Меѓународно движење против промена на името

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Што бара Грција?

Во документот кој преговарачот Адамантиос Василакис, со одобрение на грчката влада, му го претставил на посредникот Метју Нимиц, освен горенаведените предлози како да оди процедурата за завршување на спорот, стојат и овие осум точки.

1. Грчката влада не прифаќа ништо друго освен име со географска одредница која мора да стои пред зборот Македонија. Не прифаќа одредницата да стои пред Република или зад зборот Македонија, ниту спакуван во заграда. Претпочита одредницата да е "Северна", иако би можело и "Горна", или, пак, "Нова".

2. Обемот на употреба на новото официјално име да биде исклучиво за севкупна употреба - внатрешна во РМ, билатерална и меѓународна. На сите лични документи (пасоши, лични карти, изводи од матичната книга на родените, венчаници, здравствени книшки, свидетелства, студентски индекси итн.), но и на сите документи кои се дел од внатрешниот правен или трговски промет (писма или документи од министерствата, документите од општините, сообраќајни дозволи, царински формулари, извозни декларации, катастарски дозволи итн.) да биде применето новото име.

3. Во знак на добра волја (абе ај хехе), Грција би можела да се согласи на употреба на сегашното уставно име, но само во неформална комуникација во земјата (медиуми, говори, уметничко изразување и сл.). Тоа е објаснето со тврдењето дека Грција никогаш не го признала уставното име и го смета за привремено кое треба да се замени со име за севкупна употреба.

4. За придавката "македонски" (мацедониан) се бара одвојување на прашањето во три сегменти: придавка што ќе ја определи нацијата, идентитетот на етникумот и придавка што ќе го определи јазикот изведени од новото име. (северномакедонци; северномакедонски јазик, нација, етникум)

5. За меѓународна и домашна комерцијална употреба на името или неговиот код, Грција инсистира во конечното решение да биде вклучено и прашањето за промена на Интернет кодот "МК", валутниот код "МКД", како и употребата на кратенката "МКД" во трговскиот, спортскиот, сообраќајниот и другите видови меѓународна комуникација. Грција согласно новото име ќе бара промена и на употребата на називите "Маде ин Мацедониа" или "мацедониан продуцт".

6. Грција бара целосна замена на употребата на македонските топоними со грчки (на пр. Едеса наместо Воден или Флорина наместо Лерин), како и нивна целосна примена во учебниците, мапите, официјалните документи, метеоролошката прогноза и др.

7. Грција претпочита промена на Уставот на Република Македонија, но нема да инсистира на тоа ако наведените барања може да се применат во правниот систем на земјата преку посебни закони или законски акти.

8. Грција нема да се противи ако Македонија сака преку рефрендум да го прифати конечното решение.


http://www.time.mk/read/a430740006/5c5a1e2f7f/index.html

Која иронија ....кој апсурд ...

незнаев каде но еве тука ...
да не заборавиме да се подсетиме НЕ Е САМО ИМЕТО !
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Опозицијата требаше да организари протести против промена на име и да ќари некој поен. :tv:
 
M

marsovka

Гостин
луѓе ако ставате линкови од текстови пастирајте го целиот текст ве молам не ретко после ден два ги тргаат текстовите не за друго тие што ќе читааат покасно да имаат тек со настаните и да сватат за што станува збор

исто така текстови без линкови немојте линкот ставајте го за да има потврда дека е од таму

П,С, модераторот ако е волен нека го пише ова во првиот негов пост

фала однапред :back:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Добро, кој тебе би успеал да те изведе на улица за да протестираш против промена на името. Не е доволна констатацијата дека името е веќе сменето и затоа не излегуваш. Човечки е да го кажеш своето не, доколку си убеден во тоа. А секако заради принцип можеш и јавно да истакнеш парола дека си излезен заради сопствено убедување, а не заради Тодор , Никола, Бранко итн. Тогаш тежината на твоето не ќе биде уште по убедлива, заради тоа што никој нема да те става како нечија опција, а ти можеш револтот да го реализираш со мирна совест и со морален долг кон нашата држава која во овој момент очајно повикува на помош. Разглабањето политика заради алиби за не излегување, е само кукавички начин да не се оддолжиш во овој момент на сопствената држава Македонија.

Види Марко јас оддамна сум го кажал своето не, ама тоа „не“ не е доволно, исто како што не е доволен и протестот, се знае кој ќе добие најмногу од овој протест, сигурно дека нема народот да добие, ќе добие една индивидуа која ќе успее да се пикне на работа во Собрание за плата од 30 000 денари, бесплатни разговори по мобилен и.т.н.

Ова е веќе видена работа, ако сакаме нешто да промениме, треба да направиме како што направија Грците во сопствената држава против претходната влада.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
додека ОВОЈ НАРОД кој живее тука ЦВРСТО не застане позади неговото ИМЕ,не знам што планирате некој пансветски протести за името:toe:
да напоменам само како Палестинците,Косоварите,баскиците итн добија МЕЃУНАРОДНИ ПОДРШКИ(владини,невладини,индивидиуални итн) СО КРЕВАЊЕ НА НИВНИОТ ГЛАС во НИВНИТЕ ЗЕМЈИ(вооружено или невооружено),а не ние сакаме НЕКОЈ ВИША сила ДА го ОДБРАНИ НАШЕТО ИМЕ,додека ние СОНУВАМЕ ЗА ЕУ:tapp:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
„Сакаме Скопје на раменици да го носиме во ЕУ“

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116362

А да ве однесеме ние ама на нешто друго качени не на раменици?

ПС делов е многу интересен

Атина ќе дозволи преговорите со ЕУ да започнат кога ќе се договорат сите елементи кои се од нејзин интерес, а во контекст на спорот
Значи врти сучи вето секако ќе има.Наше е да бираме дали сега во декември дали подоцна.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
додека 90% од "народов" сака ЕУ,ќе има и е...ње од Грција...........
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Тој колектив не разбира дека таа индивидуа на тој колектив си гради политичка кариера..Али ајде пишувањето е бесполезно, наскоро ќе се викаме „Ганџа Фарминг Македонија“.

Можеби нема да ти ја доловам поентата но, никако со зборовите дека наскоро ќе се викаме „ Ганџа...“ не покажа инфериорност во сфаќањата на политиката за името од останатите членови. Кога камиказите оделе во сигурна смрт, свесни биле дека поразот е неминовен, а смртта неизбежна, но жртвата која што ја принесувале потсвесно ги терала на надеж дека сепак можеби нивната упорност и одењето до крај ќе смени нешто. Оттука никако не сакам да изигрувам камиказа или да тропам зелени. Едноставно е, кога некој упорно сака да те поништи, притоа потпомогнат и одвнатре и со сите сили, доволно ли е да констатираш дека си готов. Доволно ли ќе се утешиш со тоа што ќе направиш анатомија на сопственото поништување, ќе преспиеш и од утре ќе станеш и ќе продолжиш реинкарниран. Мислиш ли дека кога ќе се погледнеш пред огледало ќе бидеш истиот тој, кој само, ден пред тоа онака лагодно си го констатира сопственото бришење, заради терање на самобендисаност и глумење на претскажувач на сопствениот крај . Ако ДА!, тогаш со среќа, ако НЕ! излези и одви 2 часа од слободното време и кажи го тоа гласно, без притоа да есапиш кој, што, како итн.:smir:

Види Марко јас оддамна сум го кажал своето не, ама тоа „не“ не е доволно, исто како што не е доволен и протестот, се знае кој ќе добие најмногу од овој протест, сигурно дека нема народот да добие, ќе добие една индивидуа која ќе успее да се пикне на работа во Собрание за плата од 30 000 денари, бесплатни разговори по мобилен и.т.н.
Ова е веќе видена работа, ако сакаме нешто да промениме, треба да направиме како што направија Грците во сопствената држава против претходната влада.

Нека биде и тоа, тоа е можеби некоја цел на организаторот. Но покрај таа цел до колку масовноста на протестов биде голема, ќарот ќе биде уште поголем... на нас останатите. Сега се добива впечаток дека заради нашата мрза, самобендисаност, љубомора, есапење или сл. постојано бараме алиби за прескокнување на нашата должност која според уставот не обврзува, а тоа е да ја браниме замјата од секаков вид на напад.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Кога камиказите оделе во сигурна смрт, свесни биле дека поразот е неминовен, а смртта неизбежна, но жртвата која што ја принесувале потсвесно ги терала на надеж дека сепак можеби нивната упорност и одењето до крај ќе смени нешто. Оттука никако не сакам да изигрувам камиказа или да тропам зелени. Едноставно е, кога некој упорно сака да те поништи, притоа потпомогнат и одвнатре и со сите сили, доволно ли е да констатираш дека си готов. Доволно ли ќе се утешиш со тоа што ќе направиш анатомија на сопственото поништување, ќе преспиеш и од утре ќе станеш и ќе продолжиш реинкарниран. Мислиш ли дека кога ќе се погледнеш пред огледало ќе бидеш истиот тој, кој само, ден пред тоа онака лагодно си го констатира сопственото бришење, заради терање на самобендисаност и глумење на претскажувач на сопствениот крај . Ако ДА!, тогаш со среќа, ако НЕ! излези и одви 2 часа од слободното време и кажи го тоа гласно, без притоа да есапиш кој, што, како итн.:smir:
Е делот со камиказите е она што јас сакам да го кажам, тоа е веќе груба игра.Погледни наоколу и види дали ние играме грубо?!Одговорот е не!Што се однесува до овој дел:

.....Едноставно е, кога некој упорно сака да те поништи, притоа потпомогнат и одвнатре и со сите сили, доволно ли е да констатираш дека си готов........
Да те прашам, зарем ние уште имаме држава??Што остана од оваа држава??И тоа што остана наскоро ќе отиде, а ние ќе протестираме......Како малку да сме протестирале.Кога гледаме дека некои работи не одат, треба да се превземат сосем други чекори, чекори кои ќе доведат до промени, и тука не мислам на портокалови чекори, или чекори по трнливи рози.Ние наместо тоа да го правиме, ќе му дигаме на некој политичка кариера.
За крај секој си има право на свое мислење, ако мислите дека ова е во ред што се прави, во ред, јас веќе оддамна знам како ќе заврши оваа работа со протестов; протестов нема да и заврши некоја голема работа на оваа држава и овој народ, ќе заврши голема работа на еден човек.
 
S

smart ass

Гостин
За Ганџа Фарминг бев инспириран од еден аватар.......
И, пак ќе ти повторам, види кој го организира протестот па после пишувај.Впрочем, не треба да се занимаваме веќе со „сточен пазар“, уште попознат како протест, треба погрубо да се изигра......
Што погрубо на пример????

ова е добар начин да им се покаже на ЕУ дека црната и белата боја всушност-не се бои.

Дека Народот е обединет.:toe:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Хахах и камикази...

БАНЗАИИИИИИИ

Нападот на виртуелните камикази...

Нашите мислења се тие што се.Ниту ќе смениме ниту ќе поправиме нешто.Може само да се разменат мислења на одредена тема како во случајов и тоа е тоа.
Единствено што темава е поосетлива за некои па паѓаат и навреди и лични квалификации.Кој мисли дека треба да оди на протест ќе оди,кој не нема да оди...никој никого нема да убеди или разубеди овде.
Значи останува да се искажат личните ставови и тоа е се...

Чудно е само зошто не се почитува различно мислење...

На пример...сево ова ќе потрае со години,преговори,разговори,конференции...а за тоа време политичката и бизнис елита во двете земји ќе си тера по свое.
Еден ден можно е да решат дека оваа карта на која играат (името) не им врши работа и тоа ќе се заборави одма (од грчка страна)...сево ова трае 18 години...и ќе продолжи...дури има интерес од двете страни...без разлика кој е на власт...
Народот од двете страни ќе се занимава со вакви теми а тие ќе си бркаат работа...како и обично...но таква е болеста...

Е делот со камиказите е она што јас сакам да го кажам, тоа е веќе груба игра.Погледни наоколу и види дали ние играме грубо?!Одговорот е не!Што се однесува до овој дел:
Грубо? Не сме ние ни ФМЛН ни Сендеро Луминозо ни Сандинистите...тоа е јасно од пред неколку века...

П.С.
Најголем ОТПОР ако веќе се зборува за отпор е економскиот...единствен кој како поединци го имаме на располагање.
Бојкотирајте грчки производи,избегавајте грчко приморје,не купувајте овдешни производи каде има грчки газди (за тоа никој не протестира)...космофон,окта и слично...па да видиме.

Бојкотирањето е многу поефикасно од прошетка по улици и викање `уааа грциии`...

Или економијата не се поврзува со националниот идентитет?:vozbud::vozbud::vozbud:
 
M

Mario Gómez

Гостин
(6) Бојкот на референдумот и одржување на мирни протести на денот на евентуалното одржување на референдум за промена на државното име Македонија

Датум: Дента на евентуалното одржување на референдумот

Место: пред седиштето на советот и градоначалникот на секоја општина или месната заедница, а во градот Скопје пред Собранието на Македонија
Лоша идеја, ако било како дојде до референдум, мора масовно да се излезе против. Било какви протести на тој ден и бојкот ќе има катастрофални последици.
 
S

smart ass

Гостин
Да те прашам, зарем ние уште имаме држава??Што остана од оваа држава??
Ние сме Признаени од 120 земји членки на ООН под уставно име и ДА имаме држава...мислам апсурд е ова,и на крај краеви ако отиде прашањево во Советот...ние сме победници,имено Кина не призна,Русија...а и нашите партнери САД.

И тоа што остана наскоро ќе отиде, а ние ќе протестираме......Како малку да сме протестирале..
Врз основа на што????
 
Член од
17 мај 2009
Мислења
349
Поени од реакции
16
''Долгоподготвуваното и многуочекуваното востание најпосле излезе најаве. Нашите земјаци си ја покажаа сета јунаштина и готовност да се пожртвуваат за интересите на својата татковина. Борбата беше и е очајна.'' - Мисирков
 

Kajgana Shop

На врв Bottom