Дека Народот е обединет.
Е да..... За пред камери ние секогаш сме биле обединети, но кога ќе заврши репортажата е тогаш веќе велиме нешто сосем друго.Се виде на последниот протест како и да е (каде и јас бев присутен) колку беше народот обединет, гневот што се собираше долго време едвај успеа да собере триесет илјади луѓе, толку беа нели?
Толку од нашата обединетост.
Ние сеуште имаме држава, немаме доволно луѓе што ќе веруваат во државата, а оние што ја управуваат државата (чиновниците) тие се минливи, штета е тие да се поистоветуваат со држава и заради нив да не си ја сакам и да не верувам во државата.
Дел од скептицизам веројатно се должи и на твоето издигнувањето на некои субјекти на ниво на држава што е сосема погрешно.
Но тие чиновици се денеска на повисоките позиции во државата, и токму тие чиновници денеска одлучуваат дали ќе се промени името или не, најголемата сила во државата а тоа е:народот не се ни оптеретува, едноставно се оптеретуваме со глупости, гледаме дека упорно не лажат и ништо не превземаме во врска со тоа.
Секоја чест за оптимизмов, се надевам дека си во право дека овој протест ќе заврши добро и ќе и донесе нешто добро на државава а и на нас, но гледајќи наназад што се случувало во оваа држава, научив само дека од ова ќе профитираат неколку индивидуи.
И најмногу се нервирам кога ми организира некој протест кој до вчера се тепаше да биде во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Али ајде.......Времето ќе покаже се!
Ние сме Признаени од 120 земји членки на ООН под уставно име и ДА имаме држава...мислам апсурд е ова,и на крај краеви ако отиде прашањево во Советот...ние сме победници,имено Кина не призна,Русија...а и нашите партнери САД.
Оди види во нашата ни мила Македонија, кој ги влече денеска конците.Ако тоа е држава тогаш јас сум cappo di tutti capi.Врз основа на што; врз основа на тоа дека упорно водиме некои си бесмислени преговори, преговори кои требаше да се прекинат уште пред неколку години, кога имавме можност за тоа.И сега имаме можност но ние сакаме ЕУ, а повеќе од јасно е дека ЕУ попрво ќе застане зад Грција отколку зад Македонија, и погоди од трипати кого најмногу денеска притиска ЕУ одговорот е:Македонија!Немојте да бидете толку наивни луѓе и да верувате во се!