e grcija, da se potsetime:
Koga grcite go pravea najmasovniot miting koj sobra milion luge koj go organizirase ? za tie sto ne znaat crkvata. Znaci porakta od grckata vlada do megunarodnata zaednica bese " nie ne se bunime sakame da nema problemi ama eve videte, sto da pravime so ovie milion luge? kako da im objasnime? E sega vo dadenava situacija SMK e nesto slicno i treba da se podrzi i posle vladata ima alibi pred evropskive demokrati, nie ne mozeme da go smenime imeto, eve narodot go kaza svoeto, a ne tuka citam nekoj ke profitiral i slicno politicki poeni i bla bla bla.
Edno da bide jasno od ovaa cela situacija zavisi kako ke prodolzime da zivime, dali ke bideme voskari koj sto ne zasluzuvame da se narekuvame Makedonci a ako se smeni imeto definitivno ne treba da se vikame Makedonci, a ako se izdrzi ke ispadneme posilni od sekogas.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
абе ...протестот е осуден на неуспех... или мене така ми изгледа??? мислам кој сака ќе дојде како и да е.. ама ќе имаат ли слободен ден луѓето од работа, средношколците од школо или како???
или заебанција е ова невидена, па да испадне дека 30 души се за неменување на името...
Кратко и јасно за болдот...не (дајбоже да имаме, не слободен ден туку само 2-3 саати за да продефилираме). Кого би пуштиле газди или министер, директор...нема шанси. За жал така е, како и за другите протести...со исклучок на можеби студентите кои се летечи во предавањата. Можда некој ќе каже дека зависи од мене или од другите работници или од учениците...али кој ќе дозволи (чест можеби на газди-исклучоци) алал да му е...али баш колку ќе пуштат, не знам.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Оти, ако Македонија можеше да превземе нешто до сега, ќе не фатеше нас Македонците и сите како партали ќе не исфрлеше од тука и ќе си ги доведеше грците да и го чуваат достоинството.

Па можеби е подобро и тоа да се случи, зошто дефинитивно сме никаков народ.Да бевме барем малку заинтересирани за оваа држава, немаше да дозволиме осумнаесет години по ред да не зафркаваат како што сакаат.

...

Грубо? Не сме ние ни ФМЛН ни Сендеро Луминозо ни Сандинистите...економскиот...[/quote]

Да, ние не сме ни ФМЛН, ни Сендеро Луминозо, ни Санданистите, него сме продадени души ете што сме.
Економскиот?!Знам нема потреба да ми кажуваш, но за да се стигне до некаква економија треба уште милион други работи да се променат во државава, а првата работа (најважната) што треба да се направи е чистење на двете „царски лози“ најголеми кои владеат и ја пустошат оваа држава цели осумнаесет години.А ако не си забележал народот упорно ги менува едните исти на секои четири години, по можност на 15 септември, 2 август и.т.н.И јас сега тоа се бунам, ова копитово од СМК или „Срањето Македонски Конгрес“ до вчера сакаше да стане дел од оние кои денеска преговараат за нашето име со Грците.
А сакаме да ги прекинеме преговорите........
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Нека се организира подобро работата, испратете писма до Министерството за образование дека учениците се ослободени на овој ден за подршка на протестот. Организирајте превози колку е можно повеќе, макар и хуманитарна жиро-сметка да отвориме потоа за да ги покриеме трошковите. Ова во никој случај не смее да биде фијаско. МАСОВНО на протести, поинаку никако.
За вработени немојте многу да зборите , оти нели кај нас сите се невработени :smir: , (ова е за скептиците).
Како на друг начин ги информиравте граѓаните за протестов освен овде на кајгана ?

Борг-дроне , во врска со репутацијата што си ми ја дал последно.
Седи дома и уживај, комшиите ќе се изборат за тебе , немај гајле.
Јас не одам на протест за да му помогнам на Тодор Петров или не ти знам кој, протестов има прекрасна цел , а таа цел е МАКЕДОНИЈА.
Неможам да сфатам колку плитко размислувате, од какви се не комплекси патите, што ве истрауматизирало толку :toe:
Големо разочарување за човештвото сте , не само за сопствената земја. :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom